-
Кити и големата парада со фенерите
0290,00 денКити заедно со другите ученици од нејзиното одделение учествуваат на парадата на фенери во градот. Сјајните светилки и светкавите фенери изгледаат мошне убаво во ноќта. Но, се појавува крадец кој движејќи се низ толпата луѓе краде сè што блеска… Почнува трка со времето! Дали Кити ќе успее да го фати крадецот и да ги врати украдените предмети пред да заврши парадата со фенери?
-
Кити и бркотницната низ крошните на дрвјата
0290,00 денСтекнувањето пријатели може да биде тешко ако се чувствуваш различно од другите. За среќа, мајка ѝ на Кити организираше средба на која Кити го сретна малото момче, кое исто така има супермоќи. Но, тоа што делиш супермоќи со некој не значи дека треба веднаш да се спријателиш со него. На пријателството треба да се работи и во овој случај, херојската тимска работа и магичната полноќна забава ги спојува Кити и нејзиниот нов пријател
-
Големата црвена книга
0350,00 денЏелалудин Руми, големиот пророк и трагач по внатрешниот мир и совршенството, е најпознат по стиховите кои ги искажуваат занесот и таинствата на сите видови љубов – еротска, божествена, пријателска – а во Големата црвена книга се собрани најдобрите меѓу нив. Маестрално лирски и длабоко експресивни, во неа се поместени стихови за божественото откровение, духовното будење, пријателството и љубовта. Стихови кои стигнуваат до нови длабочини и ни откриваат нови димензии. Зашто добрата поезија е над сите сопирачки и не може да биде ограничена од времето.
Овие страници се полни со гроздови зрела духовна, преубава поезија, кои нудат допир со божественоста, откривајќи ја патеката на љубовта посеана со страст, копнеж и постигнување единство со возљубеното. Стихови кои го отвораат срцето и душата за сеопшта љубов однатре и однадвор, која нè поврзува со сите луѓе и со сè што постои.
Оваа раскошна и тешко достижна поезија, актуелна и цели осум века по своето создавање, се смета за едно од најголемите богатства на персиската и светската литература. Ремек-дело што ги слави мистичната љубов, пријателството и животот.
-
ЗОШТО МАЖИТЕ НЕМААТ ПОИМ, А ЖЕНИТЕ НИКОГАШ НЕМААТ ДОВОЛНО ЧЕВЛИ
0400,00 денГи знаете ли седумте работи со кои мажите ги излудуваат жените? Или вистинската причина зошто жените плачат повеќе од мажите? Што всушност знаат мажите и жените едни за други?…
Ова е само воведот на Барбара и Алан Пиз во дискусијата за суштинските ‒ честопати и комични ‒ разлики меѓу двата пола. Потпирајќи се на најновите научни сознанија, со доза препознатлив хумор, авторите ви помагаат да почнете да ја разбирате другата страна. Им објаснуваат на жените зошто мажите не сакаат да се врзат, што ги тера да лажат, што бараат кај една жена и како да го дешифрираат машкиот говор. А на мажите им откриваат зошто жените понекогаш се давежи, како манипулираат со емоционалната уцена, но и кој е нивниот таен систем за бодување. Освен тоа, ви разгатнуваат што ги пали, а што ги одбива мажите и жените кај спротивниот пол!
Светскиот бестселер Зошто мажите немаат поим, a жените никогаш немаат доволно чевли е проверен одговор за разбирање на вашата втора половина што гарантирано ќе ви помогне да го извлечете максимумот од врската!
-
Животот те сака
0280,00 денЕдна од омилените афирмации на Лујза гласи Животот те сака! Таа ги симболизираат нејзиниот живот и работата. Лујза Хеј и Роберт Холден заедно откриваат што навистина значат зборовите животот те сака. Смислата на оваа афирмација означува дека дека животот не ви се случува, туку постои заради вас. Во низата искрени разговори, соговорниците допираат длабоко во човековото битие, во моќта на љубовта, наклонетата природа на реалноста, пријателски настроениот универзум.
Книгата Животот те сака! се состои од инспиративни приказни, корисни методи, молитви и вежби. Таа претставува практична филозофија што се заснова врз седум едноставни и ефикасни духовни вежби за самоисцелување.
Љубовта опстојува дури и во свет полн со страв. Дури и кога мислите дека немате ништо, изобилството постои. Дури и кога сте во судир, мирот сè уште е тука. Дури и кога сте сами, постои помош. Дури и кога сте изгубени, постојат насоки. Сè што ви треба е тука. Овде и сега…
-
Децата на Волга
0500,00 денВо далечините на степата по долниот тек на Волга уште во осумнаесеттиот век се населиле Германци. Годината е 1916, а Јакоб Бах е руски Германец што работи како учител во малото село Гнадентал. Тој одамна се повлекол од светот, се грижи за својата единствена ќерка Анче на осамен селски имот и пишува волшебни приказни што на чудесен и трагичен начин се остваруваат во стварноста.
Но животот одеднаш му се променува кога ќе се вљуби во Клара, ќерка на селанец од другиот брег на Волга. Нивната љубов не може да им избега на настаните што со себе ги носат револуцијата и основањето на Германската република на Волга.
Книга во која се прикажани и љубовта, и смртта, и историјата, и политиката, и војната, и создавањето… Книга во која магичниот реализам се среќава со суровата руска реалност, на бреговите на моќната река Волга, но и пошироко.
Ова е вториот и долгоочекуван роман на Гузел Јахина, најфалената дебитантка во поновата историја на руската литература.
-
Сеништето
0500,00 денПреселувајќи се во Хонгконг, Хари Хуле мисли дека засекогаш ги оставил зад себе своите трауми, исто како и кариерата во полицијата. Но се случува нешто незамисливо: Олег, момчето што порасна со Хари, е уапсено поради убиство. Не можејќи да поверува во тоа, Хари се враќа дома за да го најде вистинскиот сторител. Иако повеќе не работи во полицијата, тој самостојно го истражува прометот на наркотици по улиците на родниот град, што ги пустоши една нова дрога. На секој чекор го чекаат изненадувања, а истрагата на едно навидум типично наркоманско убиство, добива размери што Хари не ги предвидел. Речиси сите траги водат во иста насока…
Во оваа досега најлична истрага, Хари мора да се соочи со своето минато и со потресни вистини за Олег и за себе.„Исклучително… Ова е најличната истрага на Хари, но Несбе не му дозволува на својот јунак да ја занемари потрагата по вистината поради својата татковска љубов кон Олег, колку и да го чини тоа.“ Паблишерс викли
-
Сменете го размислувањето сменето го животот
0450,00 денЗа да постигнете нешто што не сте постигнале досега, ќе мора да размислувате на начин на кој не сте размислувале досега. Во раце ја држите мапата што ќе ви го покаже патот до успехот. Оваа книга нуди ефикасен систем за промена на вашиот умствен софтвер. Најпознатиот светски мајстор за мотивација и саморазвој, Брајан Трејси, повторно ни открива моќни методи за личен и професионален развој. Ова е уште една воодушевувачка книга полна со мудрост. Сè почнува од вашите мисли, дури и оваа книга. Со нејзина помош ќе ја промените свесноста за своите потенцијали и ќе почнете да се искачувате по скалилата на моќта. Ќе ви ги открие принципите на упехот и како да ги применувате. Започнете го внатрешниот дијалог меѓу себе, Трејси и вашите амбиции и гледајте како тоа ќе ви го промени животот.
-
Детето во тебе мора да си го најде својот дом
0450,00 денСекој копнее да биде прифатен и сакан. Во идеална ситуација, во текот на детството ја развиваме неопходната самодоверба, која потоа како возрасни нѐ носи низ животот. Меѓутоа, навредите што сме ги доживеале исто така се втиснуваат во нас и несвесно ги одредуваат сите врски и односи во нашиот живот, спречувајќи нѐ да ги оствариме своите потенцијали.
Внатрешното дете е збир од сето она што во детството оставило силен печат врз нас, преку нашите родители и другите луѓе во нашите животи. Стефани Штал смета дека детето во нас мора повторно да си го најде својот дом. Зашто оној кој нема внатрешен дом, не може да го пронајде ниту во надворешниот свет.
Сеопфатната програма за практична работа со „внатрешното дете“, како и многуте вежби опишани во оваа книга, ќе ни помогнат да се ослободиме од усвоените обрасци кои нѐ доведуваат во конфликт со нас самите и со нашата околина.
Детето во тебе мора да си го најде својот дом е книга која не треба да ја прочитаме само еднаш, туку треба да ни стане секојдневен придружник во животот.
-
-
Еднорози во слатката земја
0150,00 денСликовница која е посебна по својата обработка, составена од 10 илустрирани страници со интересен облик, секој лист изработен од пена.
-
УМЕТНОСТА НА НАСЛЕДУВАЊЕ ТАЈНИ
0500,00 денЛуѓето го гледаат само тоа што сакаат да го видат.
Оливија Шо, уредничка на едно од најугледните списанија за храна во Америка, одеднаш дознава дека наследила стар англиски имот и титула. Соочена со смртта на својата сакана мајка, 38-годишната Оливија одеднаш станува грофица обременета од товарот на своите предци, но и на многу мрачни тајни скриени во напуштениот замок.
Вознемирена од сознанието дека мајка ѝ криела нешто толку големо од неа, го напушта Сан Франциско и заминува во потрага по одговори.
Само еден поглед кон дворецот Роузмер ќе ѝ биде доволен да сфати дека мајка ѝ со години го сликала на своите платна. Но зошто никогаш не ѝ кажала за својот дом и за причините зошто го напуштила? Слој по слој, Оливија го ослободува минатото од превезот на тајните скриени во дворецот што пропаѓа и во неговите величествени градини. Иако нејзиниот стар живот ја чека да се врати, таа полека се вљубува во англиското село и неговите жители и ја прифаќа новата љубов…
Прекрасен стил, воодушевувачки ликови, романса, интриги и многу изненадувања кои ќе ги поттикнат читателите на неизвесни претпоставки до самиот крај.
Киркус ривју
-
Жената со црвена коса
0390,00 денОрхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите дела се занимаваат со соочувањата помеѓу Истокот и Западот, со проблемите на уметноста и на идентитетот, а честопати се споредувани со оние на Џојс, Набоков и Маркес.
При крајот на XX век, во град близу Истанбул, мајсторот Махмут и неговиот чирак Џем копаат бунар на едно навидум пусто и суво место. Мачејќи се да стигнат до скапоцената вода – што ќе го „разбуди“ местото и ќе ја поттурне економијата – тие развиваат длабок однос: Махмут го пронаоѓа синот што никогаш го немал, а Џем таткото што го напуштил. Во меѓувреме, на сцена стапува жената со црвена коса, а во Онгорен се случува страшна и голема несреќа, несреќа што ќе остави длабока траума во животот на момчето.
„Жената со црвена коса“ е комплексен роман во кој се испреплетуваат политиката и психологијата, книжевноста и стварноста, Западот и Истокот. Приказна преокупирана со таткоубиството и Цар Едип на Софокле; но, исто така, и приказна за синоубиството, за Рустем и Сухраб, раскажана во епот „Шахнаме“ на персискиот поет Фирдуси. Роман што уште еднаш ја потврдува комплексноста и сериозноста на Орхан Памук.
-
Уметноста на создавање спомени
0780,00 денСекоја година имаме на располагање фиксен број денови. Некои денови нè одминуваат не оставајќи зад себе никаква трага, а некои ги помниме засекогаш.
Дали го паметиш првиот бакнеж? Или највкусниот оброк? Или мирисот на свежо потстрижената трева на совршен летен ден?
Кога нашите сетила се стимулирани, кога ќе ја искористиме моќта на првите искуства и кога сме свесни за сопствените чувства и емоции, полесно ќе ги зачуваме нашите среќни спомени.
Повикувајќи се на научни истражувања на среќата, Мајк Викинг нè учи како да создаваме среќни спомени и како полесно да ги задржиме. Користејќи податоци и дневници, прашалници, глобални анкети и истражувања, научни осврти на однесувањето и експерименти со среќата, Уметноста на создавање спомени ќе ни објасни како да создадеме совршени моменти. Моменти што ќе ги запаметиме засекогаш. Моменти што ќе ја обликуваат нашата личност.
-
Животот на нашата планета
0450,00 денЗемјата ја делиме со другите животни и со растенијата – најсовршениот замислив систем за одржување на животот, конструиран милијарди години. Стабилноста на планетата почна да се губи паралелно со намалувањето на разновидноста на живиот свет – овие две нешта се меѓусебно поврзани. Затоа, за да ја обновиме стабилноста на планетата, мораме да го обновиме биодиверзитетот, токму она што го уништуваме сега. Тоа е единствениот излез од кризата што ја предизвикавме самите. Мораме да ја вратиме дивината во светот.
Животот на нашата планета
Моето сведоштво и мојата визија за иднината
Имам 94 години. Имав извонреден живот. Дури сега сфаќам колку извонреден.
Како младич, додека шетав мислев дека ја гледам дивината, дека го искусувам негибнатиот свет на природата – но, тоа беше илузија. Трагедијата на нашето време се случуваше насекаде околу нас, едвај забележливо од ден за ден – исчезнувањето на дивината, намалувањето на нејзиниот биодиверзитет.
Бев сведок на ова намалување. Животот на нашата планета е моето сведочење, но и мојата визија за иднината. Тоа е приказна за тоа како ја направивме нашата најголема грешка и како, доколку дејствуваме веднаш, можеме да ја исправиме.
Имаме уште само една, последна шанса да го создадеме нашиот совршен дом и да го обновиме волшебниот свет што сме го наследиле.
Сè што ни треба е волја.
Сер Дејвид Атенборо е најпознатиот британски автор на природонаучни филмови. Неговата кариера на природонаучник и телевизиски презентер опфаќа речиси седум децении. Тој се здобил со почесна витешка титула во 1985-та, а во 2005 година му бил доделен Орден за заслуги. Член е на Кралското друштво и се занимава со теми поврзани со изумирањето на видовите и нивното сочувување.
-