-
Дневникот на еден извршен директор
0550,00 денРоберт Грин, авторот што направи бум со својата нова филозофија на моќта, му оддаде признание на Стивен Бартлет велејќи дека авторот на „Дневникот на еден извршен директор“ ги надмина несовладливите пречки да се стане мегауспешен многукратен претприемач.
На тој пат научил вредни лекции и сега ги споделува со нас. Добре дојдовте во најновите истражувања и во богатите искуства во книгата од која ќе можете да научите како да го остварите својот целосен потенцијал. Ако сето ова ви звучи познато, а сè уште не сте најдобрата верзија од себе, сепак, треба да се осмелите со нешто многу похрабро. Токму како оваа книга.
Осмелете се!
-
Книга што сакате да ја прочитаат вашите сакани
0400,00 денЖивотот во најголема мера зависи од поврзаноста меѓу луѓето и од квалитетот на врските – семејни, партнерски, пријателски… А најважна меѓу нив е поврзаноста со себеси. Ако изградите здрава и функционална врска со самите себе и со светот, тогаш сите останати нешта во животот стануваат полесни за справување.
Чувството на поврзаност со другите, па дури и со идеите, предметите или околината, е дел од вистинското човекување. Со здрава доза на обмисленост, советите на Филипа Пери ќе ви помогнат да станете поздрава и поразумна личност и ќе ви дадат одговори на многу прашања: Како да ја пронајдете и одржувате љубовта? Што можете да направите за да се справите со секојдневните конфликти? Како можете да се одглавите кога се чувствувате изгубено?
Низ долгогодишната пракса, Филипа Пери дошла до сознание за многу современи празнини и дилеми. Секоја личност е единствена, а прашањата на животот се многу конкретни, но сепак, постојат обрасци и заеднички карактеристики и на секое прашање може да се применат некои општи мудрости и техники. Оваа книга изобилува токму со такви практични прашања и одговори.
„Мудар придружник за сите животни предизвици.“
Киркус ривјус
-
Илон Маск: „Тесла“, „Спејс Екс“ и потрагата по фантастична иднина
0600,00 денЗа едни гениј на векот, за други луд научник, Илон Маск несомнено успева да го привлече вниманието не само во технолошката индустрија туку генерално на целиот свет. Со докажана натпросечна интелигенција, човекот што стои зад „Тесла“ и „Спејс екс“ во исто време го величаат и го осудуваат за неговиот опсесивен, често нетолерантен перфекционизам.
Илон Мaск е амалгам на легендарните пронаоѓачи и индустријалци: Томас Едисон, Хенри Форд, Хауард Хјус и Стив Џобс. Но, повеќе од кој било друг, Маск ги посвети сета своја енергија и огромно богатство да измисли иднина што е исто толку богата и далекосежна како и онаа на визионерите од златната доба на научната фантастика.
Оваа исклучителна биографија напишана од Ешли Венс мошне објективно успева да го долови човекот што многу често е споредуван со фамозниот Тони Старк, не дозволувајќи самиот Маск да се меша во содржината. Опфаќајќи ги неговите детски години, па сè до електричниот автомобил и ракетите, Венс проникнува во умот на најинтригантната фигура во Силициумската Долина, откривајќи детали не само за функционирањето на неговите компании туку и за неговиот личен живот.
Духовитиот стил, живописното раскажување и интервјуата лично со Маск и со луѓето што биле со него во неговите најважни моменти се она што прави оваа книга да биде прочитана во еден здив.
-
Тошо Малерот: монологија
0500,00 денВиди батка, животот се состои од односи, а видот на односите зависи од стадиумот на поединечниот однос во однос на тоа дали станува збор за обичен однос, коректен или некоректен однос, а градењето односи во однос на нивното доградување се однесува на поединечниот однос во однос на меѓусебното однесување!
Секој личен однос зависи од меѓусебниот сооднос, и може да се однесува на другарски однос воопшто, или на интимен однос, посебно!
-
ПЛАНУМ – РЕДИЗАЈНИРАНО ИЗДАНИЕ
0600,00 денОмилениот планер во ново, редизајнирано издание
Време е за нови креативни планови, а каде да ги впишете, ако не во вашиот омилен ПланУМ и тоа во ново издание, со нова содржина за вашите идеи, мисли, состаноци, средби, едноставно сè што ќе ви падне на УМ.
Сите вие кои водите грижа за личниот и професионалниот напредок – подгответе се вашите планови да добијат друга инспиративна димензија!
-
КАРАНТИНСКИ ПРИКАЗНИ
0199,00 денГодинава што ја живееме е година на предизвици, на застанати или одложени животни приказни. Карантинските приказни се омаж на времето поминато во карантин и наоѓањето утеха во исцелувачката моќ на зборот.
Да ја запаметиме оваа 2020 како миг од нашата историја кога посведочивме големи промени, а ги запишавме заедно!
„На крајот, сите стануваме приказни.“ Маргарет Атвуд
-
ДОСТОЕВСКИ И МЕКДОНАЛДС
0350,00 денДенешните источни и словенски книжевности се изложени на силен налет на глобализацијата, што од точката на гледање на нивните книжевни традиции се доживува како бришење на националниот и локалниот културен идентитет. Таа западна колонизација на словенските семиосфери се одвива и преку редефиниција на поимот „книжевност“ и наметнување на една нова естетика на бестселерот, сфатен како нормативна глобална поетика.
Тој „светски“ бестселер се сведува на тематски список на пожелни геополитички теми и стереотипи, а својата „естетика“ ја позајмува од геномот на мелодрамата, со нејзината традиционална морална црно-бела поделба на „добри“ и „зли“, спектакуларноста и патетичноста на изразот. Наспроти таа кич и ready made книжевност, словенските литератури имаат свои богати книжевни традиции во кои централните прашања се сврзани со Бога (теодицејата), смислата на животот и човекот, бесмртноста, историјата и митовите во кои се отсликуваат националните архетипови. Најмладите писатели од словенските и „децималните“ книжевности се пред сериозна дилема: дали да останат во „локалната традиција“ или да се свртат кон оваа „лесна“ ама нормативна „книжевност“ на „западниот соцреализам“, која им гарантира светска слава и милионски тиражи?
-
УМЕТНОСТА НА ЉУБОВТА
0250,00 денЉубовта е активна сила на човекот; сила што ги пробива ѕидовите што го раздвојуваат човекот од неговите ближни, која го соединува со другите. Љубовта му помага да го премавне чувството на осаменост и одвоеност, а сепак му допушта да биде свој, да си го зачува интегритетот. Во љубовта се случува парадоксот две личности да станат едно, а сепак да останат двајца. Љубовта е активност, а не пасивен афект – таа е „останување“, а не „заљубување“. На најобопштен начин, активниот карактер на љубовта може да се изрази со тврдењето дека љубовта е првенствено давање,а не примање.
Љубовта е единствениот здрав и задоволителен одговор на проблемот на човечкото постоење. Во чинот на љубовта, во давањето себеси, во чинот на проникнувањето во другата личност се пронаоѓам себеси, се откривам себеси, нè откривам нас двајцата, го откривам човекот.
-
ВРЕМЕ
0280,00 денРидигер Зафрански, еден од највлијателните германски интелектуалци, во својата најнова книга го истражува времето како феномен кој денес го дефинира современиот човек. Зафрански почнува од денешната состојба во светот на модерните медиуми, во кој брзината на размена на информации, на мислење и на доживување целосно го изместува поимот време. Тргнувајќи од оваа точка, Зафрански прави спој меѓу егзактните науки (физиката и хемијата) и филозофијата на времето. Неговите размисли допираат до темите на политиката, економијата, уметноста, социологијата, сето тоа поврзувајќи го со теориите на Ајнштајн и Хокинг.
„Време“ е специфично напишана книга, која разработува тешка тема, но на разбирлив и заводлив начин. Авторот успешно зборува за некои од клучните научни и филозофски концепции, а притоа не завлегува во академизам, туку го држи вниманието на читателот како да се работи за авантуристички роман.
„Ова е една од книгите што се читаат со молив во раката. На крајот ќе ви останат малку реченици кои не сте ги подвлекле.“ Ди велт
-
Планум креативност
0360,00 денЈас сум импулс. Јас сум ритам. Јас сум музика која покренува и одѕвонува кога сè околу е тивко. Јас сум движење кое нема правец. Јас сум пат по кој ретко се оди. Јас сум предизвик. Бескрајна игра водена од емоции. Сон и јаве. Страст и оган. Визијата зад големата слика. Креативната сила која создава сè и се пресоздава себеси, одново. Зашто јас сум слобода. Јас сум десната половина.
-
Мала помош за идната мајка
0340,00 денМала помош и мал совет секогаш ѝ се потребни на идната мајка, која за првпат се соочува со најубавиот момент во својот живот – бременоста и раѓањето на првото дете.
Затоа советите и помошта што ѝ ги дадов на мојата ќерка сакам да ги споделам и со другите млади жени , кои за првпат ќе станат мајки. Да уживаат во секој момент од бременоста и со нежно исчекување да си го замислуваат своето бебенце. Да се ослободат од стравот и од загриженоста и на најлесен начин, самоуверено и релаксирано, без трошка стрес да се грижат за својот нов член и максимално да учествуваат во неговото одгледување.
Во овој мал прирачник ќе најдат и многу други мали совети за негата и за исхраната на бебето, неколку рецепти за подготвување на првите оброци, совети за првите прошетки и многу други работи, кои младата мајка треба да ги знае.Со љубов,
Јелица Лончар -
-
КАФУЛЕТО ЗОШТО
0250,00 денЏон зема еднонеделен одмор и тргнува на пат, некаде каде што ќе може да избега од едноличноста што веќе почнува да го заморува. Изгубувајќи се и останувајќи без бензин, гладен и бесен, заталкува во некое пусто, ненаселено место. Одненадеж, патот ќе го однесе до едно необично кафуле. Во него, на задната страница од менито, ќе прочита три прашања кои ќе се надоврзат на неговото што сè почесто си го поставува: зар животот нема ништо друго да ми понуди?
Зошто си тука?
Се плашиш ли од смртта?
Дали се чувствуваш исполнет?Тоа се трите навидум бесмислени и чудни прашања до чии одговори ќе се потруди да дојде разговарајќи со вработените во Кафулето Зошто си тука. Одговорите што ќе ги добие ќе му го сменат животот од корен.
„Вселенски водич за животот.“
Орландо сентинел„Тој (Стрелецки) го става прстот на пулсот на светот.“
Ју-Ес-Еј тудеј -
ИГРАТА НА ЖИВОТОТ
0250,00 денПредметот на играта на животот е јасно да го видиме сопственото добро и да ги избришеме сите ментални слики на злото. Во оваа инспиративна книга Флоренс Сковел Шин, на неформален, пријателски и хумористичен начин, ни ги пренесува безвременската порака и принципите на успехот покажувајќи ни како со користење на афирмации да ги промениме својата состојба и околностите и да научиме дека животот не е борба, туку игра, игра на давање и примање.
Книгата „Играта на животот и како да ја играш“ за првпат ја здогледала светлината на денот во 1925 година. Оттогаш има инспирирано илјадници луѓе низ целиот свет, со вистината што ни ја открива – дека љубовта и добрата волја ги отстрануваат сите препреки на нашиот пат.
-
БОЕНКА ЗА КРЕАТИВЕН ДЕН
0250,00 денБоенките не се повеќе за малите деца!
Иако подолго време терапевтите ги истакнуваат позитивните ефекти на боењето, тие се сега нов начин да се дојде до малку мир во претерано бучното секојдневие. Сè што е потребно е да ги подготвите боичките, да заземете удобна позиција и да се препуштите на изобилството од шари што се отвораат пред вас.
Во оваа наша боенка ќе најдете инспиративни цртежи кои ќе ви ја поттикнат креативноста, ќе го смират и насочат вашиот ум на начин на кој тоа го прави медитирањето. А по само неколку минути боење веќе ќе го почувствувате пријатниот ефект на боењето и, многу веројатно, ќе заборавите потполно на времето и на работите кои непотребно ве окупираат.
-
ШКОЛА НА ЖИВОТОТ
0350,00 денНашиот живот не е генерална проба!
Ова е сознанието со кое Бруно Шимлеша нè освестува за личната одговорност водејќи нè на патот кон совршенството и остварувањето на нашиот вистински потенцијал. Повеќе немаме изговори – за да постигнеме некаква животна промена, најважна е одлуката. А клучот за нашето совршенство е љубовта – кон самите себе и кон животот.
Во својата книга Школа на животот Шимлеша нè повикува на акција, апелирајќи да не се помируваме со живот што не нè исполнува и нудејќи ни проверени и докажани алатки. На овој пат ќе ги промислиме сите прашања што не се учат дома и низ образованието: Како да изградиме мудар и здрав однос кон самите себе? Зошто болката е, а страдањето не треба да биде составен дел од животот? Зошто оние што упорно се негираат себеси полесно се разболуваат? Како позитивното размислување се одразува врз нашиот живот?
Се разбира, книгата не може да живее и да носи одлуки наместо нас, но може да ни даде инспирација и одговори за живеење со полни гради. Дали ќе бидеме беспомошен лист на ветрот на животот или ние ќе го создаваме ветрот – изборот е наш!