-
ИКИГАИ
0420,00 денНајдобро чуваната тајна на јапонската долговечност се нарекува икигаи. Значењето на тој збор може да се опише на различни начини, но сите тие водат кон едно – причина за живот! Јапонците велат дека секој има свое икигаи. Кога ќе го пронајдете, имате сè што ви е неопходно за долг и среќен животен пат.
Идејата за оваа книга се раѓа од средбата меѓу Ектор Гарсија, кој 12 години живее во Јапонија и проникнал во јапонската култура и битот, и популарниот шпански романсиер и психолог Франсеск Миралјес. Тие нè водат во „селото на стогодишниците“ во северниот дел на јапонските острови Окинава. Нè запознаваат со некои од најстарите жители на планетата, кои ни ги предаваат своите поуки за вечна младост – начинот на исхрана, физичката активност, позитивниот светоглед и заемното помагање.
Икигаи ни ги открива тајните на прочуената јапонска долговечност кои понекогаш нам, на луѓето од Запад, ни изгледаат неразбирливо и недостижно. Овој водич за една нова култура на живеење е збогатен со најпознатите јапонски вежби за долга младост и ќе ви покаже дека секој човек може да ужива во долг живот полн со оптимизам и среќа.
Зошто не и вие?
-
УМРЕН ЧОВЕК
0400,00 денПак јас…
Прости ми, пријателе мој, посилно е од мене… Ти ветив дека повеќе нема да пишувам за себе, ама што маж сум јас ако си го одржам ветувањето? Имаат ли крај овие мои климактерични его-трипови? И имало ли во моите мозочни „фајлови“ уште нераскажани приказни?
Е па… имало, пријателе.
Ќе умрам ако не ти ги раскажам. Или откако ќе ти ги раскажам. Ете така, просто морам да ти ги раскажам.
Како старецот во приказните кој претчувствува дека му доаѓа крајот, па ги собира околу смртната постела своите тројца синови, за да им каже нешто што дотогаш им го немал кажано. Нешто многу вредно. Некоја тајна што тие не ја знаеле. Или… едноставно да им подари некоја стара мудрост, онака за крај.
Ете, така и јас. Не оти ќе се умира набргу. Вакви говеда како мене живеат за инает. И не оти тврдам дека во моите приказни има некоја мудрост. А и да има, ќе мораш сам да ја откриеш, пријателе мој. Ако сакаш.
Или пак, едноставно, препушти им се на приказните…
-
УМЕШНОСТА НА ВОЈУВАЊЕТО
0250,00 денНапишана пред повеќе од 2000 години, оваа книга, што ја составил мистериозниот војник-филозоф, и ден-денес претставува една од најценетите и највлијателни книги за стратегиите на војувањето, што со еднакво внимание е проучувана и од современите политичари и лидери како што била и од војсководците од дамнешните времиња. Како студија за анатомијата на организациите кои се наоѓаат во војна, Умешноста на војувањето може да се примени на секаков вид натпреварувања и битки, низ целиот свет – од интерперсонални до интернационални. Целта на оваа книга е да се достигне непобедливост, да се издвојува победа без борба, да се стекне моќ што не може да биде совладана од противниците, а која ќе се темели врз сфаќањата за физиката, политиката и психологијата на конфликтите.
„’Најдобро е да се победи без борба‘, говорел Сун Цу. Според него, војната и животот се случуваат во исто време. Оваа книга не содржи ниту една застарена максима или нејасно упатство. Совладајте ги нејзините начела и можете слободно да заборавите на современите книги за менаџмент“. Њузвик
-
УЛИЦА ДИШИ ДЛАБОКО
0299,00 денПријателе мој,
Во оваа книга ќе најдеш стихови кои навистина успеале да опстанат во ова време во кое инвазијата од кичот и шундот достигна кулминација.
Ќе најдеш „хитови“ кои публиката и денес ги пее наизуст на моите концерти, но ќе најдеш и за тебе наполно непознати текстови кои се нашле тука само затоа што ми се мене посебно драги.
На крајот ќе најдеш и некои стихови кои јас нескромно ги сместувам во графата – „поезија“. Е па, пријателе мој, читај… и диши длабоко.
-
НА КРАЈОТ ОД ДЕНОТ
0380,00 денДОБИТНИК НА БУКЕРОВАТА НАГРАДА
По три децении служба во Дарлингтон хол, батлерот Стивенс тргнува на заслужено патување низ земјата, и наедно во службена посета на својата некогашна колешка, г-ца Кентон. Во текот на патувањето размислува за својата дотогашна кариера, за да си потврди дека преку службата на еден „голем џентлмен“ му служел на човештвото. А спроти средбата со госпоѓица Кентон, го преиспитува нивниот однос во кој се насетувало нешто повеќе од колегијалност… Но во неговите спомени демнат сомнежи за вистинската природа на „големиот“ лорд Дарлингтон кому му служел, и уште поголеми сомнежи во сопствените избори и пропуштени можности.
На крајот од денот е маестрален психолошки портрет на еден совршен англиски батлер од златната доба која бледнее на прагот на повоена Англија. Напишан на префинет стил од перото на Казуо Ишигуро, ова е трогателен и моќен роман за вистинските вредности и за суштината на човековата среќа.
-
ПРОРОКОТ
0150,00 денПо дванаесет години, доаѓа денот кога Пророкот мора да го напушти островот Орфалес. Пред да замине, народот се собира околу него на чело со свештеницата Алмитра, молејќи го да им ја пренесе својата мудрост за љубовта, за бракот и децата, за времето, за радоста и тагата, за законите и казните, за давањето, пријателството… Просветлувачките и човечни одговори на Пророкот му даваат на народот безвремена водилка за животот.
Пророкот станува бестселер уште со своето прво издание во 1923 г. Оттогаш делото е преведено на над 40 јазици, а неговата инспиративна лирична проза се смета за класика. Мистичните илустрации од надарената рака на самиот писател се совршено визуелно надополнување на ова моќно дело, целина што е вистински мевлем за душата и сетилата. Пророкот е непресушен извор на мудрости и поуки за сите сфери на човековото живеење, што им вдахнува духовност на световните прашања.
Како што пророковите мисли се дар за жителите на Орфалес, така оваа книга е Џибрановиот универзален дар на човештвото, аманет што се пренесува од колено на колено.
-
ПРИРАЧНИК ЗА АНТИ АНТИАЛКОХОЛИЧАРИ
0399,00 денСè што сте сакале да научите за алкохолот, ама не сте имале време од пиење
Кога ќе почнете со првата страница од оваа книга, се вклучувате во директен пренос од животот на Џамбазов. Уште од првата средба со неговото височество Алкохолот, сè се одвива пред ваши очи, како и вие да сте таму, на театарската сцена наречена живот. Низ призмата на алкохолот, најголемиот непријател маскиран во пријател, Џамбазов раскажува за него како за најголема животна школа, во која тој самиот завршува како најдобар дипломец во класата.
Брилијантно, искрено, интимно, духовито и заразно четиво кое го задржува вниманието од почеток до крај. Суров и безмислосен кон себеси, Игор Џамбазов ги нарекува нештата со нивните вистински имиња, со голема доза самоиронија, без цензура и автоцензура, без обид да се допадне некому или да се оправда себеси. Како што ќе рече Венко Андоновски, Игор е мајстор на леснотијата на тешкото, мајстор на елегантното во бруталното.
Зошто ја напишав оваа книга? За да ми олесни на душата. Сакав да раскажам за најевтино платениот убиец на планетава. Сакам да им помогнам на оние кои пробале, но и да им објаснам на оние кои не знаат.
-
ЈАС ИМАМ ПЛАНУМ
0499,00 денПланУМ Про – ексклузивен планер за професионален развој во 12 месеци
ПланУМ Про е моќен интерактивен планер за унапредување на личните потенцијали. Низ уникатен и структуиран процес помага во кристализирање на посакуваните цели и во дефинирање на детална мапа за нивна реализација. Дејствува како личен тренер кој го стимулира вашиот континуиран професионален развој. Поттикнува систематизираност и организација, иницира одговорност и акција и ја зголемува продуктивностa.
ПланУМ Про е индивидуално решение за сите кои имаат амбиција да ги претворат своите соништа во лесно остварливи цели. Содржи месечни и неделни прегледи, зона за состаноци, матрица на приоритети, 180 совети за продуктивност и 60 мисли кои ќе ве мотивираат секојдневно да го постигнете својот максимум!
Наменет е за:
– ентузијастични претприемачи кои се докажуваат на пазарот
– амбициозни корпоративци кои сигурно се искачуваат во кариерата
– храбри иноватори со големи идеи на кои им е потребна структура за реализација
– професионалци со потреба од зголемена продуктивност. -
ПЛАНУМ
0499,00 денИнспирацијата за твојот личен развој во твои раце
ПланУМ е креативен и интерактивен планер кој го стимулира вашиот континуиран личен развој. ПланУм е револуционарна платформа базирана врз техники од коучинг методологијата со фокус кон решенија, која ќе ви помогне да ги кристализирате посакуваните цели и да дефинирате детална мапа и план за нивна реализација. Ќе биде ваш верен асистент во динамичното секојдневје помагајќи ви да стигнете од точка А до точка Б.
Во ова ново издание збогатено со инспиративни приказни и мудри мисли од светот, ПланУМ ќе го рзбуди вашиот креативен УМ, ќе ги канализира вашите идеи и ќе ве охрабри да сонувате, непрастајно да работите на себе и да остварувате.
Приказната за личниот успех никогаш не била повозбудлива!
-
ПЛАНУМ ПРИКАЗНА
0499,00 денПланУМ приказна е креативен интерактивен планер за ученици од основно и средно училиште, збогатен со внимателно избрани и дизајнирани вежби и техники кои се базираат врз методологијата за личен развој и техники од позитивната детска психологија. Низ конципиран процес на планирање и освестување на личните афинитети и квалитети, младиот ПланУМец се развива во одговорна, свесна и отворена личност.
ПланУМ приказна обработува различни теми од интерес за најмладите и ги поттикнува и родителите и децата да зборуваат отворено за детските желби, потреби, планови, стравови и дилеми. Преку забавни игри, задачи и предизвици, ПланУМ приказна овозможува децата да си ги развиваат интелигенцијата и талентите, да ги продлабочат своите размислувања, да работат на остварување на своите интереси, желби и соништа, како и да усвојат многу нови теми и прашања со кои ќе се среќаваат во текот на својот развој.
Крајната цел на ПланУМ приказна е:
– откривање на нови таленти и вештини кај децата
– развој на креативноста низ забава
– организирање на обврските
– поставување цели за идни врвни достигнувања
– создавање здрави навики
– градење на цврсти односи со врсниците и со родителите
– откривање и активна работа на силните и слабите страни на детето.Бидејќи секој корисник создава свој уникатен план и одговор на зададените предизвици, варира и комплексноста на резултатите. Вклученоста на родител или старател е неопходна при пополнување на ПланУМ приказна кај помладите, додека кај повозрасните деца асистенцијата би била делумна или во зависност од барањата на самата вежба.
-
ПЕТТЕ ЈАЗИЦИ НА ЉУБОВТА
0380,00 денЧовек лесно се вљубува. Но да се одржи љубовта – тоа е вистинскиот предизвик. Која е формулата за среќна врска откако ќе помине љубовниот занес?
Во Петте јазици на љубовта, бестселер број 1 според Њујорк тајмс, брачниот советник д-р Чепмен ви ја открива тајната за заемно разбирање што преобрази милиони двојки во светот. Во својот практичен и прониклив водич за долговечна љубов, тој нè тера да се прашаме што бараме еден од друг, ни покажува како да го научиме јазикот на љубовта на партнерот и ни ја открива моќта на вистинските зборови и дела.
Без оглед на тоа дали врската ни цути или ни се распаѓа, проверениот пристап на д-р Чепмен ќе ни помогне да доживееме подлабока и побогата интимност со партнерот. А за тоа треба само да го научиме јазикот на љубовта.
-
ПАПОКОТ НА СВЕТОТ
0360,00 денЧЕТИРИНАЕСЕТТО ИЗДАНИЕ НА КУЛТНИОТ РОМАН НА ВЕНКО АНДОНОВСКИ
Романот се состои од вовед, наводно напишан од братот на извесен В., на кој се
надоврзуваат книгата „Папокот на светот“ (манускриптот на романот), книгата
„Исход“ и книгата „Светлина“ (Записите од дневникот), по кои следува поговор
од книжевниот теоретичар Венко Андоновски. Првата книга напишана на
псевдоархаичен јазик се одигрува во IX век и би можел да се означи како некој
вид филозофски крими роман во ековски манир; додека во вториот дел, во
„Дневникот“, една љубовна сторија во Југославија во втората половина на ХХ век ги
пресликува случувањата од првиот дел. -
ОБЛЕЧЕН ЧОВЕК
0400,00 денОвие приказни се обични приказни. Вистински, човечки и возможни. Иако во животов сè е одамна невозможно.
Што добивате кога Игор Џамбазов ќе реши да раскажува за својот живот?
250 страници фасцинантно, забавно четиво полно со хумор, куп комични пресврти и неверојатни ситуации, пикантерии, интриги и најмногу од сè – искреност. И сето тоа зачинето со неповторливиот, за Игор толку препознатлив, стил на раскажување.Десет раскази, десет приказни кои мора да се раскажат. И уште десет пати по толку причини да се (пре)прочитаат. Толку добро Џамбазов нè води низ случките од детството и младоста што ќе сакате уште. Ликови чии вистински имиња ќе сакате да ги дознаете, случки кои ќе ве заскокоткаат, урнебесни ситуации на кои од срце ќе се смеете – секоја страница е мини ремек-дело!
Зошто ја читате сè уште оваа корица? Завртете ја книгата и почнете! Верувајте, многу брзо пак ќе стигнете до овие редови. И потоа, ќе почнете од почеток…Книгата која се распродаде во над 5.000 примероци, добива свое продолжение!
-
НАЈДОБРОТО ДОПРВА ДОАЃА
0250,00 денНе е тајна дека зад успехот стои добрата организација на времето ‒ таа е и решение за стресот во ова брзо секојдневје.
Меѓутоа ова е еден малку поинаков дневник. Ќе ви биде верен бележник и потсетник за секојдневните активности и размисли. Но ќе ви биде и непресушен извор на мотивација и инспирација со своите мисли и пораки за боење, веќе добро позната медитативна техника за релаксација и смиреност. Совршен спој на практичното и инспиративното, неделна доза оптимизам, и бои што ќе му дадат ваш личен печат. Вам ви останува да планирате, пишувате, боите и размислувате ‒ и најдоброто несомнено ќе дојде!
-
МОЌТА НА МИСЛИТЕ
0250,00 денМоќта на мислите е огромна. Секоја ваша мисла за вас има определeна вредност. Силата на вашето тело, силата на вашиот ум, вашиот успех во животот и задоволствата што со вашето присуство им ги давате на другите – сето тоа зависи од природата и од квалитетот на вашите мисли. Морате да ја познавате културата на мислите и да ја развиете мисловната моќ. Оваа мала, но вредна книга, ве образoва, го просветлува вашиот ум и ја зацврстува вашата волја за правење добро и за постигнување исклучителност. Студенти, возрасни, доктори, адвокати, бизнисмени, трагачи по вистината – на овие страници секој ќе најде изобилство од насоки за културата и моќта на мислите. Од оваа вечна и неисцрпна тема ќе извлечете повеќекратна корист за самоспознавање, стекнување моќни мисли и за живеење на еден позитивен, динамичен, богат, успешен и радосен живот.
-
ЉУБОВОЛОГИЈА
0400,00 ден▪ Која е разликата меѓу љубов и заљубеност?
▪ Постојат ли безусловна љубов и сродни души?
▪ Дали љубовта е прашање на одлука и дали е вистина дека спротивностите фатално се привлекуваат?
▪ Зошто доаѓа до неверство и може ли да се преболи?Ова се само некои од прашањата што ги поставува најпознатиот хрватски автор на духовна литература Бруно Шимлеша во својот бестселер Љубовологија и на едноставен но луциден начин нè учи како да изградиме здрави и среќни односи со другите.
Дали станува збор за партнерска или семејна љубов, за пријателски или деловни односи, авторот ни ги разоткрива вообичаените заблуди и погрешни очекувања што си ги наметнуваме едни на други, но исто така предлага и решенија кои ќе ги вратат довербата и задоволството во најважната сфера на животот. За градење на вистинска љубовна врска клучни се три фактори – рамнотежа на давање и примање убавина, висок степен на компатибилност и искреност. Бруно Шимлеша нуди и еден уникатен тест, кој ќе им помогне на партнерите да откријат колку нивните љубовни желби и надежи се совпаѓаат и имаат ли темел за вистинска врска каква што секогаш посакувале.
Кога би постоела наука за љубовта, оваа книга би била учебник!