-
ТАЈНАТА ВРАТА НА УСПЕХОТ
0250,00 денРазликата меѓу успешните и неуспешните луѓе е во познавањето на начинот на кој се стигнува до целта. Тајната врата на успехот на Флоренс Сковел Шин ни покажува како да ја пронајдеме и да ја отклучиме вратата што води до тајното знаење за успехот.
Со едноставни и практични совети, Шин ни покажува како да ги отстраниме бариерите што нè спречуваат да доживееме вистинска љубов, да заработиме пари и да ги оствариме своите цели. Таа ни ја открива тајната врата која води кон исполнување на сето она што го посакуваме длабоко во себе. Ни објаснува како своите несреќи да ги претвориме во радост за само неколку дена. И како вистинскиот ментален став може да нè доведе до успех – зашто секој може да воспостави контрола врз ситуацијата и да постигне изобилство со помош на духовните закони што се закодирани во нас.
-
КАКО ДА СЕ ЗДОБИЈАТ ПРИЈАТЕЛИ И НАКЛОНОСТ НА ЛУЃЕТО
0400,00 денМОЌЕН И ДОКАЖАН ВОДИЧ ШТО ПОТТИКНА ИЛЈАДНИЦИ СЛАВНИ ЛУЃЕ ДА СТИГНАТ ДО ВРВОТ НА УСПЕХОТ ВО БИЗНИСОТ И ВО ЛИЧНИОТ ЖИВОТ
Книгата Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето е еднакво релевантна и корисна денес како и во времето кога била објавена, пред речиси 80 години. Тоа се должи на неверојатната умешност на Дејл Карнеги да проникне длабоко во човековата природа и да ги открие принципите врз чија основа секој човек можел да се развие и максимално да го искористи својот потенцијал. Според Карнеги, финансискиот успех не зависи толку од знаењето што го поседуваме колку од способноста да ги изразиме своите идеи, да преземеме лидерска улога и да го поттикнеме ентузијазмот кај луѓето.
Продадена во десетици милиони примероци низ светот, оваа книга содржи многу корисни совети за тоа како брзо и лесно да се здобиете со пријателството и наклоноста на луѓето, како да го зголемите своето влијание во работната средина, како да станете поефикасни, да ги поттикнувате моралот и ентузијазмот кај соработниците, а да ги избегнете недоразбирањата и расправиите во деловниот и семејниот живот.
-
СРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ ЧИТААТ И ПИЈАТ КАФЕ
0320,00 денСопруга, мајка и сопственичка на кафе-книжарницата Среќните луѓе читаат и пијат кафе во Париз, се чини дека Дијан има совршен живот. Но ненадејно ќе ги изгуби саканиот сопруг и ќерката и сè одненадеж застанува. Сè освен нејзиното срце, кое и натаму упорно и болно чука. Изгубена во спомените, таа повеќе не знае како да живее…
По една година ќе ги шокира семејството и пријателите одлучувајќи да се пресели во едно село на ирскиот брег. Конечно решена повторно да го изгради својот живот – сама. Таму ќе го запознае Едвард, таинствениот фотограф од соседството. Ќе си дозволи ли повторно да сака? Ќе го надвладее ли стравот дека со новата љубов ќе ги изневери саканите кои веќе ги нема?
„Трогателна приказна со многу дијалози која со лесен стил и со многу топлина и разбирање зборува за тоа дека можеме да ги преживееме и најтешките животни моменти.“ Ле паризјен
-
ТРЧАЊЕТО МЕ УЧИ
0250,00 денТрчањето ме учи е збирка текстови инспирирани и посветени на големата пасија на повеќекратниот државен шампион во трчање Кокан Ајановски. Тој ѝ е добро познат на јавноста по своите достигнувања на тркачките патеки – над 20 пати државен првак на Македонија во повеќе атлетски дисциплини – но и надвор од нив, како еден од амбасадорите на спортот кој секојдневно го популаризира и ја шири страста наречена трчање.
Овие кратки бисери се излезени од секојдневието на човекот за кого трчањето е многу повеќе од спорт – во трчањето Кокан ја пронаоѓа големата смисла на животот. Трчањето му е и животен учител чии лекции важат како на патеките така и надвор од нив. Сакајќи да сподели со вас дел од наученото, тој своите мали и големи откровенија ги пренесува на хартија, во текст полн со топлина и емоција.
Трчањето ме учи е книга полна со инспирација, мудрост, поуки, благодарност, љубов, и една посебна сила што постојано нè движи напред и нè поттикнува да истрчаме уште еден километар, да направиме уште еден напор – за да станеме подобри од она што веќе сме.
-
Сè е за*бано : книга за надежта
0390,00 денОд авторот на интернационалниот мегабестселер „Е, баш ме заболе“ доаѓа контраинтуитивен водич за проблемите со надежта.
Живееме во интересно време. Материјално, сè е подобро од кога и да е, но некако сè изгледа како да е непоправливо и ужасно заебано. Што се случува? Ако некој може да ја именува нашата моментна малодушност и да ни помогне да ја решиме, тоа е Марк Менсон.
Во „Сè е заебано“, Менсон исцртува планини од психолошки истражувања базирани на безвременската мудрост на Платон, Ниче, Кант, па и на Том Вејтс, за да ги дисецира религијата, политиката, парите, забавата и интернетот.
Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта. Еден од најголемите модерни автори напиша уште една книга што ќе ја постави агендата на годините што доаѓаат.
-
АТОМСКИ НАВИКИ
0850,00 денДали тешко ги менувате своите навики? Ако е така, проблемот не сте вие. Проблемот е во вашиот систем. Лошите навики се повторуваат одново и одново, не затоа што вие не сакате да се промените, туку затоа што имате погрешен систем за промена.
Оваа книга содржи проверен и докажан систем, кој може да ве издигне до нови височини.
Ќе научите како:
• да најдете време за нови навики;
• да го надминете недостигот на мотивација и на волја;
• да ја промените својата околина за да бидете поуспешни;
• да се вратите на патот кога ќе скршнете од курсот;
• и уште многу нешта…
„Атомски навики“ ќе го преобликуваат начинот на кој размислувате за успехот и за напредокот и ќе ви ги дадат потребните алатки и стратегии за трансформација на вашите навики – сеедно дали сте тим што сака да освои првенство, компанија што се стреми да се издигне над конкуренцијата или едноставно поединец што сака да престане да пуши, да ја намали тежината, да го победи стресот или да постигне некоја друга цел.
Навиките се оној ситен детаљ што може да донесе огромен пакет од позитивни промени кај секого од нас.
-
Ние не требаше да се сретнеме
0400,00 денКолку време и жртви се потребни за да се врати животот таков каков што бил пред доживеаната несреќа?
Доволен е само миг за да се промени нешто што го создаваме со години. Совршената хармонија на семејниот живот на галеристката Ада и ветеринарот Гзавие се уништува со една сообраќајна несреќа. Дали ќе успеат да се справат со фаталните последици, со предизвиканите физички и емотивни штети?
Ние не требаше да се сретнеме е приказна за загубата и повторното наоѓање, за еден љубовен триаголник и потребата од прошка и соземање. Роман за способноста да ја преобразиме траумата во прифаќање во процесот на надворешно и внатрешно закрепнување. Ќе успеат ли да се прифатат двајцата што несреќата случајно ги споила или ќе се покаат што се сретнале враќајќи им се на старите животи?
Животот е лесен кога сè е совршено, но треба да научиме да го сакаме и кога бара од нас повторно да го изградиме она што било урнато до темел.
-
Пресметка #2 Детската куќа
0400,00 денМалата Вака седи на студените скали пред своето ново училиште. Родителите веројатно заборавиле да ја земат. Немајќи избор, останува на скалите да чека. Но не е сама. Ѝ се придружува девојче од нејзиното одделение, кое веднаш го препознава поради необичната појава: му недостигаат два прста на едната рака. Девојчето дава предлог. Вака да го искористи телефон во домот на девојчето, а потоа ќе одат да си играат во собата на Вака. Но, откако ќе влезе во нивната куќа, веќе никогаш нема да излезе.
Дванаесет години подоцна, во истото училиште е пронајдено писмо со иницијали на луѓе што треба да умрат во 2016 година. Како овие настани повторно ги спојуваат детективот Хулдар и психологинката за деца Фреја? Каква е оваа пресметка?
По „ДНК“, втора книга од серијата „Детската куќа“.
-
Мачето Марко и кучето Дарко
0350,00 денКој вели дека кучето и мачето мора секогаш да се непријатели? Тие често во приказните и цртаните филмчиња не се трпат, се бркаат не се сакаат и се караат. Но, постојат и такви примери кога тие и покрај спротивностите се спријателуваат па дури и живеат заедно. За такво другарство зборува оваа сликовница…
-
Дрвото на животот
0350,00 ден“ДРВОТО НА ЖИВОТОТ – домот на врапчињата. Тоа дрво, како и сите дрвја на светот, се домот на сите птици и добронамерници, кои се вљубеници и чувари на природата. Затоа, приказната за врапчињата чиј дом, ќе доживее “земјотрес“ од чичковци во униформи, нѐ учи дека ние “човеците“, сме само дел од природата која е и наш дом. Да ја чуваме и зачуваме, бидејќи сѐ што е во неа, природно, ни дарува, кислород, што значи живот, но и убавнини и зеленила, кои пак ни даруваат здравје, мир и спокој.”
-
Азбука
0300,00 денАко вашето дете учи букви, ова е книга за него.
Ако вашето дете сака да црта, ова е книга за него.
Ако вашето дете сака приказни, ова е книга за него.
Ако ве интересира која буква од кој цртеж настанала, ако сакате да дознаете приказна за постанокот на секоја буква, ова е книга за вас и за вашето дете.
Помогнете му да ја прочита, изгледа и ислуша!
Заедно со Стела и Сани, цртаме по еден цртеж и раскажуваме по една приказна за секоја буква!
-
Без зборови
0350,00 денСе присилив да отидам до сцената и се свртив. Ова ќе биде најстрашното нешто што сум го сторил во животот. Погледнав надолу кон морето од светкави очи и се натерав да се фокусирам на следниот чекор. Требаше само да ги издржам следните пет минути, збор по збор. Тогаш ќе беше готово. Желе Мајлс порадо би играл видеоигри со најдобриот другар П. Б. отколку да се подготвува за натпревар во говорење. Всушност, порадо би правел сѐ друго. Затоа е изненаден како и сите други што сериозно го сфаќа годинашниот натпревар. Отпрвин, тоа го прави поради одличната награда. Но кога натпреварувањето ќе тргне наопаку, Желе сфаќа дека ова му е шанса конечно да ја победи сезнајката од неговиот клас. Со неговата репутација, самопочит и другарството што го става на прво место, може ли Желе да ја најде храброста да стане пред целото училиште и да покаже кој е всушност?
Урнебесно смешна, „Без зборови“ се занимава со тоа како да им се спротивставите на насилниците, да дознаете кои ви се пријатели и да го најдете вашиот уникатен глас.
-
За копчето и за среќата
0375,00 денКнигата што ги инспирира авторите на филмот „Ловци на вештерки“ Јован беше многу осамен сѐ додека не се појави едно сосема обично копче и – му се насмевна среќата! Ја запозна Милица и тоа пријателство му го смени животот. Засекогаш. Книга за осаменоста, за наоѓањето храброст, пријатели, самодоверба и – среќа. Книга за инклузија на децата со попреченост и за прифаќањето на различнстите. Награди и признанија: Награда „Доситејево перо“ за 2019 година.
-
Беззборовната Ела
0490,00 денПриказна за лековитата и разорната моќ на зборовите, како и за леснотијата со која им ставаме етикети на луѓето околу нас. Ела е мало девојче кое не зборува, но ги штити и ги чува зборовите како богатство, длабоко скриени во своето срце. Ела не зборува, но таа има прекрасни пријатели во нејзиниот богат имагинарен свет, како мачката без едно уво, чија опашка е едно рипче, едно глувче и еден тивок сив слон… Но, какво чудо ќе се случи кога момчето со црвено капче ќе стане дел од нејзиниот свет? Книгата е дел од каталогот „The White Ravens“ на 200 најдобри книги за деца и млади за 2016 година.
-
Скок во забранети
0600,00 денОд каде некои луѓе ја црпат својата бесконечна самодоверба?
Од грне на крајот од виножитото? Би сакала и јас да го најдам.
Скарлет Вандермир плива против струјата. Студентка на Стенфорд и натпреварувачка во скокови во вода, претпочита да чекори со спуштена глава, да ги избегнува забавите и да учи посветено за да се запише на медицинскиот факултет. Борејќи се да ја надмине старата повреда на рамото и да излезе од менталната блокада што се заканува да ѝ ја уништи кариерата, таа се убедува дека нема време за врски.
Но сето тоа е ставено на тест кога ќе стане свесна за постоењето на Лукас Бломквист – капитен на пливачкиот тим, светски шампион, поранешно момче на нејзината најдобра другарка.
На прв поглед, Лукас и Скарлет немаат ништо заедничко. Сè додека случајно не се открие една добро чувана тајна, која ќе промени сè.
Тензиите се зголемуваат – и поради приближувањето на олимписките квалификации и поради привлечноста меѓу нив. Она што почнува како необврзувачка авантура, постепено заличува на вистинска емотивна врска. Скарлет сфаќа дека нејзиното срце тоне во длабоки, забранети води…„Али Хејзелвуд заслужува златен медал за највозбудливата книга на годината.“
Лорен Ашер -
Додека летото не не раздели
0520,00 денЕдна мала лага. Еден непостоечки сопруг. И проблем што ескалира за 24 часа.
Скоти Прајс сакаше само да се вклопи. Но, кога ќе излаже дека е мажена, нема враќање назад. Затоа што некој забележува. Затоа што некој прашува. И затоа што одеднаш, мора да се појави сопругот.
И тогаш, доаѓа тој. Вајлдер Велс. Згоден. Шармантен. Опасно убедлив. Совршен за лага… и премногу реален за да остане само на тоа.
Но, кога играта ќе ги однесе на осумдневен камп за бракови со колегите како публика и сместени во иста соба – границата меѓу глумата и вистината почнува да се топи.
Погрешен сопруг. Погрешна ситуација. Совршено погрешни чувства. И овојпат – срцето не е дел од договорот.