-
-39%
Тутор за совршена љубов (When in Rome #2)
0Original price was: 570,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Ени Вокер е во потрага по совршениот партнер, со кого ќе го мине остатокот од нејзиниот тивок живот во Рим, Кентаки, водејќи ја цвеќарницата. Таа точно знае каква личност ѝ е потребна… но откако ќе слушне како ја нарекуваат „неверојатно здодевна“ почнува да верува дека проблемот не е во мажите, туку во неа. Дали е предоцна да стане заводлива и забавна како хероините во нејзините омилени љубовни филмови?
Можеби ѝ недостига само малку вежбање за да стане поумешна во флертувањето… а таа точно знае кој може да ја подучува: Вил Грифин.
Згодниот, тетовиран и недостижен Вил е привремено во градот, како личен агент за заштита на Амелија Роуз пред нејзината венчавка со Ноа Вокер, братот на Ени. Тој има само една лична цел додека е на задача: да се држи што подалеку од Ени Вокер и од сите нешта што би го задржале во тоа здодевно гратче. Но кога Ени го замолува да ѝ даде неколку „лекции по заведување“, тој не може да ја одбие. Се согласува да ѝ помогне да ја најде љубовта на нејзиниот живот, иако тој не би променил ништо кај слатката Ени и многу добро знае дека некојси обичен повлечен тип нема да ја усреќи.
Во текот на жешките, но стриктно „образовни“ средби, Ени открива дека зад стоичката маска на Вил се кријат цели светови. Додека границата меѓу пријателството и љубовта станува сѐ понејасна, Ени почнува да ги преиспитува своите желби. Можеби љубовта не мора да биде совршена или внимателно испланирана. Можеби само треба да биде вистинска.
-
-50%
Лето во Тоскана
0Original price was: 500,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Полина Фонтана е жизнерадосна старица која со години е отуѓена од своето американско семејство. Но сега ги поканува своите правнуки Емилија и Лучана да ја придружуваат на патувањето во нејзината родна Италија. Им ветува дека на нејзиниот осумдесетти роденден ќе ја сретне љубовта на својот живот на скалите од катедралата Равело и ќе стави крај на проклетството што ги следи сите второродени ќерки во семејството Фонтана.
Проклетството веројатно е само обична случајност, древен мит. Сепак, неоспорно е дека со векови, ниту една второродена ќерка во семејството Фонтана не пронашла љубов.
Што би се случило ако се растури клетвата? Дали Емилија и Лучана ќеуспеат да ја најдат својата вистинска љубов? Покрај кривулестите венецијански канали, на тосканските полиња и во волшебните селца на брегот на Амалфи, расцветуваат романси, се остваруваат судбини и се откриваат долго чувани семејни тајни – тајни кои се повознемирувачки од проклетството старо со векови..
-
-29%
Летниот непристоен предлог
0Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Го запознавам на состанок на слепо. Макс Јервуд е неверојатно згоден и забавен и ги има најубавите дупчиња на образите. Хемијата меѓу нас е неспоредлива… Но во тој миг доаѓа личноста со која, всушност, требало да се сретнам. Какво разочарување!
Пред да си замине, Макс ми остава билет за хокејски натпревар. Се обидувам да уживам во состанокот со договорениот маж, но никако не можам да престанам да мислам на Макс. Одејќи си, одлучувам да отидам на натпреварот и да си ја пробам среќата. Но седиштето до моето е празно! Во мигот кога се свртувам да си одам, еден од тимовите дава гол и целата публика спобудалува. На екраните го даваат лицето на играчот што го постигнал голот. Иако носи кацига, се стаписувам кога се насмевнува – нема шанси да ги утнам тие дупчиња на образите. Не ме поканил заедно да гледаме натпревар, туку да го гледам како игра.
Така започнува нашата луда авантура, со многу смеа, секс и нови предизвици. Но има еден проблем – Макс се сели во нов тим за неколку месеци. Ми предлага да го поминеме летото заедно и да ми помогне да го заборавам бившиот. Може ли врската да стане сериозна кога е со рок? Планот не е лош, но знаете што велат за плановите…
