-
Белата тврдина
0360,00 денОрхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите дела се занимаваат со соочувањата помеѓу Истокот и Западот, со проблемите на уметноста и на идентитетот, а честопати се споредувани со оние на Џојс, Набоков и Маркес.
Еден млад Италијанец, кој патува од Венеција кон Неапол, е заробен од страна на отоманската флота и однесен во ропство во Истанбул. Таму, во јадрото на големата Империја, му е предаден на турскиот пронаоѓач наречен едноставно „учителот“, кој е негов идентичен двојник! Робот е принуден да го научи „учителот“ на сè што знае за науката, технологијата и медицината, но, исто така, и да му ги открие своите најдлабоки тајни.
„Белата тврдина“ е третиот роман на Орхан Памук, во кој на интересен и возбудлив начин се испреплетуваат историјата и фикцијата, Истокот и Западот, науката и војната – сè во обид да се одговори прашањето: Кој сум „јас“?
-
Истанбул
0450,00 денУште од најрано детство длабоко во себе верував дека во мојот свет постои нешто повеќе од она што го гледав: дека некаде на улиците во Истанбул, во куќа слична на нашата, живее некој друг Орхан, толку сличен на мене што би можел да ми биде близнак, па дури и двојник. Не можам да се сетам кога и од каде првпат ми се појави таа помисла. Веројатно настанала како плод на долгогодишна мрежа од шпекулации, недоразбирања, илузии и стравови. Но, во едно од моите најрани сеќавања станува малку појасно како се роди приказната за другиот јас.
Кога имав пет години, кусо време живеев во друга куќа. По една од нивните жестоки расправии, моите родители заминаа за Париз и решија јас и брат ми да останеме во Истанбул, но нè сместија во различни куќи. Брат ми остана во срцевината на семејството со нашата баба во апартманите „Памук“ во Нишанташи, додека мене ме пратија да живеам со тетка ми во Џихангир. На едниот ѕид во таа куќа, каде што секогаш ме дочекуваа со многу љубов, висеше слика од детенце, и одвреме-навреме тетка ми и тетин ми ќе покажеа кон неа и низ насмевка ќе речеа: „Погледни! Тоа си ти!“ -
ЗАВЕТОТ НА КОСКИТЕ
0500,00 денДоволен е само еден збор за да воскреснат духовите од минатото!
Бастанската трилогија продолжува со уште една маестрално раскажана приказна во чие средиште е непоколебливата инспекторка Амаја Саласар.
Една година по апсењето на Јасон Медина поради силување и убиство на паштерката, инспекторката од Регионалната полиција Амаја Саласар има уште една обврска пред да отиде на породилно отсуство – да присуствува на судењето на Медина. Ненадејно судијата објавува дека судењето се прекинува. Тоа предизвикува општа вознемиреност кај присутните, но судијата нема избор. Обвинетиот се самоубил во тоалетот и оставил мистериозна порака за Амаја, писмо со само еден збор: „Тарттало“.
Што крие мистериозната порака што упатува на мрачно суштество од баскиската митологија? За да ја открие вистината, Амаја повторно ќе мора да се соочи со своите стравови од минатото и да се врати во родниот крај, во кој истрагата ќе добие застрашувачки заплет.
-
ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА НА ЗМЕЈ
0500,00 денКако и секоја година, и овој први ноември на поранешниот индустриски магнат Хенрик Вангер за роденден му пристигна необичен подарок – уште еден потсетник на таинствената случка од минатото, што претставува неподносливо време за старецот. Затоа сака да се обиде уште еднаш, пред смртта, да ја разреши мистеријата што го измачува со децении…Микаел Блумквист е еден од водечките шведски економски новинари и косопственик на магазинот Милениум. Познат е како бескомпромисен борец за расветлување на економските малверзации, со беспрекорна кариера и извонредна репутација. Кога ќе го осудат за клевета на еден бизнисмен, ќе се најде на животна и деловна пресвртница. Токму тогаш ја добива неочекуваната понуда од Хенрик Вангер… Бледа и со анорексичен изглед, истетовирана, со речиси избричена глава, со пирс на носот и на веѓата – Лизбет Саландер е најдобриот истражувач во една престижна стокхолмска фирма за обезбедување. Патиштата на познатиот новинар и на оваа мистериозна девојка се вкрстуваат, и не само што ќе се соочат со мистеријата од минатото туку и со аномалиите на современиот општествен поредок, што доведува до изразување на најлошите човечки особини.
Најголемиот шведски феномен од времето на групата АББА. Пипл
Замислете си ги филмовите на Ингмар Бергман вкрстени со романот Кога јагнињата ќе стивнат на Томас Херис. Ју-ес-еј тудеј
-
Кифличката Мирна
0250,00 ден„Како се викаш?“
„Не знам. А ти?“
„Мирна.“
„Од каде знаеш?“
„Мајка ми ми кажа веднаш кога се родив.“
„А зошто мене мајка ми не ми кажа?“
„Не знам.”
Разговорот се скина, но тишината продолжи да ги поврзува нашите срца.
-
Лесната принцеза
0159,00 денМногу добро е познато дека на новородена принцеза може да и биде фрлена клетва, особено ако нејзините кралски родители заборават на крштавањето да поканат важен роднина со волшебни моќи. Но, никогаш не се чуло за таква клетва каква што ќе биде фрлена на Лесната принцеза. Освен што нема гравитација, таа не умее да сфати никого сериозно. Уште полошо, таа може да биде оддувана и од најмалото ветре! Но, дали може убавиот принц да и помогне да застане на земја?
-
Кралот на златната река
0159,00 ден„Кралот на Златната река“ е приказна за младиот Глук, своеглаво момче со двајца ужасни браќа кои постојано го малтретираат.
Еден ден, Глук и браќата тргнуваат да го бараат изворот на Златната река.
Кога ќе го најдат, се сретнуваат со кралот на Златната река, кој им покажува како да ја претворат Златната река во вистинско злато.
Популарната детска приказна „Кралот на Златната река“ ја пренесува поуката дека ако некој ги сака парите повеќе од луѓето, секогаш завршува лошо.
-
Принцезата и гоблинот
0199,00 денПринцезата Ирина живее осамен живот во еден замок, во див, непрооден и самотен планински предел.
Еден дождлив и здодевен ден во замокот, кога нејзината дадилка ќе ја остави сама, таа открива стрми, кривулести скали што ги нема видено претходно. Скалите водат до еден чуден лавиринт од ходници, празни соби и заклучени врати и кон нови скали што водат кон највисоките делови од замокот.
Што ќе пронајде принцезата таму? Дали прстенот што ќе го добие како подарко за една мистериозна личност може да ја заштити од страшните гоблини под планината?
Дали можеби нејзиниот нов приајтелКурди, синот на рударот Петар, може да и помогне?
-
-
Токму такви приказни
0199,00 денЕднаш многу одамна, најмили мои…
Вака почнува оваа класична збирка на прекрасни, фантастични приказни за тоа како нештата во светот станале токму такви какви што се.
Во оваа книга ќе прочитате приказна за тоа како мрзливата камила си најде грпка и како со неговата голема љубопитност слонот си доби сурла. Ни открива и како настана грлото на китот и зошто секој носорог има набрана кожа и постојано е мошне лошо расположен. Исто така, ќе дознаеме и за итрата мачка што шеташе сама и како настанаа шарите на леопардот.
-
Морските самовили
0199,00 денМајра Грифитс, со прекар Патче, е малечко девојче кое живее во една дрвена куќичка на морскиот брег, заедно со татко ù, капетан на едреник, мајка ù и еден стар пензиониран морнар со дрвена нога – капетанот Бил. Патче и капетанот Бил најчесто ги поминуваат деновите на плажите во близина на куќичката или, пак, пловејќи во чамец покрај брегот.
Еден ден, Патче посакува да види сирена и, навистина, нејзината желба се исполнува. Сирените им објаснуваат на капетанот Бил и на Патче дека тие се добри морски самовили и ги канат да го посетат нивниот подводен свет, така што и самите ќе станат сирени. Патче е воодушевена од овој предлог, а капетанот Бил не сака да ја пушти да оди сама, па заедно се впуштаат во оваа неверојатна авантура. Но, тука е и лошиот маѓесник Зог, кој е заколнат непријател на сирените.
-
-
Волшебникот од Оз
0290,00 денСледи ја патеката од жолти тули! Дороти мисли дека никогаш нема да се врати дома, откако торнадо ја вовлекува неа и нејзиното кученце Тото и потоа ги исфрла во еден магичен свет. За да стигне дома, Дороти прво мора да го најде волшебникот од Смарагдниот град Оз.
По пат ги сретнува Страшилото, Лимениот дрвосечач и Плашливиот лав.
Но, Злобната вештерка од Западот има свои планови за девојчето!
Дали Дороти ќе успее да се врати дома?
-
-
Сакам дома!
0275,00 денИ така падна одлуката. Во истиов миг поаѓа во потрага по нови родители. Само уште да смисли каде да ги најде. Во соседството? Во некоја соседна држава? Во Европа? Африка? Австралија? На Северниот Пол? Во огласите? На „Фејсбук“? Стоп! Ништо од сето ова. За едно толку симпатично и умно момче, каков што е Никола, родителите можат да се најдат само на некоја друга планета.
Деца, појдете со Никола во потрага по совршените родители. Ве очекуваат комични, всушност, космички авантури, преполни со мали чуда, џиновски солзи, смешни зборови и опасни игри.
Предупредување:
– Кај искусните читатели може да се јави желба книгата да се прочита уште еднаш.
– Кај читателите-почетници можна е појава на самостојно читање.
– Што ќе се случи со оние што не знаат да читаат не вреди да се пишува, затоа што нема да можат да прочитаат.
-
Чорапојадци
0380,00 денДали ви се случува да ви исчезне еден чорап?
Не зборувам за оние што ќе ги однесе ветрот од жица или ќе пропаднат зад фиоката или, пак, ќе ги проголта машината за перење алишта, па потоа ги наоѓате.
Зборувам за чорапите кои мистериозно исчезнуваат засекогаш, се губат некаде каде што не е можно да се изгуби нешто, за чорапите кои сега биле тука, а одеднаш веќе не се, па наместо две исти, наоѓате само една.
А потоа…потоа носите распар чорапи, па излегувате расеани или ве обвинуваат дека сте неуредни и дека не ги чувате работите.
Знаете на што мислам? Не грижете се – тоа им се случува на сите. А не е ни чудо, кога во нашите куќи и станови живеат чорапојадци, суштества кои јадат распар чорапи.
Како, не сте слушнале за нив? Прочитајте ја ова книга и ќе дознаете сѐ за тајниот свет на чорапојадците.