-
Нека остане во семејството
0570,00 денМиа и Фин ја реновираат старата, запуштена куќа што треба да стане нивниот дом од соништата. А кога Миа неочекувано останува бремена, се чини дека животот конечно почнува да се одвива онака како што отсекогаш посакувале.
Но непосредно пред да се вселат, Миа открива морничава порака врежана во една лајсна:
ЌЕ ТИ СПАСАМ ОД ТАВАНОТ.
Трагата ги води до ужасно откритие што со децении било скриено меѓу ѕидовите на куќата.
По раѓањето на нивното бебе, Миа не може да го заборави она што го видела. Опседната со потребата да дознае што навистина се случувало во нивниот дом, почнува да копа по неговото мрачно минато. Но колку повеќе тајни открива, толку повеќе се оддалечува од Фин – и толку поблиску доаѓа до вистина што некој очајнички сака да остане закопана.
Миа е подготвена на сè за да го заштити своето семејство. Но што ако најголемата опасност не останала во минатото – туку сè уште живее меѓу нив?
-
Сите ние живееме овде
0650,00 денЛила Кенеди има повеќе грижи отколку што може да поднесе. Пропаднат брак, две своеглави ќерки, куќа што се распаѓа и постар очув кој, се чини, тивко и незабележливо, едноставно се вселил кај неа. Кариерата ѝ е во слободен пад, љубовниот живот ѝ е… комплициран, а секој нов ден носи уште една катастрофа што некако мора да ја реши.
И токму кога се обидува да сфати како да продолжи понатаму – и дали во нејзиниот хаотичен живот воопшто има место за нова љубов – на вратата се појавува човекот што најмалку очекува да го види. Нејзиниот вистински татко. Човекот што пред триесет и пет години практично исчезнал од нејзиниот живот, сега одеднаш сака повторно да биде дел од него. Но како да му простиш на некого што те напуштил?
Под еден покрив наскоро ќе се судрат стари разочарувања и нови тајни, поранешни љубови и нови чувства, родители и деца, лутина и вина. А среде сиот тој прекрасен хаос, Лила ќе мора повторно да открие која е таа кога не се обидува постојано да ги спасува сите други. Зашто понекогаш луѓето за кои сме биле сигурни дека никогаш нема да им простиме се токму оние што можат да нè научат нешто за љубовта. За вторите шанси. И за тоа дека семејството ретко изгледа онака како што сме го замислувале – но можеби токму затоа вреди да се бориме за него.
-
Виолинистката
0500,00 денВенеција – 1704 година. Во овој волшебен град на блескав раскош, очајот и бедотијата никогаш не се далеку. Во градското сиропиталиште, напуштените новородени девојчиња секојдневно се оставаат во малиот отвор во ѕидот.
Осумгодишната Ана Марија е само едно од триста девојчиња што растат меѓу ѕидините на Пиета – но таа веќе знае дека е различна. Мотивирана и исклучително надарена, таа си има поставено за цел да стане најдобрата виолинистка и композиторка во Венеција и во нејзиниот извонреден свет на бои и звуци, се чини дека ништо не може да ја запре. Па кога маестрото, Антонио Вивалди, ќе ја избере за своја омилена ученичка, Ана Марија знае дека мора да стори сè што е во нејзина моќ за да му удоволи на овој генијален, но тежок човек. Но кога ѕвездата на Ана Марија ќе заблеска и ќе се закани да ја засени ѕвездата на нејзиниот ментор, сонот што толку сосредоточено го следи одеднаш е загрозен.
„Виолинистката“ е приказна што ќе ве прошета од позлатените палати до калливите канали на Венеција и ќе ви раскаже за незапирливата амбиција на една жена, за нејзиното достигнување на врвот, за болката и победите и за оние кои избираме да ги запаметиме или заборавиме на патот до успехот.
-
Лето со ривалот
0590,00 денНоел Шепард има дваесет и осум години, нема работа, повторно живее со родителите и сè уште тагува по својата сакана баба. Тогаш, меѓу нејзините работи, пронаоѓа стари фотографии и љубовно писмо од непознат маж.
Во обид да ја открие неговата приказна, Ноел објавува видео што станува вирално. Одговорот доаѓа од неговиот внук – Тио Спенсер, нејзиниот стар ривал од средно училиште.
Кога дознава дека неговиот дедо Пол и баба ѝ некогаш планирале да побегнат и да се венчаат, но никогаш не го оствариле свадбеното патување, Ноел решава да тргне по рутата што тие ја оставиле зад себе. Пол сака да дојде со неа. Но има еден услов: и Тио оди со нив.
Следуваат две недели на пат, стари тајни, прекрасни пејзажи, премногу време со човекот што ја нервира најмногу на свет – и само еден кревет кога работите стануваат навистина комплицирани.
Но понекогаш, додека ја бараш љубовната приказна што останала недовршена, можеш сосема неочекувано да ја започнеш сопствената.
-
Љубов на радио
0600,00 денБезнадежна романтичарка и разочаран радиоводител во топла љубовна приказна инспирирана од Sleepless in Seattle.
Ејдан Валентајн има една мала тајна: тој повеќе не верува во љубов. А кога си водител на љубовна радиоемисија, тоа е прилично голем проблем. Но кога едно девојче се јавува во живо барајќи совет како да ѝ најде момче на својата мајка, разговорот станува вирален, а Ејдан и неговата емисија се наоѓаат во центарот на вниманието прекуноќ.
Луси Стоун смета дека ѝ оди сосема добро и без љубов. Има добра работа, прекрасно семејство и паметна, досетлива ќерка. Но кога нејзиниот непостоечки љубовен живот одеднаш станува тема на разговор низ цел Балтимор, Луси почнува да се прашува дали навистина е толку среќна колку што мисли. Можеби во нејзиниот живот сепак има место за малку романса.
Сите сакаат Луси да го добие својот среќен крај – дури и згодниот, намуртен маж зад микрофонот кој ги влече конците. Но додека радиото се обидува да ѝ го пронајде совршениот маж, таа почнува да чувствува нешто сосема неочекувано кон човекот зад микрофонот.
Сега останува само едно прашање: дали Луси ќе го избере среќниот крај што радиото го создава за неа… или мажот со слушалките покрај неа?
-
Четвртиот мајмун
0600,00 денПовеќе од пет години, убиецот Четвртиот мајмун ги тероризира граѓаните на Чикаго. Убиени се седум девојки, а полицијата никако не може да го открие идентитетот на убиецот и да го изведе пред лицето на правдата. Но едно е сигурно: жртвите не се избирани случајно – сите плаќаат со својата смрт за гревовите на своите родители.
Еден ден се случува пресврт – во сообраќајна несреќа загинува маж до чие безживотно тело истражителите наоѓаат кутија со порака од убиецот Четвртиот мајмун. Бил на пат да ја достави пратката што докажува дека убиецот зел нова жртва, којашто можеби сè уште е жива…
Сем Портер, главниот детектив задолжен за случајот, го пронаоѓа личниот дневник на серискиот убиец во џебот на загинатиот и му навлегува во изопачениот ум на психопатот со надеж дека ќе успее да му влезе во трагата и да ја најде девојката жива.
Времето истекува, а убиецот Четвртиот мајмун си игра со полицијата и жртвите дури и по смртта.
-
Џенесис (Robert Hunter #12)
0600,00 денУБИСТВО КАКВО ШТО ДОСЕГА НЕ ВИДЕЛ.
УБИЕЦ ПОИЗОПАЧЕН ОД СИТЕ СО КОИ СЕ СООЧИЛ.
СЛУЧАЈ ШТО ЌЕ ГО СТАВИ НА НАЈТЕШКИОТ ИСПИТ.
ДАЛИ ХАНТЕР КОНЕЧНО НАИДУВА НА ДОСТОЕН ПРОТИВНИК?„Верувате ли дека постои Ѓаволот, детективе?“ го прашува полицаецот од другата страна на линијата. „Зашто ако не верувате… сигурен сум дека ќе поверувате штом ќе пристигнете овде.“
Роберт Хантер го повикуваат на најбруталното место на злосторството што го видел во својата кариера. Но обдукцијата открива нешто уште пострашно: во телото на жртвата убиецот оставил стихови.
Набргу потоа пронаоѓаат уште едно тело. Начинот на убиството и потписот на убиецот се различни, но нивото на насилство укажува дека зад двете злосторства стои истиот човек. А кога во телото на втората жртва го пронаоѓаат продолжението на стиховите, најмрачните сомнежи на Хантер се потврдуваат.
Откритието не само што ги поврзува двете убиства. Тоа открива дека се дело на сериски убиец.
Без ниту една форензичка трага што би го одвела до сторителот, Хантер мора да го пронајде најдисциплинираниот и најметодичниот убиец со кој се соочил досега – човек кој се храни со стравот на своите жртви и за кого смртта е лекција што мора да се научи.
-
Заветот на бившите
0590,00 денПоранешни љубовници се принудени да здружат сили за да ја спасат свадбата на својот најдобар пријател од низа неочекувани катастрофи.
Џорџија живее според списоци. А најважен е оној со правилата за нејзиниот бивши, Илај Мора. Тие се едноставни: држи дистанца, не отворај стари рани и никогаш не заборавај зошто вашата љубов заврши. Токму тие правила им помогнале да го зачуваат мирот во нивното пријателство по нивното болно раскинување.
Но сега, кога се наближува свадбата на нивниот најдобар пријател Адам, а тие треба да бидат кум и кума, Џорџија им потврда од своите правила повеќе од кога било. Не смее да дозволи чувствата што сè уште ги крие длабоко во себе да ја нарушат рамнотежата во нивното блиско друштво. Затоа ќе се држи до планот. Ќе остане смирена. Ќе држи дистанца. И по секоја цена ќе го избегнува Илај.
Но, тој пристигнува во Њујорк како сосема поинаков човек – решен да не игра според старите правила повеќе. А кога луксузниот свадбен комплекс гори до темел и целиот план се распаѓа пред нив, Адам нема друг избор освен да им ја довери најважната задача токму ним. Заедно.
И додека во живописната долина Напа се обидуваат да организираат совршена свадба, секој нов ден ги турка сè подалеку од минатото… и сè поблиску еден до друг. Па можеби, ако конечно се осмели да ги прекрши сопствените правила, ќе открие дека приказната што ја пишуваат не е продолжение на старата љубов што ја скршила… туку сосема нов почеток. И втора шанса за љубов за која вреди да се ризикува.
-
Прекрасно грдо
0570,00 денВозбудлив и мрачен трилер за бракови и… одмазда.
Најубавиот ден во животот на писателот Грејди Грин се претвора во најлошиот. Кога ѝ се јавува на сопругата Аби за да сподели возбудливи вести со неа, слуша како тоа ја запира колата на патот накај дома и излегува на студот. А потоа ништо. Кога најпосле ја наоѓа колата покрај работ на карпата со вклучени фарови и отворена возачка врата, забележува дека телефонот уште ѝ е внатре, но… неа никаде ја нема.
По една година, Грејди уште е обзeмен од тага и болка и е очаен да дознае што ѝ се случило на Аби. Не може да спие, не може да пишува и животот му се распаѓа. Во обид да си го врати животот во колосек, ја прифаќа понудата на неговата агентка да отпатува на неколку месеци на шкотското островче Амберли за да пишува. Но таму го гледа невозможното – жена што личи исто како неговата сопруга.
Жените мислат дека нивните мажи ќе се изроманат, но тие не се менуваат. Мажите мислат дека нивните жени нема да се изроманат, но тие се менуваат.
-
Индискретно
0550,00 денТој е нејзиниот шеф. Таа е неговото најголемо искушение.
Првиот пат кога го запознав Доусон Рид, завршивме во ист кревет.
Проблемот беше во тоа што ниеден од нас не знаеше дека и другиот е таму.
Кога се разбудив среде ноќ и затекнав непознат маж покрај себе, инстинктот ми проработе и го нападнав натрапникот.
Само што тој воопшто не беше натрапник.
И Доусон ја имал изнајмено истата куќичка. Очигледно, грешка во системот овозможила двојна резервација.
Набргу дознавме дека сме во градот поради истата свадба — и дека Доусон е токму оној девер за кој ме предупредија. Беше висок, темен и неверојатно згоден, баш како што ми го опиша најдобрата пријателка. Но таа беше во право и кога рече дека ќе се мразиме.
Кога се раздени, Доусон и јас се обидовме да го расчистиме хаосот во кој се најдовме. Но тоа се покажа многу потешко отколку што очекувавме. Поради празничниот викенд, немаше ниту една слободна соба во радиус од повеќе од осумдесет километри.
Претпоставувам дека има и полоши нешта од тоа да делиш куќичка цел викенд со згоден маж што не го поднесуваш.
На пример, подоцна да откриеш дека токму тој е твојот нов шеф.
Индискретно од Вај Киленд е духовита и експлицитна романса што започнува лесно и разиграно, но зад самоувереноста и силната хемија се кријат вина, загуба и нешта што не се кажуваат лесно — дури ни на личноста во која почнуваш да се вљубуваш.
-
Оваа книга ме натера да помислам на тебе
0570,00 денТили Најтингејл е вчудовидена кога од локалната книжарница ѝ се јавуваат да ѝ кажат дека кај нив ја чека роденденски подарок од нејзиниот сопруг. Делумно зашто не се сеќава кога последен пат читала книга од задоволство, а главно зашто Џо е починат веќе пет месеци.
Кога оди да го подигне подарокот, Алфи, сопственикот на книжарницата, со топол и љубезен поглед, ѝ ја објаснува замислата на Џо. На секој први од месецот, Тили ќе добива по една книга со рачно напишано писмо од Џо. Така тој ќе се обиде да ѝ помогне да ја сврти страницата на нејзината прва година без него.
Отпрвин, Тили не може да си замисли да се задлабочи во фиктивниот свет, но нежните зборови на Џо ја поттикнуваат да се обиде. И имал право. Наскоро Тили не може да ги испушти книгите од раце и ново поглавје од нејзиниот живот почнува да се испишува. Посетите на книжарницата и длабоките и искрени разговори со Алфи ѝ ја нудат потребната утеха, но и ја охрабруваат да се впушти во авантури поттикнати од книгите на Џо, кои ќе ја однесат на разни места низ светот и ќе ѝ донесат многу нови искуства и пријателства.
Годината исполнета со книги и чуда ќе ѝ овозможи на Тили одново да му се радува на животот и на новите можности, а можеби дури и на љубовта.
-
Сестрите
0590,00 денМеган Донтес сиот живот се справува со скршено срце. Пред дваесет и седум години беше принудена да направи ужасен избор што ја чинеше сѐ, дури и љубовта на сестра си, Клер. Денес, Меган е вревен адвокат за разводи и не верува во блискост – сѐ додека не го запознае мажот кој може да ѝ го промени убедувањето.
Клер Кавено е вљубена – за првпат во својот живот. Како што се приближува денот на нејзината венчавка, таа се подготвува да се соочи со својата строга, критички настроена сестра. По повеќе од две децении сестрите за првпат ќе минуваат време заедно подготвувајќи ја венчавката. Во текот на едно топло лето, овие две жени кои веруваат дека немаат ништо заедничко ќе се обидат да станат тоа што никогаш не биле: семејство.
„Сестрите“ е нежна, трогателна приказна што раскажува за убавите моменти и болката што ги споделуваат сестрите, за грешките направени во името на љубовта и за исцелителната моќ на новите почетоци. Кристин Хана ќе ве остави без зборови и со оваа неверојатна книга.
-
Судирот
0570,00 денКошмарот од кој бега не е ништо во споредба со оној на кој ќе налета.
Тиган е во осмиот месец од бременоста, сама и очајна да го остави уништениот живот зад себе. Планира да престојува извесно време кај нејзиниот брат додека да го смисли следниот чекор, па по завршувањето на смената, тргнува на пат со својот автомобил. Само кога би знаела дека ја чека снежна бура.
Тиган воопшто не стигнува до својата дестинација. Отсечена од главниот пат, со уништен автомобил и скршен глужд, Тиган е во паника дека направила огромна грешка. За чудо, ја спасува една девојка која ѝ нуди да преноќи во нивната топла куќа додека не го расчистат снегот.
Но нешто не е во ред. Тиган верува дека чека да помине бурата, но како што изминува времето, сфаќа дека е во незамислива опасност. Засолништето не е она што очекувала и престојот во куќата може да се покаже како смртоносна грешка.
Сега мора да стори сѐ што е во нејзина моќ за да се спаси себеси – и бебето.
-
Тео од Голден
0600,00 денЕдно пролетно утро, туѓинец пристигнува во малиот јужњачки град, Голден. Никој не знае од каде доаѓа, ниту пак зошто се доселил токму во нивното гратче. Неговото име е Тео.
Овој тивок, љубопитен и бескрајно мил старец го посетува локалното кафуле во кое се изложени деведесет и два портрети на жителите од Голден изработени од локалниот уметник. Тој ги купува и еден по еден им ги подарува на нивните вистински сопственици.
Со секое дарување се расплетува чудесна приказна, се раѓа пријателство, од корен се менува живот.
Жителите се спријателуваат со таинствениот старец, кој не е незапознаен со тагата и загубата, но останува прашањето – кој е Тео и зошто е тука?
„Тео од Голден“ е приказна за моќта на великодушноста и за невидливите нишки љубезност што нè поврзуваат едни со други. Приказна што нè потсетува дека и најмалиот чин на добрина може да промени живот… дури и цел град.
-
Вистината помеѓу нас
0400,00 денПостои љубов што те спасува. Постои и љубов што те уништува. А онаа најопасната ги прави и едното и другото истовремено.
Тара Орлова преживува. Тоа е она што го прави целиот свој живот – работи бескрајни смени, ја носи тежината на својата мајка алкохоличар, тоне во долгови, сонува за нормален и мирен живот кој се чини дека постојано ѝ е далеку од досег.
Каин Кос има сѐ. Пари, име, моќ. И темнина во него што не се скротува со ниту една привилегија на животот.
Кога судбината ги спојува во сенките на Москва, она што почнува како необична конекција се претвора во нешто што ниеден од нив не може да го контролира – ниту пак да го преживее без да се промени. Затоа што Каин бие тајна битка да ја сруши корумпираната империја на неговото семејство. И колку повеќе Тара се доближува до неговиот свет, толку повеќе сфаќа дека кога лагите се валута, а довербата оружје – љубовта може да биде најопасниот ризик.
Две скршени души мора да решат дали вистината помеѓу нив вреди за цената што треба да се плати.
-
Оставена пред олтарот
0550,00 денЖивотот на Слоун Карик се врти околу љубовните приказни и среќните краеви. Таа е новинар што пишува за венчавки за списанието во кое работи и од мала верува во нивната магија – сè додека свршеникот не ја остави пред олтарот.
Сега секоја црква, секој завет, секоја прослава ја потсетува на животот што го изгуби. Заколнувајќи се дека никогаш повеќе нема да љуби, Слоун се посветува целосно на работата, но една работна обврска ја спојува со последниот маж што ѝ е потребен во моментот: шармантниот, арогантен и неподносливо неодолив Вајлдер Хејс.
Украдените погледи и забавното препирање набрзо се претвораат во нешто подлабоко. Доколку си дозволи да љуби, ризикува сè, а Слоун не е сигурна дали е доволно силна да преживее уште едно разочарување.
Сепак Вајлдер можеби вреди за ризикот. Бидејќи понекогаш, љубовта не влегува во твојот живот кога си подготвен… туку кога најмногу ти е потребна.
