-
Уметноста на заведувањето
0450,00 денКлучот на заведувањето е создавање искушение на кое луѓето не можат да му одолеат.
Кој вид на заводник би можеле да бидете? Сирена, ѕвезда? Шармер, комичар, харизматичен или светец? Можете да бидете што сакате, зашто заведувањето е игра на психологија, не на убавина, и секој може да стане мајстор на таа игра. Способноста за создавање илузија е еден од блескавите дарови на заводникот – привлечна фигура која е способна истовремено и да манипулира, и да заведува и да дава задоволство.
И мамка и уметност, како што го објаснува бестселер авторот Роберт Грин, заведувањето е синоним за индиректна и суптилна форма на моќ. Таа отсекогаш соборувала империи, добивала избори, ги поробувала и големи умови. Истражувајќи ги историјата, книжевноста и животот, Грин создава водич за суштината на едно од најмоќните а невидиливи оружја во историјата.
Научете ги сите стапици и фини трикови, усвојте ги суптилните 24 маневри и стратегии и станете заводник кој лесно стекнува контрола. Тоа нека биде нов почеток што ќе ве води до големи победи!
„Макијавели има нов ривал. И Сун Цу треба да се замисли. Грин состави список на амбициозно и непобедливо однесување.“
Њујорк магазин
-
Исчезнат во лет
0550,00 ден“Клаустрофобична, интензивна и невозможно е да се остави.” – Виктор Метос, бестселер автор
Од USA Today авторката на бестселери Одри Џ. Кол, пристигнува вознемирувачки трилер за жена соочена со незамисливото – нејзиното бебе исчезнува за време на лет кон Њујорк.
Кога набрзина се враќа на своето седиште, Микејла Роси чувствува олеснување што сè изгледа мирно. Но кога погледнува кон своето заспано бебе, олеснувањето веднаш се претвора во паника. Колевката е празна.
Лиам го нема.
Тоа беше долг лет од Анкориџ до Њујорк. Бидејќи стјуардесите беа зафатени, Микејла неволно замоли патничка да внимава на нејзиниот син додека таа отиде до тоалетот. Ја немаше само неколку минути. А, сепак, на триесет илјади стапки височина, тој исчезна.
Патниците и екипажот го пребаруваат авионот, но без успех. А, кога никој не се сеќава дека ја видел со бебето, сомнежот се насочува кон неа. Сигурна е дека не го губи разумот, како нејзината мајка – пред очите на целата јавност. Само Џек да беше тука, нејзиниот сопруг ќе ѝ поверуваше. Како успешен банкар објавен во Форбс, можеби и ќе помогнеше.
Но овојпат Микејла е сама. И ќе мора да размислува брзо ако сака да го пронајде својот син – пред да биде предоцна.
„Одри Џ. Кол е на врвот на својата игра во овој возбудлив, навистина оригинален трилер зад затворени врати. Беспрекорно испланиран со шокантни пресврти на секој чекор, не можев да престанам да ги вртам страниците!“ – Сузан Волтер, бестселер автор
-
Butterfly at the flower door
0250,00 денSet in the insect village, Butterfly at the Flower Door is a short story and a reminder for its readers not to give up on themselves easily…
-
За твојот успех
0450,00 денСмелите цели ги постигнуваат луѓе
коишто „горат“ од желба да ги остварат.Од авторот на бестселерот „Ставот е сѐ“, оваа инспиративна книга е збирка од 62 моќни есеи посветени на принципите на успехот и позитивниот став. Преку едноставни, но практични техники, читателот учи како да го промени начинот на размислување, да изгради дисциплина и да го отклучи сопствениот потенцијал.
Оваа книга не зборува за успех кој е постигнат преку ноќ или за збогатување без труд. Такви работи не постојат. Успехот бара дисциплина, развивање нови начини на размислување и однесување. И вреди да се вложи време и труд за да се изгради таа дисциплина.
Инспирирана од личната трансформација на авторот, книгата нуди искрени и применливи поуки што веќе им помогнале на милиони луѓе ширум светот да создадат посреќен и поисполнет живот. Ова не е приказна за брз успех, туку водич за вистинска и трајна промена.
Ова е книга што ќе те поттикне да веруваш во себе – и да почнеш да го градиш животот што го заслужуваш.
Ова е за ТВОЈОТ успех!
-
Исидора Мун има волшебни сипаници
0350,00 денИсидора Мун е посебна бидејќи е поинаква. Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете. Исидора има тест по математика в понеделник и многу е исплашена дека нема да помине добро. Ах, кога би можела само да се разболи за да се извлече од тестот… Волшебните сипаници ù се чинат како одличен изговор да остане дома, но кога нештата ќе излезат од контрола, ќе сфати дека тоа не било добра идеја. Може ли Исидора да ги поправи работите ?
-
Смола
0400,00 денЛив умрела кога имала шест години. Барем така гласи официјалната верзија.
Една вечер таткото ќе го турне нивниот чамец кон брановите и ќе гледа како се распарчува од карпите. Потоа ќе ја пријави својата ќерка како исчезната. Службената потера трае долго и безуспешно. Но, зад шутот пред работилницата на нејзиниот татко се крие Лив. Живее сама во мракот, треперејќи пред секој неочекуван шум. Татко ѝ тврди дека на ваков начин нема да мора да оди на училиште. Нема да мора да ги напушти родителите и да се соочи со светот кој е полн со опасности и лоши луѓе.
Неизмерно трогателната и напната приказна прикажува што се случува кога некого премногу сакате, а желбата да го заштитите се претвора во нешто што таа личност неповратно ќе ја повреди.
„Смола“ ги доби четирите најважни крими-награди во Скандинавија и доживеа светска препознатливост. „Гардијан“, „Телеграф“ и „Дејли експрес“ ја прогласија за еден од најдобрите романи во 2018 година. Досега е преведена во 31 земја, а во 2019 година е адаптирана во филм.
-
Географија: Пустини
0170,00 денОваа категорија на енциклопедии се фокусира на нашата прекрасна планета Земја. Исполнети со корисни информации и неверојатно фотографии, овие енциклопедии сигурно ќе заземат посебно место во умот на младите читатели.
-
Кафе-муабет со себеси
0360,00 денУморни сте од едноличното секојдневие без инспирација? Сакате живот полн со авантури остварувајќи ги своите соништа?
Што ако секојдневно скокате од кревет возбудени и полетно преземате нешто за да ги остварите јасно поставените цели за кои сте мислеле дека се невозможни? Размислете – има ли нешто што отсекогаш сте сакале да го направите, но сте мислеле дека е резервирано само за избраните?
Техниката на кафе-муабет на Кристен Хелмстетер ќе ви овозможи:
– да ги промените навиките
– да стекнете здравје и долговечност
– да бидете прекрасен родител или да најдете совршен партнер
– да постигнете богатство и успех – да живеете со нов сјај во очите.
„Кафе-муабет со себеси“ не дава здодевен список на задолженија, туку забавен и делотворен начин секој ден да се будите насмеани и среќно да впловите во својот нов, неверојатен живот. И сето тоа со само петминутни дневни афирмации и шолја вкусно кафе!
„Моќна, досетлива и инспиративна книга што ќе ви покаже како целосно да го искористите својот потенцијал со неколкуминутно дневно сонување големи соништа, колку што е потребно да ја испиете својата шолја кафе. Оваа книга ќе ви го промени животот.“
Кристи Белкамино, најпродавана авторка на „Ју-Ес-Еј тудеј“
-
Париз не ве остава
0360,00 денВојната е завршена, но минатото никогаш не е минато. Откако ја прејивеала Втората светска војна со ќеркиcхката Виви, работејќи во книјарниcа во Париз и борејќи се за својот јживот, шарлот не е јртва, туку бореc за гол јживот. Но, моје ли да го прејивее следното поглавје од јживотот? Како комбинаcија од јживотот во окупираниот Париз и во Њујорк од педесеттите години, книгата Париз не ве остава е неверојатна приказна за издрјливост, љубов и невозмојни одлуки, и проникнува во тоа како опстанокот никогаш не се слуcхува без одредена cена. „Прекрасна приказна што го дава она за кое сите сме гладни: интелигентен и комплексен јенски лик кој ги предизвикува нашите замисли за праведно и неправедно, моралност и неморалност.“ Елизабет Џ. чрcх, авторка на Атомската тејина на љубовта „Со гаранcија ќе ве следи уште многу време откако ќе ја свртите и последната страниcа. Јас лиcхно ја проголтав.“ Стејси шиф, авторка на Клеопатра
-
Модерни измами
0499,00 денКој има снажни раце, ќе победи еден непријател; кој има знаење, ќе победи илјада.
Непроценлив водич за самозаштита од вешти измами, од најнаивни до најсофистицирани – наградни игри, онлајн нарачки, давање лични податоци и пари на рака без договор, до хакирање и „купување“ криптовалути…
Како инспектор во областа корупција и фалсификати, финансиски криминал и измами, Роберт Атанасов посведочил најразновидни измами на кои наседнуваат голем број луѓе, кои понекогаш остануваат и без своите животни заштеди. Сакајќи да ни помогне, тој ни ја нуди оваа практична и корисна книга за самозаштита. Книга каква што досега сме немале можност да прочитаме, која изобилува со примери од најразличен вид измами – и класични и современи, со користење на сите достапни видови технологија.
Не дозволувајте да паднете во истата стапица како многумина чии финансии и животи биле загрозени поради мало невнимание. Научете како да си ја заштитите платежната картичка од злоупотреби и кражби, кои се знаците дека вашиот телефон можеби е хакиран и уште многу други корисни совети што нема да ве направат плен на киберкриминалците. Прочитајте ја книгата на Роберт Атанасов за да не бидете жртва на вештите измамници.
-
Соларис
0300,00 денНајчитаниот автор на научна фантастика во светот конечно на македонски, со едно од најважните Sci-Fi дела во историјата – „Соларис“!
На една истражувачката станица што се наоѓа на планетата Соларис, целата прекриена со огромен жив океан, доаѓа нов член на експедицијата. Веднаш по слетувањето, Крис Келвин го вознемируваат чудните однесувања на членовите од екипажот.
Открива дека еден од нив, доктор Гибариан, извршил самоубиство, а во просториите на станицата се појавиле суштества што ги креирал „океанот“, односно материјализираните спомени за ликови или нешта од најдлабоко потиснатите делови од умовите на истражувачите. Во моментот кога Крис почнува да се истражува себеси, почнуваат компликациите…Романот „Соларис“ има огромно влијание врз уметноста. Најпозната од трите филмски адаптации е онаа на Андреј Тарковски од 1972 година, за која тој ја доби главната награда во Кан.
-
Непобедлив
0300,00 денВселенскиот брод „Непобедлив“ слетува на планетата Регис III. Задачата на неговиот екипаж е да ги открие причините за исчезнувањето на претходната експедиција од вселенскиот брод близнак „Кондор“, кој слетал и набргу потоа прекинала комуникацијата со него. Научниците почнуваат да ја испитуваат планетата, го пронаоѓаат бродот, но не можат да ги утврдат причините за катастрофалните случувања.
Наскоро откриваат и остатоци од нешто што прилега на „град“, а потоа и форма на еволуција на мртвото, т.н. некросфера, за што се претпоставува дека се механизми потомци од одамна исчезнатата цивилизација на Лираните.
Во овој култен роман се зборува за средбата со вонземското и за неможноста на човештвото да оствари контакт со непознатото. Исто така, Лем ја преиспитува човековата желба за истражување на космосот и го поставува прашањето што да направи човештвото кога ќе се соочи со својата ограниченост. -
Бегалка
0350,00 денНиту еден жив писател не може толку убедливо да пишува за „текот на љубовта“ како Алис Манро. Таа е жив џин на модерниот расказ, а нејзиниот чеховски реализам, длабоката психолошка интуиција, инстинктивното чувство за емоционалната аритметика на животот, оставија неизбришлив печат на современото пишување. Вештината на Манро во прикажувањето на човековите чувства и богатството на овие приказни, прави тие да делуваат како заокружени романи. Под нејзиното перо ликовите – жени од секакви средини и возрасти и нивните пријатели, љубовници, родители и деца – оживуваат како да ни се соседи. Бегалка е збирка од 8 раскази која критичарите ја сместуваат на највисокото скалило од опусот на Алис Манро.
-
Замрачување
0350,00 денВо нарација подеднакво маѓепсувачка и мистериозна како и сеќавањето – ја дознаваме приказната за Натаниел (14 години) и неговата постара сестра Рејчел.
Во 1945 година, непосредно по Втората светска војна, тие остануваат во Лондон додека нивните родители се преселуваат во Сингапур, оставајќи ги на чување на мистериозната фигура по име Молецот.
Сомневајќи се дека тој е криминалец, децата стануваат уште позагрижени кога ја запознаваат неговата ексцентрична група пријатели: мажи и жени споени од заедничката, недефинирана служба во војната. И сите тие се решени сега да ги заштитат и едуцираат (на крајно невообичаени начини) Рејчел и Натаниел.
Но, дали се навистина оние што тврдат дека се? И што значи кога мајка им се враќа по месеци молк без таткото и без какво било објаснување?
Десетина години подоцна Натаниел почнува да открива сè што сакал да дознае, а токму патувањето низ фактите, сеќавањата и имагинацијата е пренесено во ова ремек-дело од еден од најголемите писатели на нашето време.
-
Жолти чорапи
0220,00 ден„Жолти чорапи“ е топла, лирска приказна за препознавање на чувствата кај децата раскажана на лесен, забавен и симболичен начин преку вселувањето на добродушниот Бувко во една нова шума. Сакајќи да се запознае и да се спријатели со соседите, Бувко секому му подарува соодветен подарок и на крајот сите животни стануваат посреќни.
„Жолти чорапи“ поттикнува на запознавање и го негува пријателството. Децата, освен што можат да уживаат во оваа приказна, можат и да учествуваат во неа преку работниот додаток на крајот од сликовницата.
-
Живот без крај
0400,00 денНовото дело на славниот Фредерик Бегбеде романот Живот без крај е негова најавтобиографска приказна. Самиот автор ја нарекува темата на романот соодветна на неговата возраст – доколку претходните книги му беа за љубовта сексот бракот експериментирањето со дрогите итн. во овој роман педесетгодишниот Бегбеде ги истражува темите на семејството на смртта и вечниот живот.
Нараторот на Живот без крај е опседнат со идејата да најде „лек“ за смртта и во таа навидум невозможна потрага ќе биде вклучено целото негово семејство. Трагањето по бесмртноста се претвора во луда авантура, за на крајот, останувајќи во доменот на предвидливото и исполнувајќи ги очекувањата на читателот, нараторот да открие дека бесмртноста постојано била пред него, отелотворена во неговите две ќерки.
Бегбеде без патетика и со многу хумор ја допира оваа мрачна тематика и гради возбудлива приказна која завлегува во доменот на научната фантастика.