-
Ноќта
0200,00 ден„Му се доверив на мојот млад посетител дека ниту една слика на тие мрачни денови не ме допрела толку како вагоните полни со еврејски деца, на железничката станица во Остерлиц… Јас не сум ги видел со сопствени очи, но жена ми ми ги опишуваше, сè уште исполнета со ужасот што го чувствувала. Тогаш ништо не знаевме за методите на истребување на нацистите. А кој би можел да замисли такво нешто! Но, тие јагниња одделени од нивните мајки, тоа веќе беше повеќе од тоа што мислевме дека е возможно. Тој ден мислам дека првпат ја допрев мистеријата на неправдата, чиешто откритие го означи крајот на една ера и почетокот на друга. Сонот што западниот човек го имаше во XVIII век и кој мислеше дека во 1789 година конечно ја виде светлината на денот, а до втори август 1914 година се засилуваше со напредокот на просветителството и откривањето на науката, тој сон на крајот за мене се распрсна пред овие вагони натоварени со мали момчиња, а воопшто не ми паѓаше на ум дека со нив ќе ги наполнат гасните комори и крематориумите.“
Франсоа Моријак
-
Алекс Фергусон: Мојата автобиографија
0700,00 денИнспиративната приказна на, според многумина, најголемиот менаџер на сите времиња. Преглед на неговите скромни почетоци, неколкуте „мрачни години“ без титула на клупата на Јунајтед, дострелите на Генерацијата '92 предводена од Гигс, Сколс, Невил, Бат и Бекам, потпишувањето со Кристијано Роналдо и Вејн Руни, ривалството со Венгер и Бенитез, обостраната почит со Жозе Мурињо – сè до возбудливиот проштален натпревар со Вест Бромвич на крајот од минатата сезона.
-
Спортскиот амбасадор Новак Ѓоковиќ и подемот на Србија
0300,00 денНовак Ѓоковиќ не е само еден од најдобрите тенисери во светот – тој е и
амбасадор на својата татковина, Србија. Нималку лесна работа, ако се
имаат предвид многуте светски извештаи во кои редовно се наоѓа по некоја
реченица за улогата на Србија во југословенските војни од 1990-тите.
Своето истражување за Новак Ѓоковиќ и за Србија, Крис Бауерс го проследува
со исцртување на два моќни портрета. Првиот е оној на едно навидум
обично момче од скромно опкружување, кое, по запознавањето на жената
која ќе го научи да игра тенис и да се справува со притисоците на животот
на една суперѕвезда, се впушта во непрестајна борба за оптимално здравје
и за непрестајно надминување на себеси, од година во година правејќи
ја сè погорда сопствената земја. Вториот, пак, е приказната на Србија, од
нејзината улога во војните од 90-тите до надежите и аспирациите на луѓето
што се наследници на ова проблематично минато. Комбинирајќи ги двете
претстави, книгата се заокружува со ставовите на Ѓоковиќ врзани со неговото
сфаќање за сопствената татковина и нејзината репутација – споделени токму
со авторот на оваа впечатливо дело.
Бауерс ги испреплетува овие спортски и геополитички нишки со цел да
направи разумен портрет на еден човек и на неговиот народ и да покаже како
решителноста, разумноста и талентот можат да создадат еден наднационален
спортски амбасадор.
Kрис Бауерс е хонорарен писател и спортски коментатор кој повеќе од две децении ја следи глобалната тениска сцена како коментатор за Eurosport, ESPN и многубројни радиостаници низ светот. Автор е на неколку книги во областа, вклучувајќи ги биографијата на Роџер Федерер, „Книгата за тенис“, комеморативната монографија за стогодишнината на Меѓународната тениска федерација (ITF) – „Вековен придонес“ – и четири книги за Дејвис- купот.
-
Михаел Шумахер: Врвот на величественоста
0300,00 денМожете да го сакате или да го мразите – но статистиката зборува во негово име: седумкратен Ф1-шампион, рекордна 91 гран-при победа, единствен возач во историјата што во една сезона (2002) не завршил ниту една трка под третото место. Накратко: уште пред четириесеттата година од својот живот, Михаел Шумахер е една од најголемите легенди на најбрзиот спорт.
Во „Врвот на величественоста“, Џејмс Ален, некогашниот коментатор за Формула 1 на ITV и актуелен кореспондент за BBC News F1 и BBC Radio 5 Live, во ексклузивна соработка со најблиските соработници на Шумахер, ни ја открива двојната историја на создавањето на оваа легенда: онаа за благодарниот и хуман татко и пријател и онаа за екстра-талентираниот, препреден и суров шампион.
Книгава е дополнета со разговор со авторот Џејмс Ален, направен специјално за ова издание и првпат објавен овде, на македонски јазик. Во моментот на печатење, македонското издание е најосовременетата биографија за Михаел Шумахер на кој и да е светски јазик.
-
Фајронт во Сараево
0350,00 денФајронт во Сараево раскажува приказна што почнува во една кафеана во Младеновац и, патувајќи кон Првото коронарно одделение на Ургентниот центар во Белград, суптилно се пренесува четириесетина години наназад, во предвоено Сараево, каде што границите на универзумот не ги надминуваат границите на Кошево, а носител на успехот и смислата на животот е фудбалскиот клуб „Жељо“.
Д-р Неле Карајлиќ, ѕвездата на „Забрането пушење“ и на „Топ-листа на надреалистите“, се открива како еден од најскапоцените инсајдери на митските југословенски приказни. Тој патува во спомените испреплетени со сегашноста и пред читателите се открива како сонувач, жртва, визионер и вечен извор на идеи. Влијанието на „Забрането пушење“ во тогашниот југословенски и постјугословенски контекст е огромно и во оваа приказна добиваме една поинаква перспектива на историјата на рокенролот.
Пред нас се простира топла, емотивна и неодолива приказна за едно детско растење, созревање и стареење во земја натопена со крв, болка и нетрпеливост. На искрен, емотивен и духовит начин, оваа книга зборува за тоа како почна и како заврши сè.
-
Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови
0330,00 денМомчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови
Навидум позната приказна – уште една бубалица која успеала во животот. Марк Закерберг, детето гениј, го напушта Харвард за да го основа Фејсбук, гигант и социјална мрежа која го редефинира светот каков го познаваме. Тој станува најмладиот милијардер во светот на сите времиња, што самиот го заработил своето богатство.
Но вистинската приказна е нешто посуптилна. Се работи за трансформацијата на Закерберг од програмер-самотник без социјални вештини, во еден успешен менаџер и инспиративен лидер. Како Закерберг ја употреби сопствената хакерска филозофија, опишана со слогани како „Движи се брзо и скрши нешто“, за да создаде неверојатно успешен бизнис?
Покривајќи сè, од почетокот на неговите рани денови на Харвард, па сè до станувањето на јавна компанија, па и понатаму, Момчето милијардер е една детална колекција од Закерберговите мисли, изјави и предвидувања за иднината, исто како и туѓи увидувања за Закерберг и феноменот Фејсбук. Извадени од интервјуа, говори, допишувања и написи на Фејсбук, овие обелоденувачки изјави ја покажуваат конкретната генијалност на „момчето под качулката“.
-
Тајните на иновациите на Стив Џобс
0500,00 денВо неговиот потврден бестселер Тајните на презентирањето на Стив Џобс, авторот Кармин Гало прикажа една едноставна програма „чекор по чекор“ на моќни алатки и на докажани техники инспирирани од легендарните презентации на Стив Џобс. Овој пат тој ги споделува најпознатите, најоригиналните и најефективните стратегии на извршниот директор на Епл, кои ја будат вистинската креативност и иновација – на кое било работно место.
„Инспиративен акционен план за секој што сака да го живее животот исполнет со страст и што има цел“
– Тони Хсеи, автор на Носејќи среќа и извршен директор на Zappos.com, Inc.
„Стив Џобс ја пресоздаде музичката дистрибуција, мобилниот телефон и книгоиздавателството. Веројатно ќе сакате да дознаете како некој создава идеи вредни милијарди долари и како истите тие идеи ги претвора во производи вредни милијарди долари, а кои секој еден ги посакува и обожава. Оваа книга не е опција. Купете ја сега и претворете ја во пари утре“
– Џефри Гитомер, автор на Малата црвена книгичка за продажба
„Во Тајните на иновацијата на Стив Џобс, Кармин Гало ни го предава вистинскиот начин на размислување на Стив Џобс и на Епл. Оваа книга не е само за луѓето во маркетингот и во технологијата, иако и тие ќе имаат корист од една таква проникливост во нивните светови. Наменета е за сите оние што имаат интерес во технологијата и сакаат да научат како да направат едноставни уреди што лесно се користат и може да влијаат врз нашите животи“
– Тим Бахарин, претседател на Креативни технологии инк.
-
Опра
0750,00 денПознатата авторка на биографии Кити Кејли ни дава недотерана слика од приказните на Опра и од нејзиниот живот, каков што таа го водеше – реалниот и вистински живот, прикажувајќи ја Опра во светло во кое ја немаме видено досега. Кејли, со својата психолошка проникливост и истражувачки дух успеа да напише книга што ќе го изненади и восхити секој читател.
„Резултатот [од истражувањето на Кејли] е беспрекорно анализиран и организиран преглед на несекојдневниот живот на жената што го употреби своето скромно потекло како отскочна штица во самостојната изградба на огромна медиумска империја… Опра e, во секој поглед, една храбра и смела книга“.
—Лос Анџелес тајмс
„Самата тежина на фактот да се биде познат е аналогна на трудот на Кејли: кули од книги и купишта исечоци… стотици интервјуирани личности… Таа ни ги отвора портите од светот на Опра“.
—Вашингтон пост
„Биографијата на Кити Кејли за Опра Винфри е како натпревар меѓу Кинг Конг и Гоѕила – само, во случајов – во светот на славните“.
—Њујоркер
-
Јас сум Малала
0500,00 денЈас сум Малала: девојката која што се бореше за образование и беше застрелана од Талибанците
Доаѓам од земја што беше создадена на полноќ. Во моментот кога за малку ќе умрев, само што беше минало пладне.
Кога талибанците ја зазедоа долината Сват, една девојка крена глас. Малала Јусафсај одби да биде замолчена и се бореше за нејзиното право на образование.
На 9 октомври, вторник, 2012 година, кога таа имаше 15 години, за малку ќе платеше со живот за тоа. Беше застрелана во главата, од непосредна близина, враќајќи се од училиште кон дома со автобус и малкумина очекуваа да преживее.
Но, нејзиното чудесно закрепнување ја одведе на едно прекрасно патување, од далечната долина во северен Пакистан до големите сали на Обединетите нации во Њујорк. На шеснаесетгодишна возраст, таа стана глобален симбол за мирен протест и најмладо номинирано лице за Нобеловата награда за мир.
„Јас сум Малала“ е извонредна приказна за едно семејство, оттргнато од своето огниште од страна на глобалниот тероризам, за борбата за образование на девојките, за татко кој, и самиот сопственик на училиште, ја поддржувал и ја охрабрувал ќерка си да пишува и да оди на училиште и за смели родители, кои негуваат силна љубов кон својата ќерка во едно општество што повеќе ги
цени синовите.
„Јас сум Малала“ ќе ве натера да верувате во моќта на гласот на една личност за поттикнување промена на светско ниво.
Која е Малала? – праша напаѓачот.
Јас сум Малала и ова е мојата приказна.
НАЈМЛАДИОТ ДОБИТНИК НА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР
-
Ова не е крај – Тоше
01.050,00 денКнига посветена на најголемата македонска музичка ѕвезда на сите времиња – Тоше Проески.
„Ова не е крај“ е приказна во која се раскажани сегменти од неговиот живот низ сведоштвата на неговите најблиски, од неговото раѓање и блескавата кариера. Во книгата има фотографии од Тоше од неговиот приватен албум, од детството, од првите чекори на снегот, но и од првите настапи, концерти, фотосесии.
Читателите ќе имаaт можност да дознаат за почетоците на кариерата на македонската легенда, за првите настапи и првата отпеана песна. Како се одвиваше неговиот професионален музички пат, спомени споделуваат македонските автори, изведувачи и продуценти, претставници на медиумите, како и познати имиња од светот на класичната музика и од спортот. За кариерата на Тоше во Србија свои искуства споделуваат неколку музички соработници и изведувачи и неколку познати српски новинари. Како Тоше ја освои Хрватска и Балканот ќе откријат повеќе значајни личности од тамошниот музички пазар. Светски автори ќе го споделат искуството за соработката со нашата легенда при снимањето на албумот „The Hardest Thing”.
Да имам огромна моќ, па макар и за кратко, ќе направам да исчезне омразата и злото, а луѓето меѓусебно ќе си делат само љубов.
– Тоше Проески -
Вистините во кои веруваме
0480,00 денОва е книга за најсуштествените вистини што нè обединуваат и за долгата борба да се сознае кои се тие вистини и како најдобро да се дејствува според нив, прикажани преку личниот живот и низ сите сегменти на животот во САД, на жената која е еден од најинспиративните американски политички лидери.
„Додека нашата демократија се соочува со сеопшт напад што не личи на ниту еден друг напад на кој сме посведочиле досега во животот, мораме да запомниме дека нашиот систем функционира тогаш кога луѓето на кои Соединетите Американски Држави им се важни, ќе се исправат и ќе почнат да учествуваат. Секој ден си поставувам задача: да бидам дел од решението, да бидам радосен борец во битката за душата на земјава. Вам ви поставувам задача да ми се придружите во тие напори. Да не креваме раце, зашто време е да засукаме ракави.
Затоа што години отсега, овој момент веќе ќе биде минато. А, нашите деца и внуци ќе нè прашуваат каде сме биле кога влоговите биле толку високи. Ќе нè прашаат како било. Не сакам да им раскажувам како сме се чувствувале. Сакам да им раскажувам што сме сториле.“