-
Шармери од осмо
0250,00 денВо својот зелен нотес, будниот училиштен педагог Златан Самоилов запиша:„Мали вербални препукувања…“
Токму така почнува приказната за закачките помеѓу учениците од осмо-А и нивните врсници од осмо-Б одделение во училиштето „Септември“. Иако видно вознемирени и желни за одмазда, двете одделенија успеваат да најдат заеднички јазик и да ги премостат закачките и караниците, формирајќи заеднички тим за турнирот во мал фудбал. Нивниот тим „Шармери“ ги освојува срцата не само на девојчињата туку и на директорот на училиштето Бојан Милјановски, кој го одржува својот збор и ја закачува врамената фотографија на „Шармерите“ на ѕидот во својата канцеларија,
наспроти работната маса.
Шармот на младите „Шармери“ зрачи не само на фудбалскиот терен туку и надвор од него, вљубените срца почнуваат да бијат посилно…
-
Шах мат
0440,00 денНе постои нешто полошо од тоа да живееш врата до врата со твојот непријател од детството, освен можеби да си принуден да соработуваш со него на проектот од твоите соништа, да бидеш уценуван да се согласиш на нешто што едноставно знаеш дека не е во ред и некој да ти го краде какаото.
Сѐ додека има многу какао, алат во рака и успева да одолее на опасниот шарм на Конор О’Нил, Рори Џејмс би требало да може да го преживее проектот со сочуван здрав разум. Но, ако не успее… Веројатно ќе помине уште некоја ноќ во затвор, ќе добие уште некоја забрана за приближување и ќе го изгуби умот по човекот кој ѝ го уништува животот…
-
Шега
0360,00 денШега е првиот роман на Милан Кундера, напишан на чешки јазик и објавен во 1967 година. Дејството се протега од крајот на Втората светска војна до настаните пред Прашката пролет кон крајот на шеесеттите години од XX век во тогашна Чехословачка.
Роман за нарушената љубов и одмаздата, за разочарувањата од некогашните идеали и, како резултат на тоа, неретко гротескната верба во постигнување на мали, лични победи, за нераскинливата заемна проникнатост на шегата со нејзината неминовна повеќезначност – и неретко опачина…
Шега се вбројува во стоте книги на векот според „Ле монд“.
-
Шепкачот
6450,00 денПо ненадејната смрт на неговата млада жена, Том Кенеди смета дека она што може да им помогне нему и на неговото мало синче да си дојдат на себе е нов почеток. Нов град, нова куќа. Федербенк.
Но градот што го одбираат има мрачно минато. Пред дваесет години, во тој град, сериски убиец киднапирал и убил пет деца. Убиецот Френк Картер го добил прекарот „Шепкачот“ затоа што ги намамувал жртвите така што им шепотел под прозорците ноќе.
И баш кога Том и Џејк се сместуваат во нивната нова куќа, повторно исчезнува мало дете. Неговото исчезнување страшно потсетува на случаите на Френк Картер, па иако тој е во затвор, почнуваат да се шират гласини дека е можно да има соучесник. Детективите Аманда Бек и Пит Вилис мора да го најдат момчето, па макар и по цена Пит да влезе во затворот за да се соочи со својот стар непријател: Шепкачот.
И тогаш Џејк почнува да се однесува чудно. Слуша шепотење под својот прозорец ноќе…
-
Шепотот на судбината
0390,00 денТаа не верува дека некогаш повторно ќе љуби, бидејќи смета дека во животот, човек само еднаш може да доживее вистинска, длабока, исконска љубов. Затоа, по драмата која ѝ го менува светот од корен, Стела Еванс бега од секој маж кој сака да ѝ се доближи поблиску од она што за неа е прифатливо. Посветена на својата професија, и во постојан обид да си ја излекува расрквавената душа, ќе успее ли да го наслушне шепотот на судбината и да се соочи со сенките кои истата ќе ѝ ги врати од минатото?
Тој е силен, убиствено згоден, неприкосновен шармер, на којшто ниедна жена не може да му одолее. Но, тој нема доверба во ниту една претставничка на понежниот пол, па затоа отворено им ги кажува своите намери, а тоа подразбира само добар секс и ништо повеќе. Кога најмалку очекува, Брајан Купер ќе се соочи со животен пресврт во кој може да изгуби сé, но и многу да добие. Кога во непредвидени околности ја запознава храбрата, синоока убавица, ќе успее ли комплетно да ѝ верува или ќе продолжи тврдоглаво да се спротивставува на она што за него го има смислено судбината?
-
Шерлок Холмс: Студија во скарлетна боја
0249,00 денТело за кое се смета дека е лицето И. Џ. ДРЕБЕР е откриено сношти во празна куќа во Лондон. Нема очигледна причина за СМРТТА. Неговата адреса е Кливленд, Охајо. Секоја информација е добредојдена.
По мистериозното убиство, полицијата е збунета, па најпознатиот детектив аматер на светот е замолен да помогне во истрагата. Заедно со д-р Вотсон, Шерлок Холмс тргнува во потрага за откривање на една одмазда, која оди подлабоко од сите можни претпоставки.
-
Шерлок Холмс: Вампирот од Сасекс
0199,00 денГосподине – нашиот клиент, господинот Роберт Фергусон, ни се обрати во врска со ВАМПИРИ. Со оглед на тоа што сме инженерска фирма, за жал темата не е некоја на којашто можеме да дадеме стручно мислење. Можеби вие ќе можете да бидете од поголема ПОМОШ.
Холмс и Вотсон се соочуваат со најчудниот случај дотогаш. Еден вознемирен сопруг доаѓа кај нив да побара помош, очајно сакајќи да го разбере чудното однесување на неговата жена. Таа е фатена на дело како ја цица крвта на сопственото бебе! А сепак, вампирите се измислени, тие не постојат… нели?
-
Шерлок Холмс: Велепоседниците од Рајгејт
0199,00 денВилијам Кирван, кочијашот на семејството Канингем, вчеравечер бил УБИЕН додека го штител имотот на господарот.
Ова е втора ПРОВАЛА во областа за помалку од една недела.
Со надеж дека ќе му помогне на Холмс побрзо да закрепне по еден особено напорен случај, Вотсон договара посета на пријателот на село. Но, по кражбата што ја остава збунета локалната полиција, Холмс е вовлечен во мрежа од лаги, уцени и убиство. Самиот мора да ги најде натрапниците – ако успее да го преживее случајот…
-
Шерлок Холмс: Дамата со превез
0199,00 денПред седум години во селцето Абас Парва се случил страшен инцидент. Господинот Рондер, сопственикот на ЦИРКУСОТ СО ДИВИ ЖИВОТНИ, го загубил животот откако бил НАПАДНАТ од избеган лав. Холмс се соочува со стара мистерија откако добива покана да ја посети дамата која одбива да си го прикаже ликот. Грозоморното злосторство од пред седум години остава ужасни последици, а Холмс е единствениот кој може да ја спаси дамата со превезот од сопствената совест.
-
Шерлок Холмс: Знакот на четворката
0269,00 денБиди до третиот столб одлево пред театарот Лицеум ВЕЧЕРВА во деветнаесет часот. Ти си жена на која ѝ имаат згрешено и ќе ја добиеш ПРАВДАТА. Немој да повикуваш полиција. Ако повикаш, сè ќе биде залудно.
Кога го замолија Холмс да ја погледне мистериозната порака што ѝ пристигна на Мери Морстен, ниту тој, ниту, пак, Вотсон очекуваа дека ќе бидат вовлечени во предавничка пајажина стара неколку децении. Набрзо ќе почнат и опасни експедиции под сјајот на месечевата светлина за да го разоткријат значењето на знакот на четворката и да го решат одамна закопаниот криминал.
-
Шерлок Холмс: Поморската спогодба
0199,00 денВотсон, би можел ли да го доведеш твојот пријател Шерлок Холмс да се види со мене? Моето работно место во МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ се чинеше безбедно додека не се случи оваа ужасна катастрофа. Се плашам дека мојата кариера е УНИШТЕНА!
Војната станува вистинска закана откако ќе биде украден таен документ од Министерството за надворешни работи. Но, зошто крадецот чекал десет недели за да го продаде? Холмс и Вотсон се втурнати во светот на меѓународната дипломатија само за да откријат дека опасноста може да дојде од неочекувана страна.
-
Шерлок Холмс: Синиот гранат
0199,00 денВчера од кутијата со накит на грофицата Моркар бил УКРАДЕН скапоцен дијамант, познат како Син Гранат. Грофицата нуди награда од ИЛЈАДА фунти за оној што ќе ѝ помогне да го врати скапоцениот камен…
Додека полицијата се обидува да го најде украдениот дијамант, Холмс се труди да го најде сопственикот на една божиќна вечера. Но, откако детективот случајно ќе наиде на дијамантот, Холмс и Вотсон влегуваат во трка со времето за да спасат невин живот.
-
Шерлок Холмс: Сојузот на црвенокосите
0199,00 денСОЈУЗОТ НА ЦРВЕНОКОСИТЕ има потреба од нов член кој би помагал со извесни мали обврски. Платата за оваа позиција ќе биде ЧЕТИРИ фунти неделно. Сите црвенокоси мажи со добро здравје и со навршени дваесет и една година ќе бидат земени предвид.
Откако добро платената работна позиција на Џабез Вилсон во Сојузот неочекувано се затвора, тој го замолува Холмс да дознае зошто. Она што почнува како секојдневна истрага се претвора во вечерна заседа во која Холмс се обидува да спречи неверојатна кражба.
-
Шефот од соништата
0420,00 денВечерта кога го запознав Чејс Паркер, не оставив добар прв впечаток. Се криев во ходник пред тоалетите во еден ресторан за да ѝ оставам порака на мојата најдобра другарка да ме спаси од ужасниот прв состанок. Тој го наслушнал мојот муабет и ми рече дека сум кучка, а потоа продолжи да ми дели љубовни совети. Па му реков да си брка негова работа на тоа високо, арогантно, згодно копиле и си се вратив на мојот состанок.
Кога помина покрај мојата маса, цинично се насмевна и го гледав како самобендисано се враќа на масата кај неговата придружничка. Толку бев изиритирана од неговата дрскост, што не можев да не ѕиркам повремено во негов правец во текот на вечерта. И се разбира, ме забележа повеќе од еднаш, и ми намигна.
Кога згодниот непознат маж и неговата подеднакво секси девојка одеднаш дојдоа на нашата маса, мислев дека ќе ме издаде. Но тој се преправаше дека се знаеме и почна да раскажува детални, засрамувачки приказни од нашето фиктивно детство. И мојот здодевен состанок одеднаш стана бизарно возбудлив. Кога се разделивме, мислев на него повеќе отколку што требаше, иако знаев дека никогаш веќе нема да го видам. Мислам, колкави се шансите да налетам на него во град со осум милиони луѓе? Колкави се шансите да излезе дека некој месец подоцна, баш тој ќе ми биде новиот секси шеф?
-
Шинела и други раскази
0400,00 денПрозата на Николај В. Гогољ стои во основите на модерната европската литература, како претходник на Франц Кафка, но и како мајстор на гротеската.
Гогољ живее и твори на преминот меѓу две големи книжевно-историски епохи романтизмот и реализмот, при што неговите дела ги имаат карактеристиките на двата правци. Извршил големо влијание на подоцнежните руски реалисти, но и на модернистите. Иако расказите му се проникнати со типично руска атмосфера, успеал да создаде општочовечки и универзални дела. Гогољ ни укажа на сличностите на нашиот свет со пеколот, на истоветноста меѓу сонот и јавето, на алогичното и баналното како клучни во нашето постоење, на невозможното како возможно и на тенката линија што го дели лудилото од уметноста. Полни со имагинација и безвремени, неговите раскази остануваат свежи и значајни денес исто толку колку што биле во времето кога се појавиле.
Од „Виј“ и „Нос“ до „Портрет“ и „Шинела“, оваа збирка ни ги носи осумте раскази на Гогољ кои се вброени во класичните дела на руската и светската литература.
-
Школа за извонредност
0420,00 денКога поради сериозна повреда останува без работа и практично живее на каучот на сестра му, познатиот професионален рагбист Луис Хаус сфаќа дека мора да направи некоја промена во животот. Почнува да контактира со луѓе на кои им се воодушевува, во потрага по ментори, а и да ги применува советите на старите тренери, пренасочувајќи ги од спортот директно во животот. И успева да изгради мултимилионски онлајн бизнис.
Во Школа за извонредност, Хаус ги споделува најважните совети и навики на голем број извонредни луѓе, сѐ што дознал од нив за тоа како да се живее извонреден живот. Низ разговори со спортски шампиони и бизнисмени милијардери, Хаус се обидува да открие што е потребно за да бидеме извонредни во животот, успешни на секое поле, и да достигнеме величие кое не го достигнува баш секој. И сфаќа дека овие великани не се успешни затоа што им се насмеала среќата во животот или едноставно се родени исклучително талентирани, туку имаат одредени навики и алатки со кои ги надминуваат пречките во животот.
Школа за извонредност е водич за личен развој кој ви дава алатки, знаење и ресурси за остварување на вашиот максимален потенцијал. Лекциите на Хаус докажуваат дека секој е способен за постигнување исклучителен успех и дека сите можеме да се стремиме кон извонредност во нашите секојдневни животи.
