-
Џули Џејмс
Нешто слично на љубов
од: Џули ЏејмсФБИ ја сака нејзината соработка…
Како ќерка на милијардер и сопственичка на една од врвните продавници за вина во градот, Џордан Роудс секогаш добива покани за најексклузивните забави во Чикаго. Но има само една забава на која ФБИ сакаат тајно да пратат свој специјален агент: добротворната забава на познат сопственик на ресторани и клубови кој пере пари. Во замена за ослободување на брат ѝ од затвор, Џордан Роудс на забавата ќе понесе свој придружник – доделен од страна на ФБИ.
Агентот МекКол ја сака само неа…
Како најдобар специјален агент за тајни задачи во Чикаго, Ник МекКол има само едно правило: работата и задоволството не се мешаат. Овој „состанок“ со Џордан за него е само задача – задача која двајцата се цврсто решени да ја изведат, иако не можат да бидат заедно ни пет минути пред да почнат да летаат искри од сарказам. Но кога неколку неочекувани пресврти ја ставаат истрагата на Ник во опасност, тој и Џордан немаат друг избор, освен да се преправаат дека се пар и она што почнува како едноставна задача се претвора во нешто многу слично на љубов.
390 ден234 ден
Моментално недостапна
ФБИ ја сака нејзината соработка…

Џули Џејмс е супер ѕвезда во светот на модерните романси.
San Francisco Book Review
Џули Џејмс пишува книги кои не се пуштаат од рака. Оваа ме остави будна долго после полноќ.
Најлини Синг, најдобро продавана авторка според Њујорк Тајмс
ISBN: 978-608-4672-14-2
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2013
Број на страници: 341
Јована – :
Прекрасни книги 🥰
Нина – :
Најдобрата од Џули Џејмс, се чита во еден здив!
manasova.marija – :
Дефинитивно најдобра од целиот серијал
Bojana – :
Мојата омилена! Која и да земете да ја читате од Џули Џејмс, нема да погрешите; симпатични, љубовни, секси… со многу хумор!
Слаѓан Бишковски – :
Ме воодушеви 🙂