• img-book

    Патник

    Имам сѐ, а врз мапата

    на мојата душа празни места

    сѐ уште вдлабени. Неистражени

    предели каде што себе

    се канам на двобој, или на експедиција:

    по тој пат, нема што да се загуби.

    И кога ни се чини дека имаме сè, уште зјаат многу празнини во нас што пекаат за пополнување. Каде да ги најдеме „неистражените предели“ со кои можеме да ги населиме? Во себе да ги бараме или во светот за кој немаме чувство дека сосем му припаѓаме? И по кој пат да тргнеме кон нив – по тесната и длабока патека на душата или по широкиот друм на материјалниот свет опкружен со илузии, неискреност и „часови по измама“?… Но можеби уште поважно е на тој пат да не се изгубиме себеси.

    Виолета Танчева-Златева


    Часови по измама од: 200 ден
  • img-book

    Розана има само единаесет години кога се запознава со Роберто во кафеаната на своите родители во Неапол. Таа се вљубува во убавиот оперски пејач и се заколнува дека еден ден ќе се омажи за него. И Роберто не останува рамнодушен кон нејзиниот ангелски глас. И предвидува блескава иднина и ја убедува да почне да оди на часови по пеење.

    Благодарејќи на својот беспорен талент, Розана освојува стипендија за музичката школа во миланската “Скала”. Наскоро патот повторно и се вкрстува со патот на Роберто. Заедно ги освојуваат сцените на најпознатите оперски куќи во светот. Тие се неверојатен тим и во животот и покрај неговата репутација на кршач на женски срца. Нивната љубов е опсесивна, но и разорна, обележана од лаги и предавства. Но, тајните од минатото на Роберто се закануваат да испливаат на површината и да им ја затемнат среќата. Ќе успеат ли Розана и Роберто да ја зачуваат својата љубов кон музиката и еден кон друг?


  • img-book

    Реката е насекаде – во водата која тече во домовите, во нивните разбранувани тела, во снегулките што лебдат и ѝ се враќаат во течението.

    Што значи да се биде и колку сме изградени од она што било? Какви се водните тела? Дали човекот е растреперен бран и вода која е де во прилив де во одлив? Оваа приказна тече по коритото на животот барајќи го неговиот извор и обидувајќи се да ја спречи сушата.

    Безимената протагонистка и писателка во сенка од Сиднеј се враќа во родното Куманово, но наместо во градот од спомените доаѓа во сиво место задушено во смог, ѓубре и закопани соништа. Како носителка на богатата македонска традиција, баба ѝ ѝ открива дека во Куманово некогаш постоела речна плажа. И така главната хероина се впушта кон откривање на личните приказни и легендите, кон сувото речно корито, заедно со другарите од детството – дивиот таксист Гаврил и Јасна, фотографка која ги следи трагите на црниците. Барајќи го изворот на водата, тие несвесно си го бараат својот извор.

    И како што „Сè што користиме ни е позајмено, а наше е да го чуваме“, така вистината во оваа книга е позајмена. Ваше е да ја чувате книгава на полиците, а вистината за себе – во себе.


    Водни тела од: 250 ден
  • img-book

    Откривањето на тешките вистини си има своја цена, но и неспоредлива награда: слободата

     

    Мудри и забавни записи на психотерапевтката чии книги „Њујорк тајмс“ постојано ги прогласува за бестселери. Готлиб храбро ни го открива својот живот, и како психотерапевт и како пацент, следејќи ги вистините и лагите што си кажуваме себеси и на другите растргнати меѓу љубовта и омразата, вината и прошката, стравот и храброста да се впуштиме во промени.

    Иако сè поотворено разговараме на теми кои некогаш се сметаа за многу интимни, штом ќе се споменат анксиозноста и депресијата, веднаш замолчуваме. Затоа, секому му треба ваква книга  – „Можеби треба да разговараш со некого“ е толку искрена што прераснува во бунт кон стереотипите.

    Врвен психотерапевт кој им помага на луѓето да го изведат животот на прав пат, еден ден Лори Готлиб и самата запаѓа во ќор-сокак. Кога целиот нејзин свет се распаѓа, во нејзиниот живот влетува Вендел, терапевт од кого ќе побара помош. Зашто секому, па дури и на оние кои ги решаваат проблемите на другите, им е потребно место каде што ќе можат да ја покажат својата ранливост – и да поразговараат со некого.

     

    „Неодоливо патување низ човечката душа што нема да сакате никогаш да заврши.“

    Киркус ривју


  • img-book

    Една книга за иднината може да нè заинтересира единствено со тоа колку е веројатно да се остварат нејзините пророштва. A Хаксли во своето животно ремек-дело добро предвидел дека укинувањето на духовните науки и вредности за сметка на материјалните ќе го смени животот од корен. Дали ни се заканува свет составен од бесчувствени луѓе кои личат на машини и се грижат само за социјалната стабилност и опстанокот? Во футуристичкиот свет на Хаксли луѓето се создаваат во лаборатории, секој со однапред предодредена функција и класа. А изолирано од нив живеат нормалните, преостанатите дивјаци. Кога прекрасните нови луѓе ќе дојдат во допир со еден дивјак, започнува вистинското соочување со стварноста. Дистописката визија на Хаксли нè соочува со заканите пред кои е исправено човештвото, со надеж дека ќе нè освести пред нивната можна опасност.


  • img-book

    Да замислиме две нешта: Америка да биде личност, а не име на континент и да биде тој, а не таа. Значи, си имаме работа со Америка Берти, триесетгодишен маж чие искуство може да се спакува во џеб од панталони. Едноставен како „извини“ и повлечен како мирно море. Америка Берти, тоа триесетгодишно дете со големо име и со скромни барања. Да вози велосипед наоколу, да лови риба, да игра со своите поќерки и по посетата на поштарот, во осаменост да минува часови со писмата што никој не знае од кого и од каде пристигнуваат.

    Ајде сега да замислиме дека сме во Италија, од другата страна на Јадранското Море, и некаде меѓу Бриндизи и Монополи е скриено малото Тинтинио, место што го нема на географска карта, но во него гравитираат толку многу уникатни личности што го заслужува вниманието на светот.

    Кога тие две нешта ќе се спојат – чудните навики на еден интровертен човек и љубопитноста на провинцијата што живее од секојдневниот џагор – се создава дело што го носи шармот на приказните што се паметат цел живот.

    Роман за опојната привлечност на непознатото, роман за љубовта и пријателството, за потрагата по дом, за неможноста на простувањето, за апсурдот на заборавот, за отсуството како судбина и пред сè роман за утописката (не)моќ на зборот.


  • img-book

    Размислувајте позитивно и ќе активирате позитивни сили што носат позитивни резултати.

     

     

    „Моќта на позитивното мислење“ е една од најпродаваните книги на сите времиња, глобален бестселер преведен на 42 јазика и продаден во над 20 милиони примероци. Таа им помогна на многу луѓе низ светот да живеат целосно и исполнето преку инспиративната порака на Норман Винсент Пил за неопходноста од верба и позитивен став кон животот.

    Во овој исклучителен прирачник за исполнет, здрав и вреден живот, Пил со многу практични примери ни ја приближува моќта на верувањето и нејзиното директно благотворно влијание. Неговите практични техники ќе ве поттикнат да ги остварите сите свои амбиции и надежи и да постигнете душевен мир.

    Оваа едноставна и остварлива филозофија на животот ќе ве научи:

    • Да верувате во себеси и во сè што правите
    • Да стекнете решителност
    • Да развиете моќ за постигнување на поставените цели
    • Да си го подобрите здравјето
    • Да си овозможите непрестајна циркулација на позитивна енергија
    • Да ги отфрлите непотребните грижи и да живеете опуштено
    • Да ги подобрите личните и професионалните односи
    • Да преземете контрола над околностите
    • Да бидете љубезни – и со другите и со себеси.

  • img-book

    Наследство (Книга 1): Прозорецот

     

    Што ако обвинетиот ви каже дека зад убиството на неговата сакана стои „човекот од прозорецот“ на петти кат, без да објасни на кој начин тој се нашол таму? Би му поверувале ли?

    Што ако се работи за некаков паранормален феномен? Би се соочиле ли со него?

    Ако дознаете дека зад тоа се крие голем заговор и тајна организација која ќе ве прогонува? Ќе имате ли храброст да продолжите?

    Новинарот Мите е решен по секоја цена да ја открие мистеријата зад „човекот од прозорецот“, иако не е свесен што сè ќе треба да жртвува за да го направи тоа.

    Додека тој е посветен на истрагата на феноменот, неговата пријателка Катерина и неговиот татко Лазар бараат начин да му помогнат и да ја разоткријат тајната организација која се обидува да го спречи Мите, пред членовите од организацијата да успеат во тоа.


    Прозорецот од: 400 ден
  • img-book

    #7 СЕКТОРОТ Q

     

    Што може да открие едно едноставно селфи за три (навидум) среќни девојки?

    Тие се млади, убави, мрзливи и веќе со години го изигруваат државниот систем за да добијат социјална помош, така што секоја понудена работа ја одбегнуваат со разни оправдувања. И додека тие единствено се грижат за својот изглед и за обезбедувањето „спонзори“, не се ни свесни дека ѝ паѓаат во очи на една неурамнотежена личност што решила да го ослободи светот од ваквите „паразити“.

    За тоа време во парк во Копенхаген е откриено тело на постара жена. Случајот неверојатно потсетува на друго нерешено убиство од пред повеќе од десет години, иако врската меѓу жртвите ја збунува полицијата. Тие мислат дека сличностите се случајни, но, всушност, и тоа како се поврзани.

    Детективот Карл Морк и неговиот крајно симпатичен помошник Асад ќе се најдат пред тежок предизвик кога мрачното минато на нивната колешка Роуз, која е во тешка депресија, ќе се соочи со едно нерешено убиство.

    Дали тимот без нејзиното присуство ќе успее да се избори со сето тоа?

    И дали Секторот Q навистина ќе се спаси од згаснување?


    Селфи од: 550 ден
  • img-book

    „Пчелно семејство“ е збирка од седум раскази. Секој расказ застапува одреден обред или обичај од словенечката традиција, кои во делото на Мугерли се вметнати во поинаков контекст или во современи рамки, така што добиваат нова улога и добиваат нова смисла. Централна тема на секој расказ е семејството: било да е неостварено („Јаболкарка“), обединето и потоа раздвоено („Пламени јазици“) или некое што во нормални услови би можело да стане вистинско („Пчелно семејство“). Сите раскази, освен еден, се случуваат во сегашноста, но поради ритуалите и атмосферата се чинат безвременски. Авторката со јазична виртуозност нè внесува во свет што не го познаваме, иако живееме во него.

    Читајќи ги расказите, постојано преминуваме некакви граници – јазични, културни, политички, географски, но и оние што се поставени помеѓу реалноста и несвесното.

    Во 2021 година „Пчелно семејство“ ја добива престижната Награда за литература на Европската Унија.


  • img-book

    Книга за духовното издигнување, личните победи и враќањето на вистинскиот пат

    Луѓето пишуваат бидејќи никој не слуша.

    Од многутемина кои се соочуваат со анксиозноста, малкумина се тие кои ќе проговорат и ќе напишат некој ред, помагајќи им на другите и будејќи ја свеста на пошироката јавност. Но, може ли млад човек да говори за овие теми? Дали е потребно многу поголемо животно искуство за да се даде одговор на овој проблем?

    Староста не е од пресудно значење. Важен е интересот, искуството, зрелоста и вештините на личноста. Ова е спознавање на себеси, дел од развојот и растот на секоја личност. Ова е емоционален отскок на индивидуата, непријатен по својата манифестација, но важен за заокружувањето на тој процес.

    Книгата „Инспиративна вистина“ е наменета за општата јавност, за читателската публика која трага по разбирливи одговори во кои може да се пронајде и со кои може да се идентификува. Да се избере вистинскиот јазик за пренесување на мислите за оваа појава е комплицирано прашање, но играјќи на картата на искреноста, би рекле дека е најдобриот пат оваа книга да допре до секој читател.

     

    Зошто „Инспиративна вистина“?

    • Книга која ќе ви помогне да се запознаете себеси и да се фокусирате на остварувањето исклучителни резултати.
    • Приказна за духовното издигнување, личните победи и враќање на вистинскиот пат.
    • Надминете ја илузијата за однапред изгубените битки, активирајте се за победа!
    • Поздравете се со празнината, зрачете со вистинската вредност!
    • Не очекувајте надворешна слобода без внатрешен мир! Оваа книга нуди решение да ја остварите таа цел.

  • img-book

    Мартин држејки го в раце болното дете, истовремено плачеше со Силвана. Детето беше во бесознание, по нецели пет минути стигна докторот кој веднаш го зеде детето во своите раце и го внесе во болницата, каде што влегоа Веле, Мартин и Силвана. Персоналот на болницата се зачуди што го виде докторот со детето в раце бидејки беше на одмор. Тогаш персоналот почна да го прашува докторот, што се случува, а тој им кажа дека е итен случај и дека детето што го држи во рацете, е од негови блиски пријатели и персоналот се затрча.

    Дејствието на романот ,,наивност,, е во денешно време, тоа е една приказна што опишува наивноста до каде може да го доведе на човекот.


    Наивност од: 400 ден
  • img-book

    Најславниот детектив на светот, легендарната ѕвезда на романите на Агата Кристи, повторно ги активира своите „сиви ќелии“ и пристапува да реши една божиќна мистерија.

    Денот е 19 декември 1931 година, а Херкул Поаро и инспекторот Едвард Кечпул добиваат повик да истражат убиство на човек што се случило во навидум сосема безбедна средина: на оддел од болница во Норфолк. Мајката на Кечпул, Синтија, инсистира Поаро да престојува во трошна куќа на брегот, за сите да можат да бидат заедно за време на празниците додека Поаро го решава случајот. Пријателот на Синтија, Арнолд, набргу треба да биде примен во истата болница, а неговата сопруга е убедена дека токму тој ќе биде следната жртва на убиецот, иако одбива да објасни зошто мисли така.

    Поаро има помалку од седум дена да го реши злосторството и да спречи уште убиства, доколку сака да избега од кошмарно сценарио и да се врати дома за Божиќ. Во меѓувреме, некој бескрајно безмилосен има друга замисла за неговата судбина.

    Ќе успее ли Херкул Поаро навреме да го реши овој збунувачки случај?


  • img-book

    Десетина години откако е затворен најголемиот полициски случај во историјата на Италија, злото повторно чука на врата.

    Две години Калин е сокриен под таен идентитет во Лугано со своето семејство. Тој е четириесетгодишен оперативец од тајната полиција на Италија, кој повторно е активиран откако е пронајдено безживотното тело на неговиот поранешен шеф во пензија, Флорини. Покрај обесеното тело е оставена порака, а неговото име се наоѓа на неа. Сега мора да балансира помеѓу семејството и темните опасности кои демнат од минатото.

    Жедта за одмазда на убиецот е посилна од сè. Калин, заедно со агентот Џенаро, се впуштаат во комплексна истрага и навлегуваат во врзоп кој се обидуваат да го одмотаат и да го откријат серискиот убиец кој брутално убива невини жртви во Бергамо. Тој не само што остава иста порака по секое грозоморно дело туку изгледа како секогаш да е еден чекор пред нив…


  • img-book

    Не познавам ниту еден автор кој со зборовите може да ги долови глетките и со таква сила да ги оживее емоциите – да нѐ маѓепса и целосно да нѐ опчини – како што тоа го прави Ферид Мухиќ. Книгата зборува за пријателството и посветеноста, при што и авторот и шарпланинецот Бигор покажуваат еднаква верност станувајќи си еден на друг чувар, заштитник – поткрепа!

    Д-р Марија Дун, профeсорка на Универзитетот во Питсбург

    Трогателна сага за нераскинливата поврзаност меѓу човекот и песот, која спонтано прераснува во метафизичка ода на пријателството и неговата трансцендентна димензија, изземена од неумоливиот тек на времето – за да му ја подари на физичкиот свет есенцијалната состојка што самиот е конститутивно неспособен да ја изнедри, а без која „животот не е вреден за живеење“!

    Д-р Ана Димишковска, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје


  • img-book

    Оваа книга нема цел да обвини никого, напротив, ни овозможува да ги разбереме родителите на едно друго ниво што ќе нѐ научи како да ги излечиме раните од минатото.

    Децата не можат да си ги изберат родителите. За жал, многу од нив имаат емоционално незрели родители, а последиците од тоа ги чувствуваат цел живот. Да се разбере сопственото минато и да се види како влијае тоа врз сегашноста може да биде болен процес. Благодарение на клиничкиот психолог Линдзи Гибсон, можеме да се запознаеме со деструктивната природа на односите со родителите и да научиме како да се справиме со нив.

    Ако и вие сте растеле со недостапен или себичен родител, често од вас може да избиваат чувства на лутина, бес, осаменост или несигурност. Сетете се на сите ситуации во кои не ви биле задоволени емоционалните потреби, кога сте биле игнорирани или сте морале да преземате одговорност како да сте возрасни. Овие лузни можат да се излечат и од рани да станат двигател кон подобар и посреќен живот. Ако добро знаете што значи емоционална зрелост, ќе можете да го најдете и она што го барате.

    „Приоѓајќи им со мудрост и сочувство, Линдзи Гибсон им овозможува на читателите да ги согледаат и подобро да ги запознаат отровните врски, што го олеснува пронаоѓањето на нови, здрави патишта што ќе ги излечат. Оваа книга е моќна можност за да си помогнете самите себеси.“

    Томас Ф. Кеш