Филтер по цена
Жанр
Автори
  • ЧУДОВИШТЕТО ДОАЃА

    ЧУДОВИШТЕТО ДОАЃА

    0

    Чудовиштето доаѓа во времето на необичните суштества, неколку минути по полноќ. Но Конор воопшто не се плаши од она што се појавува пред неговата куќа. Тој го очекува чудовиштето од своите кошмари преполни со темнина и ветар, она кое го измачува речиси секоја ноќ. Чудовиштето што доаѓа кај него е древно, диво, чудесно, тоа знае да раскажува приказни и од Конор го бара најопасното – ја бара вистината… Истовремено мрачен и длабоко човечки роман за загубата, семејството, тагата и созревањето, роман за реалните и имагинарните чудовишта со кои се соочуваме сите ние – и децата и возрасните. Токму поради тоа, во овој роман наменет за младите читатели еднакво ќе уживаат и сите кои некогаш биле млади.

    „Моќна модерна бајка за надежта и тагата, која ќе ги трогне читателите со својата емотивност и едноставност.“ Publishers Weekly

    „Чудовиштето доаѓа е ремек-дело во современата литература. Роман кој ќе ги научи младите читатели дека умешноста на книжевноста се состои во тоа да се преплетуваат солзите и насмевките.“ The Guardian

    299,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ЧЕТИРИЕСЕТ ПРАВИЛА НА ЉУБОВТА

    ЧЕТИРИЕСЕТ ПРАВИЛА НА ЉУБОВТА

    0

    Во својот заводлив лиричен роман Четириесет правила на љубовта, светски познатата турска авторка Елиф Шафак ни ткае две паралелни приказни – едната современа а другата историска – и преку „четириесетте правила на љубовта“ ни ја доближува древната суфистичка филозофија што се заснова на единството на сите народи и вери и присуството на љубовта во секој од нас.

     

    Ела Рубинстајн е четириесетгодишна несреќно омажена домаќинка што добива ангажман да прочита и да напише извештај за Слатко безбожништво – историски роман за судбоносната средба на исламскиот учител Руми и неговиот духовен водач, ексцентричниот дервиш скитник познат како Шемс од Тебриз. Притисната од личните проблеми, но и заинтригирана од мистериозниот автор Азиз З. Захара – фотограф, светски патник и суфист, таа започнува да се допишува со него. Низ приказната за контроверзното духовно пријателство и улогата на дервишот во длабоката преобразба на Руми во посветен мистик, страстен поет и поборник за љубовта, и самата Ела доживува трансформација, сфаќајќи дека Азиз, исто како Шемс, дошол да ја ослободи.

     

    Четириесет правила на љубовта е магичен преплет на Истокот и Западот, на минатото и сегашноста, во една безвремена човечна и трогателна приказна што смело ги расветлува разликите меѓу религијата и духовноста, цензурата и сомилоста, стравот и универзалната љубов.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЦЕЛИ

    ЦЕЛИ

    0

    Базирана на дваесетгодишното истражување и предавања на повеќе од 5 милиони бизнис-лидери ширум светот, оваа книга е синтеза на најдобрите и најпрактичните техники за поставување и постигнување на личните и финансиските цели. Трејси, со консултантско искуство во повеќе од 500 корпорации, меѓу кои IBM, Ford, Xerox, и Hewlett-Packard, ги објаснува клучните елементи за поставување на цели и неопходните чекори за нивно остварување.
    Своите извонредни размислувања, Трејси ги преточува во практични чекори за иницијатива.

    Во оваа книга тој ве води низ целиот процес на поставување на цели – од почеток до крај – а кога ќе ја прочитате ќе имате буквално сè што ви е потребно за:
    – Да направите повеќе пари
    – Да ги подобрите своите врски
    – Да имате подобро здравје и повеќе енергија
    – Да постигнете финансиска независност

    Цели! ви нуди детален процес за трансформирање на вашите соништа во реалност.

    Брајан Трејси е претседавач и извршен директор на Брајан Трејси интернешенал, компанија која е специјализирана за обука и раз­вој на поединци и организации. Мисијата на Брајан Трејси е да ви помогне да ги достигнете личните и професионални цели побргу и полесно одошто некогаш сте замислувале. Неговите говори и семинари за лидерство, продажба, самопочитување, цели, стратегија и креативност ги слушале повеќе од 5 милио­ни луѓе во 10.000 компании ширум Америка, како и во 55 други земји ши­рум светот. Неговите возбудливи говори, семинари и книги носат брзи промени и долготрајни резултати. Брајан Трејси е еден од најпродаваните автори во светот. Има напишано 50 книги и реализирано повеќе од 400 аудио и видеопрограми за учење, преведени на 36 јазици ширум светот.

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ХИПИ

    ХИПИ

    0

    Црпејќи од своето богато животно искуство, во овој роман Пауло Коелјо пишува за сонот за преобразба и пацифизам на хипи генерацијата од почетокот на седумдесеттите години на минатиот век.

    Пауло е млад човек со долга коса што сака да стане писател. Бегајќи од воената диктатура во Бразил, тргнува на пат по светот во потрага по слобода и спиритуалност. Во Амстердам ја запознава Карла, млада Холанѓанка што го чека токму него за да тргне за Непал, најновата хит-дестинација на хипи племето, возејќи се со фамозниот Волшебен автобус.

    Ова патување низ Европа ќе биде наедно и почеток на една исклучителна љубовна приказна и потрага по внатрешните вистини што ќе ги однесат нив двајцата, а и нивните сопатници, до прифаќање на еден сосем нов светоглед.

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • УПРАВУВАЊЕ СО ВРЕМЕТО

    УПРАВУВАЊЕ СО ВРЕМЕТО

    0

    Вашиот успех  најмногу зависи од способноста што ја имате за управување со времето. Едноставно е: колку подобро го користите времето толку повеќе ќе постигнете!Овој концизен водич открива 21 докажани техники за управување со времето, кои можете да ги употребите веднаш за да добиете барем два продуктивни часа на ден.Проучувајќи ги стратегиите што експертот Брајан Трејси ги идентификува како најефикасни и самиот ги употребува, оваа корисна книга ќе ви открие како можете:

    • Да ги контролирате состаноците, имејловите, телефонските повици и безбројните прекини во работата

    • Да го распределите времето на врвни приоритети

    • Да работите на слични задачи за да го задржите фокусот

    • Да го надминете одложувањето

    • Да одредите кои работи може да ги заврши некој друг

    • Да работите наназад од иднината, со цел да се осигурате дека сте ги исполниле целите

    Исполнета со мудроста на Брајан Трејси и лесна за примена, оваа книга ќе ви помогне да постигнете повеќеза помалку време и со многу помал стрес.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • УНА И СЕЛИНЏЕР

    УНА И СЕЛИНЏЕР

    0

    Потпирајќи се на вистинити приказни и на историски факти, Фредерик Бегбеде во својот најнов роман Уна и Селинџер раскажува безвременска приказна за една љубов која, како и сите вистински љубовни приказни, во себе обединува моменти на највисока среќа и најдлабока тага, најскриена надеж и најтешки разочарувања. Бегбеде го води читателот низ ноќните клубови во Њујорк во четириесеттите години, во битките од Втората светска војна во Франција, среде интригите на филмската индустрија во Холивуд… Неговите главни ликови се историски личности: славниот и мистериозен писател Џ. Д. Селинџер и Уна О’Нил, ќерката на еден од најголемите американски драматурзи. Но Бегбеде навлегува под историските факти и слика интимен портрет на своите ликови, претворајќи ги во симбол на вечната љубов.

    „Возбудлива приказна во која главните ликови најпрво сè ги поврзува, а потоа сè ги раздвојува, така што на крајот ни останува прашањето дали оваа голема љубовна приказна меѓу Уна и Селинџер некогаш воопшто и се одиграла. Можеби тоа е ироничниот начин на Бегбеде да ни покаже дека љубовта е слепа, бидејќи ние како читатели не ги гледаме историските факти, туку живееме во фикцијата за една (не)остварена љубов.“

    Ле Фигаро

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Приказната за зајaчето Питер

    Приказната за зајaчето Питер

    0

    „Приказната за зајaчето Питер“ напишана и илустрирана од Беатрикс Потер, ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се случуваат секакви неволи.

    „Приказната за зајaчето Питер“ е една од оние безвременски книги што повеќе од сто години ги плени срцата на децата ширум светот.

    118,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Книга за секое девојче

    Книга за секое девојче

    0

    Оваа книга е наменета за девојчињата и девојките од 9 до 19 години. Во неа станува збор за промените кои се случуваат во пубертетот и за одржувањето на хигиената и негата на лицето и телото. Девојчињата и девојките ќе дознаат од оваа книга како да се шминкаат и дотеруваат, како да вежбаат и правилно да се хранат, што ќе им помогне да живеат здраво и да се чувствуваат добро.

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • До сите момци што ги сакав

    До сите момци што ги сакав

    0

    Романтичен и симпатичен роман на еден од најпродаваните автори на „Њујорк тајмс“.

    Лара Џин ги чува сите нејзини љубовни писма во една шапка-цилиндар, која ѝ ја дала мајка ѝ. Тоа не се љубовни писма што некој друг ги напишал за неа; туку се оние што таа ги има напишано.
    Едно за секое момче што некогаш го сакала ‒ пет за сите.
    Кога пишува, таа го отвора свое то срце и душа и ги кажува сите работи што никогаш нема да им ги каже во реалниот живот бидејќи нејзините писма се само за нејзините очи. Сè додека не дојде денот кога нејзините тајни писма ќе бидат испратени, и, одеднаш, љубовниот живот на Лара Џин се менува од имагинарен до реален и излегува надвор од контрола.

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ИКИГАИ

    ИКИГАИ

    0

    Најдобро чуваната тајна на јапонската долговечност се нарекува икигаи. Значењето на тој збор може да се опише на различни начини, но сите тие водат кон едно – причина за живот! Јапонците велат дека секој има свое икигаи. Кога ќе го пронајдете, имате сè што ви е неопходно за долг и среќен животен пат.

    Идејата за оваа книга се раѓа од средбата меѓу Ектор Гарсија, кој 12 години живее во Јапонија и проникнал во јапонската култура и битот, и популарниот шпански романсиер и психолог Франсеск Миралјес. Тие нè водат во „селото на стогодишниците“ во северниот дел на јапонските острови Окинава. Нè запознаваат со некои од најстарите жители на планетата, кои ни ги предаваат своите поуки за вечна младост – начинот на исхрана, физичката активност, позитивниот светоглед и заемното помагање.

    Икигаи ни ги открива тајните на прочуената јапонска долговечност кои понекогаш нам, на луѓето од Запад, ни изгледаат неразбирливо и недостижно. Овој водич за една нова култура на живеење е збогатен со најпознатите јапонски вежби за долга младост и ќе ви покаже дека секој човек може да ужива во долг живот полн со оптимизам и среќа.

    Зошто не и вие?

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • За кого бијат камбаните

    За кого бијат камбаните

    0

    „Ако не си видел како почнува револуцијата во едно мало гратче каде што секој се познава со секого и каде што отсекогаш секој се познавал со секого, ништо не си видел.“

    Високо во шпанските планини, скриени во боровите шуми, група герилци се подготвуваат да разнесат мост со важно стратешко значење. Младиот американски доброволец Роберт Џордан е бомбашот кој е испратен да ја изврши оваа задача. За само неколку дена – секој од нив, бескрајно долг – тој ќе искуси цел еден живот. Ќе открие дека дури и една мала, изолирана мисија, извршена од неколкумина, на своите плеќи ја носи судбината на целото човештво.

    Романот „За кого бијат камбаните“, објавен во 1940 година, веднаш по завршувањето на Шпанската граѓанска војна, е едно од најкарактеристичните дела на Хемингвеј. Втемелен на личните искуства на авторот и неговото длабоко познавање на шпанската култура, „За кого бијат камбаните“ е можеби најпознатиот воен роман на XX век.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сонцето повторно изгрева

    Сонцето повторно изгрева

    0

    „Да уживаш во животот значи да научиш да добиваш онолку колку што си платил и да знаеш кога си го постигнал тоа… Ова ми се чинеше како добра филозофија. За пет години, си мислев, ќе ми изгледа исто толку смешна како и сите други добри филозофии што ги имав.

    Џејк е силно вљубен во Брет Ешли, но во неа се вљубени и Роберт и Мајкл. Преку нивните доживувања, маки и пијанки, од кафулињата и булеварите на Париз, до борбите со бикови и фиестата во Памплона, Хемингвеј ни ја отсликува „изгубената генерација“ – генерацијата на млади и не толку млади луѓе, кои се обидувале да ја потиснат траумата од Првата светска војна преку забава, алкохол, љубов, секс и уметност.

    „Сонцето повторно изгрева“ е можеби првиот вистински писателски триумф на Хемингвеј. Првпат објавен во 1926 година, овој роман останува едно од највпечатливите модерни книжевни дела, а воедно и незаборавна апологија на една генерација која била принудена да ги отфрли сите илузии на своето време и како што знае и умее да продолжи да живее.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Подвижна гозба

    Подвижна гозба

    0

    „Ако сте имале среќа во младоста да живеете во Париз, подоцна каде и да ве однесе животот, тој ќе остане во вас, бидејќи Париз е подвижна гозба.“

    Во овие мемоари – објавени постхумно, во 1964 година − Хемингвеј се навраќа кон своето помладо јас, во времето кога бил непознат писател кој секојдневно талкал низ париските ателјеа, музеи и кафулиња, обидувајќи се да се пронајде како писател. Главните ликови што се провлекуваат низ овие дваесет приказни се денес култните имиња на уметноста и културата на раниот XX век: Френсис Скот Фицџералд и неговата сопруга Зелда, Силвија Биџ и книжарницата „Шекспир енд компани“, незгодната Гертруда Стајн, благородниот Езра Паунд, вечно пијаниот Жил Паскин, Форд Медокс Форд, Џејмс Џојс и ред други. Книгата „Подвижна гозба“ е еден од најпознатите и најомилените прикази за Париз во дваесеттите години на минатиот век – темел за низа други дела, каков што е филмот „Полноќ во Париз“ од Вуди Ален.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Снеговите на Килиманџаро и други приказни

    Снеговите на Килиманџаро и други приказни

    0

    „И токму во тој момент сфати дека ќе умре. Одеднаш го преплави мислата; не како наплив на вода или ветар, туку на ненадејна смрдлива празнина, а необично беше што хиената се прикрадуваше нечујно по работ.“

    Во збирката „Снеговите на Килиманџаро и други приказни“ можете да ги прочитате едни од најпознатите и највлијателните раскази на Ернест Хемингвеј. Од „Убијците“, првиот зрел расказ на Хемингвеј, преку автобиографскиот „Татковци и синови“, минималистичкиот „Чисто, добро осветлено местo“, па сè до мајсторските долги раскази „Снеговите на Килиманџаро“ и „Краткиот среќен живот на Френсис Мекомбер“, авторот нè води низ Европа, Африка и Америка низ неговиот уникатен свет, полн со насилство, љубов и чест. Прекрасни во својата едноставност, оригиналност и писателско мајсторство, расказите во оваа збирка го претставуваат еден од најдобрите светски раскажувачи во неговото најдобро издание.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • УМРЕН ЧОВЕК

    УМРЕН ЧОВЕК

    0

    Пак јас…

    Прости ми, пријателе мој, посилно е од мене… Ти ветив дека повеќе нема да пишувам за себе, ама што маж сум јас ако си го одржам ветувањето? Имаат ли крај овие мои климактерични его-трипови? И имало ли во моите мозочни „фајлови“ уште нераскажани приказни?

    Е па… имало, пријателе.

    Ќе умрам ако не ти ги раскажам. Или откако ќе ти ги раскажам. Ете така, просто морам да ти ги раскажам.

    Како старецот во приказните кој претчувствува дека му доаѓа крајот, па ги собира околу смртната постела своите тројца синови, за да им каже нешто што дотогаш им го немал кажано. Нешто многу вредно. Некоја тајна што тие не ја знаеле. Или… едноставно да им подари некоја стара мудрост, онака за крај.

    Ете, така и јас. Не оти ќе се умира набргу. Вакви говеда како мене живеат за инает. И не оти тврдам дека во моите приказни има некоја мудрост. А и да има, ќе мораш сам да ја откриеш, пријателе мој. Ако сакаш.

    Или пак, едноставно, препушти им се на приказните…

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • УМЕШНОСТА НА ВОЈУВАЊЕТО

    УМЕШНОСТА НА ВОЈУВАЊЕТО

    0

    Напишана пред повеќе од 2000 години, оваа книга, што ја составил мистериозниот војник-филозоф, и ден-денес претставува една од најценетите и највлијателни книги за стратегиите на војувањето, што со еднакво внимание е проучувана и од современите политичари и лидери како што била и од војсководците од дамнешните времиња. Како студија за анатомијата на организациите кои се наоѓаат во војна, Умешноста на војувањето може да се примени на секаков вид натпреварувања и битки, низ целиот свет – од интерперсонални до интернационални. Целта на оваа книга е да се достигне непобедливост, да се издвојува победа без борба, да се стекне моќ што не може да биде совладана од противниците, а која ќе се темели врз сфаќањата за физиката, политиката и психологијата на конфликтите.

    „’Најдобро е да се победи без борба‘, говорел Сун Цу. Според него, војната и животот се случуваат во исто време. Оваа книга не содржи ниту една застарена максима или нејасно упатство. Совладајте ги нејзините начела и можете слободно да заборавите на современите книги за менаџмент“. Њузвик

     

    250,00 ден
    Прочитај повеќе