-
Кучето и зајакот
0168,00 ден„Јас можам да трчам побрзо од тебе“, рекол зајакот.
„Е, како не“, рекло кучето. „Јас сум побрз!“
Се расправале вака, па решиле да се тркаат.
Одредиле една линија што ќе биде „старт“ и уште една што ќе биде „цел“, застанале на стартот и… трката почнала!
-
Другарска азбука
0200,00 денПред вас стои една сликовница што ќе ве упати во светот на буквите, на пишувањето, на запознавањето со кирилското псимо. Во неа, на забавен и на шаренолик начин преку римувани строфи ќе дознаете повеќе за другарството, за заемните игри, понекогаш и за работните задачи на момчиња и девојчиња, чиишто имиња почнуваат со иста буква.
-
Харемот на Гадафи
0300,00 денСораја не е како повеќето тинејџерки на светот: наместо на својата полуматура, таа треба да мисли како да не биде уште еднаш силувана од обожаваниот либиски претседател. Кога на 15 години ќе добие покана да го посети Муамер Гадафи, пресреќната Сораја нема да може ниту да претпостави дека пречекорувајќи го прагот на неговата палата, таа всушност влегува во еден од најужасните хареми на модерното време.
Оваа фасцинантна книга на новинарката на Le Monde Аник Кожан ја раскажува приказната за Сораја само како вовед во судбината на илјадниците либиски сексуални робинки кои биле дел од најсуровите фантазии на политичкиот лидер на оваа земја: од стомачните танци, преку различните видови понижувања, па сè до тајната зелена соба на претседателот во рамките на Универзитетот во која била проверувана (а потоа и одземана) невиноста на околните студентки.
И тука не завршува сè. Во другите земји, повеќето девојки барем можат да најдат сочувство за страдањето штом еднаш ќе избегаат. Во Либија – тие се потоа блудници и предавнички; предмет за потсмев и критика; тепани и убивани. Дури и од нивните семејства.
Аник Кожан е дописник за француското списание Le Monde и е една од најценетите новинарки во Франција. Таа е претседател на комисијата за Prix Albert Londres, а и самата е добитник на истата награда во 1996 година. Автор е на бројни книги, меѓу кои и контроверзната сторија за малолетната Сораја и харемот на Муарем Гадафи, наслов кој само во Франција во првата година беше распродаден во над 100.000 копии. Книгата е од неодамна преведена и на арапски – можеби еден мал зрак надеж за многуте познати и непознати Сораи чиј глас досега не допрел до развиениот свет.
-
Есента на патријархот
0500,00 денТатко на пет илјади деца — сите недоносенчиња — од огромен број љубовници кои без љубов се менуваат во неговиот харем, неименуваниот патријарх од насловот со титула генерал на вселената, доживотниот тиран над една карипска нација, умира на неодредена возраст меѓу сто седум и двесте триесет и две години.
Зад него, наместо моќта да му наредува на мракот или да прогласува ран процут на ружите, останува низ од фантазмагорични визии за сè што било и сè што можело да биде поинаку.
Од привидна милосрдност до најкрупни измами, од добродетелство до ужас, од богобојазливост до екстремна суровост, диктаторот го отелотворува најдоброто, најперфидното и најлошото во човековата природа. Ова е неговиот живописно преувеличен портрет — во затворот на неговата сопствена диктатура и уморна, но неизбежна совест.
-
Хроника на една најавена смрт
0300,00 денДваесет и седум години подоцна, неименуван новинар се обидува да го истражи убиството на Сантјаго Насар. Сведоците ги откриваат контурите на приказната: неколку часови по венчавката со Анхела Викарио, Бајардо Сан Роман ја враќа својата свршеница кај нејзините родители, тврдејќи дека не е невина. Анхела е принудена да го каже името на својот прв љубовник; нејзините браќа, близнаците Пабло и Педро Викарио, мигновно ја искажуваат својата намера да го убијат.
Но, меѓу одлуката и чинот на убиството стојат неколку луѓе што знаат дека ќе се случи и достатно време да го спречат. И додека истрагата разоткрива зошто ниту едното ниту другото не биле доволни, една цела заедница — а не само убијците — е исправена пред застрашувачка пресуда.
-
На полковникот нема кој да му пишува
0300,00 денЕден пензиониран полковник, ветеран од Илјададневната војна, петнаесет години по ветувањето и официјалната одлука, ја чека својата пензија. Во меѓувреме, живее во скудни услови со својата жена-астматичар и еден петел, единствениот спомен од неговиот неодамна убиен син Агустин.
Болеста на жена му, безизгледноста на пензиските примања и хроничниот недостиг на средства го изложуваат полковникот на една незгодна неизбежност: да го продаде својот високо ценет петел, непоразен во арената.
Но — соочени со гордоста и достоинството — и неизбежностите се чинат минливи.
-
Нултиот број
0360,00 денКолона е недипломиран педестгодишен преведувач од германски и повремен писател од сенка кој добива примамлива понуда од главниот уредник на еден весник во подготовка да напише фактивни мемоари за неговиот настанок. Идејата зад таблоидот, остроумно насловен „Утре“, е да биде необјавен ретроактивен запис на идни настани – погодна тактика за условување на низа личности на високи позиции кои не би можеле да ја знаат точната дата на која се пишувани вестите.
Наскоро Колона се запознава со редакцискиот тим на „Утре“. Меѓу неколкуте живописни ликови се издвојува параноикот Брагадочо, кој е убеден дека Мусолини бил жив дваесетина години по неговата наводна смрт и дека целата историја на Италија е еден голем заговор за затскривање на овој податок. Еден трагичен настан ќе го натера Колона да открие дека приказните на Брагадочо би можеле да бидат исто толку вистинити колку и оние на официјалните историографи.
-
Баудолино
0500,00 денВистинската лекција по историја има една порака: не постои апсолутна вистина. Па така, Умберто Еко во романот „Баудолино“ нарацијата му ја предава на еден италијански селанец, кој со својот талент за јазици и вештина за лажење успева да стане посвоен син на императорот Фридрих Барбароса. Повикувајќи се на човековата потреба од приказни – митови, бајки, истории, хроники, семејни традиции, религии, науки – „Баудолино“ ги допира речиси сите средновековни теми: крстоносните војни, трубадурите, легендата за Светиот Грал, улогата и влијанието на Евреите во овој период и вечната борба за моќ помеѓу папата и императорот, истовремено понудувајќи една посмодерна рефлексија на таканаречената сегашност. Возбудлив и игрив, „Баудолино“ заведува со својот свет на лавиринти, дигресии, прекажаности, полувистини, фантазии и фантастики, тајни истории и детективски драми, еден свет во кој веќе не се знае што е историја, а што мит…
-
Виор од лисје
0350,00 денНиз малото гратче Макондо минува вистински виор од луѓе, складишта и најразлични локали за лесна и брза забава, при што жителите на гратчето се наоѓаат затекнати среде вистински хаос од ѓубре и смрдеа, што го прави местото каде што живеат непрепознатливо. Кога компанијата за банани го напушта градот исто толку брзо како што и доаѓа, на оние што остануваат не им останува ништо освен празнина и распаѓање.
Во оваа уништена и бездушна пустелија останат е уште еден, последен, честит човек. Тоа е Полковникот, кој е цврсто решен да исполни едно одамна дадено ветување, без оглед колку и да е тоа неприфатливо од заедницата. Кога презрениот Доктор умира, тој е оној кој на себе ги зема товарот и одговорноста за оргнизирање на неговиот скромен, но достоинствен погреб, што ги споделува со својата ќерка и со својот внук, неговата единствена придружба на закопот, додека преостанатите жители на Макондо со задоволство би го оставиле Докторот да изгние онаму каде што починал, незгрижен и заборавен.
-
Љубопитникот
0190,00 денОсаменоста во гранична ситуација, потрагата по вистинското, автентично „јас“ и смртта се трите главни теми во творештвото на германскиот писател Ханс Ерих Носак, добитникот на книжевната награда „Бихнер“ за 1961 година.
„Љубопитникот“ е еден подолг расказ што на извонреден начин претставува пресек на трите главни теми околу кои се одвива творештвото на Носак. Станува збор на внатрешен монолог на една свест најпрвин ставена во форма и тело на риба, која постепено, со посредство и благодарение на искуството, еволуира – во водоземец и неговата свест.
„Ништото“ на Носак не е побивање на постоењето, туку сè уште неоткриена територија, зачекорување во непознатото и претходно забрануваното и табуизираното, макар да се работи и за еден единствен чекор.
-
Ноќта
0200,00 ден„Му се доверив на мојот млад посетител дека ниту една слика на тие мрачни денови не ме допрела толку како вагоните полни со еврејски деца, на железничката станица во Остерлиц… Јас не сум ги видел со сопствени очи, но жена ми ми ги опишуваше, сè уште исполнета со ужасот што го чувствувала. Тогаш ништо не знаевме за методите на истребување на нацистите. А кој би можел да замисли такво нешто! Но, тие јагниња одделени од нивните мајки, тоа веќе беше повеќе од тоа што мислевме дека е возможно. Тој ден мислам дека првпат ја допрев мистеријата на неправдата, чиешто откритие го означи крајот на една ера и почетокот на друга. Сонот што западниот човек го имаше во XVIII век и кој мислеше дека во 1789 година конечно ја виде светлината на денот, а до втори август 1914 година се засилуваше со напредокот на просветителството и откривањето на науката, тој сон на крајот за мене се распрсна пред овие вагони натоварени со мали момчиња, а воопшто не ми паѓаше на ум дека со нив ќе ги наполнат гасните комори и крематориумите.“
Франсоа Моријак
-
МАЛИОТ ПРИНЦ
0150,00 денПогледнат низ детските очи, светот е енигма, често драматична. Затоа Малиот принц не престанува да поставува прашања за смислата на животот. Одговорите што ги добива од возрасните се бизарни со својот груб рационализам и ја покажуваат во вистинска светлина извештаченоста на светот на возрасните, па затоа авторот, усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето, ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет лишен од вистинските вредности. Патешествијата на Малиот принц од планета на планета, од откритие до откритие, се во значајна мера и едукативни, а оваа лирска сказна, овоплотена со сликовит и езотеричен јазик, во целост е поврзана и со традицијата на филозофската апологија, и токму тоа е она што ја означува необичноста на Малиот принц за кој, без сомневање, се можни безброј интерпретации.
Сказната „Малиот принц“, што е раскажана во прво лице и е проследена со навидум наивни цртежи и акварели од авторот и со едноставноста на раскажувачкиот тон, со ненаметливите реплики и со фантастичниот аспект на опишаните доживелици претставува неповторливо четиво, пред сè за децата, но и за читателите од сите возрасти.
-
ВЕШТИЦА
0500,00 денЕдна девојка од Македонија, во седумнаесеттиот век заминува, по игра на судбината, во Хрватска. Во Хрватска е во ек голем прогон на вештици – жени кои склучиле сексуален пакт со ѓаволот. Во исто време, од Италија, падре Бенџамин, личен пријател на Џордано Бруно, доаѓа во Хрватска да учествува во инквизицискиот прогон и судењето на вештиците. И девојката од Македонија е обвинета за пакт со ѓаволот, само затоа што не го сака својот сопруг со кој е во договорен брак. И, наместо нејзин џелат, учениот теолог Падре Бенџамин станува нејзин спасител. Меѓу нив пламнува огнена љубов… Како оган на клада на која горат еретиците… Ќе изгорат ли? Или ќе се родат повторно во дваесеттиот век, како писателот кој ја пишува Вештица и една верна читателка која се поистоветува со женскиот лик од неговиот роман?
„Но во ова сјајно полифонично дело, во кое разновидноста на наративните техники го изненадува и го радува читателот, потсетувањето на вештици и магии постојано е проследено и збогатено со приказни кои се сместени во современиот живот, така што Вештица станува голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Но, доволно е. Не сакам да го раскажувам овој роман што не може да се раскаже. Ве молам да го прочитате. Со љубовта која ја заслужува.“ Милан Кундера
„Венко Андоновски во романот Вештица ги урива сите стереотипи. Неговиот јазик и по својата синтакса и по својата сензибилност има една благородна мелодика и промислена сигурност. Тој е супериорен мајстор да ги вработи сите зборови и на сите да им даде еднакви, речиси рамносилни задачи и значења. (…) По завршувањето на некои мои книги, многупати сум останувал рамнодушен, мислејќи дека некој друг ги напишал. За романот Вештица, пак, многу повеќе се радував отколку јас да сум го напишал…“ Петре М. Андреевски
-
Каспар
0199,00 денКога драмскиот текст ,, Каспар” на австрискиот драматург Петер Хандке се појавува во јавноста во 1967 година, пречекан е како ,,драма на деценијата“, а во поглед на важноста и на манирот, споредуван е со Бекетовиот „Чекајќи го Годо“.
Пред нас се појавува сцена со главниот и единствен лик на неа, Каспар, со маска на лицето и со едвај нешто што личи на логична зборовна низа на усните.
Каспар, со текот на времето минато на сцената, преку логични и нелогични зборовни секвенции и физички дејства и содејства, научува да зборува „нормално“ и станува „креативен“, поради што, на крајот, е и уништен.
„Каспар“ е дело чијашто централна тема е јазикот и неговата способност да измачува, преку што општеството, со своите обиди на поединецот да му ги наметне својот јазик и своите рационални вредности, успева да го натера на имитација и на негирање на себеси, на својата индивидуалност и посебност и, со тоа на неговото поништување како свесен поединец.
-
Дигитално злато
0550,00 ден„Дигитално злато“ е досега најобемната историја на биткоинот и претставува возбудлива приказна наменета како за биткоин-ентузијастите, така и за неупатените во областа на криптовалутите. Ова исклучително читливо и возбудливо четиво ја следи несмасната работа на основачот на „Мт. Гокс“, Марк Карпелес, подемот и падот на „Патот на свилата“ и деловните авантури на биткоин-проповедниците, Роџер Вер и Чарли Шрем. Покрај новинарски прецизните и документирани преданија, книгата содржи и лесно разбирливи објаснувања за техничките, но и за пошироките економски, па и филозофски аспекти на криптовалутите и технологијата на блоковски синџир.
„Дигитално злато“ е задолжителна литература за секој што сака да го разбере она што многумина го сметаат за најголем пронајдок после интернетот.
-
Приказната за „Ербиенби“
0450,00 денОва е извонредна приказна за создавањето и за развојот на „Ербиенби“, онлајн-платформа за изнајмување соби за престој, што денес е најголемиот провајдер на сместување ширум светот. На почетокот е само откачена идеја на соосновачите Брајан Чески, Џо Гебија и Нејтан Блечарзик, а сега е незаменлива алатка на милиони домаќини и патници. Уредничката на „Форчун“, Ли Галагер, ни го претставува зародишот на оваа идеја и срцевината на феноменот наречен „Ербиенби“ – успесите, но и контроверзиите – и нè води зад кулисите кога младите извршни директори се пробиваат низ неистражени територии што незапирливо се шират.
„Динамично, забавно нурнувaње во една од најзнаменитите компании на нашето време. Преку бајката за ’Ербиенби‘, Ли Галагер ни покажува како споделувачката економија може да биде моторна сила за емоционално врзување – како и за општествено и бизнис раздрмување“, Рана Форохар, колумнистка во „Фајненшал тајмс“ и глобален економски аналитичар за Си-ен-ен.