-
Одберете си сопствен среќен крај: Топло ладно лето
0250,00 денНа последниот училиштен ден, Френки Џонс може да очекува долго, топло, здодевно лето во коешто ќе може да другарува само со нејзината гитара. Но ненадејно…
Френки добива шанса да замине за Лондон. Сака да оди, но ова патување значи и повторна средба со Џек – момчето кое ѝ го скрши срцето. Дали им претстои обновување на романсата? Или конечно Френки ќе докаже дека може да го преболи?
Татко ѝ на Френки ја поканува да го помине распустот со него на плажа. Но набрзо таа дознава дека на патувањето треба да се придружат и новата девојка на татко ѝ и нејзината ќерка Ели. Френки се разочарува. Дали ќе успее воопшто да помине време со татко ѝ или ќе мора постојано да е со Ели, нејзината нова (не)пријателка.
Во оваа приказна од типот„одбери ја својата патека“, ВИЕ сте одговорни за одлуките на Френки и од вас зависи како ќе заврши оваа приказна. Следете го срцето до крајот или вратете се и одберете поинаков пат. -
Што сé еден маж знае за жените
0150,00 денМакс Хиден е еден од најпознатите светски психолози кој сета своја научна работа ја посвети да одговори на многуте необјаснети прашања од областа на машко женските односи. Книгата “Што сé еден маж знае за жените” дава еден сосема нов поглед кон оваа тема и ги остава без здив многубројните читатели кој листајќи ги страниците на оваа книга ја откриваат вистината по која трагале многу генерации пред нив. Книгата е преведена на многу јазици и не се случајни големите тиражи во кои е објавена и продадена како во Европа така и во останатиот ден од светот.
-
Егото е непријател
0400,00 денМногумина од нас инсистираат дека главната пречка за целосен, успешен живот е надворешниот свет. Всушност, нашиот најчест непријател се крие токму во нас: нашето его. На почетокот на кариерите, нѐ попречува во учењето и во градењето талент. Во фазата на успехот, може да нѐ направи слепи за сопствените недостатоци и да создаде проблеми во иднина. Во фазата на неуспехот, го зголемува секој нанесен удар и го отежнува закрепнувањето. Егото нѐ кочи во секоја фаза.
„Егото е непријател“ се повикува на широк дијапазон приказни и примери, од литературата, до философијата и историјата. Запознаваме фасцинантни фигури како Хауард Хјуз, Кетрин Греам, Бил Беличик и Елеонор Рузвелт. Сите тие достигнале највисоко ниво на моќ и успех преку скротување на сопственото его. Нивните стратегии и тактики може да бидат и наши.
Но зошто би се бореле против егото во ера што глорифицира социјални медиуми, реални ТВ-шоуа и други облици на бесрамна себепромоција? Вооружени со лекциите од оваа книга, ќе научите, како што вели Холидеј, „да се посветите помалку на приказната што ја раскажувате за сопствената посебност и, како резултат, ќе бидете слободни да ги постигнете важните цели што си ги имате зададено“.
-
Слаткарницата на кривогледиот Џим
0300,00 денВо слаткарницата на кривогледиот Џим, служат свежо кафе, торти и јајца. Но таму се стекнуваат и книжевни и чи-тателски навики. Откако во градот пристигна библиотекарката Боженка, таа отвори библиотека дури и во затворот и животот го направи поподнослив за најтешките криминалци. Срцата на негативците се насочија кон групните читања и претставувања на литературни дела од Шекспир, Карл Мај, Достоевски, Александар Дима… Дури и нивните вкусови почнаа да се менуваат. Како и да е, оваа хармонија ја наруши Данте Ласицата Шекспир, најголемиот литературен гангстер на сите времиња. Тој им ги украде сите текстови, од класици до распореди. Борбата со дружината книгољупци завршува со победа на згодната чешка библиотекарка. Иако за бунтот против Хабсбурзите таа не успеа да обезбеди поддршка на луѓето од Дивиот Запад, култивираниот дух на нивните литературни средби го облагороди градот.
Авторот Марек Томан маестрално ги ткае пародиите и фразите, обрнувајќи внимание и на квалитетната и на дру-гата светска литература, бидејќи тие имаат сила кај децата и младите да создадат и реална и фиктивна претстава за светот. -
Зулејха ги отвора очите
0450,00 денПриказната започнува во мало татарско село во 1930 година. Микрокосмос во кој жената е објект на постојано понижување. Но ова не е патријархален роман. Ова е женски роман во најубавата смисла на зборот. Бидејќи главен херој е зеленооката Зулејха. Жена што ќе го посведочи убиството на сопругот од страна на комунистите и жена што ќе го преживее прогонството на Сибир. И така засекогаш ќе го напушти родниот микрокосмос.
Таа е принудена на мачно патување со товарен воз до најоддалеченото место на бреговите на реката Ангара во Сибир. Животните услови во руската тајга носат сосема поинаква тежина. Многумина не ја преживуваат долгата зима. Тоа е средина составена од: селани, интелектуалци, криминалци, чесни луѓе, муслимани, православни, атеисти, Татари, Руси и Германци. Во групата на Зулејха има еден напорен доктор, еден сликар, еден пар, еден криминалец, но и – Игнатов, убиецот на нејзиниот сопруг. Заедно започнуваат да градат нов живот, далеку од своето минато. Заедно мора да создадат – љубов!
Зошто Зулејха ги отвора очите? Токму за љубовта, за мајчинството, за слободата, за борбата за живот.
Романот е добитник на двете најважни книжевни награди во Русија – „Големата книга“ и „Јасна Полјана“.
-
Загубениот симбол
0600,00 денОНА ШТО Е ЗАГУБЕНО ЌЕ СЕ ОТКРИЕ… Вашингтон: Симболот од Харвард Роберт Лангдон е повикан во последен миг да одржи вечерно предавање во Капитол. По неколку мигови од неговото пристигнување, во самиот центар од Ротундата, се појавува еден вознемирувачки предмет, морничаво украсен со пет симболи. Тој веднаш сфаќа дека станува збор за античка покана, којашто го повикува нејзиниот примач кон еден одамна загубен свет на скриена езотерична мудрост. Кога Лангдон открива дека неговиот почитуван ментор, Питер Соломон филантроп и истакнат масон, брутално е киднапиран, Лангдон сфаќа дека единствената надеж да го спаси животот на неговиот пријател е да ја прифати оваа мистериозна покана и да ја следи без оглед каде таа ќе го одведе. Лангдон многу брзо се наоѓа себеси затворен зад бедемите од најмоќниот град во Америка, во непознатите соби, храмови и тунели кои постојат таму. Сето она што претходно му било познато се трансформира во нејасен, прикриен свет на умешно скриено минато во кој се чини дека масонските тајни и претходно непознатите откритија го водат до невозможна и незамислива вистина. Како совршено изработена таписерија од прикриени истории, мистериозни знаци и загадочни кодови, ЗАГУБЕНИОТ СИМБОЛ претставува интелигентен, молскавичен трилер кој нуди изненадувања на секој агол. Бидејќи, како што ќе открие Роберт Лангдон, не постои ништо почудно или пошокантно од тајната којашто се крие пред очи…
-
Чук, чук
0500,00 денПет црвени свеќички на тортата. Исчекување. Како можеше Зана да знае дека овој ден ќе им го промени животот на толку многу луѓе? А сè што сакаше беше да си ја испее „Среќен роденден“.
Кога Еверт Гренс ќе влезе во станот во Стокхолм, останува зашеметен од смрдеата на расипана храна, но и на нешто многу пострашно. Тоа што ќе го види ќе му остане длабоко врежано во сеќавањето.
По речиси две децении, Еверт Гренс повторно ќе се најде во истиот стан. Некој се вратил да ја бара Зана. Гренс знае дека не смее да ја загуби трката со времето и мора да ја најде пред таа да биде убиена.
Приказна за предавството и одмаздата, а светот трепери за време на трите дена исполнети со шокантни настани.
-
-
Потрага по Одри
0270,00 денПрв роман на Софи Кинсела напишан за тинејџери.
Одри не е во состојба да излезе на улица. Дури и дома не може да ги тргне темните очила. Таа страда од анкциозност. Тогаш во нејзиниот живот се појавува Линус, другарот на нејзиниот брат. Со својата пријателска насмевка налик на парче портокал и духовитите пораки, тој ја наведува Одри повторно да излезе од дома – за почеток, барем до Старбакс. Одри чувствува дека покрај Линус може да го прави сето она од кое претходно се плашеше. Одеднаш и се чини дека би можела повторно да се врати во светот од кој се отуѓи.
Подгответе се да се смеете, сонувате и да се надевате заедно со Одри, која сфаќа дека дури и кога ќе помислите дека сте се изгубиле себе, љубовта сепак може да ве пронајде вас… -
АСИСТОЛА
0300,00 денОд авторката на Белешките на Лајла Грејс и Карма
Никогаш не мислев дека враќањето е толку тешко. Секогаш мислев дека е тешко да направиш чекор напред, а не чекор назад.
Има моменти кога животот нѐ носи на крстопат, кога мораме да се одлучиме за правецот по кој ќе тргнеме. Има ли таков пат што би нѐ ослободил од товарот на минатото за да можеме со леснотија да ја прегрнеме иднината?
По доживеаната лична трагедија, младата докторка Лена решава да го напушти својот живот во Виена и да се врати во родниот град. Растргната е меѓу напорните болнички смени, редовните средби со психотерапевтот, задржување на пријателството… и забранетите чувства што ненадејно ја обземаат кон Гаврил, познат и шармантен хирург, кои можат да ѝ ја уништат целата кариера. Обидувајќи се да најде излез од емотивниот лавиринт, токму кога ќе реши да ги распакува големите куфери од Виена, животот ѝ носи нов пресврт.
Драматичен и полн со чувства, возбудлив од почеток до крај, романот Асистола нè носи таму каде што се води борбата за човековиот живот, но и за љубовта, борба за работите што ни даваат смисла и го тераат нашето срце да чука уште посилно.
-
Невидливиот чувар
0400,00 денПо многу години минати надвор од Елисондо, инспекторката Амаја Саласар се враќа во родниот град за да го најде убиецот што ги избира своите жртви меѓу младите девојки. Тој ги задушува и ги остава голи во шумата следејќи некој вид мрачен ритуал. Додека се обидува да го изгради профилот на убиецот и да ги реши убиствата, Амаја мора да се соочи со сеништата од сопственото минато. Тоа се мрачни епизоди за кои никогаш не зборувала и што ја принудиле да замине без желба да се врати, но измешани и со старите народни верувања од областа Навара. Фасцинантна приказна во која тајните и легендите се испреплетуваат со ужасни злосторства. Што кријат бастанските шуми?
„Невидливиот чувар“ е првата книга од „Бастанската трилогија“, преведена на повеќе од 20 јазици. Филмската верзија е изработена од страна на продуцентите на трилогијата „Милениум“ на Стиг Ларсон.
-
Кралица/Чудовиште
0250,00 денСимпатична шаренолика сликовница, којашто може да ја читате од два правци!
На едната страна од книгата, ќе ја најдете приказната за едно мало девојче, Варја, која одлучи да стане кралица. Од друга страна, можете да ја прочитате приказната за момчето по име Гал, кое одлучи да стане чудовиште.
Дали двете приказни ќе се сретнат на средина од сликовницата?
-
Како помалку да се мисли
0430,00 ден• Блиските ти велат дека поставуваш премногу прашања.
• Во твојата глава секогаш нешто се виори – понекогаш сонуваш за да притиснеш на тастатурата и да го исклучиш умот.
• Имаш впечаток дека си од друга планета.
• Не успеваш да го пронајдеш своето место.
• Се чувствуваш несфатено.Дали некоја од овие реченици те опишува токму тебе? Ако е така, сигурно ќе се препознаеш во профилот на исклучително размислувачка личност. Да се биде исклучително размислувачки е навистина заморно, ама твојот мозок – е токму тој што премногу размислува – тој е вистински скапоцен камен. Неговата суптилност, сложеност и брзината со која делува, навистина се восхитувачки, а по силата тој може да се спореди со моторот на формула.
Ама болидот не е обичен автомобил за трки. Кога го вози некој невешт, може да се покаже кревок и погубен. За да ги искористи своите потенцијали, формулата треба да ја управува многу вешт возач и да има соодветна писта.
Досега твојот палав мозок те водеше по слепи патеки. Ама време е да го преземеш управувачот и тоа веќе уште денес. Благодарение на оваа книга ќе научиш да ги користиш извонредните можности на својот мозок кои што порано ти изгледаа недофатливи! А покрај тоа ќе почувствуваш и олеснување, па ќе се прифатиш себе си и својот фантастичен ум. Најпосле ќе здивнеш. -
БЕГЕМОТ ФИЛОЗОФСКИ РАСКАЗИ
0200,00 денСобрани во оваа книга се неколку од многуте раскази од обемниот опус на фиктивна проза од Фернандо Песоа, карактеристични по својата фрагментираност и недовршеност. Филозофски или интелектуални раскази, како што ги нарекува Песоа, статични и без дејствие, каде што ликовите, Просјакот, Ѓаволот, Баронот од Тејве и Професорот Серзедаш се заплеткани во иницијациски дијалози кои му пркосат на здравиот разум. Песоа е мистичар што не може да се вклопи во ниту една вистина и постојано трага и се движи по работ на крајностите на разумот и духот. Недопишани во мигови на инспиративен изблик, расказите претставуваат совршен одраз на невозможноста да се создаде целосно и совршено дело. Совршено искушение за читателот да ги донамисли, доизрече. И како што ќе ѝ предложи Ѓаволот на Марија: „Тие се дамки светлина во мракот…“, а Песоа нè води низ нив „како аџии на патот кон тајната и спознанието“.
-
Мојот звук
0250,00 денНа Панче одеднаш ништо не му оди од рака.
Не, не се тоа некои си панчеванции. Со Лиле, во која е вљубен, постојано се како на клацкалка. Со татко му воопшто не се разбира. Со сестра му Лена веќе не може
ни да разговара. Се скара дури и со другар му Ване.
На училиште се искара со наставничката по хемија (инаку и мајка на Лиле).
Родителите го праќаат кај тетка му во Скопје на „превоспитување“. А таму, со скршена нога, од прозорецот на станот, се обидува да реши една мистерија и да им докаже на сите колку тој всушност вреди…
Панче, по потешкиот пат, го открива својот звук, звукот на Лиле, звукот на татко му, на Ване, на сите околу него… Затоа што секој има свој звук.
Романот „Мојот звук“ на Оливера Николова е прекрасна приказна за едно растење и едно созревање.
-
Дваесет илјади милји под морето
0159,00 денНепознато суштество ги напаѓа европските и американските бродови! Светот е во паника! Американците веднаш дејствуваат и ја испраќаат брзата фрегата „Абрахам Линколн“ да го пронајде и да го уништи мистериозниот непријател. Ангажиран е угледниот професор од Парискиот музеј, Пјер Аронакс, кој испловува на бродот заедно со својот верен помошник, Советко.
По еден жесток судир со чудовиштето, професорот Аронакс, Советко и китоловецот Нед Ланд паѓаат во океанот, навидум без никаква шанса за преживување. Но, во тој момент, ги спасува некој! Кој е нивниот спасител? Какви сè авантури ги чекаат нашите јунаци?