-
Снеговите на љубовта
0199,00 денЕдна снежна ноќ, додека во блескавата Москва одекнуваат нотите на Чајковски, младиот царски офицер Сеит на бал ја запознава занесната благородничка Шура. Волшебниот миг во кој погледите им се сретнуваат засекогаш ќе ја смени нивната судбина. Потполно маѓепсани еден од друг, двајцата млади знаат дека за нив никогаш не може да постои никој друг, без разлика на сѐ што ги разделува.
Од живописната Јалта на крајот на XIX век, до волшебната раскошна Москва и Цариград, оваа трогателна приказна ги следи Сеит и Шура, што во опасниот виор на историски превирања се борат само за едно – правото на своја љубов.
Првата светска војна, руската револуција, страдање, пекол… Сепак, нивните срца ќе сторат сè, за да останат посилни од татнежите на топовите.
Според безвременската и легендарна сага на Нермин Безмен, напишана по вистинити настани, снимена е една од најскапите и најпопуларните телевизиски серии која под наслов „Снеговите на љубовта“ беше прикажувана и кај нас…
-
Син
0380,00 денТочно е тоа што го велат луѓето: кога долго време трагаме по вистината, оној ден кога конечно ќе ја откриеме настапува најтешкиот дел. Што да се направи со неа?
Која е вистината што се крие зад таинствената насмевка на деветгодишниот Гилјермо? Момче со сини очи кое еден ден сака да биде Мери Попинс. Момче кое не ги сака грубите машки игри и се дружи единствено со Насија, девојчето доселено од Пакистан, кое му се доверува дека е веќе свршена за еден свој возрасен роднина. Саканиот син кој секој четврток добива писмо од својата отсутна мајка, со која никогаш не може да се види и да се слушне…
На учителката Соња Гил и неговиот непристапен татко ѝ личат на санта мраз под која трепери нешто таинствено, злокобно. Заедно со училишниот психолог Марија, тиесе обидуваат да ја одгатнат детската душа и психа. Чекор по чекор, трпеливо навлегуваат во чудниот свет на Гил. Преку неговите многузначни цртежи и искрените есеи, тие на крајот ќе ја откријат тажната вистина и ќе сфатат зошто тој толку копнее да биде Мери Попинс.
-
П.С. Ми се допаѓаш
0390,00 денДодека скита со мислите на часот по хемија, Лили ќе начкраба неколку стихови од нејзината омилена песна на клупата. Следниот ден открива дека некој ги продолжил стиховите на клупата и допишал порака за неа. Интригантно!
Наскоро, Лили и нејзиниот анонимен пишувач почнуваат да разменуваат писменца – споделуваат тајни, си препорачуваат бендови и се отвораат еден со друг. Лили сфаќа дека почнува да се вљубува во пишувачот на писменцата. Само, кој е тој? Додека Лили се обидува да ја разоткрие мистеријата и истовремено се справува и со училиштето, пријателите, симпатиите и нејзиното откачено семејство, таа открива дека срцето понекогаш не избира во кого ќе се вљуби…
Кејси Вест внесува една неодолива духовитост, топлина и енергија во оваа забавна и весела приказна за љубов што се појавува тогаш и таму кога најмалку ја очекувате.
-
ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ
0350,00 денСо добра комуникација можеме да постигнеме сè. Комуникацијата е размена на пораки меѓу луѓето. Тоа е процес во кој праќаме, примаме и ги модификуваме пораките. Во секојдневниот живот, под комуникација многу често се мисли на разговор. Но разговорот е само еден аспект од комуникацијата, зашто таа се остварува на многу нивоа и на многу начини.
Комуникацијата, едноставно, не може да се избегне. Дури и кога не зборуваат, луѓето комуницираат – со погледи, со гестови, со положбата на своето тело… Ние сме тие што можеме да го менуваме текот на комуникацијата според својата слободна волја, но и според несвесната мотивација – својата или на соговорникот. А најдоброто во тоа е што комуникацијата е вештина што може да се научи!
Оваа книга е вистински практичен водич кој ќе ви ги покаже сите аспекти на комуникацијата и начините за нивно усвојување. Со нивна помош ќе остварите квалитетни односи со луѓето со кои доаѓате во контакт – во семејството, на работното место, во непосредната и пошироката околина… Научете добро да комуницирате и бидете господар на секоја ситуација!
-
ЗАХИР
0380,00 денЕден ден познатиот писател дознава дека неговата сопруга, воен известувач, исчезнала без трага. Иако времето му донесува нови успеси и нови љубови, нејзиното исчезнување се повеќе го збунува – и се повеќе го опседнува. Дали е киднапирана, или станала жртва на уцена или едноставно здодеал нивниот брак? Немирот што го предизвикува таа е силен исто колку и привлечноста што ја зрачи. Потрагата по неа – и по вистината за неговиот сопствен живот – го води од Франција во Шпанија, во Хрватска и во прекрасните и пусти пејзажи на централна Азија. И повеќе од тоа – го одведува од сигурноста на неговиот свет на сосем неизвесен пат, на кој ќе побара нова смисла на природата на љубовта и на силата на судбината. Со својот нов роман Пауло Коелјо не само што покажува колку силна и маѓесна е неговата раскажувачка вештина туку и ни разоткрива чудесен увид во она што значи да бидеш човечко суштество во светот преполн со можности. Пресоздавајќи го стариот мотив од исламската традиција, мотивот захир, односно оној што е видлив, присутен и што не е можно човек да го превиди – а на кој Борхес своевремено му даде статус на книжевна јавност – Коелјо го пишува својот Захир: опсесијата со љубовта која ту му изгледа света ту луда.
-
ЗАВРТИ НОВА СТРАНИЦА ВО СВОЈОТ ЖИВОТ
0250,00 денТи си сонувач. Твоите соништа ќе станат реалност кога ќе одлучиш да ги живееш. Ти си семоќно суштество. Најголемата моќ е во твојата ЉУБОВ. Ти си светлина. Секогаш знаеш да блеснеш во најголе мата темница. Ти си ЧУДО.
Луѓето кои се сакаат себеси им дозволуваат на другите да бидат тоа што се, прифаќајќи ги такви какви што се, без намера да ги променат. … Љубовта не значи да бидеш врзан, туку да бидеш слободен во своите избори, да бидеш целосен и кога никој не е до тебе, да се чувствуваш сакано и ако си заминат од тебе, да се сакаш иако другите не го сакаат тоа што си ти.
Верата во доброто секогаш се враќа со добро. Ако сме отворени кон животот и даваме дозвола да ни се случуваат работите, животот секогаш ќе нѐ дарува кога ќе ни биде најпотребно. Животот нѐ сака и поддржува во секој момент, но за да го почувствуваме тоа, треба и ние да почнеме да го сакаме и да веруваме дека сме заштитени и поддржани.
-
ЖИВОТ БЕЗ КРАЈ
0400,00 денНовото дело на славниот Фредерик Бегбеде, романот Живот без крај, е негова најавтобиографска приказна. Самиот автор ја нарекува темата на романот соодветна на неговата возраст – доколку претходните книги му беа за љубовта, сексот, бракот, експериментирањето со дрогите итн., во овој роман педесетгодишниот Бегбеде ги истражува темите на семејството, на смртта и вечниот живот.
Нараторот на Живот без крај е опседнат со идејата да најде „лек“ за смртта и во таа навидум невозможна потрага ќе биде вклучено целото негово семејство. Трагањето по бесмртноста се претвора во луда авантура, за на крајот, останувајќи во доменот на предвидливото и исполнувајќи ги очекувањата на читателот, нараторот да открие дека бесмртноста постојано била пред него, отелотворена во неговите две ќерки.
Бегбеде без патетика и со многу хумор ја допира оваа мрачна тематика и гради возбудлива приказна која завлегува во доменот на научната фантастика.
-
ЕХО НА СЛОБОДАТА
0399,00 денЕхото доаѓа длабоко однатре и како ефектот на пеперутката стигнува до другиот крај на светот, каде некој непознат човек, читајќи ги твоите зборови, ќе се препознае во нив. На пеперутката ѝ требаат крилјата за да го постигне ефектот на преносливост, но зар човекот ги нема? Крилјата на човекот се неговите мисли и зборови. Можеш да ги рашириш до каде што сака твоето срце и до каде што ти дозволува твојата храброст. На крајот, сè се сведува на тоа:
Умееш ли да сонуваш за подобар свет?
Умееш ли да леташ високо над произаичното и медиокритетско секојдневје?
Умееш ли да веруваш во луѓето?
Умееш ли да им го отвориш срцето, за тие да ти ги отворат своите најинтимни мисли?
Умееш ли да го отвориш умот за да ги видиш нивните добри страни?
Умееш ли да бидеш активен слушател за да го чуеш ехото на слободата?Слободата е МОЖАМ. Слободата е ЖЕЛБА. Слободата е ЉУБОВ.
Интервјуто е повеќе од занает. Тоа е состојба на духот.
-
ЕЗЕРО
0250,00 денРибарско село на крајот од светот. Загадено езеро што полека пресушува и кобно се повлекува од бреговите. Мажите пијат вотка, жените се грижат за нив додека ловат риби среде бурите, а децата ја имаат за чешање својата егзема. А што има Нами? Нами нема ништо освен една бабичка со дебелкави раце. Но има и живот пред себе ‒ другари и детски игри, љубов кон училиштето, прва љубов што му ја обесчестуваат руските војници, а потоа му одземаат и сè друго…
Но ако еден живот може да започне на крајот од светот, тогаш можеби може да заврши и на неговиот почеток. Приказна стара колку и самиот човек. Нејзиниот јунак тргнува на патување само со својата храброст и палтото што некогаш му припаѓало на дедо му ‒ за да ја најде мајка си. Но за да ја открие големата мистерија, мора да заплови и да го заобиколи езерото, а најпосле, да потоне до неговото дно во потрага по своите корени.
-
РАДОСНИЦА „ДОБРЕ ДОЈДЕ МИЛО“
0490,00 денПретворете ги страниците од оваа книга драгоцена ризница на спомени! Забележете ги на едно место сите слатки, единствени, неповторливи моменти и искуства што ќе ја обележат првата година од животот со вашето дете.
Со оригинални илустрации, со живи и впечатливи бои – радосницата ќе биде чувар на спомените од ова бесценето и возбудливо поглавје на кое секогаш со задоволство ќе му се навраќате.
-
ДЕВОЈКИТЕ
0420,00 денСеверна Калифорнија, крај на турбулентните шеесетти години. На почетокот на летото осамената тинејџерка Еви Бојд здогледува три девојки во паркот чија разузданост и опасна аура веднаш ѝ го привлекуваат вниманието. Таа е маѓепсана од волшебната Сузан и е вовлечена во озлогласен култ чиј водач е мошне харизматичен човек…
Скриен во брдата, нивниот голем ранч е сенишен и полураспаднат, но за Еви е егзотично, возбудливо, наелектризирано место и очајнички сака да биде прифатена во нивната комуна. Сè повеќе време поминува одделена од мајка си и далеку од ритамот на дотогашниот вообичаен живот. Додека нејзината опседнатост со повозрасната Сузан расте, Еви не забележува дека се навестува незамисливо насилство…
Брилијантен роман кој понира во неверојатни психолошки длабочини, чудесно и одлично напишан. Со зрелост поголема за своите години, Ема Клајн напишала мудар и ни малку претенциозен роман – одмерено а возбудливо сведоштво за похотата и ужасот.
„Извонредна, опојна и интригантна приказна за созревањето, раскажана со толку убаво изработени реченици што можат да се носат како накит…“ Њујорк тајмс
-
ДЕВОЈКАТА ШТО САКАШЕ ОДМАЗДА
0500,00 денЛизбет Саландер и Микаел Блумквист се враќаат во петтото продолжение на серијалот Милениум на Стиг Ларсон! Осудена на двомесечна затворска казна поради самоволно постапување при спасувањето на животот на едно дете, Лизбет Саландер одбива да каже што и да е во своја одбрана. Таа се интересира за многу поважни нешта. Микаел Блумквист секоја недела поминува долг пат за да ја посети – но и за да добие некоја нова трага за своето истражување, кое би било значајна приказна за списанието Милениум. А неа, пак, тоа би можело да ја одведе до вистината за нејзиното детство. Иако е попречена од корумпираниот затворски систем кој во голема мера го раководат озлогласени затворенички, Лизбет по секоја цена ќе се бори за своите убедувања. Ќе ја бара вистината поврзана со сопственото сеќавање од детството – сеќавањето на жената со белег на вратот што потсетува на змеј што блуе оган…
Тензијата и моќта на исклучителните херои од трилогијата Милениум на Стиг Ларсон, земаат нов замав. Лизбет Саландер и Микаел Блумквист ја продолжуваат својата борба за вистината и правдата што возбудува милиони читатели низ целиот свет…
-
Девојката што пишуваше на свила
0450,00 денНа островот Оркас штотуку дипломираната Инара Ериксон го истражува имотот на својата неодамна почината тетка, која ѝ го оставила во наследство. Случајно наоѓа внимателно скриено, извезено парче свила. Додека ги разоткрива слој по слој тајните што тоа ги крие, животот почнува да ѝ се испреплетува со животот на Меј Лиен, младата Кинезинка што пред повеќе од еден век била протерана од својот дом. Низ приказните што Меј Лиен ги раскажува везејќи ја свилата, Инара ја дознава трагичната вистина што длабоко ќе го потресе нејзиното семејство, а неа ќе ја натера да се осмели на незамислив чекор…
Инспириран од вистински настани, брилијантниот историски роман на Кели Естиз е потресна приказна за две жени поврзани со времето и судбината. Жени со силен дух и достоинство, цврсто решени да постапат правилно, независно од цената што треба да ја платат. Зашто додека не се каже вистината за минатото, не може да се најде спокој во сегашноста.
„Девојката што пишуваше на свила е преубав, елегичен роман, извезен фино и деликатно, токму како што навестува и самиот наслов. Кели Естиз ткае волшебна приказна што го осветлува минатото во сета негова суровост и убавина, како и човечноста што нè спојува сите нас.“ Сиетл викли
-
ДЕВОЈКАТА ВО ПАЈАКОВА МРЕЖА
0500,00 денЛИЗБЕТ САЛАНДЕР И МИКАЕЛ БЛУМКВИСТ СЕ ВРАЌААТ ВО ДОЛГООЧЕКУВАНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА СЕРИЈАЛОТ МИЛЕНИУМ
Франс Балдер, ексцентричен гениј и еден од водечките информатички експерти, ненадејно се враќа во Шведска од Силиконската Долина, каде што работел во една од најмоќните светски компании. Од поранешната сопруга го зема аутистичниот осумгодишен син, се затвора во својата добро обезбедена куќа и сосем се осамува.
Микаел Блумквист е во длабока професионална криза – подолго време нема напишано текст што ќе ги потресе столбовите на општеството и ќе го врати списанието Милениум на старите патеки на славата. Една вечер му се јавува Балдер, па иако е сомничав кон информатичарот, оди кај него на разговор.
Во исто време, непознат хакер провалува во серверите на Националната безбедносна агенција (НСА). Во „Хакерската република“ слават, затоа што само една личност на светот можела да го стори тоа – неповторливата Лизбет Саландер. Но таа не прави ништо доколку за тоа нема длабоки причини, кои секогаш се поврзани со нејзината желба да ја задоволи правдата.
Девојката во пајакова мрежа е трилер кој обожавателите на делата на Ларсон долго го очекуваа, роман кој, како и претходните, навлегува во актуелни и болни општествени теми.
-
ДА КУПИМЕ ПОЕТ
0250,00 денВо едно замислено општество, материјализмот ги контролира сите аспекти од животот на своите жители. Луѓето имаат бројки место имиња, сета храна е мерена со точна прецизност, а мерливи се дури и чувствата. Во ова општество семејствата можат да чуваат уметници како миленичиња. Протагонистот на приказната е млада девојка кој избира да има поет. Поетот не е премногу скап или премногу валкан – како сликарите или скулптурите – ама неговиот стих може многу да влијае врз околностите. Откако ќе си набави поет, животот на девојката никогаш повеќе нема да биде ист… Овој роман на Круш е длабоко инспириран од економската криза во Португалијa, особено од прекумерната важност што им се дава на финансиските прашања. Делото плени со својата едноставност, но и со остроумна иронија, реторичност, таинственост и хумористичност. Низ неа писателот пренесува универзални човечки пораки, критикувајќи го современото потрошувачко општество. Низ роман и за млади и за возрасни, писателот ја демистифицира поезијата и секојдневните животни контексти во кои може да се смести истовремено претставувајќи ја како врвна уметност на слободата.
-
ГРОБНА ТИШИНА
0380,00 денПо морничавиот трилер Мочуриште, вториот роман на исландската писателска ѕвезда Арналдур Индридасон е уште едно врвно и мајсторски изведено дело во криминалистичкиот жанр.
Истрагата на исландската полиција започнува кога на дамнешните ненаселени ридови на периферијата на Рејкјавик е пронајден човечки скелет, стар неколку децении. Разгледувајќи го овој одамна застарен случај, детективот Ерлендур и неговиот тим откриваат дека ридовите околу главниот град кријат неколку трагични приказни кои се случиле во дамнешното минато: за насилство, изгубена љубов и чест, криминал… На овој начин, во романот се мешаат неколку жанрови, кои само дополнително ја зголемуваат тензијата среде мрачната атмосфера на исландското осамено секојдневје.
Втор во серијалот романи посветени на исландскиот детектив Ерлендур, Гробна тишина е еден од најсовршено структурираните трилери во кој се преплетуваат повеќе возбудливи приказни што се поврзуваат во целина на последните неколку страници од книгата.
„Индридасон е еден од најдобрите писатели на трилери на денешнината.“ Сиднеј тајмс