Филтер по цена
Жанр
  • Станот во Париз

    Станот во Париз

    0

    Еден станар исчезнува. Клучот е кај друг станар… Добре дојдовте во Ру Дез Амон, бр. 12. Преубав станбен блок, длабоко во споредните улици на Монмартр. Место со извиени скали, заклучени соби, будни очи од секој прозорец. Место на кое никој не пропушта ништо и секој нешто крие. Место на убиство. Внимателна настојничка Презрена љубовница Љубопитен новинар Наивна студентка Добар тип Несакана гостинка Загатката е заклучена зад вратата од станот број 3. Кој го има клучот на решението?

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Совпаѓање

    Совпаѓање

    0

    Вајлди порасна не знаејќи ништо за неговата фамилија, уште помалку за неговиот сопствен идентитет. Сè што знае е дека, како малечко момче, бил пронајден како живее дивјачки живот во планините Рамапо во Њу Џерси. Тој стана познат како момчето од шумата. Сега истражува на генеалошка интернет-страница. Ја внесува неговата ДНК. 100% совпаѓање. Неговиот татко. Се среќаваат, и тој сфаќа дека татко му не знаел дека има син. Тоа не го обесхрабрува да продолжи да бара членови од неговата фамилија, но се вплеткува во заедница на онлајн-доксери, тајна група која разоткрива анонимни тролови. Кога доксерите еден по еден умираат, станува јасно дека се мета на сериски убиец – и дека следната жртва би можел да биде самиот Вајлди… „Совпаѓање“ е продолжение на хит-трилерот на Харлан Кобен, „Момчето од шумата“. Со фасцинантни портрети на ликовите и експлозивна акција, Кобен создава привлечен и непредвидлив трилер, кој е возбудливо „возење“ и во реалниот и во виртуелниот свет.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Карпа на бесилките #4 Детската куќа

    Карпа на бесилките #4 Детската куќа

    0

    Уште една воодушевувачка приказна за морбидното насилство и одмаздата.

    На едно мрачно вулканско поле во околината на Рејкјавик се наоѓа Карпата на бесилките. Тоа порано било место на кое се вршеле погубувања, а сега е туристичка атракција. Сè додека едно утро полицијата не најде човек обесен таму…

    Клинецот закован во неговите гради докажува дека не се работи за самоубиство. Но, кога полицијата ќе влезе во станот на жртвата, наоѓа уште една загатка: таму е оставено едно четиригодишно дете. Се чини дека тоа нема никаква врска со жртвата. Од неговите родители нема ни трага ни глас, а цртежите што ги црта покажуваат дека било сведок на нешто ужасно.

    Додека детективот Хулдар се обидува да го најде убиецот, а детската психологинка Фреја ги бара родителите на момчето, мистеријата добива мал зрак светлина.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Азбучната куќа

    Азбучната куќа

    0

    Втора светска војна – двајца англиски пилоти, eдна психијатриска болница за офицери на СС и една многу опасна игра на преправање.

    Во 1944 година, двајца англиски пилоти, Џејмс и Брајан, пријатели од детството, се соборени над Германија. Свесни дека ќе бидат стрелани како шпиони ако ги фатат нацистите, успеваат да влезат во санитетски воз наменет за високорангирани припадници на СС-единиците што го загубиле разумот поради суровите доживувања на источниот фронт. Џејмс и Брајан исфрлуваат од возот двајца пациенти на умирање и ги заземаат нивните постели со надеж дека подоцна ќе избегаат. Така, двајцата завршуваат во Азбучната куќа, психијатриска болница што се наоѓа во самото срце на Германија, во Фрајбург. И единствен спас им е да глумат дека се луди…

    „Најдобар филм што сум го прочитал во животот.“ – Јуст Бетцер, филмски продуцент

    „Возбудлива комбинација на воен роман и психолошки трилер, ни малку поневозбудлив од неговиот меѓународно познат серијал за секторот Q.“ – The Times

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Фифти-фифти

    Фифти-фифти

    0

    Ќе победи оној кој ќе раскаже најдобра приказна.

    На две сестри им се суди за убиство. Доказите се заплеткани, а тие се обвинуваат една со друга. На која ќе ѝ верувате?

    „Татко ми е мртов. Сестра ми Софија го уби! Уште е во куќата, ве молам помогнете ми!“

    „Татко ми е мртов. Сестра ми Александра го уби! Уште е во куќата, ве молам помогнете ми!“

    Едната од нив лаже, едната од нив е убиец. Но која?

    Дали проникливиот адвокат Еди Флин ќе избере да ја застапува невината сестра? За првпат во својата кариера, тој ќе почне да се сомнева во својот избор.

    „Брилијантно! Ѓаволски добри заплети и пресврти.“
    К. Л. Тејлор

    „Генијално исткаен заплет, од перото на еден велемајстор на криминалниот жанр.“
    Ерин Кели

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Прозорецот

    Прозорецот

    0

    Наследство (Книга 1): Прозорецот

     

    Што ако обвинетиот ви каже дека зад убиството на неговата сакана стои „човекот од прозорецот“ на петти кат, без да објасни на кој начин тој се нашол таму? Би му поверувале ли?

    Што ако се работи за некаков паранормален феномен? Би се соочиле ли со него?

    Ако дознаете дека зад тоа се крие голем заговор и тајна организација која ќе ве прогонува? Ќе имате ли храброст да продолжите?

    Новинарот Мите е решен по секоја цена да ја открие мистеријата зад „човекот од прозорецот“, иако не е свесен што сè ќе треба да жртвува за да го направи тоа.

    Додека тој е посветен на истрагата на феноменот, неговата пријателка Катерина и неговиот татко Лазар бараат начин да му помогнат и да ја разоткријат тајната организација која се обидува да го спречи Мите, пред членовите од организацијата да успеат во тоа.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Селфи

    Селфи

    0

    #7 СЕКТОРОТ Q

     

    Што може да открие едно едноставно селфи за три (навидум) среќни девојки?

    Тие се млади, убави, мрзливи и веќе со години го изигруваат државниот систем за да добијат социјална помош, така што секоја понудена работа ја одбегнуваат со разни оправдувања. И додека тие единствено се грижат за својот изглед и за обезбедувањето „спонзори“, не се ни свесни дека ѝ паѓаат во очи на една неурамнотежена личност што решила да го ослободи светот од ваквите „паразити“.

    За тоа време во парк во Копенхаген е откриено тело на постара жена. Случајот неверојатно потсетува на друго нерешено убиство од пред повеќе од десет години, иако врската меѓу жртвите ја збунува полицијата. Тие мислат дека сличностите се случајни, но, всушност, и тоа како се поврзани.

    Детективот Карл Морк и неговиот крајно симпатичен помошник Асад ќе се најдат пред тежок предизвик кога мрачното минато на нивната колешка Роуз, која е во тешка депресија, ќе се соочи со едно нерешено убиство.

    Дали тимот без нејзиното присуство ќе успее да се избори со сето тоа?

    И дали Секторот Q навистина ќе се спаси од згаснување?

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тивката ноќ на Херкул Поаро

    Тивката ноќ на Херкул Поаро

    0

    Најславниот детектив на светот, легендарната ѕвезда на романите на Агата Кристи, повторно ги активира своите „сиви ќелии“ и пристапува да реши една божиќна мистерија.

    Денот е 19 декември 1931 година, а Херкул Поаро и инспекторот Едвард Кечпул добиваат повик да истражат убиство на човек што се случило во навидум сосема безбедна средина: на оддел од болница во Норфолк. Мајката на Кечпул, Синтија, инсистира Поаро да престојува во трошна куќа на брегот, за сите да можат да бидат заедно за време на празниците додека Поаро го решава случајот. Пријателот на Синтија, Арнолд, набргу треба да биде примен во истата болница, а неговата сопруга е убедена дека токму тој ќе биде следната жртва на убиецот, иако одбива да објасни зошто мисли така.

    Поаро има помалку од седум дена да го реши злосторството и да спречи уште убиства, доколку сака да избега од кошмарно сценарио и да се врати дома за Божиќ. Во меѓувреме, некој бескрајно безмилосен има друга замисла за неговата судбина.

    Ќе успее ли Херкул Поаро навреме да го реши овој збунувачки случај?

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сиракот од Бергамо

    Сиракот од Бергамо

    0

    Десетина години откако е затворен најголемиот полициски случај во историјата на Италија, злото повторно чука на врата.

    Две години Калин е сокриен под таен идентитет во Лугано со своето семејство. Тој е четириесетгодишен оперативец од тајната полиција на Италија, кој повторно е активиран откако е пронајдено безживотното тело на неговиот поранешен шеф во пензија, Флорини. Покрај обесеното тело е оставена порака, а неговото име се наоѓа на неа. Сега мора да балансира помеѓу семејството и темните опасности кои демнат од минатото.

    Жедта за одмазда на убиецот е посилна од сè. Калин, заедно со агентот Џенаро, се впуштаат во комплексна истрага и навлегуваат во врзоп кој се обидуваат да го одмотаат и да го откријат серискиот убиец кој брутално убива невини жртви во Бергамо. Тој не само што остава иста порака по секое грозоморно дело туку изгледа како секогаш да е еден чекор пред нив…

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Менталист

    Менталист

    0

    НОВ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ТРИЛЕР ФЕНОМЕН

    Во забавен парк на периферијата на Стокхолм се појавува тело на брутално убиена жена во кутија избодена со мечеви. Додека полицијата е збунета, новинарите го нарекуваат убиецот Худини. Дали се работи за магионичарски трик што тргнал наопаку или за шокантно садистичко убиство? Злосторство какво што детективката Мина Дабири не видела досега. И тоа е само почеток…

    Како што се продлабочува мистеријата за бруталното убиство, Мина бара помош од познатиот менталист Винсент Волдер. Само тој може да ѝ го претстави тајниот свет на илузиите. Наскоро откриваат дека жртвата го има изгравирано римскиот број III на ногата. Одбројување? Да, ќе има уште убиства. А и Винсент и Мина имаат мрачни тајни, така што станува очигледно дека и нивното минато е поврзано со она што се случува. Времето тече, а темпото станува сè побрзо.

    Камила Лекберг и Хенрик Фексеус ги здружија силите во неверојатниот енигматичен трилер, претставувајќи една друга страна на овој жанр, полн со трикови, илузии и безмилосни убиства.

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • Крпач, Кројач, Војник, Шпион

    Крпач, Кројач, Војник, Шпион

    0

    Крпач, Кројач, Војник, Шпион (1974 година) е ремек-дело на Џон ле Каре и еден од најголемите шпионски романи во 20 век. Со ненадминлива атмосфера, длабочина на ликовите и морална двосмисленост, овој роман на Ле Каре постави нови стандарди во жанрот. Делумно инспириран од вистинскиот случај на Ким Филби – двоен агент што се пробил до врвовите на британската тајна служба додека тајно работел за Советскиот Сојуз – романот ја следи потрагата на Џорџ Смајли, ненаметлив и интелигентен шпион во пензија, кој има задача да го открие предавникот, кртот што инфилтрирал длабоко во редовите на британската тајна служба – Циркусот. Преку низа интервјуа, стари досиеја и болни сеќавања, Смајли ја реконструира приказната што води до четворица високи функционери – секој од нив потенцијален предавник. Во свет каде што ништо не е така како што изгледа, Ле Каре маестрално ни прикажува мрежа од измами, тајни и морални дилеми. Ова е интелигентен, напнат и суптилен роман за довербата, предавството и за цената на вистината – класик што го надминува жанрот и останува еднакво моќен и денес.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Остави го светот зад тебе

    Остави го светот зад тебе

    0

    Аманда и Клеј стигнуваат во еден далечен дел на Лонг Ајленд на одмор: вистинско одморање од животот во Њујорк, минување квалитетно време со нивните син и ќерка тинејџери и вкусување на добриот живот во луксузниот дом што го изнајмиле за претстојната недела. Но, доцна во ноќта, тропање на вратата ја крши магијата. Рут и Џ. Х. се повозрасна црна двојка – куќата е нивна и тие пристигнуваат во паника. Ја носат веста дека градот го снашло ненадејно затемнување. Но, во оваа рурална област – со телевизорот и интернетот исклучени, како и без мобилните телефони – тешко е да се знае во што да се верува.

    Дали Аманда и Клеј треба да му веруваат на овој пар – и обратно? Што ли се случило во Њујорк? Дали викендичката каде што се наоѓаат, изолирана од цивилизацијата, е навистина безбедно место за нивните семејства? И дали се тие безбедни едни од други?

    Напнат и провокативен, овој роман на Румаан Алам е во силен дослух со сложеноста на темите како што се родителството, расата и класата. Остави го светот зад себе истражува како нашите најблиски врски се преобликуваат – и се создаваат нови и неочекувани – во моменти на криза.

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Штама

    Штама

    0

    # 6 ДЕТСКАТА КУЌА

    Убиена жена. Исчезнато дете. Татко што бара одмазда.

    Еден студен ден во Рејкјавик исчезнува бебе родено од сурогат мајка.

    Единаесет години подоцна девојче умира од морбили, а таткото сака да се пресмета со личноста што ја заразило. Хулдар и Фреја сега работат во иста полициска зграда. Фреја се обидува нивните лични односи да ги држи настрана од професионалните, колку тешко и да е тоа. Тогаш, во напуштен автомобил е пронајдено распарчено тело на една жена. Полицијата не може да ја пронајде нејзината глава. Додека работат на случајот, а наоколу владее штама, тајната околу аферата на Хулдар и Фреја е речиси пред разоткривање.

    Идентификувањето на телото на жената ги враќа назад во тајните на минатото и им отвора дотогаш неоткриени злосторства што поврзуваат три различни семејства. Ништо не е како што изгледа во овој комплициран случај!

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Куклата

    Куклата

    0

    #5 ДЕТСКАТА КУЌА

    Требаше да биде тивко семејно патување со риболов, можност за мајката и ќерката да разговараат,но тоа засекогаш ги менуванивните животи!

    Не уловуваат ништо освен една скршена кукла што се заплеткува во мрежата. По години минати во океанот, куклата изгледа застршувачки и првичниот инстинкт на мајката е да ја фрли назад.Попушта откако ќерка ѝ инсистира да ја задржат. Истата вечер, мајката објавува фотографија од куклата на социјалните мрежи. До следното утро, таа е мртва, а куклата е исчезната.

    Неколку години подоцна, Хулдар е на своетонајомразено место – брод во разбранувани води, барајќи човечки остатоци. Меѓутоа, идентификувањето на скелетот што ќе го пронајдат се покажува потешко отколку што првично мислеле и Хулдар мора да го повика искуството на Фреја. Како што се продлабочува мистеријата, Хулдар е вовлечен во истрага на убиство на бездомен зависник од дрога, а Фреја истражува можен случај на сексуална злоупотреба во дом за сираци.

    Наскоро станува очигледно дека овие случаи се поврзани преку еден исчезнат сведок: девојчето што ја посака куклата пред сите тие години.

    Напната, застрашувачка и невозможна да се остави, „Куклата“ ја цементира репутацијата на Ирса Сигурдардотир како маестро на раскажувачка тензија и изненадување.

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Куќа од стакло

    Куќа од стакло

    0

    Роуз Баркли е деветгодишно девојче, кое, веројатно, е сведок на убиството на нејзината дадилка и кое, во екот на жестоката бракоразводна битка на своите родители, престанува да зборува. Стела Хадсон е адвокатка за најдобар интерес на детето, чијашто задача е да открие кој во семејството е жртва, а кој убиец. Но како да ја открие вистината кога сите лажат? Штом Стела ќе помине низ железната безбедносна порта и ќе зачекори во луксузната, зачувана куќа во стар стил на семејството Баркли во Вашингтон, сфаќа дека случајот е уште поизвртен отколку што претпоставувала, а самото семејство – многу порастроено. И куќата е морничава – се што во неа било направено од стакло, е заменето со пластика. Додека Стела се доближува до вистините кои Барклиеви очајно се обидуваат да ги скријат, опасноста се овкиткува околу неа како покров, а нејзините минато и сегашност се судираат на неочекуван начин. Секој е осомничен за убиството на дадилката: мајката, таткото, бабата, момчето на дадилката. Дури и Роуз. Дали личноста што Стела треба да ја заштити… е токму таа од која треба да се заштити?

    490,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Престара за ова

    Престара за ова

    0

    Тивкиот и повлечен живот на една жена,пензиониран сериски убиец,е нарушен од неочекувана посетителка. За да ја заштити својата тајна, и останува само една опција – Уште едно убиство.

    490,00 ден
    Прочитај повеќе