-
Кога никој не гледа
0500,00 денАко сакаш да го задржиш тоа што е твое, мора подобро да го чуваш. Некој секогаш демне да ти го грабне она што си го добила.
Сидни Грин е родена и порасната во Бруклин, но нејзиниот крај одеднаш брзо почнува да се менува. Речиси прекуноќ никнуваат згради со луксузни станови, насекаде има огласи за продажба на куќите, а соседите што ги познава цел живот ненадејно исчезнуваат. Раскинувана од болка поради пропаднатиот брак и загубата на мајка си, таа решава да организира туристичка обиколка на Бруклин, во чија подготовка ѝ се придружува новиот сосед, белецот Тео.
Но нивното заедничко истражување на историјата на црните населби се претвора во виор од параноја и страв. Можеби има вистина во приказните за киднапирање и насилно одземање на домовите? Можеби нивните соседи воопшто не се преселиле во предградијата? Иако сакаат да ги отфрлат теориите на заговор, наскоро откриваат дека зад плановите за ревитализација се кријат сосема поинакви мотиви.
Можат ли Сидни и Тео доволно да си веруваат себеси, и еден на друг, за да дознаат што се случува – пред и самите да исчезнат во морничавите планови на една корпорација гладна за профит?
-
Малибу во пламен
0480,00 денЧетворица познати браќа и сестри организираат епска забава за да го прослават крајот на летото. Но, во период од 24 часа нивните животи ќе се сменат засекогаш.
Малибу, август 1983 година. Тоа е денот на годишната забава на Нина Рива по повод крајот на летото. Исчекувањето е трескавично. Сите сакаат да бидат во близина на познатите Рива: Нина, талентираната сурферка и супермодел; браќата Џеј и Хад, едниот шампион во сурфање, другиот признат фотограф; и нивната обожавана помала сестра Кит. Заедно, тие се извор на фасцинација во Малибу и во светот – особено како потомци на легендарниот пејач Мик Рива.
Единствената личност која не е баш воодушевена од забавата на годината е самата Нина, која никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието и која кусо пред тоа е јавно отфрлена од нејзиниот сопруг – професионален тенисер. Секако, можеби и Хад – поради одложувањето на еден разговор со неговиот брат со кого се неразделни од раѓање.
Од друга страна, Џеј ги брои минутите до забавата, бидејќи девојката на која не може да престане да мисли, му вети дека ќе биде таму.
И Кит има неколку свои тајни – вклучително и гостинот кој го поканила без да ги консултира другите.
До полноќ забавата ќе биде надвор од контрола. До утрото, куќата на Рива ќе исчезне во пламен. Но, пред таа прва искра во раните утрински часови, на сите страни ќе тече алкохол, ќе ечи музика и љубовта и тајните што ги обликувале генерациите од ова семејство ќе испливаат на површина.
„Малибу во пламен“ е приказна за една незаборавна ноќ во животот на едно семејство: ноќ во која секој од нив треба да реши што ќе избере од луѓето кои ги создале… и што ќе остави зад себе.
-
Габриела, каранфилче и цимет
0400,00 денНајпознатиот модерен бразилски писател Жорже Амадо нè пренесува во времето на владетелите на какаото во бразилската провинција Баија, кога недоразбирањата се решавале со пиштоли, а од мажот што е изневерен се очекувало да ја исчисти својата чест со убивање на прељубничката и на нејзиниот љубовник.
Оваа хроника на еден град, на една страст, омаж на богатата бразилска култура, роман замислен и како химна на сензуалноста на тамошните жители, особено на жените, во последните неколку децении доживеа огромен број изданија и филмски екранизации.
Секое од поглавјата почнува со песна посветена на една жена, а, заговарајќи ја женската слобода, особено сексуалната, Амадо ја шокирал и ја разгневил тогашната бразилска јавност. Бесот со времето исчезнал, а книгата станала еден од омилените бразилски романи на 20 век. Иако бил употребен како основа за сапуници, го задржува раскажувачкото мајсторство.
-
Затворениот ковчег
0400,00 денЛеди Ателинда Плејфорд е една од омилените авторки на книги за деца. Таа приредува забава на својот имот. Тоа не е обичен собир. Додека гостите пристигнуваат, леди Плејфорд го повикува својот адвокат за да го измени тестаментот и сето тоа да го соопшти во текот на вечерта. Одлучува да ги лиши сопствените деца од сè, а целото богатство да му го остави на некој кому му остануваат сè на сè неколку недели живот.
Меѓу гостите се и двајца мажи што дотогаш ги нема сретнато – белгискиот детектив Херкул Поаро и Едвард Качпул, инспектор од Скотланд јард. Ниту еден од нив не знае зошто е повикан. Поаро се прашува дали леди Плејфорд очекува да се случи убиство, но не може да сфати зошто таква провокација кога се знае дека можниот убиец е меѓу присутните?
Кога убиството навистина ќе се случи, и покрај сите обиди на Поаро да го спречи, ќе може ли славниот детектив да ја открие вистинската причина зошто леди Плејфорд ја направила драстичната промена во тестаментот? И, ќе може ли да го открие вистинскиот убиец?
-
Илон Маск: „Тесла“, „Спејс Екс“ и потрагата по фантастична иднина
0600,00 денЗа едни гениј на векот, за други луд научник, Илон Маск несомнено успева да го привлече вниманието не само во технолошката индустрија туку генерално на целиот свет. Со докажана натпросечна интелигенција, човекот што стои зад „Тесла“ и „Спејс екс“ во исто време го величаат и го осудуваат за неговиот опсесивен, често нетолерантен перфекционизам.
Илон Мaск е амалгам на легендарните пронаоѓачи и индустријалци: Томас Едисон, Хенри Форд, Хауард Хјус и Стив Џобс. Но, повеќе од кој било друг, Маск ги посвети сета своја енергија и огромно богатство да измисли иднина што е исто толку богата и далекосежна како и онаа на визионерите од златната доба на научната фантастика.
Оваа исклучителна биографија напишана од Ешли Венс мошне објективно успева да го долови човекот што многу често е споредуван со фамозниот Тони Старк, не дозволувајќи самиот Маск да се меша во содржината. Опфаќајќи ги неговите детски години, па сè до електричниот автомобил и ракетите, Венс проникнува во умот на најинтригантната фигура во Силициумската Долина, откривајќи детали не само за функционирањето на неговите компании туку и за неговиот личен живот.
Духовитиот стил, живописното раскажување и интервјуата лично со Маск и со луѓето што биле со него во неговите најважни моменти се она што прави оваа книга да биде прочитана во еден здив.
-
Пропаганда
0300,00 денЕдвард Бернејс: првиот спин-доктор, американскиот Гебелс, таткото на односите со јавноста, внук на Зигмунд Фројд, па дури и инспирација за име на музички бенд.
„Пропаганда“: како да се манипулира со јавното мислење во политиката, судството, маркетингот, медиумите, односите со јавноста, бизнисот, уметноста, образованието?
Оваа книга не премолчува ниту еден аспект на манипулација со јавното мислење, уште повеќе, тоа го смета за сосем легитимна појава што секогаш ќе постои.
Интелигентното малцинство има право да го предводи помалку интелигентното мнозинство кон целите што се во интерес на малцинството, тврди Бернејс. Книгата е пишувана не толку од гледна точка на теоретичар, колку од практичар и професионалец што секојдневно се занимавал со проблеми и со решенија.
Бернејс низ единаесет поглавја опфаќа различни области и опишува вистински ситуации во кои пропагандата се користи како алатка што ќе обезбеди успех и напредок за секого од неговите клиенти.
Ќе ги уочите културата на консумеризам, групната психологија и семејната поврзаност со Фројд, која му помогнала на Бернејс да ги разбере емотивните и потсвесните потреби на просечниот потрошувач.
Капитално дело на основачот на односите со јавноста како професија и на изумителот на спинувањето. Покрај тоа што е задолжителна литература на сите катедри за односи со јавноста, комуникологија, новинарство и политички науки, како еден од најважните учебници од областа на односите со јавноста, од своето прво објавување во 1928 година до денес таа не престанува да ја бранува јавноста и да предизвикува контроверзии и расправи.
-
Никаде без ќерка ми
0450,00 денНикаде без ќерка ми е автентична
приказна за љубовта, за личната драма,
за траумите и за понижувањата на една
современа Американка.По неуспешниот брак, Бети се вљубува во штотуку
дипломиран лекар – Иранец. Љубовната идила по две-три
години завршува со брак, а по извесно време брачниот
пар одлучува да го посети Иран, заедно со својата тригодишна ќерка. Иако Бети се плаши дека нема да се врати
оттаму, сепак одлучува да го придружува својот сопруг. Патувањето се совпаѓа со периодот кога во Иран се
случуваат крупни политички промени, односно, кога на власт доаѓа имамот Хомеини и кога Иран станува Исламска Република.Нејзините стравувања многу брзо стануваат реалност. Бети со својата ќерка станува заложник на мрачното семејство на нејзиниот сопруг.
По низа драматични случувања, таа успева да избега од Техеран со својата ќерка и да дојде во САД.
Никаде без ќерка ми е книга за бескрајната
мајчинска љубов и за издржливоста, но и за
муслиманскиот фанатизам, како и за судирот
помеѓу западната култура и културата на
исламските државни уредувања. -
И на небо и на земја
0200,00 денИ на небо и на земја првпат се појавува во 1962 година, две години по инаугурацијата на Петре М. Андреевски во македонската книжевна историографија.
Како што сугерира и насловот на оваа стихозбирка, писателот нè внесува во својот свет на дуалности, каде што гравитациска сила е метафората.
Зајмувајќи ги темните и светлите нишки на фолклорот, тој плете асоцијативни слики за македонскиот пејзаж и за луѓето, за патилата и болките на човекот во потрагата по лебот среде неизвесноста на природата. Но, пее и за радоста заради совладувањето на сушите, на поплавите и пожарите, со непатетичен тон и незанесено, што ги прави неговите песни подлабоки и посуштински.
-
Јас сум Миа: Дневник за девојчиња
0300,00 денТинејџерка си? Или можеби наскоро ќе бидеш?
Тогаш нема шанси да не ти се случуваат возбудливи работи во животот!
Ако имаш многу другарки, другари, дечко, симпатија, проблеми, убави настани, милениче, желби, соништа… сѐ тоа вреди да се запише во овој ДНЕВНИК!
-
Хари Потер и Каменот на мудроста (прв дел)
0650,00 денЕден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв, бр. 4, стигнува писмо за момчето во креденецот под скалите, Хари Потер. По многуте обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата што постојано доаѓаат, една вечер на вратата се појавува Рубеус Хагрид од училиштето Хогвортс за вештерство и волшебништво, и му вели дека е волшебник. Тогаш почнуваат авантурите на Хари и неговите пријатели, но влогот е голем − целиот волшебнички свет е во опасност.
„Хари Потер и Каменот на мудроста“ е првиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата.
-
Солунска 28, втор дел
0480,00 денВо вториот дел од трилогијата, посветена на луѓето и на случувањата кои поминуваа низ дорќолската куќа на брегот на Дунав, д-р Карајлиќ по којзнае кој пат докажува дека поседува неисцрпна енергија со којашто успева да се избори со најголемите животни и уметнички предизвици. Раскажувајќи за сè она што ги снашло станарите на Солунска 28 во текот на германската окупација на Белград во Втората светска војна, д-р Карајлиќ еднакво нуди читачко уживање и на оние што го прочитале првиот дел од трилогијата, но и на оние што дури сега се придружуваат на армијата негови верни читатели. Продолжението на монументалната сага за една куќа, за еден град и за два света, уште еднаш потврдува дека нашата книжевност добила еден нов, поинаков и храбар глас во д-р Карајлиќ, со кој овој сестран уметник умее, а и има толку многу важно да ни каже.
-
Миа во Амстердам (Јас сум Миа #2)
0250,00 ден„Не одам.“
„Како мислиш, не одиш?“
„Така, не одам.“
„Со купени карти! И спакувани куфери!“
Па, што ако
-
Тошо Малерот: монологија
0500,00 денВиди батка, животот се состои од односи, а видот на односите зависи од стадиумот на поединечниот однос во однос на тоа дали станува збор за обичен однос, коректен или некоректен однос, а градењето односи во однос на нивното доградување се однесува на поединечниот однос во однос на меѓусебното однесување!
Секој личен однос зависи од меѓусебниот сооднос, и може да се однесува на другарски однос воопшто, или на интимен однос, посебно!
-
Фурам феминизам
0300,00 денЗошто мама раскрева по дома, а не тато? Зошто го носам презимето на тато, а не на мама? Зошто знаеме повеќе за спортисти и научници отколку за спортистки и научнички? – ова се само некои од илјадници прашања што од името на сите девојчиња ги поставува лик-ИЦА, хероината на оваа книга.
„Никогаш не е прерано за феминизам. Драги девојчиња, ако размислувате од каде да почнете, ова е одлично место.“ – Наѓа Духачек
„Лекции кои можеби нема да ти помогнат да ги имаш сите петки, ама ќе ти помогнат да го направиш светот поправедно и подобро место за тебе и за твоите пријателки. А првата и најважна лекција гласи: не постои ништо, ама баш ништо што девојчињата не би можеле, не би смееле или би морале да го направат – само затоа што се девојчиња!“ – Тамара Заблоцки
-
Хари Потер и и затвореникот од Азкабан
0700,00 денУште еден бурен летен распуст на Хари! Овој пат тој успеа да се замери со својата тетка и за малку да биде избркан од Хогвортс! За бељата да биде уште поголема, озлогласениот затвореник Сириус Блек е побегнат од волшебничкиот затвор Аскабан, а страшните дементори го чуваат Хогвортс од сите страни. На крајот, тука е и црното, огромно куче кое го следи Хари насекаде, и гримот, предзнакот на смртта, што се појавува во ливчињата чај на часовите по Претскажување. Мрачните сили никако да си заминат од Хогвортс!
„Хари Потер и затвореникот од Аскабан“ е третиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата.
-
Хари Потер и Одајата на тајните
0650,00 денЛетниот распуст на Хари беше во најмала рака катастрофален. Го прослави најлошиот роденден досега, не доби ниедно писмо од Рон и Хермиона, а му беше соопштено смртно предупредување од куќниот виленик, Доби – и конечно, беше спасен на спектакуларен начин од Дарслиеви со помош на летачки автомобил! Во Хогвортс, пак, проблемите продолжуваат: Хари слуша шепотења во ѕидовите што никој друг не може да ги чуе, и наеднаш, училиштето е полно со скаменети ученици и страшни натписи по ѕидовите! На повидок е уште едно соочување со мрачните сили!
„Хари Потер и одајата на тајните“ е вториот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата.