Филтер по цена
Жанр
  • Исидора Мун оди на преспивање

    Исидора Мун оди на преспивање

    0

    Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.

    Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете.

    Кога Исидора е поканета да преспие кај другарка ù Зои, на среќата ù нема крај, затоа што никогаш досега не била на преспивање!

    А затоа што имаат торта за печење, полноќна гозба и бескрајна волшебна смеа за споделување, ќе мора да останат будни цела ноќ за да успеат да направат сè!

    290,00 ден
    Додај во кошничка
  • РОБОТЧЕТО Р1

    РОБОТЧЕТО Р1

    0

    Што е тоа? Дали навистина Боби направи роботче!? Јипирипи! Со помош на Зина, Зази и Биби, роботчето Р1 оживува и почнува да прави неверојатни работи. Тоа не само што ја претвори гаражата на Боби во суперопремена лабораторија, туку отвара и – портал! Портал што ќе ги однесе Биби, Боби. Зази и Зина… Каде? Ќе прочитате во оваа книга…

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Повеќе од пријателки… Сестри

    Повеќе од пријателки… Сестри

    0

    Пет девојки сосема случајно ќе се сретнат на пристаништето во Глувчево. Нивната крајна дестинација е колеџот Глушфорд каде овие девојки ќе станат повеќе од пријателки…сестри. Ова е вистинската приказна за Колет, Памела, Ники, Виолет и Паулина и создавањето на сестринството „Теа“.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Дневникот на едно смотано девојче 3

    Дневникот на едно смотано девојче 3

    0

    Во училиштето на Ники се одржува натпревар на таленти и Ники не може да дочека да започне со подготовките за танцување со нејзините БФФ, Клои и Зои, а со нејзините пејачки вештини да го импресионира Брендон, нејзиниот симпатија!
    Но тогаш Ники дознава дека и нејзината вечна соперничка, Мекензи, исто така учествува на натпреварот и таа е предодредена да биде во центарот на вниманието.
    Може ли смотаница како Ники да го прифати предизвикот на најпопуларната девојка во училиштето и да победи?

    280,00 ден
    Додај во кошничка
  • Дневникот на едно смотано девојче 4

    Дневникот на едно смотано девојче 4

    0

    Ники Максвел не е изненадена што нејзината симпатија, Брендон, волонтира во локалниот центар за спасување животни. Тој е толку сладок – секако дека би сакал да им помогне на преслатките кученца! Кога тој ѝ кажува дека на центарот му се заканува затворање, Ники знае дека не смее да дозволи тоа да се случи. Особено кога ќе ја дознае шокантната тајна на Брендон, знае дека постоењето на центарот за спасување животни е поважно од кога било. Од таа причина, Ники и нејзините пријателки, Клои и Зои, се пријавуваат на натпревар по уметничко лизгање за да соберат пари за центарот, но Мекензи мора да замеша прсти и да се обиде да изгледа дека таа е херојот. Нема шанси Ники да го дозволи тоа. Ќе мора да смисли некои екстра креативни идеи овој пат!

    280,00 ден
    Додај во кошничка
  • Џебен сет за боење - Принцези

    Џебен сет за боење – Принцези

    0

    Одличен сет со 2 боенки и 12 боички!

    150,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Снежана и седумте џуџиња

    Снежана и седумте џуџиња

    0

    Една од најпознатите приказни во ново издание. Преку звучниот модул, вашето дете може да го слушне текстот од секоја страница и самостојно да ужива во приказната.

    315,00 ден
    Прочитај повеќе
  • КАРТОНСКА СЛИКОВНИЦА: ЗЕЛЕНЧУК

    КАРТОНСКА СЛИКОВНИЦА: ЗЕЛЕНЧУК

    0

    Весела, картонска сликовница наменета за најмалите дечиња преку која ќе ги научат првите поими.

    290,00 ден
    Прочитај повеќе
  • КАРТОНСКА СЛИКОВНИЦА: ОВОШЈЕ

    КАРТОНСКА СЛИКОВНИЦА: ОВОШЈЕ

    0
    Весела, картонска сликовница наменета за најмалите дечиња преку која ќе ги научат првите поими.
    290,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ајде да боиме еднорози

    Ајде да боиме еднорози

    0

    Боенка со лепенки

    160,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Агата Одли: Тајниот клуч

    Агата Одли: Тајниот клуч

    0

    Агата Одлоу е детективка откако знае за себе – само го чека првиот голем случај за решавање. А нема ништо поголемо од тоа да се спаси градот Лондон од некои чудни случувања.

    Со живеалиште среде Хајд Парк, соба полна со омилените детективски романи и таен клуч што ù овозможува пристап до еден цел скришен дел на Лондон, Агата е совршено подготвена да ја реши оваа мистерија. Но, кому да верува, кога никој не е онаков како што изгледа…

    ПРВА КНИГА ВО ОВАА НОВА ВОЗБУДЛИВА СУПЕРДЕТЕКТИВСКА ЕДИЦИЈА!

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Исидора Мун оди на одмор

    Исидора Мун оди на одмор

    0

    Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.

    Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете.

    Кога Исидора освојува неверојатен одмор за целото семејство, подготвена е за сонце, море и песок! Но, ќе треба да се фати за работа кога таа и нејзината другарка, сирената Марина, ќе најдат желче во неволја.

    Дали Исидора може да му помогне на желчето да се врати дома?

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Островце

    Островце

    0

    Татко, ќерка и нивното куче доживуваат бродолом и завршуваат на еден мал остров, поточно – Островце. Но не знаат дека не е така како што изгледа. Тоа ги штити од студот, ветрот, брановите и од другите опасности што демнат. А на него ги доживуваат и убавините на морскиот свет. Како што се менуваат годишните времиња, откриваат неверојатни звуци и мириси, како и дотогаш невидени бои. Уживаат, сè дури не дојде време да се вратат меѓу луѓето. Тогаш девојчето го открива вистинското лице на Островцето.

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Водопадот на божилакот

    Водопадот на божилакот

    0

    Што се случува со скриената долина? Зошто се загрижени еднорозите? Ооо, божилакот кој секогаш стоел над големиот водопад во скриената долина е украден! Биби, Боби и Алфеј поаѓаат на чудно подземно патување – за да ја решат мистеријата на украдениот божилак. А какви изненадувања ги очекуваат и каде ќе стигнат – ќе прочитате во оваа приказна…

    200,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Исидора Мун настапува на шоу

    Исидора Мун настапува на шоу

    0

    Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.

    Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете.

    Се наближува вампирскиот бал и Исидора со нетрпение го чека! Има само еден проблем: треба да се натпреварува на шоу на таленти со другите вампирски деца.

    Талентите на Исидора не се многу вампирски, што ако публиката ù се смее? Шоуто мора да продолжи, но дали Исидора ќе биде доволно храбра за да настапи?

     

    290,00 ден
    Додај во кошничка
  • Принцези - сет за боење

    Принцези – сет за боење

    0
    150,00 ден
    Прочитај повеќе