Филтер по цена
Жанр
  • Свесно мајчинство

    Свесно мајчинство

    0

    „Ви го пишувам сето она што и самата посакував да го знам за бременоста и за првите денови од мајчинството, но, за жал, таква книга тогаш не постоеше. Токму спротивното, книгите на кои наидував би можеле да се наречат Сè што може да тргне погрешно во бременоста. Како да немаме веќе доволно стравови, па треба да ни ги сервираат и оние што сè уште не ни паднале на памет. Другиот вид книги на кои наидував беа како медицински прирачник. Некако стерилни и далеку од вистинското искуство на мајчинството.

    Барав книга што би го опишала вистинското искуство на жената од нејзиниот внатрешен свет. Барав книга што не ги храни моите стравови, туку ги трансформира во она искуство поради кое бременоста и се нарекува блажена состојба.

    Не ја најдов. Затоа сега ја пишувам.

    Сакам оваа книга да ви служи во таа насока.“

    Нада Бучевиќ

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење

    Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење

    0

    Првпат објавена во 1891 година, „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ на Пелегрино Артузи денес се смета за најзначајната италијанска книга за готвење од модерно време. Во годините пред смртта на Артузи во 1910 година оваа книга била препечатена тринаесет пати, па така бројот на рецепти пораснал од 475 на 790. Денес, ова значајно дело продолжува одново и одново да се објавува, но и да се преведува на повеќе јазици како холандски, шпански, англиски, француски итн.

    Иако самиот Артузи потекнувал од високата класа и постои сомнеж дека некогаш воопшто допрел кујнски прибор или запалил оган под тенџере за да готви, тој сепак успеал да напише книга која не била наменета не за професионални готвачи, каков што бил обичајот во XIX век, туку за оние кои готвеле за своето семејство во домовите од средната класа: домаќинките и нивните куќни помошници.

    Во книгата Артузи на читателите им се обраќа на еден хумористичен и ноншалантен начин, во духот на пријателски советодавец. Тој вметнува духовити анегдоти кај повеќето рецепти, опишувајќи ги сопствените искуства, но и историската важност на одредени јадења.

    Ова ремек-дело на Артузи не е само популарна книга за готвење – тоа претставува едно од најзначајните дела на италијанската култура. До ден-денес „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ останува најчитаната книга за италијанската кујна која датира од значајниот историски период на раѓањето на модерна Италија.

    Познатиот новинар и писател Џузепе Прецолини, по прогонството во Швајцарија, ќе каже дека за него, она што останува од Италија се: „Данте, Пинокио, шпагетите и книгата на Артузи“.

    Пелегрино Артузи е роден во Форлимпополи (во близина на Болоња) на 4 август 1820 година, во семејството на Тереза и Агостино Џунчи. По студиите во семинаријата во Бертиноро, тој почнал да работи кај неговиот татко, a пресвртница во неговиот живот бил нападот на бандитите на 25 јануари 1851 година. При овој напад биле ограбени најбогатите семејства додека биле во театар, меѓу кои и она на Артузи, па по овој ужасен настан, семејството ја напуштило Ромања и се преселило во Фиренца, каде држеле штанд за продажба на свила. Пелегрино успешно се вработил во Ливорно, а подоцна основал и банка во Фиренца која му донела богатство и почит.

    790,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Седумте

    Седумте

    0

    Седумте“ е дело кое нема да ве однесе само на падините и на врвовите на далечните, за повеќето од нас сосема недофатливи, па и незамисливи светови. Овој патопис на Илина Арсова е документ не само за нејзините патешествија и подвизи што оставија неизбришлива трага во историјата на македонскиот спорт, туку претставува и архив на едно време во кој преку длабоко искрен приказ на личното – од размислите до животните приказни на авторката – стигнуваме до пресек на болните проблематики на современото македонско општество.
    Румена Бужаровска, писателка, професорка

    „Седумте“ е мистично, адреналинско, авантуристичко патување по светот, но е уште повеќе длабоко, внатрешно патување кон сопствениот гравитационен центар. Прелетувајќи преку тропските бои, џагор и мириси на Истокот, низ чудесниот остров на Екваторот проткаен со вулкански карпи, корални формации и неверојатен биодиверзитет, низ глечерите на Хималаите и бескрајната белина на Антарктикот, „Седумте“ слетува во најдлабоките прашуми на срцето и душата. Токму таму, Арсова суптилно и безрезервно ги отвора темите за љубовта, страста, тагата, дилемите и одлуките поради кои е нешто засекогаш загубено или, пак, занавек сочувано.
    Маја Мухиќ, професорка и вљубеничка во адреналинските спортови

    Илина е име изведено од дарежливост, среќа, насмевка, утеха, љубов. Нејзината книга е сведоштво за вистинскиот балон кој самите си го создаваме, но таа умешно е надвор од него. Кога ќе си ја спомнете, пред вас е широката насмевка која зрачи со љубов и мудрост. Има вештина! Одете и пробајте некоја ваша вештина, ќе паднете во стапица! Илина вешто ги создава стапиците и ги совладува!
    Оваа книга треба да си ја имате поблиску до себе. Зборовите стануваат ваши. Илина копнеж, стремеж, врзување, допирач на ѕвезди, чувар на пеперутки и безусловно слободна!
    Весна Петрушевска, актерка

     

    „Седумте“ се патописи за љубовта, за планините, за уметноста, за карпите, за езерото, за екологијата и упатства за управување со отпадот (четиво за младите генерации). За живот исполнет со спортување. Спортот за неа е лек за многу физички и психолошки состојби, а несомнено помага во градење на самодовербата и дисциплината на една личност.
    „Седумте“ е книга за копнежот на Илина по нови нешта, остварување на мали и големи цели со предизвици, дестинации. Книга пишувана со искреност соголена до коска.
    Илина е жител на светот, зависник од патувања, во постојана трка со времето, со планинските врвови што ја прават неизмерно среќна. Постојано се вљубува во нови работи што одбира да ги прави, што е нејзина неприкосновена пасија.
    Во својот номадско-авантуристички живот е растргната меѓу различни хобија, креативна дејност, активизам, волонтерска работа, спортување, патувања… Зборот досада за неа е непознаница.
    Илина Арсова е нашата национална хероина.

    Катица Гароска Ацевска, планинарка, книжевна преведувачка

    Токму нејзиниот поглед, полн со решителност и мекост, ме плени во првата (виртуелна) средба со Илина Арсова. Од неа зрачи суптилна мешавина на сила и спокојство. Нејзиниот тон, термините што таа секогаш внимателно ги избира, ја покажуваат рамнотежата која би требало да постои меѓу луѓето и природата. Нејзините достигнувања имаат длабоко чувство на почит и поклон кон планината. За неа одењето до врвот е синоним за внатрешно патување. Тој никогаш не се освојува, можете само привремено да застанете на планинскиот врв, притоа достигнувајќи го својот.

    Ванеса Буше, фотографка, новинарка и скијачка

    Искрена, луцидна, интригантна, номатка, авантуристка – токму како што кажуваат почетните букви од нејзиното име – Илина ни раскажува не само за светот чие дете е, туку и за својот свет, и за нашиот свет. Свет со врвови од кои запира здивот, но и со длабоки, неистражени долини и пештери. Свет со божествена убавина, загрозен од нашата негрижа. Овие страници, проникнати со восхит и длабока почит кон природата, се освестувачка шлаканица за човештвото кое не знае да го цени тоа што го има.
    Ова не е книга само за освојување на врвовите на светот. Туку и за нашите сопствени, внатрешни врвови. За негувањето на сонот и неговото остварување. За издржливоста. И најмногу за љубовта – кон ближните, кон природата, кон светот – која ни е неопходно потребна во овој отуѓен свет.
    Виолета Танчева-Златева, писателка и лекторка

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Болеста како метафора / Сидата и нејзините метафори

    Болеста како метафора / Сидата и нејзините метафори

    0

    „Болеста како метафора“ и „Сидата и нејзините метафори“ се два од најзначајните есеи на американската писателка Сузан Сонтаг. Во „Болеста како метафора“ таа ги разоткрива митовите и зборува за вистинското значење на болеста, која со векови влијае врз културата на човештвото. „Сидата и нејзините метафори“ ги испитуваат метафорите поврзани со сидата и ја покажуваат вистината, ослободена од вина, срам и страв.

    Истакнувајќи ги сличностит200е меѓу јавните перспективи за ракот (парадигматската болест на дваесеттиот век пред појавата на сидата) и туберкулозата (симболичната болест од деветнаесеттиот век), Сонтаг покажува дека и двете болести се популарно поврзани со лични психолошки особини. Конкретно, таа вели дека метафорите и термините што се користат за опишување на двата синдрома водат до поврзаност меѓу потиснатата страст и самата физичка болест.

    Најјасен и највистинит начин на размислување за болестите е без прибегнување кон метафори. Таа верува дека обвиткувањето на болеста во метафори ги обесхрабрува, ги замолчува и ги срами пациентите. Сонтаг го напишала првиот есеј додека се лекувала од рак на дојката, иако во него не го спомнува директно своето лично искуство со оваа болест.

    300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ШТО КАЖУВА СЕКОЕ ТЕЛО

    ШТО КАЖУВА СЕКОЕ ТЕЛО

    0

    Тој вели дека тоа е неговата најдобра понуда. Но дали е така?  Tаа вели дека се согласува. Дали навистина се согласува? Интервјуто помина одлично – или сепак не?

    Прочитајте ја оваа книга и развијте ја својата невербална интелигенција. Џо Наваро, поранешен агент на ФБИ и стручњак за невербална комуникација, објаснува како брзо и ефикасно да ги „прочитате“ луѓето: да им ги одгатнете чувствата и мислите, да препознаете кога ве лажат и да ги избегнете скриените замки. Ќе дознаете и како говорот на вашето тело влијае врз мислењето што надредените, семејството, пријателите и другите го имаат за вас. Ќе откриете:

    –          кои се древните инстинкти за преживување што го поттикнуваат говорот на телото;
    –          зошто од лицето најтешко се читаат вистинските чувства на личноста;
    –          што ни откриваат гестовите со палците, стапалата и очните капаци;
    –          кои се најмоќните гестови што ја откриваат нашата самодоверба;
    –          како можеме да поттикнеме доверба или авторитет.

    Џо Наваро, наречен „ловец на шпиони“ и „човечки детектор за лаги“, ни открива многу примери од своето професионално искуство покажувајќи ни како да ги разбираме мислите и намерите на луѓето, да ги откриваме и дешифрираме нивните невербални реакции за да можеме поуспешно да комуницираме со нив. За работа или за задоволство, Што кажува секое тело нуди моќно знаење што го збогатува и унапредува животот.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Невролошки терапевтски прирачник

    Невролошки терапевтски прирачник

    0

    Монографијата е наменета за невролози, невропедијатри, епилептолози, посебно за студентите, но и за сите лекари од општа практика, кои се секогаш на првата терапевтска линија.
    Остануваме со надеж дека монографијата ќе биде буквар во секојдневата амбулантска практика, како патоказ и потсетник за соодветна и навреме ординирана терапија.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Најдоброто од македонската кујна

    Најдоброто од македонската кујна

    0

    Храната е таа што ги спојува луѓето околу трпезата.

    Низ страниците на овој готвач ќе најдете вкусни појадоци за секое семејство, богати десерти што ги одбележуваат сите родендени, празници и слави, јадења за заедничките неделни ручеци, зимници и разни прилози што се неизоставен дел од македонската кујна…

    Готвачот „Најдоброто од македонската кујна“ содржи 125 едноставни и вкусни рецепти од македонската традиција што многу лесно ќе се вклопат и во денешниот брз начин на живеење. Во следните страници ви го претставувам старомодното готвење што конечно доби свое модерно освежување.

    1.200,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Аутизам: Да се биде професионален родител

    Аутизам: Да се биде професионален родител

    0

    Ова е прва од серијата мали книги Аутизам: Да се биде професионален родител, во која Богдашина го споделува она што го има научено и го учи за аутизмот. Првиот дел од оваа серија (Истражување на сензорниот свет на аутизмот) опфаќа голем број сензорни перцепциски прашања и дава идеи и совети, што ќе ги инспирира и информира оние што живеат или работат со аутистични деца. Книгата е особено наменета за родителите со деца со аутизам и ќе ги насочува низ најситните детали, не само во живеењето туку и во успехот – заедно со нивните деца со аутизам. Книгата содржи 12 поглавја, а секое поглавје опфаќа лична приказна, во која се претставуваат еден или два сензорни проблеми, кои се чести кај аутизмот, информации и истражувања поврзани со темата обработена во првиот дел, како и објаснувања на појавите, практични совети и дополнителни информации. ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ЗАСЛУЖУВААТ ДА БИДАТ СЛУШНАТИ. ТИЕ ИМААТ ПРАВО НА КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ, СООДВЕТНО ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАВИЛНА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОПШТЕСТВОТО. КУПУВАЈЌИ ЈА ОВАА КНИГА ВИЕ ДАВАТЕ СКРОМЕН ПРИДОНЕС КОН ОСТВАРУВАЊЕТО НА ОВАА ЦЕЛ: СРЕДСТВАТА ОД ПРОДАЖБАТА ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО ,,СИНА СВЕТИЛКА“, ЗДРУЖЕНИЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА ЛИЦАТА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊЕ.

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Голем готвач за бебиња и мали децa

    Голем готвач за бебиња и мали децa

    0

    Здрава исхрана од првиот ден

    ВКУСНИ РЕЦЕПТИ за едноставна подготовка, како за бебињата така и за заедничките семејни оброци на домашната трпеза.

    ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ОД ДАГМАР ФОН КРАМ за доење, за постепено воведување на цврста храна, како и пренесување на компактно знаење на тема организација на кујната и одржување на нејзината хигиена, справување со нетолеранции и алергии на храна, вегетаријанска исхрана итн.

    ОЧЕКУВАЈТЕ да најдете избалансирана мешавина на разновидни рецепти во книгата за секоја фаза од животот на вашето дете и компетентни одговори на најважните прашања од неговиот развој.

    Едноставно, здраво и …ммм…многу вкусно!

    1.990,00 ден
    Прочитај повеќе