Филтер по цена
Жанр
  • Букет од женски срца

    Букет од женски срца

    0

    Малата Ана решава да направи подарок
    за сите жени што ја учат што значи љубов –
    мама што грее како сонце, баба што мириса на колачиња,
    дада што знае сè, братучетката што чува тајни,
    тетката што никогаш не старее, другарката што лечи со смеење,
    наставничката што верува во секое дете и сите девојчиња на светот –
    што со својата нежност создаваат сила.

    „Букет од женски срца“ е сликовница што ќе ја читаме
    заедно со нашите ќерки, внуки, ученички – повторно и повторно,
    секој 8 Март, но и секојпат кога ќе посакаме да се потсетиме
    колку е убаво да се биде Женско Срце.

    320,00 ден
    Додај во кошничка
  • Писмо за мама под елката

    Писмо за мама под елката

    0

    „Писмо за мама под елката“ е приказна што ќе ве разнежни и прегрне — потсетувајќи ве дека детските срца гледаат чудо и онаму каде што ние гледаме несовршеност. Писмото оставено под елката е благодарност за сите невидливи дарови што мајката ги дава без да ги брои — и потсетник дека најсветлиот празничен подарок не е во кутија под елката, туку во срцето што најсилно љуби.

    Сликовница што ќе ја подарувате, читате и чувате многу години.

    320,00 ден
    Додај во кошничка
  • Исаак

    Исаак

    0

    Древни скапоцености. Писма со порака за смрт. И Исак, кој со своите тајни се наоѓа во средина, во окото на бурата.

    Оксфорд, 1884 година. Во една мирна пред-Велигденска ноќ во месец април, се појавуваат 141 коверт на исто толку куќни прагови, кои во себе содржат загатка со порака за смрт и рок од три дена, како и една нишка црвен конец. Оксфорд се крева на нозе; потрагата почнува. Што се бара? Кој треба да биде најден? И зошто треба сите да умрат? Разбирајќи ја итноста на пораката, младиот професор Вилијам Еванс и неговата сестра близначка Изобел почнуваат трка со времето. Им се придружуваат детективот Грин и вдовицата Камингс која со себе ја носи тајната за Аластер Ворен, единствениот преживеан од големата трагедија пред седум години.

    Охрид, 2025 година. Во една мирна пред-Велигденска ноќ во месец април, се појавува едно писмо на само еден куќен праг, кое ја содржи истата порака и нишка црвен конец како пред 141 година. Прагот на Исак Илиев. Зошто исто писмо? Што треба да биде најдено? И зошто повторно сите треба да умрат? Заедно со неговиот најдобар пријател Крсте и Британката Агата која мистериозно се појавува, почнуваат трка со времето и бегаат. Бегаат од ловци на глави, ловци на духови, ловци на богатства, ловци убијци. Од северот на Македонија до пазувите на Егејското море, пред нив се распослани загатки, мапи, писма, нови вистини и стари тајни. Сѐ во рок од три дена.

    Што се случува со загатките кои завршуваат со закана за смрт во Охрид и Оксфорд? Како се овие два града поврзани преку една голема лична трагедија и загуба која ќе го растрепери целиот свет? И зошто Исак станува Исаак?

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Дали знаеш, мамичке?

    Дали знаеш, мамичке?

    0

    Прекрасна и емотивна сликовница која низ очите на детето ги истражува улогите на мајката и вистината зад идеализираните претстави за мајчинството. Со нежните и шарени илустрации, книгата ја прикажува реалноста по породувањето – стомаче, стрии, замор – но, пред сè, ја слави љубовта која продира низ секој збор и секоја слика. Оваа топло дело потврдува дека на децата им се потребни мајки кои сакаат, а не совршени мајки.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Дневникот на непознатите

    Дневникот на непознатите

    0

    Проколнато село. Таинствен дневник. Минато што не сака да остане закопано.

    Кога познатиот писател Давор пристигнува во селото Црвенокамен, поканет од сопственикот на најголемата приватна библиотека во Македонија, таму очекува инспирација — не мистерија за убиство од пред дваесет години. Но, во библиотеката наоѓа дневник со црвени корици, ист како оној што го имала неговата мајка.

    Преку страниците, оживуваат гласовите на убиен наставник и забранета љубов, поврзани со животот на Давор повеќе отколку што тој може да замисли. Со секое ново откритие, сомнежот расте, минатото добива облик, а вистината е на раб да биде откриена.

    Дневникот на непознатите е мистериозна, емотивна приказна што ги поврзува генерациите преку љубов, вина и откритија што менуваат сè.

     

    370,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сите нејзини демони

    Сите нејзини демони

    0

    Во срцето на Јужна Австралија, во напуштен ресторан среде паркот Драј Крик, полицијата наоѓа тело – обезглавено, совршено распарчено, внимателно завиткано – спакувано како нешто што никогаш не требало да биде пронајдено. Детективката Оливија Вест е назначена да го води случајот што не ѝ дава сон – и не ѝ остава простор за грешка. Таа не знае дека тоа што го гледа е само почеток на нешто многу пострашно.

    Телото не можат да го идентификуваат. Времето на смртта е нејасно. А поврзаноста со местото – непостоечка. Додека Лив се обидува да собере какви било траги, случајот неочекувано ескалира: полицијата открива уште десет тела и мрежа од настани што води далеку од границите на Аделаида. Притисната од јавноста, Лив мора да го фати серискиот убиец пред темнината да ја проголта – не само професионално, туку и неа лично.

    Шокантен психолошки трилер за злосторства кои не се забораваат, за тајни кои се пренесуваат од генерација на генерација и за демоните што се кријат во секој од нас. Ова не е само приказна за убиства. Ова е приказна за спас… ако преживееш доволно долго да го пронајдеш.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Светлината на Антикитера

    Светлината на Антикитера

    0

    Ангелики Апостолакис е туристички водич кој живее и работи на островот Лезбос во Грција. Таа е порасната во патријархално и конзервативно семејство каде зборот на таткото е закон. Токму поради тоа, нема избор, освен да работи во семејната туристичка агенција, иако не ѝ се допаѓа ниту работата, ниту работната атмосфера. Но, на една семејна вечера, нејзината братучетка, Зои, која живее на островот Наксос, успева да издејствува Ангелики да замине со неа, под изговор дека ѝ треба помош во работата.

    На прошетка до локалните знаменитости, Ангелики случајно открива стара кутија полна со чудни предмети. Па двете братучетки, заинтригирани од откритието, се обидуваат да дознаат што е тоа што го пронашле и колкава вредност има. Потрагата ги води низ авантури на повеќе грчки острови. Како што се сретнуваат со различни луѓе и дознаваат сѐ повеќе информации за грчката митологија и легендите, така стануваат сѐ посвесни дека имаат пронајдено нешто исклучително. Толку исклучително што може да ги одведе и до исклучителна опасност. Затоа што, некој почнува да ги следи. Некој постојано им е зад петици. Кој знае за нивното откритие? И зошто е тоа толку важно за некого?

    „Светлината на Антикитера“ е мистерија која ќе ве поведе на раскошно патување по грчките острови. Приказна која шета помеѓу минатото и сегашноста, задржувајќи го вниманието со тензија, неизвесност и интересни факти од грчката митологија сѐ до последната страница.

    370,00 ден
    Додај во кошничка
  • Книга за нередот

    Книга за нередот

    0

    Дали и кај вас дома понекогаш има неред?

    Во оваа книга, нередот е насекаде! Дома, во собите, во кујната, во дворот, во градинката – насекаде! Семејствата Куче, Мечка, Жирафа и Јазовец не можат да ги пронајдат работите кои им требаат за да се дотераат, да готват, да си играат, да составуваат сложувалки.

    Дали ќе им помогнете да ги најдат нештата кои ги бараат во нередот?

    320,00 ден
    Додај во кошничка
  • АНТОН И БАБА на дното на морето

    АНТОН И БАБА на дното на морето

    0

    од ТОМАС БРУНСТРОМ И ТОРБЈОРН КРИСТОФЕРСЕН

    Антон и баба патуваат до дното на морето за на дното на морето да го најдат прстенот на баба.

    Тие сретнуваат опасни чудовишта, гладни китови и чудесни сирени, а Антон мора да биде многу вешт ако сака да управува со подморницата и да го врати прстенот.

    Ги чека уникатно авантуристичко патување, бидејќи кога баба е со вас, никогаш нема здодевен момент.

    280,00 ден
    Додај во кошничка
  • БЕЗСЛОВЕН

    БЕЗСЛОВЕН

    0

    За некои борби вреди да се живее…

    Мојата животна приказна: сексуалното и менталното злоупотребување во детството и младоста, борбата со ракот и преживување на траумите.

    „Безсловен“ е автобиографско писание, вклопено во рамка на сирова искреност. Една тегобна реална слика, насликана со скрб, крв и солзи. Со делото авторот се обидува да се исцели себеси, но и да помогне на сите оние кои го преживеале истото и сè уште се борат во сенките на четириѕидовниот затвор на својот ум.

    Испреплетените приказни низ годините делуваат како исткаени моменти, кои како да не припаѓаат тука, на Балканот. Една разнобојна таписерија, која започнува во 2019 година кога авторот дознава дека има канцер. Канцерот е како еден катализатор за да може како од Пандорина кутија да се излеат сите болки, тајни и трауми од минатото. Поточно шест трауми и големи лузни од минатото, сокриени во шест сандаци: менталното и физичкото злоупотребување од страна на негувателките од градинка и од сопствените баба и дедо, кои со жилети му го сечеле јазикот, злоупотребување од страна на таткото алкохоличар, сексуалното злоупотребување од 8 до 10 години од страна на сосед, што впрочем е и најголемата траума во делото и околу кое се прилепуваат сите останати, и врсничкото физичко и ментално насилство (булинг) во основното и средното образование.

    Време е и на овие наши простори да за’рти дело кое ќе изникне и ќе се издигне над сите табуа кои нè чувале под стеги; да се зборува за сите овие нешта (особено за сексуалното злоупотребување), за да може некое дете, некоја возрасна личност, некоја социјална група, да се излечи. Делото е еден вид на водич како да се адресираат траумите кои ги чуваме сите; совети дека е сосем во ред да се разговара за тоа, бидејќи преку зборувањето и откривањето, ние се лечиме.

     

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Да можев да ти го подарам Божиќ

    Да можев да ти го подарам Божиќ

    0

    Прекрасна божиќна приказна која ги потсетува читателите на најубавите аспекти на Божиќ и Новата година – споделување радост, споделување подароци, убави песни, посебни приказни, забавни игри, зимска идила и незаборавни спомени со оние кои ни се најсакани.

    Лизгање на замрзнато езеро, правење празнични колачиња, препрочитување на омилените приказни… сите овие активности и уште низа други се оживеани преку разни слатки животинчиња. Вкусовите, мирисите, глетките, звуците и боите на најубавите празници се евоцирани во универзални сцени кои прикажуваат специјални моменти, споделени помеѓу деца и родители, семејства и пријатели. Читањето на оваа сликовница може да стане една потполно нова празнична семејна традиција!

    320,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЗАЈАЧЕТО СЛУШАШЕ

    ЗАЈАЧЕТО СЛУШАШЕ

    0

    Кога се случува нешто тажно, Тејлор не знае кому да се обрати. Сите животни се сигурни дека имаат решение за проблемот. Кокошката сака да помогне со разговор, но на Тејлор не му е до зборување. Мечката смета дека Тејлор треба да се разлути, но нему ни тоа не му се чини правилно. Едно по едно, сите се обидуваат да му кажат на Тејлор како да постапи, но ниедно од нив не му нуди утеха. И тогаш доаѓа зајачето. Зајачето не прави ништо, само слуша… а тоа е токму она што му е потребно на Тејлор.

    Трогателна и безвременска сликовница за емпатијата и љубезноста, која лекува тага, голема и мала. Њујорк Тајмс бестселер и совршен подарок за секоја пригода, за секое дете и секој родител.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Договорот (Off-Campus #1)

    Договорот (Off-Campus #1)

    1
    Таа ќе склучи договор со најлошото момче на факултетот…
    Хана Велс конечно наоѓа некој кој ја возбудува. Но и покрај тоа што е многу самоуверена на секое друго поле во нејзиниот живот, носи огромен товар кога станува збор за сексот и заведувањето. Ако сака да му го привлече вниманието на типот кој ѝ се допаѓа, ќе мора да излезе малку од својата комфор зона и да го натера да ја забележи. Па дури и по цена да мора да му помага во учењето на иритантниот, арогантен капитен на хокеарскиот тим во замена за фиктивно рандеву.
    …и ќе биде страаашно добро.
    Животната желба на Гарет Грахам е професионално да игра хокеј по дипломирањето, но расипаниот просек на неговите оценки претставува закана за сѐ за што напорно се трудел цел живот. Па затоа не му е проблем да прифати да ѝ помогне на една саркастична бринета да предизвика љубомора кај друг тип – подготвен е на сѐ за да си ја осигура позицијата во тимот. Но кога еден неочекуван бакнеж води до најлудиот секс во нивните животи, Гарет брзо сфаќа дека нема да се задоволи со преправање и глумење. Едноставно мора да ја убеди Хана дека човекот што го бара е тој.
    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Совршенство

    Совршенство

    0
    Тој ја бара совршената жена, а тоа дефинитивно не е таа.

    Зои е навикната да се грижи самата за себе и одамна има прифатено дека кога се случува нешто лошо, сигурно ќе ѝ се случи нејзе. Па кога ја губи работата поради глупост и сѐ тргнува во надолна линија после тоа, таа не очекува никакво подобрување на ниедно поле. И дефинитивно не очекува да добие помош од нејзиниот бучен безобразен сосед, но секако нема што да изгуби па ја става довербата во негови раце и решава да се надева на најдоброто. Но она што не го очекува е уникатната можност која ѝ ја нуди тој со договор од кој двајцата би имале корист, а никој не би требало да биде повреден… иако таа веќе има доволно искуство со проблемите и би требало да знае дека никогаш немала таква среќа во животот.
    Како и сите други мажи во семејството Бредфорд, Тревор има една слаба точка: храната – и ништо друго. Тој води прилично стандарден живот и сака едноставни работи, а тоа значи дека сака и едноставни, лесни врски. Истовремено, посакува совршена жена и точно знае каква би требало да биде таа. Па кога сфаќа дека почнува премногу да мисли на сосетката, која не исполнува речиси ниеден од неговите критериуми, ужасено заклучува дека има само еден начин да му пројде меракот и да ја батали, а тоа е да легне со неа. Па решава да си го пополни времето со неа додека го бара своето совршенство.
    440,00 ден
    Додај во кошничка
  • Егоманијак

    Егоманијак

    0

    Вечерта кога го запознав Дру, имаше провалено во мојата нова канцеларија. Повикав полиција, а потоа го нападнав со моите новостекнати боречки вештини. Тој лесно ми се спротивстави, а потоа се изнасмеа затоа што очигледно мојот обид за напад му беше комичен. Многу јасно дека натрапникот мораше да биде арогантен. Само што, се покажа дека тој воопшто не бил натрапник.
    Дру всушност беше сопственикот на просторот. Бил на одмор за време на реновирањето на неговите луксузни канцеларии. Па така јас наседнав, закупувајќи зафатен деловен простор од измамник и изгубив десет илјадарки.
    Следниот ден, по неколку часа во полициската станица, Дру ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Ми понуди да останам во канцелариите додека не најдам нов простор, а во замена за тоа да одговарам на неговите телефонски повици додека неговата секретарка е на одмор. Веројатно требаше да бидам благодарна и да си ја држам муцката затворена кога го слушав какви совети им даваше на неговите клиенти. Но не очекував моето тело да реагира така секојпат кога се расправавме. Особено со оглед на тоа дека се расправавме цело време.
    Ние бевме тотално различни. Дру беше огорчен, лут, проклето секси уништувач на врски. А јас им помагав на луѓе да си ги спасат браковите. Единственото заедничко нешто ни беше просторот кој го делевме. И фатална привлечност која беше сѐ потешка за игнорирање со секој изминат ден.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Месечарот

    Месечарот

    3

    Како дете и во тинејџерските години, Леон имал проблеми со несоница. Месечарејќи, знаел дури и да стане насилен за време на ноќните екскурзии и посетувал психијатар за оваа состојба. По некое време, конечно бил убеден дека е излечен… но, еден ден, години подоцна, сопругата на Леон исчезнува од нивниот стан под мистериозни околности. Пред да замине, расплакана, со модро око и откорнат нокт, кажува нешто што ужасно го замислува Леон. Дали е можно неговата болест да е вратена?

    Исплашен и испаничен, Леон решава дека мора некако да открие што прави додека спие, како се однесува во сон, па става држач за камера на челото. Камерата снима и во темница и се активира со сензори на движење. Кога седнува да ја прегледа снимката следното утро, доаѓа до откритие кое е полудо и од најлудата имагинација. Неговата ноќна верзија – месечарот – поминува низ врата која нему му е тотално непозната и се спушта некаде во темнината…

    420,00 ден
    Прочитај повеќе