-
Еднаш засекогаш
0450,00 денЛуна знае многу за венчавките – но малку за љубовта.
Откако минала многу лета работејќи за мајка ѝ, која се занимава со организирање венчавки, Луна видела секаков тип венчавки: од неформални, на плажа, до елегантни, во огромни историски куќи. Се соочила со разни кризни ситуации: невести кои избегале, деверици кои сакале да бидат во центарот на вниманието, младоженци кои сакале сè да биде по нивно. И го видела исходот од секоја совршена венчавка.
Можеби затоа Луна е толку цинична кога се работи за среќни краеви, особено поради тоа што нејзината идилична прва љубовна приказна завршува трагично. Па, кога згодниот, весел женкар Амброз ќе се појави во нејзиниот живот, Луна нема да го сфати сериозно. Тој е сигурен дека може да се промени. Луна се обложува дека не може. Но, Амброз мрази да не го добива она што го сака, а Луна е девојката која ја чекал целиот живот.
Интересен, нежен и пенлив како шампањ, романот на Сара Десен е слатко задоволство.
-
Подарокот
0450,00 ден„Подарокот“ е напнат психолошки трилер со неочекуван пресврт од перото на Луиз Џенсен, авторката на големиот светски бестселер „Сестрата“. Џена добива уште една шанса за живот, примајќи срце од друг, девојка по име Кали. Вечно благодарна на Кали и на нејзиното семејство, Џена се зближува со нив. Наскоро открива дека совршеното семејство на Кали крие мрачни тајни… Родителите на Кали се во жалост, но Џена знае дека не ѝ кажуваат сѐ. Каде е Софи – сестрата на Кали? Ја уверуваат дека е во странство уште од смртта на сестра ѝ, но нешто не е во ред со нејзиното отсуство. Кога Џена ќе го запознае Нејтан, момчето на Кали, доаѓа до неверојатно откритие. Џена не верува дека смртта на Кали е несреќен случај. Но, како умрела? Решава да ја дознае вистината, но тоа може да ја чини сѐ: нејзините најблиски, здравиот разум, па дури и животот…
-
Морето на изгубеното време и други раскази
0300,00 ден„Морето на изгубеното време и други раскази” е избор од осум раскази излеани од перото на мајсторот на магичниот реализам, Габриел Гарсија Маркес, во шеесеттите години на XX век.
Од современиците наречен и „најголемиот Колумбиец на сите времиња”, овој великан на пишаниот збор е речиси синоним за највисоките достигнувања во латиноамериканската книжевност во XX век. Овој избор раскази од пораниот период на неговото творештво, пронижани со мајсторски отсликаната атмосфера на магичните, но и сурови Кариби, и тоа како го доживува тоа.
-
Сакај ја диво
0360,00 денСо искреност, трогателност и романтичен занес, во „Сакај ја диво“ е поместено сето она што истовремено е необработено и култивирано, и во најмалите и во најголемите мигови во животот: првиот изблик на нова љубов, ноќно возење проследено со потпевнување на песната што свири од радиото во автомобилот, незадржливата бујност на женскиот дух, едноставното задоволство што го нуди доброто виски… Атикус ги дестилира највозбудливите занеси и најголемите разочарувања од животот и од љубовта и ги поместува во неколку кратки редови, така осигурувајќи се дека неговите зборови ќе останат врежани во мозокот на читателот – и ќе го разбудат чувството за авантура кај него. -
Наследство на шпионите
0420,00 денПитер Гилам, лојален колега и ученик на Џорџ Смајли од британската тајна служба, позната како „Циркусот“, е пензионер и живее на семејната фарма на јужниот брег на Бретања кога добива писмо од неговата стара служба што го повикува во Лондон. Причината? Неговото минато од Студената војна се врати и сега си го наплаќа долгот. Разузнавачките операции кои некогаш биле популарни во тајниот живот на Лондон, сега се испитувани од генерација која не се ни сеќава на Студената војна. Некој мора да плати за невината крв пролеана во име на поголемото добро.
-
Куба од моите соништа
0420,00 денОд авторката на издавачкиот феномен и бестселер „Се гледаме во Хавана“ ни доаѓа приказната за преубавата и храбра Беатрис Перес, жена пред своето време, која ќе ризикува сè за своите идеали.
Кубанската револуција ѝ зела сè на наследничката на шеќерната династија Беатрис Перес: нејзиното семејство, нејзиниот народ, нејзината земја. Опседната со желбата да се одмазди и да го врати животот што го изгубила на Куба, се заплеткува во опасниот свет на шпионажата за да се инфилтрира во кругот на луѓето што му се најблиски на Фидел Кастро. Студената војна како ураган ѝ се заканува на Флорида и на сè што ѝ значи на Беатрис, а таа е растргната меѓу политичкиот судир и забранетата афера со еден моќен и амбициозен маж. Додека расте напнатоста меѓу Куба и Соединетите Американски Држави, а текот на историјата бега од контрола, Беатрис мора да избира меѓу тоа што било и тоа што треба да биде, а еден погрешен чекор би можел да ја остави без сè – не само без саканата Куба, туку и без мажот на кој му го дала срцето.
-
Претседателот исчезна
0420,00 денПолитички трилер каков што може да напише само претседател на САД.
Претседателот исчезна. Цел свет е во шок. Причината за неговото исчезнување е многу пострашна отколку што можете да замислите.
Благодарение на зачудувачките детали кои можат да му бидат познати само на претседател на САД и неизвесноста каква што може да создаде само писател како Џејмс Патерсон, пред нас е најавтентичниот и највозбудливиот политички трилер на декадата.
-
И тогаш, таа исчезна…
0490,00 ден„И тогаш, таа исчезна…“ ќе ве внесе во една емотивно разорувачка приказна на една мајка во потрага по вистината за она што се случило со нејзи ната ќерка.
Ели Мек беше совршената ќерка. И тогаш, таа исчезна… Десет години по исчезнувањето на Ели, нејзината мајка, Лорел Мек, се обидува повторно да живее нормално откако во кафуле ќе запознае еден шармантен човек. Пред да сфати што, всушност, се случува, таа се запознава со ќерките на Флојд, а помалата, Попи, ќе ја остави Лорел без здив.
Затоа што тоа мало и прекрасно девојче Попи е речиси копија на Ели.
А сега, неодговорените прашања што таа толку силно се обидуваше да ги остави зад себе, повторно ќе почнат да ја прогонуваат. Каде е Ели? Дали таа избегала од дома, како што се сомневаше полицијата, или ѝ се случило нешто многу страшно?
„Нема да можете да ја оставите оваа книга која е ‘чисто совршенство’“ – „Буклист“
НИКОЈ НЕ ИСЧЕЗНУВА ТУКУТАКА!!! -
Се гледаме во Хавана
0450,00 денСТРАСНА И ЕМОТИВНА ОДА ЗА УБАВИНАТА И ЗА
ТРАГЕДИЈАТА НА КУБА, КОЈА Е РАЗОРЕНА ОД ВОЈНАТА!
Хавана, 1958 година. Исабел, Беатрис, Елиса и Марија,
прочуените сестри Перес, се ќерки на кралот на шеќерната династија. Додека мажите од семејството Перес се посветени на судбината на земјата или се на страната на Батиста, тие безгрижно растат во луксузот и во богатството на високото друштво. Но, набрзо граѓанската војна се разгорува и во срцето на Хавана: на сцената на животот, еден свет се гаси, друг се раѓа во исто време, а Елиса почнува жешка авантура со еден млад
револуционер, полн со идеали.
Шеесет години подоцна, внуката на Елиса, Марисол, се враќа во Хавана, каде што ја дочекува вечната убавина на зовриената Куба, но и опасна политичка ситуација. Додека трага по вистината за своето семејство, неодоливо ја привлекува еден таинствен маж – човек чиишто тајни можат засекогаш да ѝ го сменат животот.
Мојата Куба веќе ја нема, ја разорија ветриштата на
револуцијата. Време е да ја откриеш својата Куба. -
КЛУБОТ НА НЕПОПРАВЛИВИТЕ ОПТИМИСТИ
0500,00 денКлубот на непоправливите оптимисти е еден од најуспешните документарни романи во современата француска книжевност, во кој фикцијата на авторот се преплетува со реалните историски личности, како Жан-Пол Сартр и Албер Ками. Авторот на брилијантен начин ја доловува атмосферата во Париз во педесеттите години, создавајќи прекрасна, меланхолична и трогателна приказна за детството и младоста поминати во еден бурен период од историјата на Европа.
Мишел Марини има дванаесет години и во својот живот има неколку големи страсти – фудбалот, книгите и шахот. Токму овие три големи љубови го водат младиот Мишел во бистрото „Балто“, во еден од сиромашните квартови на Париз. Во тој легендарен ресторан има и една скришна сала, каде Мишел ќе открие луѓе кои не се среќаваат често по париските улици, а кои се членови на шаховскиот Клуб на непоправливи оптимисти. Момчето ќе успее да се избори за своето место во тој храм на интелектот и духовноста и ќе ја запознае судбината на многу луѓе кои побегнале од источната на западната страна на Железната завеса, но ќе ги сретне и великаните на европската филозофија и книжевност. Во овој чудесен роман Жан-Мишел Генасија создава хроника на една младост, но исто така и незаборавна слика за Франција во средината на XX век. Клубот на непоправливите оптимисти е своевидна ода на хуманизмот, младоста и човековата истрајност. Ова е една од оние книги што се прераскажуваат, се препрочитуваат и никогаш не се забораваат.
-
Рандеву
0420,00 денНешто лошо ù се случи на Алисон Тејлор.
Нејзината саботна вечер почна нормално. Поради разделбата со сопругот, пријателите ја убедуваат да излезе на рандеву со друг човек. Таа е подготвена, нервозна и возбудена. Спремна е да направи чекор кон нејзината нова иднина.
До недела наутро, животот на Али е непрепознатлив. Се буди знаејќи дека нешто не е во ред. Дома е, сама, повредена и не се сеќава што ù се случило.
Уште полошо, кога ќе се погледне во огледалото, таа не го препознава ликот кој гледа во неа. Не може да ги препознае ниту роднините ниту пријателите. И не може да ја препознае личноста која се обидува да ја уништи…
-
Некој што го знаеме
0450,00 денВо едно тивко предградие во северниот дел на Њујорк, еден тинејџер се прикрадува во куќите – и во компјутерите на сопствениците – учејќи ги нивните тајни, а можеби и споделувајќи некои од нив. Кој е тој, и што можеби открил? И кога ќе биде најдена една жена убиена на улицата, напнатоста се зголемува. Кој ја убил? И на што сѐ се подготвени овие луѓе за да ги заштитат сопствените тајни? Во ова соседство не играат игри само сопружниците. Во ова соседство, секој во семејството има своја тајна…
-
Тркачот
0390,00 денБен Ричардс нема работа и нема среќа. Неговата осумнаесетмесечна ќерка е болна и ниту Бен ниту неговата сопруга не можат да си дозволат лекар. За човек од сиромашната страна на градот без пари и надеж, постои само едно нешто што може да го направи: да стане натпреварувач во една од Игрите на Мрежата, шоуа во кои можеш да заработиш повеќе пари отколку што некогаш си сонувал – или да умреш. Бен станува дел од најгледаното шоу и е на пат да стане плен на масите…
-
Одберете си сопствен среќен крај: Топло ладно лето
0250,00 денНа последниот училиштен ден, Френки Џонс може да очекува долго, топло, здодевно лето во коешто ќе може да другарува само со нејзината гитара. Но ненадејно…
Френки добива шанса да замине за Лондон. Сака да оди, но ова патување значи и повторна средба со Џек – момчето кое ѝ го скрши срцето. Дали им претстои обновување на романсата? Или конечно Френки ќе докаже дека може да го преболи?
Татко ѝ на Френки ја поканува да го помине распустот со него на плажа. Но набрзо таа дознава дека на патувањето треба да се придружат и новата девојка на татко ѝ и нејзината ќерка Ели. Френки се разочарува. Дали ќе успее воопшто да помине време со татко ѝ или ќе мора постојано да е со Ели, нејзината нова (не)пријателка.
Во оваа приказна од типот„одбери ја својата патека“, ВИЕ сте одговорни за одлуките на Френки и од вас зависи како ќе заврши оваа приказна. Следете го срцето до крајот или вратете се и одберете поинаков пат. -
Ангелски повик
1240,00 денВо метежот на најголемиот њурошки аеродром двајца деловни луѓе, буквално, ќе налетаат еден на друг. Мадлин и Жонатан брзо ќе ги соберат растурените работи и ќе продолжат секој на своја страна. Тие никогаш претходно се немаат сретнато, а и веруваат дека таа средба веќе нема да се повтори. Сепак, брзајќи да ги соберат своите работи, случајно ќе си ги заменат мобилните телефони. Кога ќе ја согледаат грешката, веќе ќе ги делат повеќе од десет илјади километри – тој е сопственик на ресторан во Сан Франциско, а таа работи во една париска цвеќарница. Иако се свесни дека чепкаат во туѓата приватност, нема да можат да одолеат и ќе ја прегледаат содржината на телефонот што е случајно кај нив…
-
Зулејха ги отвора очите
0450,00 денПриказната започнува во мало татарско село во 1930 година. Микрокосмос во кој жената е објект на постојано понижување. Но ова не е патријархален роман. Ова е женски роман во најубавата смисла на зборот. Бидејќи главен херој е зеленооката Зулејха. Жена што ќе го посведочи убиството на сопругот од страна на комунистите и жена што ќе го преживее прогонството на Сибир. И така засекогаш ќе го напушти родниот микрокосмос.
Таа е принудена на мачно патување со товарен воз до најоддалеченото место на бреговите на реката Ангара во Сибир. Животните услови во руската тајга носат сосема поинаква тежина. Многумина не ја преживуваат долгата зима. Тоа е средина составена од: селани, интелектуалци, криминалци, чесни луѓе, муслимани, православни, атеисти, Татари, Руси и Германци. Во групата на Зулејха има еден напорен доктор, еден сликар, еден пар, еден криминалец, но и – Игнатов, убиецот на нејзиниот сопруг. Заедно започнуваат да градат нов живот, далеку од своето минато. Заедно мора да создадат – љубов!
Зошто Зулејха ги отвора очите? Токму за љубовта, за мајчинството, за слободата, за борбата за живот.
Романот е добитник на двете најважни книжевни награди во Русија – „Големата книга“ и „Јасна Полјана“.