Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Телефонската говорница на крајот од светот

    Телефонската говорница на крајот од светот

    0

    Книгата е инспирирана од вистинска телефонска говорница што се наоѓа во североисточниот дел на Јапонија.

    Авторката пишува приказна за жена што ги изгубила своите мајка и ќерка во цунамито во 2011 година и е принудена да патува низ тагата, но и низ животот пред себе. Јуи првпат ќе чуе за „телефонот на ветерот“ додека води разговор на својата радиоемисија. Јавувач, кој исто така изгубил близок во цунамито во 2011 година, раскажува за говорницата преку која гласот му го предаваш на ветерот и тој го пренесува отаде овој свет.

    Моќен и трогателен, внимателно напишан и предизвикувачки роман. Месина пишува јасно и воздржано, со способност да открие многу во само неколку реда.

    Во книгата владее мир и тишина, и тоа на секое движење му дава уште поголемо значење. Зборовите имаат тежина и се чини дека нема реченица што е вишок. Приказната на Јуи трогнува, возбудува и го грее срцето – сè во иста мера.

    „Телефонската говорница на крајот од светот“ е преведен во повеќе од дваесет држави и секаде се сместува на врвот на топ-листите. Во тек се преговори за продажба на филмските права.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење

    Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење

    0

    Првпат објавена во 1891 година, „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ на Пелегрино Артузи денес се смета за најзначајната италијанска книга за готвење од модерно време. Во годините пред смртта на Артузи во 1910 година оваа книга била препечатена тринаесет пати, па така бројот на рецепти пораснал од 475 на 790. Денес, ова значајно дело продолжува одново и одново да се објавува, но и да се преведува на повеќе јазици како холандски, шпански, англиски, француски итн.

    Иако самиот Артузи потекнувал од високата класа и постои сомнеж дека некогаш воопшто допрел кујнски прибор или запалил оган под тенџере за да готви, тој сепак успеал да напише книга која не била наменета не за професионални готвачи, каков што бил обичајот во XIX век, туку за оние кои готвеле за своето семејство во домовите од средната класа: домаќинките и нивните куќни помошници.

    Во книгата Артузи на читателите им се обраќа на еден хумористичен и ноншалантен начин, во духот на пријателски советодавец. Тој вметнува духовити анегдоти кај повеќето рецепти, опишувајќи ги сопствените искуства, но и историската важност на одредени јадења.

    Ова ремек-дело на Артузи не е само популарна книга за готвење – тоа претставува едно од најзначајните дела на италијанската култура. До ден-денес „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ останува најчитаната книга за италијанската кујна која датира од значајниот историски период на раѓањето на модерна Италија.

    Познатиот новинар и писател Џузепе Прецолини, по прогонството во Швајцарија, ќе каже дека за него, она што останува од Италија се: „Данте, Пинокио, шпагетите и книгата на Артузи“.

    Пелегрино Артузи е роден во Форлимпополи (во близина на Болоња) на 4 август 1820 година, во семејството на Тереза и Агостино Џунчи. По студиите во семинаријата во Бертиноро, тој почнал да работи кај неговиот татко, a пресвртница во неговиот живот бил нападот на бандитите на 25 јануари 1851 година. При овој напад биле ограбени најбогатите семејства додека биле во театар, меѓу кои и она на Артузи, па по овој ужасен настан, семејството ја напуштило Ромања и се преселило во Фиренца, каде држеле штанд за продажба на свила. Пелегрино успешно се вработил во Ливорно, а подоцна основал и банка во Фиренца која му донела богатство и почит.

    790,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Нишки до срцата

    Нишки до срцата

    0

    Наташа Брезовска-Богоевска не ѝ е непозната на македонската читателска публика досега, во својот творечки опус веќе има повеќе дела поезија и проза како за деца така и за возрасни, а повеќе пати нејзините раскази биле наградувани и забележувани како драгоцен придонес кон македонската белетристичка литература. Во оваа збирка раскази таа се пројавува како мајстор на кусиот прозен жанр, а големиот опус раскази зборува за нејзината посветеност на секој внимателно избран збор, лапидарноста на изразот зборува за високата креативност на авторката: со малку зборови
    да каже многу, да погоди токму во срцата и на пребирливата читателска публика и со интерес да се очекува секое нејзино следно остварување.
    Нејзините раскази „Кукли“, „Спомени“, „Преку океанот“, „Спасување“ и многу други издишуваат човечки топол здив што е чуен и восприемлив за секој вистински читател, обременети со пораките: Назад кон природата!; Семејството е света работа!; Љуби го ближниот свој!; Верувај во моќта на љубовта! итн. На мошне сликовит и колоритен начин ни ги доближува токму овие трајни човечки вредности, кои не губат смисла и во овие луди времиња и зборуваат дека само со вистинска верба и истрајност се стигнува до вистината и токму тие моменти на топлина и грижа од најблиските се вистинска среќа за секој човек и сите животни несреќи и предизвици полесно се пребродуваат со вербата во доброто. Со секој нејзин расказ извира по една нишка до срцето на читателот.
    Авторката верува во човекот, верува во неговата добрина, во неговата верба дека доброто со добро се враќа, па да ѝ веруваме и ние дека овие топли животворни редови се дел од нејзиното богато животно искуство, кое на најдобар можен начин го преточила во литературно дело вредно за читање и за паметење.
    Проф. д-р Снежана Петрова-Џамбазова

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Круг

    Круг

    0

    Последниот роман на Меша Селимовиќ се навраќа на неговата доминантна тема: човековиот егзистенцијализам.

    „Круг“ почнува со тоа што главниот јунак Владимир ја спознава вистината за Младен, постариот брат кој загинал во 1944 година. Младен е прогласен за херој на Револуцијата, но со тоа во смрт ги повлекол и таткото и мајката. Но само Младен е интересен за заедницата. Владимир, иако е брат на херој и единствен преживеан член во семејството, не е повикан на свечноста за отворање спомен-музеј во нивната родна куќа. Лут поради овој потег на партиските другари, ја напушта работната акција. Од тој момент во него почнува да се раѓа сомнеж во Партијата и во Револуцијата, а пред читателот се простира цела галерија ликови преку кои се изразуваат политичките, социјалните и културните контрасти на времето.

    Во општествениот план на романот е пролетерското општество и бунтот на идеалната совест на Владимир против владејачката хиерархија, идеолошкиот опортунизам и против предавството на поранешните револуционери.

    Во сето ова е испреплетена и љубовна приказна преку која Селимовиќ уште еднаш го покажува своето врвно мајсторство за прикажувањето на внатрешната состојба на ликовите и меѓучовечките односи.

    Иако формално недовршен, по својата структура и поетичка компактност, „Круг“ функционира како заокружена прозна целина.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Вечна куќа

    Вечна куќа

    0

    Поаѓајќи од насловот на оваа стихозбирка, мое да се насети кој и што домува во Вечна куќа – оној и она што ги зграбила смртта во вечноста. Главната тема е физичкото напуштање на светот, но асоcијаcијата на тоа заминување е неповратноста, конечноста. Циклусите песни (Тоа таму, Секое нешто, Никој ништо…), што ја сочинуваат оваа стихозбирка, се чини како да сакаат да ја оџемат силата на смртта неизговарајќи го нејзиното име. Низ наративни, а лирични слики, песните во Вечна куќа зборуваат за разделбата со покојниот, за верувањето дека мое да се случи враќање од невратот, ако лелекот и оплакувањето се доволно истрајни до претерување. За осаменоста на оние што остануваат и за вечните прашања: кога и каде ќе се сретнат животот и смртта и дали ќе го сакавме животот, да не беше смртта?

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сè што изгубивме во огнот

    Сè што изгубивме во огнот

    0

    Дванаесет раскази во кои вешто се спојува аргентинското секојдневје, обликувано од крвавите траги од суровоста, грабнувањата и убиствата во бурното минато, со натприродните елементи.

    Во книгата се распостилаат моќни приказни за патолошки личности, сериски убијци, мајка што го продала детето за да преживее, туристи што ги посетуваат местата на најтешките злосторства за разонода, ќе прочитаме за животот на луѓето во опасните и бедни квартови, полициската бруталност, за локалните празноверија и обичаи.

    Последниот расказ, по кој воедно е и насловена книгата, ја раскажува историјата на група жени што решиле да се самозапалaт откако други жени загинале фрлени во оган од своите партнери. Инспирација е вистинскиот случај на фемицид на Ванда Тадеи, која починала неколку дена откако сопругот ја запалил.

    Расказите не даваат одговор за судбината на ликовите, читателот не дознава кој е човекот што наведува една девојка да се самоповредува, што се случи со девојката што ја одведе напуштената куќа, кое е момчето со крвави заби што седи на креветот или каков е тој порив на жените за самозапалување како порака кон заканата од насилство. Се чини дека светот едноставно има потреба од жртви

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Островот на исчезнатите дрвја

    Островот на исчезнатите дрвја

    0

    Легендите постојат за да ни го раскажат она што историјата го заборавила.

    Во 1974 г., на островот Кипар, Гркот Костас и Турчинката Дефне кришум се среќаваат во меаната Среќна смоква среде која се извишува едно дрво – сведок на војната што се разгорува на островот и на неговата поделба, кога младите се принудени да се разделат.

    По дваесетина години Костас се враќа во Никозија како успешен ботаничар и ја наоѓа својата изгубена љубов. Заминуваат за Лондон, со едно гранче од старата смоква… По 16 години, соочена со загубата на мајка си, нивната ќерка очајно трага по одговори. А единствената врска што ја има со земјата на своите предци е смоквата во дворот и една неочекувана гостинка за новогодишните празници. Со своите вкусни кипарски рецепти, бучен карактер и топлина, таа го извлекува семејството од зачмаеноста и ги расветлува годините на тајни, разделби и тишини.

    Раскошна, магична приказна за припадноста и идентитетот, љубовта и траумата, сеќавањето и заборавот, уништувањето на човештвото и природата, и најпосле, за обновата и зацелувањето.

    „Прекрасен и трогателен роман за мрачните тајни на граѓанските војни и злата на екстремизмот: Кипар, љубовници од различни вери, оштетени деца, откоренување – и замислете, еден од ликовите во книгата е смоква!“

    Маргарет Атвуд, Твитер

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Џаро - живот на коцка

    Џаро – живот на коцка

    0

    За ѕвездата на едно старо добро време кое веќе го нема, но ќе остане вечно запаметено

    Животот на Велибор Џаровски-Џаро беше патување, песна, игра и љубов. Но играта што ја играше не беше секогаш лесна. Бурниот и немирен темперамент, остриот ум и специфичниот карактер постојано го соочува со најразлични перипетии.

    Организатор на над 5.000 концерти, промотор на безброј пејачи и фудбалери на кои им помогна да го достигнат врвот во кариерата, бестрашен прекршувач на законот со 135 лажирани натпревари… Секогаш во центарот на вниманието поради различни згоди и скандали, тој остана крал на југословенската естрадна и спортска сцена дури и по нејзиното распаѓање.

    Менаџер во времето кога менаџерството беше непризната професија, човек кој не признава просечност и пораз, незауздан ум кој не се плаши да ги премине границите. Некои луѓе не го познаваат зборот „доволно“. Таков е Џаро, кој останува запаметен како белег на едно време што ќе остане вечно запаметено – исто како и луѓето што го одбележаа.

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Приказни од кафулето

    Приказни од кафулето

    0

    Годишните времиња се движат во круг. Исто и животот. Минува низ тешки зими, но на крајот, секогаш доаѓа пролет.

    Не можеме да видиме што навистина се крие во срцето на другиот. Кога тонеме во своите грижи, стануваме слепи за чувствата на најблиските. А кога конечно ќе се разбудиме, посакуваме да ги смениме нештата. Што ако навистина постои место во кое можеме да се вратиме во времето?

    Во приказната на Тошиказу Кавагучи постои едно кафуле во кое можеме да се вратиме во времето. Но притоа мораме да следиме неколку правила, инаку патувањето може да заврши фатално. Најзначајно е дека треба да се вратиш во сегашноста пред да се излади кафето и дека не смееш да го менуваш минатото. Дали е разумно да се враќаш во времето ако не можеш да го промениш?

    Во оваа книга ќе сретнеш неколку ликови кои го прифаќаат предизвикот. Тие ќе те премислат. Ќе ти откријат дека враќањето во времето навистина има смисла, дури и ако подразбира само одново доживување на истиот миг. На крајот, ќе видиме дека во тоа е и суштината – да го живееме секој миг како да нема да се повтори никогаш повеќе.

    „Ретко се среќаваат вакви приказни кои завршуваат со искрени солзи радосници.“

    Њујорк тајмс

    380,00 ден
    Додај во кошничка
  • Интимен живот

    Интимен живот

    0

    Пред нас се открива животот на Марија Кристина, прекрасната четириесетгодишна поранешна манекенка и сопруга на актуелниот премиер на Италија.

    Според медиумите и социјалните мрежи, таа е најубавата жена на светот, иако животот не ѝ бил секогаш лесен и претерано наклонет. На почетокот како читатели ја мразите оваа жена, затоа што е привилегирана, убава и богата, но како што се одмотува приказната, сфаќате дека почнувате да ја сожалувате. И дека веќе сте ја засакале. Марија Кристина е жртва на консументското општество, гладно за афери и за скандали, кое е спремно да ја проголта, но таа наоѓа сила и храброст да му се спротивстави и да не подлегне на подлите закони на медиумската тортура. Нејзиниот „интимен живот“ е драматичен, збунувачки и застрашувачки, но разоткриен во сета негова веродостојност и убедлива автентичност. Аманити повторно се претставува како мајстор на општествената сатира, и тоа на онаа најактуелната, поврзана со феномените на инстант културата, социјалните мрежи, стереотипите и нивните разобличувања.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Стовариште

    Стовариште

    0

    Сергеј Трифуновиќ истовремено е синоним за еден од најангажираните актери од Србија, но и редок пример на уметник од овие балкански простори што успеа да изгради своја забележителна кариера на „гостински терен“ – во САД.

    Но, Сергеј Трифуновиќ е познат и по други нешта: музиката, хуманитарната работа, јавните настапи, социополитичкото гласноговорништво. А сега, на ред дојде и книжевноста! Во ова дело Сергеј ги прикажува своите веќе добропознати, но, што е уште поважно, скриени емоции. Сето она со што го поврзуваат: бунтовништвото, пркосот, своеглавоста, но и себекритичноста, креативната перцепција, скромноста, беспоштедноста кон себеси… Познатиот и непознатиот С. Т. на едно место.

    Како што вели Владисав Бајац, резултатот од ова е: „Помалку автобиографија, а повеќе биографија за себе (она кога пишувате за себе како за друг). Автобиографија низ другите и преку другите. А најмногу патопис низ испреплетената Амеро-Србија, од Белград и назад, преку Париз, Амстердам, Њујорк и Лос Анџелес, но и Лос Аранѓеловац. Тоа се пределите на телото. Сè друго во оваа книга се предели на душата.“

    Она што е помалку познато е дека Сергеј Трифуновиќ носи и една македонска жичка во себе. Многу повеќе поврзана со пределите на душата за кои говори Бајац отколку со географијата на телото. Но, таа жичка е клучот за читање на оваа книга и во нашиот контекст.

    Немам податок дали Сергеј појадува ураниум, ама не е тајна дека со жестоката енергија и натаму татни низ просторот, кариерата и низ животот. Талентот го води на различни страни и му овозможува да види, да запознае, да слушне и да запамети многумина од великаните во светот во кој најдобро се чувствува. Дел од ова емотивно бреме елегантно го депонирал во „Стовариште“. Тоа го направил галантно, заводливо, страсно и искрено. Кога сака и почитува некого, за него тоа нема ни цена, ни мера… „Стовариште“ е книга што треба да се доживее со сите сетила: можете да ги вкусите речениците, да ги извикувате стиховите на улица, извадоците да звучат како музика, а цело време да гледате кадри од филмови што чекаат да бидат снимени.

    На крајот на краиштата, целата приказна е изнијансирано истражување на сложените лични односи со професијата и големо сведоштво за болката од загубата, соништата, примерите и авторитетите до кафеаните и адресата на земјата во која е роден. Оваа „Автобиографија на другите“ е и прослава на она што е заеднички проживеано. Сергеј Трифуновиќ со брутална чесност и храброст го опишува своето турбулентно минато и патот до тоа да стане личност каква што е. Ликот на „тешко момче“ поседува и нежна човечна страна. „Стовариште“ е многу, многу повеќе од збирка мемоари на една јавна личност.

    Пеца Поповиќ, од Предговорот

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Држете се до своите деца

    Држете се до своите деца

    0

    Како да ги одгледуваме своите деца подложни на врсничко влијание во новиот дигитален свет?

    Современа класика за највознемирувачкиот тренд на нашето време – притисокот на врсниците. Неопходен водич за разбирање на овој проблем и за тоа како да му помогнете на своето дете да се справи со него.

    Габор Мате и Гордон Нојфелд се зафаќаат со решавање на поткопаниот родителски авторитет. Децата сè повеќе се угледуваат на врсниците во потрагата по својот идентитет и правилата на однесување. Тоа го нарушува здравиот развој и негува непријателска и сексуализирана младинска култура. Децата стануваат опортунисти подложни најчесто на опасни влијанија, се отуѓуваат и најважно им е да бидат кул.

    „Држете се до своите деца“ нуди практични совети за повторно поврзување и воспоставување соодветна домашна хиерархија, а притоа децата да се чувствуваат безбедно и сфатено и одново да ги придобиеме нивната приврзаност и љубов. Родителите можат да ги разбудат во себе вродените инстинкти и повторно да ја преземат својата природна улога да бидат за своите деца вистински извор на разбирање, сигурност и нежност.

    „Достојна книга која ни носи навистина нови идеи и свежи гледни точки за родителството.“

    Мери Пајфер

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Привремен

    Психопорно

    0

    „Психопорно“ е збирка од кратки раскази, целосно напишани во динамичен дијалог.

    Како што кажува и самиот наслов, во делото се прикажуваат сексуалноста, нејзината духовна и трансцедентална димензија. Во расказите буквално се разглобува сексуалноста, дел по дел. Пред читателот се открива длабинско истражување на човековата внатрешнотст. Ова се разговори што се состојат од изјави без заобиколувања, без одбирање „суптилни“ зборови и понекогаш ја доведуваат дискусијата меѓу ликовите до самата срж.

    Даворин Ленко е вистински мајстор на дијалогот, кој успева да исцрта сцени без премолчување, а истовремено создава расположение на комплексни, ранети или „ѕверски“ харизматични ликови. Со оваа шокирачка книга тој отвора ново поглавје од својот литературен опус и го подигнува нивото на читателските очекувања.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Не почна од тебе

    Не почна од тебе

    0

    Депресија. Анксиозност. Хронична болка. Фобии. Опсесивни мисли. Доказот е убедлив: можно е корените на тие проблеми да се во траумите на нашите родители, баби и дедовци, дури и кај прабабите и прадедовците. Најновите истражувања потврдуваат дека трауматичните искуства се пренесуваат на идните поколенија и дека тоа емоционално наследство, скриено во сѐ ̶ од експресијата на гените до секојдневниот јазик ̶ има многу поважна улога во нашето здравје отколку што досега се знаело. Врз основа на истражувањата на водечките стручњаци во областа на невронауките и посттрауматскиот стрес, Марк Волин осмисли пионерски пристап во идентификувањето и отстранувањето на тие наследени фамилијарни обрасци. Книгата „Не почна од тебе“ е пристапна, прагматичен и прескриптивен водич за методот што на илјадници луѓе им помогна да завладеат со сопствениот живот. Книгата Не почна од тебе е преполна со приказни што ќе ви го сменат животот, моќни увиди и практични орудија за индивидуално исцелување, таа заслужува место на вашата полица за книги. – Марк Матоусек, автор на делото „Ethical Wisdom“ Многу важна книга… Марк Волин е мудар и доверлив водич на патувањето кон исцелувањето. – Д-р Тара Брак, авторка на делото „Радикално прифаќање и вистинско засолниште“ Смело, креативно и сочувствено дело. – Шерон Салцберг, авторка на бестселерот на „Њујорк тајмс“ „ВИСТИНСКА СРЕЌА“

    430,00 ден
    Додај во кошничка
  • Не одам никаде

    Не одам никаде

    0

    Кратки, презицни и напнати, овие раскази се експлозија од емоции. Шокираат, растажуваат и вознемируваат, но знаат и да насмеат.

    Географскиот и внатрешниот егзил е главниот поттик за конфликтите на овие ликови, заедно со сите наметнати очекувања што ги отежнуваат меѓучовечките односи. Обременети од притисоците на западниот свет, од потценувањето на нашата македонска и балканска реалност, тие не можат да избегаат од своите комплекси, каде и да одат.

    Сложените проблеми не можат да имаат едноставни расплети, но можат да кријат зачеток за нивно разрешување. „Не одам никаде“ е совршена книга за да ги помести читателите од нивната умствена вкочанетост.

    „Бужаровска е искучително талентирана, модерна и учена раскажувачка, која пораснала со влијанието на американските раскази. Има невообичаено читлив и заводлив стил, дури и кога обработува мрачни теми. Човек лесно би си помислил дека е наследничка на Ани Ерно, решена да стане некој и нешто, иако веќе е она што посакува да биде.“

    Дубравка Угрешиќ

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Зошто ме тргаш од ѕвездите?

    Зошто ме тргаш од ѕвездите?

    0

    Книгата „Зошто ме тргаш од ѕвездите?“ од Леонардо Змајшек е сим­патично четиво за зреењето, растењето, за сите дилеми, болки и ра­дости што ги носи периодот на адолесценцијата.
    Со нескриена младешка енергија, со уште поотворена тинејџерска
    љубопитност и желба за сознавање, расказите на Леонардо откриваат
    еден лик и многу негови внатрешни гласови или обратно, мноштво
    ликови, а еден доминантен глас што раскажува.
    Леонардо, можеби и ненамерно, но секако интересно, си поигрува и
    со елементите на научната фантастика, креирајќи ликови или суш­тества кои во себе или околу себе носат енигма на мистичност, на чудесна интервенција од некој или нешто непознато.
    Текстовите откриваат и автор кој е упатен и пасиониран читател, со
    силно влијание од митологијата, од епската фантастика, од трилерот
    како литература или неговата екранизација.
    Дел од расказите лесно би можеле да бидат адаптирани за стрип,
    филм или видеоигра.
    Леонардо Змајшек пишува искрено, емотивно, со силна страст за
    метафори, градење слики и цели лични светови. Неговата книга и
    емотивниот вртлог во неа, за повозрасните читатели може да биде
    и силна шлаканица или одговор на прашањето ­ каков свет им оста­
    ваме на нашите деца

    280,00 ден
    Додај во кошничка