-
Сезона на соништата
0490,00 денСара има на располагање едно лето да организира пет свадби како од бајките. Но, дали таа ќе успее во тоа!
Сара и Гевин решија да реставрираат еден стар замок сместен по течението на Дордоња, меѓу прекрасните лозја во Бордо и да отворат место за свадби каде бајките се остваруваат… Но, кога Сара го пронаоѓа Гевин во туѓа прегратка нивната заедничка среќа исчезнува како меур од сапуница. Соочена со пет двојки кои допрва треба да кажат „Да“, таа сфаќа дека е оставена сама да биде домаќин на свадбите што треба да се организираат за време на првата сезона откако го отворија местото за организирање на свадби. За летото да помине без проблем, Сара мора да го закопа своето скршено срце и да го надмине стравот дека набрзо ќе мора да се врати назад во Лондон. Така, кога згодниот Томас Кортини, експерт за вино и локален диџеј, ќе се појави во нејзиниот живот, Сара конечно се осмелува да здивне и да се надева дека летото можеби нема да биде целосна катастрофа…
Дали Сара ќе успее да го спаси својот нов бизнис и да ја најде својата вистинска љубов.
-
-
Синевина
0Трезвена и вознемирувачка приказна за потрагата по изгубените врски и за значењето на водата – најважниот ресурс на планетата.
Годината е 2017. Норвежанка Сигне отсекогаш се залагала за зачувување на природата, а нејзината борба продолжува и денес. На речиси седумдесет години повторно ќе се качи на својата едрилица „Синевина“, со необичен товар, да се впушти во опасно патување до Франција за да го најде човекот што некогаш го сакала.
Франција, 2041. Давид и неговата мала ќерка Лу преживуваат во свет опседнат со суша и глад. Бегалци среде хаосот без вода, откриваат стара едрилица во дворот на напуштена куќа длабоко на копното. Ова ненадејно откритие станува симбол на надеж и врска со минатото, додека нивната судбина постепено се испреплетува со онаа на Сигне.
Приказна за храброст, љубов и непокорноста на човечкиот дух, романот ја истражува ранливоста на природата и луѓето, последиците од климатските промени, изборите што ги правиме, како и нивното влијание врз иднината. Жедта во романот не е само за вода, туку и за дом, иднина и за сигурно пристаниште.
Меѓународен бестселер, објавен во дваесет земји, номиниран за Наградата на норвешките книжари, „Синевина“ е инспиративна и длабоко вознемирувачка приказна која нè потсетува дека сè уште имаме можност да го направиме вистинскиот избор и да го зачуваме најважниот ресурс.
-
Германски со љубов – Deutsch mit Liebe 1
0999,00 денКнигата „Германски со љубов – Deutsch mit Liebe 1“ е наменета за сите кои имаат желба да го изучуваат германскиот јазик, почетно ниво, независно од возраста.
Книгата е поделена во шест дела:
– Теоретски дел и аудиоматеријал, лесно достапен преку QR код што ве води директно на веб-страницата http://www.germanskisoljubov.mk(Теоретскиот дел на книгата има појаснувања на македонски јазик, што дополнително го олеснува изучувањето на германскиот јазик)
– Преглед на вокабулар – табеларен преглед на вокабуларот, кој се среќава низ целиот теоретски дел;
– Вежбанка – дел со вежби кон теоретскиот дел;
– Краток преглед на граматиката од теоретскиот дел;
– Преглед на вокабуларот за самопроверка – Ова го научив;
– Преглед на решенијата од вежбанката.Успешно учење на германскиот јазик!
-
-
-
Записи од подземјето
0250,00 денДва по два ќе биде четири и без мојата волја.Тоа ли е слободна волја?
Најреволуционерната книга на Достоевски, еден од првите егзистенцијалистички романи во историјата на светската литература. Четиво што го означува преминот на книжевноста од XIX во XX век, приказна за визиите на поединците што ги уништува општеството.
„Записи од подземјето“ ни ги нуди белешките на еден гневен, изолиран човек, поранешен чиновник кој се повлекува од светот во своето мрачно и тесно живеалиште. Во него содејствуваат два спротивставени комплекса – инфериорност и супериорност. Зашто иако е социјално отфрлен и сиромашен, во духовен и интелектуален поглед тој стои над другите. Проникнати со сурова искреност и горчлив презир, неговите записи се бунтовен напад на социјалниот утопизам и потврда на ирационалната човекова природа.
Блескаво решение на проблемот на постоењето, филозофска книга за животот каква што само Достоевски може да создаде. Едно од неговите најдлабоки дела.
-
Папокот на светлината
0450,00 денСилната светлина заслепува неподготвено око, а блесокот на молњата може и да убие.
Јан Лудвиг, протагонистот кој пред повеќе од 20 години трагаше по папокот на светот (љубов кон жената), сега е во потрага по папокот на Светлината. Заедно со другите ликови, тој се обидува да открие каде се раѓа онаа Светлина која ја просветлува душата и како се случува некој цел живот да ја бара неа, а некој да се задоволи да му биде облека на ѓаволот.
„Папокот на светлината“ е во знакот на Светото Тројство: тројца навидум различни раскажувачи раскажуваат три навидум неповрзани приказни, сите љубовни на свој начин, три наративи кои на крајот се сврзуваат во еден, можен роман. На тој начин овој роман станува и нов клуч за читање на „Папокот на светот“; тројството на светлината го надминува дуализмот на светот. Дуализам кој и ќе го уништи стариот поредок, со сите негови морални вредности, и ќе го претвори во опожарена цивилизација врз чии јагленосани остатоци треба да се крене новиот свет.
„Папокот на светлината“ е значаен прилог кон тој нов, продуховен свет.
-
И јас сум Сирма
0390,00 денИ јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што „авторката“ ги има собирано во изминативе шеснаесет века. Таа вели дека сè што напишала e вистина, но искрено мислам дека некои делови се пренесени со прекумерна доза на патриотизам. Особено кон соседите. Но… таков е нејзиниот табиет: горд, искрен, чесен, мил, полн со емпатија. Напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми… но најмногу од сè ми личи на Македонија. Двете делат иста судбина, со секој здив, со секој збор, со секоја реченица. „Авторката“ не ја познавам лично, но имам чувство дека цело време е тука некаде, на дофат. Кога издавачот ми го прати текстот да напишам рецензија, не наидов на ништо што не ми е познато. Имав впечаток дека секоја страница од оваа историска читанка ја има некаде во нашите гени.
-
ТОНИ
0450,00 денРеалноста е секогаш пошокантна од тоа што го пишува во книгите.
Тони е средовечен бивш рокер од Скопје, кој живее со мајка му и работи во државна институција. Во текот на пандемијата, ненамерно, но по своја вина, предизвикува неколку настани кои засекогаш го менуваат неговиот, а и животот на луѓето околу него.
Напишан на жив, остар и современ јазик, во препознатливиот горчлив и истовремено духовит стил на Бужаровска, Тони е роман за машкоста, за градот и за традицијата. Брутално комичен, но и длабоко трагичен, се чита во еден здив. Ова е роман што ќе ве удри од земја и ќе ве натера да ги преиспитате општествените, романтичните и семејните односи од нашето секојдневие.
-
Вегетаријанка
0330,00 денВо „Вегетаријанка“, роман награден со Меѓународната книжевна награда „Букер“, низ три приказни ја следиме Јонг-хе, млада жена која, измачувана од еден кошмар, решава да престане да јаде месо. Оваа, навидум мала одлука ќе има огромни последици и целосно ќе го пресврти животот на Јонг-хе, доведувајќи ја во неочекувани конфликти со сите блиски луѓе од кои очекува поддршка. „Вегетаријанка“ е искрен, моќен роман за парадоксалната битка што мора да ја водиме за да бидеме тоа што сакаме да бидеме. Приказната за Јонг-хе е алегорија за трансформациите и преиспитувањата преку кои се откриваме или се губиме себеси, преку кои бараме љубов и добиваме омраза. „Алегорија, телесни преобразби, секојдневна битка за преживување – како да не помислиме на Кафка додека го читаме овој прекрасен, субверзивен роман? ’Метаморфоза‘, ’Уметник во гладување‘ и дневниците на Кафка се само некои од делата чии одеци може да се насетат низ ’Вегетаријанка‘.“
-
Монографија Манчевски
0900,00 денНа 650 страни, монографијата Манчевски е извонредно исцрпна и студиозна компилација од есеи, биографски текстови, авторски белешки, цртежи и фотографии. Неколкукратно наградуваното монографско издание овозможува длабински увид во досегашната кариера на еден од најоригиналните и најиновативни современи режисери и уметници. Аспектите на творештвото на Милчо Манчевски како филмски автор, фотограф, концептуален уметник и писател во оваа книга се истражени низ продлабочени анализи на осуммина филмски теоретичари, филозофи и историчари на уметноста од САД, Велика Британија, Германија, Австралија, Ирска, Шведска и Македонија.
-
Мајки ДВД
0350,00 денТри приказни, сите вистинити, една документарна.
Мајки за првпат поставува иновативна кинематографска структура со која се истакнуваат деликатните односи меѓу вистината и фикцијата, драмата и документарното.
Приказната за Владо Танески го обиколи светот и го инспирираше овој филм кој на оригинален начин ја испитува природата на вистината.
Режија и сценарио: Милчо Манчевски
Улоги: Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев
-
Сенки ДВД
0350,00 ден“Понекогаш мртвите зборуваат погласно од живите.”
Д-р Лазар Перков е млад и згоден, има убава жена, прекрасно синче, голема куќа и добра работа. Сė му е како што треба – ама сепак нешто фали. Кога ќе доживее катастрофална сообраќајка и ќе биде мистериозно спасен од сигурна смрт, неговиот живот почнува да се менува…
Режија и сценарио: Милчо Манчевски
Улоги: Борче Начев, Весна Станојевска, Сабина Ајрула – Тозија, Салаетин Билал, Ратка Радмановиќ, Филарета Атанасова, Диме Илиев и Владимир Јачев -
Прашина ДВД
0350,00 ден“Каде ли ти оди гласот, кога те нема веќе?”
Патиштата на еден крадец од Њујорк (Еџ), една силна стогодишна баба (Анџела), двајца браќа од Дивиот Запад (Лук и Елајџа), еден комита спремен да загине за слобода (Даскалот) и една лична трудница (Неда) им се вкрстуваат во оваа приказна која се протега на два контенента и низ три века.
Филмот Прашина го нарекуваат македонската Герника поради епскиот замав, но и поради кубистичкиот пристап кон наративот. Ова „моќно, амбициозно парче филм“ („Њујорк тајмс“) дело го отвори фестивалот во Венеција.
Режија и сценарио: Милчо Манчевски
Улоги: Џозеф Фајнс, Дејвид Венам, Адријан Лестер, Ен Броше, Розмари Марфи, Салаетин Билал, Николина Кујача, Владо Јовановски
-
Пред дождот ДВД
0350,00 ден“Времето никогаш не умира. Кругот не е тркалезен.”
Пред дождот е легендарен филм, дело по кое светот дозна за Македонија, македонски културен производ кој е меѓународно најнаградуван и најизучуван.
Пред Дождот се смета за едно од најважните дебитантски остварувања во светската кинематографија воопшто (Анет Инсторф) и за еден од најзначајните филмови на 1990-тите (Ен Киби), а „Њујорк тајмс“ го вброи на листата „Најдобри 1.000 филмови на сите времиња“.
„Пукај, бе, братучед. Пукај!“ „Кажи му да ми го бричи. Со зелено џамче.“ „Да ти ибам времето англиско“. „Умре. Во такси.“ „Нема тука да пукне, мирен е народот. – Така и за Босна викаа.“ Ова се неколку од репликите од филмот кои станаа дел од македонскиот фолклор.
Победник на фестивалот во Венеција и прв македонски филм номиниран за Оскар.
Режија и сценарио: Милчо Манчевски
Улоги: Кетрин Картлиџ, Раде Шербеџија, Грегоар Колан, Лабина Митевска