-
Скриено во снегот
0550,00 ден#1 УБИСТВАТА ВО ОРЕ
Непосредно пред почетокот на скијачката сезона во Оре, на еден од ски-лифтовите е пронајдено мртво тело: смрзнато како камен, со усните истенчени од студ. Многу нешта укажуваат дека се работи за убиство.
Инспекторот Даниел Линдског дома има новороденче и нервозна и исплашена партнерка. Полицајката Хана Аландер долетува во Оре откако е присилена да замине од работното место во градската полиција на Стокхолм, ист ден кога момчето со кое одамна е во врска ѝ раскинува. Двајцата набргу длабоко се внесуваат во истрагата.
„Скриено во снегот“ е првата книга од драматичната серија романи од авторката Вивека Стен, чие дејство се случува на прекрасните шведски планини. Стен ја слика величествената природа преплетувајќи ја со силни описи на ликовите, со што создава напната мистерија за убиства која едноставно го маѓепсува читателот.
Се подготвува снежна бура, температурите вртоглаво паѓаат, сè повеќе животи се во опасност. Уште колку жртви ќе има пред да излезе вистината на виделина?
-
Бушава азбука
1720,00 денПоминаа повеќе од 35 години откако беше создадена култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ.
Со „бушавите букви“ растеа генерации и генерации, учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција.
Конечно, во 2022 година, го доживуваме резиданието на оваа вредна книга, од која сега можат да читаат денешните мали „бушави глави“ и растат денешните, нови генерации, негувајќи го македонското културно наследство.
-
Жените од замокот Лафајет
0650,00 денПовеќето замоци биле заштитувани од мажи. Овој замок е од жени.
Приказна за прекрасниот замок Лафајет, од средиштето на Франција, раскажана низ различните историски периоди и животите на хероините на замокот.
Адриjaнa Лафајет, основачка на замокот, која во време на Француската револуција морала да се откаже од благородничката титула и од сопругот, за го задржи наследството што ќе стане инспирација на многу генерации во иднина.
Беатрис Ченлер, храбрата њујоршка визионерка, која за време на Првата светска војна ќе биде сведок на уништувањето на Франција, преземајќи го најголемиот предизвик во животот: да ја убеди Америка да се бори за она што е правилно.
Марта Симон, учителка и уметница, сирак, која целиот свој живот го поминува во замокот, гледајќи ја нацистичката тортура во Втората светска војна, одлучува да ги заштити децата што живеат во замокот а кои припаѓаат на еврејската заедница.
Сложено исткаен и моќно раскажан, „Жените од замокот Лафајет“ е роман за должноста и надежта, за љубовта и храброста, за силата што ја наследуваме од оние што биле пред нас.
-
-
Книга на изгубените имиња
0500,00 денНајпродавана книга според Њујорк тајмс
инспирирана од вистински настани за животот
на фалсификаторите на документи во време на
Втората светска војна.
Ева Трауб Абрамс, библиотекарка од Флорида, која е речиси пред пензија, едно утро, редејќи книги на полиците, погледот и запира на една фотографија во едно
списание кое лежи отворено на нејзиното биро. Таа се
замрзнува, тоа е слика на книга што не ја видела повеќе
од шеесет и пет години – книга која е позната под името
„Книгата на изгубени имиња“.
1942 година, Ева е принудена да избега од Париз
по апсењето на нејзиниот татко, полски Евреин. Наоѓајќи засолниште во едно мало планинско гратче во
слободната зона, таа започнува да фалсификува лични
документи за еврејските деца што бегаат во неутрална
Швајцарија. Но, бришењето на луѓето има цена, и заедно со мистериозниот, убав фалсификатор по име Реми, Ева одлучува дека мора да најде начин да ги зачува
вистинските имиња на децата кои се премногу мали за
да се сетат кои се тие навистина. Записите што ги чуваат во „Книгата на изгубени имиња“ ќе станат уште поважни кога ќелијата на отпорот за која работат ќе биде
предадена и Реми ќе исчезне… -
Ангели и демони
1600,00 денПрофесорот Роберт Ленгдон, прочуениот симболог од Харвард, е повикан од директорот на светски познатата, швајцарска истражувачка установа ЦЕРН за да анализира криптичен симбол втиснат на градите на еден убиен физичар. Она што го открива е незамисливо, смртоносна одмазда против Католичката црква од страна на вековната подземна организација – Илуминатите. Во очајна трка да го спаси Ватикан, Ленгдон ги здружува силите со прекрасната и мистериозна научничка Виторија Ветра. Заедно тие тргнуваат во избезумен лов низ запечатени крипти, опасни катакомби, напуштени катедрали и во длабочините на најтаинствениот трезор на земјата… одамна заборавеното дувло на Илуминатите.
-
Германски со љубов – Deutsch mit Liebe 1
0999,00 денКнигата „Германски со љубов – Deutsch mit Liebe 1“ е наменета за сите кои имаат желба да го изучуваат германскиот јазик, почетно ниво, независно од возраста.
Книгата е поделена во шест дела:
– Теоретски дел и аудиоматеријал, лесно достапен преку QR код што ве води директно на веб-страницата http://www.germanskisoljubov.mk(Теоретскиот дел на книгата има појаснувања на македонски јазик, што дополнително го олеснува изучувањето на германскиот јазик)
– Преглед на вокабулар – табеларен преглед на вокабуларот, кој се среќава низ целиот теоретски дел;
– Вежбанка – дел со вежби кон теоретскиот дел;
– Краток преглед на граматиката од теоретскиот дел;
– Преглед на вокабуларот за самопроверка – Ова го научив;
– Преглед на решенијата од вежбанката.Успешно учење на германскиот јазик!
-
Азбуката на куклата
0350,00 денМашини за шиење, кукли, огледала, конзервирана храна, продавници во кои се продаваат необични предмети, чудесни апарати – тоа се мотивите кои опсесивно се повторуваат во „Азбуката на куклата“. Инспирирана од расказите на Маргарет Атвуд, Анџела Картер и Ширли Џексон, младата канадска авторка Камила Грудова создава еден необичен книжевен универзум, кој изненадува со својата оригиналност и привлекува со својата застрашувачка убавина. Расказите од „Азбуката на куклата“ се издвојуваат со својата имагинативност и оригиналност, но исто така и со моќта да предизвикаат силна емоционална реакција кај читателот. Во нив авторката ја изместува реалноста сосем доволно за да ги задржи нејзините познати елементи, но истовремено и да ги премести до границата на заумното, па дури и на апсурдното. Светогледот во расказите варира од детски и наивен, до гротескен и мрачен, спојувајќи ги елементите на фантастиката, бајките и хоророт во еден вид современо преосмислување на надреализмот. „Приказните на Камила Грудова се како бајки што сонуваат дека се кошмари. Во нив постои еден сосем нов свет, кој нè повикува да го откриеме за потоа да нè зароби во себе.“ „Гардијан“ „Со овие раскази Камила Грудова се вбројува во една долга, значајна и исклучително привлечна книжевна традиција во која спаѓаат браќата Грим, Франц Кафка, Анџела Картер, Џорџ Орвел, Маргарет Атвуд и други автори чиишто дела ги истражуваат тајните што се кријат во темнината.“ „Харперс магазин“
-
Годината на Оксфорд
0550,00 денОвој впечатлив дебитантски роман е сместен во волшебниот амбиент на Оксфорд. Тој ја раскажува незаборавната приказна за една амбициозна млада жена која сака да се докаже пред светот и за еден харизматичен маж кој ќе ја запознае со љубов што ќе ѝ го промени животот. Совршен избор за љубителите на романите на Џоџо Мојс и на Николас Спаркс.
Американката Ела Дуран уште од својата тринаесетта година е целосно посветена на една единствена цел – да студира на Оксфорд. На дваесет и четири години, конечно ја остварува својата долгогодишна желба, добивајќи ја престижната Родсова стипендија. Но, токму кога пристигнува во Англија, ја ангажираат во претседателската кампања на еден политичар во подем. Се договараат да работи од далечина, а по завршувањето на годината во Оксфорд да се врати во Вашингтон. Ела сака целосно да се препушти на доживувањето, но еден локалец – брз и во зборувањето и во возењето – ќе ѝ ги упропасти и кошулата и првиот ден.
Кога дознава дека истиот локалец ќе ѝ предава англиска книжевност – Џејми Девенпорт, Ела почнува да се сомнева дека Оксфорд нема да биде таков каков што отсекогаш го замислувала. Но, едно доцно дружење открива неочекувана блискост меѓу нив. Она што почнало како авантура, прераснува во нешто подлабоко, сѐ додека Ела не ја открие тајната на Џејми што ќе им го промени животот.
Ненадејно, Ела се наоѓа пред речиси невозможна одлука. Таа мора да избере: дали да се откаже од мажот во кој се вљубува поради своите политички амбиции, или да остане со него и да се соочи со искушенија за кои не е подготвена. Како што се ближи крајот на годината во Оксфорд, Ела се преиспитува дали нејзините долгогодишни соништа се сè уште она што навистина го сака.
-
Победникот беше таа
0400,00 денВо романот именуван ,,Победникот беше Таа'' ќе се запознаете со младата хероина којашто ја поседува главната улога во целосната приказна. Таа постанува нов член во семејството Петревски, кои топло ја пречекуваат во љубовните прегратки, и се до нејзината предучилишна возраст посветено се грижат и ја негуваат љубовта во секој поминат заеднички миг. Нора облеана од родителска љубов е среќно дете кое понатаму ненадејно ќе се соочи со огромна мрачна темнина, запаѓајќи во море од солзи предизвикани од трансформираното однесување на нејзините родители. Тотален пресврт се случува во нивниот дом, агресијата, негативноста, физичкото и психичкото напаѓање ја завладуваат љубовта, мирот и хармонијата. Нора пронаоѓајќи ја улогата во трагач по светлината на животот, со помош на вградената истрајност и незапирливост ќе ги прифати предизвиците и разочарувачките удари на коишто ќе наиде во раната возраст, соочувајќи се со бура на тажни емоции кои неочекувано ќе создадат емотивен пад. Одалеченоста од мајчинската прегратка ќе и постане недостапна и засекогаш одбиена. Поставувањето забрана за дружење со најдобрата пријателка Ека, која потекнува од семејство коешто не се во добар сооднос, ќе ја судри со дополнителен удар кој потполно ќе ја повреди. Присилно ќе ја изолираат во собата на тагата, недозволувајќи и надворешен пристап се до нејзината 18-та годишна возраст. Патем Нора и нејзината борбена моќ, доследно со најголемата поддршка Ека успеваат во понатамошниот период да го извлечат доброто, и да го оддржуваат позитивното да опстои во нив. Нора неподлегнувајќи им на нивниот груб однос, трпеливо со постоечката искра надеж молејќи се деноноќно на бога допринесуваше силна вера во остварување на молитвите, и пристигнување на денот од лишување на страдалниот период, и како птица во лет се препушти на очекуваната слобода. Како Нора и Ека се справуваа со сета оваа тешкотија? Кој е излезот на оваа кризна состојба? Дали можеби моќта на оптимизмот е причинителот на победата? Како успеа да ја оствари победата? Романот е осмислен според вистинска приказна кој е пресликан во пишана форма, и верувам дека секоја страница ќе ви испушти нова воздишка. Доживеј ја и ти победата!
-
Succubus
0400,00 ден„Се знае и за ѓаволските книги што си ги читала. А се знае што чуваш во ковчежиња и дека си го уби свршеникот. Си станала сукубус. Знаете што е тоа?“ Иако им се обрати на стражарите и Тобиас, не се се заврте кон никој од нив, туку со перверзна надменост гледаше во Луција. „Ајде, ти барем си читала, знам дека знаеш. Народот ги вика сукуби, женски демони, мачат мажи, ги снеможуваат, им ја крадат силата.“
Почеток на XVIII век. Палењата вештерки низ Европа се стивнати, но не и исчезнати. За време на неделна миса во катедралата, шеснаесетгодишната Елисавет здогледува таинствена туѓинка и во истиот миг се опседнува со мистеријата околу неа. Луција Лилит Абдеел, омажена за локален благородник, покрај таинственоста, во новиот град со себе ги носи и гласините дека била осомничена за вештерство.
Самаел, црковниот прислужник и другар од детството на Елисавет, наоѓа начин да ја пикне на работа во богаташкиот дом на туѓинката. Елисавет гледа и сфаќа дека гласините за нејзината господарка не се неосновани, но од ден на ден и нејзината верност кон неа сѐ повеќе расте.
Елисавет, Самаел и Лилит стануваат нечисто свето тројство во обидот Луција да избега од несаканиот брак со човекот кој ја спасил од клада.
„Не горат благородници, Елисавет, запомни го тоа. Горат гревовите како мене и тебе.“
-
-
Како пердув на ветрот
0400,00 денПонекогаш, еден ден може да обележи цел еден живот.
На 12 август 2019 година Виола добива неочекуван повик од Лили, нејзина поранешна сосетка и најдобра пријателка. Сега двете имаат по осумдесет години и Лили е на смртна постела. Животот ги разделил во младоста, но никогаш не престануваат да мислат една на друга.
Длабокоемотивниот роман на Софија Лундберј ги прикажува животите на Виола и Лили така што ги потсетува на истиот, значаен датум, од 1950-тите до денес. Кога Виола и нејзините ќерки итно заминуваат за Париз за да ја видат Лили за последен пат, прашањето што со години ја измачува Виола најпосле добива одговор.„Како пердув на ветрот“ е приказна за бесмртното пријателство, љубовта и џезот.
-
Победниците
0750,00 денМоќна, емотивна приказна која влева надеж за подобра иднина!
Поминаа две години од настаните на кои никој не сака да се сеќава. Сите се обидуваат да продолжат понатаму, но има нешто што ги спречува во тоа. Жителите и понатаму се соочуваат со големи прашања: Што е семејство? Што значи еден хокеарски тим? Што е заедницата? И што сме подготвени да жртвуваме за да ги спасиме?
Додека се борат да го надминат минатото, пред нив се исправуваат нови предизвици. Бидејќи ова е град со тежина во срцето. Сакаат приказни со среќен крај, но длабоко во себе се плашат дека овој нема да биде таков.
Некој се враќа дома по долго време. Некој ќе го погребаат. Некој ќе се заљуби, некој ќе се обиде да го сочува бракот, некој ќе мечтае за НХЛ а некој ќе стори сè за да си ги спаси децата. Некој ќе мрази, некој ќе се бори, а некој ќе ја грабне пушката и ќе замине кон хокејското лизгалиште. Сè ќе започне со бура, а ќе заврши со оган.
Конечно – што е семејство? Што значи еден хокеарски тим? Што е заедницата? И што сме подготвени да жртвуваме за да ги спасиме?
Сè. Едноставно, сè.
-
Американската авантуристка
0650,00 денПриказната за Џени Џером Черчил, мајката на Винстон Черчил, наследничка родена во Њујорк, која секогаш го живеела животот по свои услови.
Ќерка на њујоршкиот финансиер Леонард Џером, Џени е родена во богатство – и скандал. По разделбата на нејзините родители, нејзината мајка ги однела Џени и нејзините сестри во Париз, каде г-ѓа Џером била решена да ги омажи своите ќерки во најелитните семејства. Гламурозниот град станал неподносливо место за живеење откако девојките го завршиле училиштето. Бегајќи во Англија, во посета на кралицата Викторија, Џени го привлекува вниманието на аристократот Рендолф Спенсер-Черчил, син на војводата од Марлборо. Тоа беше љубов на прв поглед, а неконвенционалниот брак беше поттикнат од нивната меѓусебната амбиција и раѓањето на двата сина.
Откако рано станува вдовица, Џени продолжува дрско да го живее животот, пркосејќи им на крутите ставови на општеството со нејзиното интимно пријателство со Едвард, принцот од Велс, озлогласен боем. Подоцна и со двата брака со помлади мажи. Кога нејзиниот син Винстон ја започна својата брилијантна политичка кариера, Џени станува неговиот најгласен и највреден поддржувач.
-