Филтер по цена
Жанр
Автори
  • ЛОВЦИ НА ГЛАВИ

    ЛОВЦИ НА ГЛАВИ

    0

    Роџер Браун е пронаоѓач на стручни кадри и е најдобар во својата професија. Но, ваквата кариера не е доволна за да го финансира неговиот луксузен начин на живот и новата галерија на неговата сопруга. Една вечер, на отвoрање на изложба, тој се запознава со Клас Греве, кој не само што е совршен кандидат за позицијата извршен директор на една компанија, туку е и решение за сите негови финансиски грижи: Греве, навидум случајно, спомнува дека е сопственик на слика од Питер Пол Рубенс од непроценлива вредност, која се води како исчезната уште од времето на Втората светска војна – а Роџер Браун е вплеткан во кражби на уметнички дела. Но, откако ќе провали во станот на Греве, покрај сликата открива и многу други работи. А, Клас Греве станува најужасното искуство во животот на Роџер Браун.

    „Превртлив трилер со хичковска приказна… Несбе приредува еден шок по друг, а кулминира со невиден и неочекуван сплет на настаните. Возбудлива приказна која нема да ви дозволи да ја пуштите од раце“. Буклист„Доколку не го познавате Ју Несбе, крајно време е да го запознаете“. – УСА тудеј

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Агентот на орбулаторот

    Агентот на орбулаторот

    0

    АВАНТУРАТА ПРОДОЛЖУВА! Кога Биг Бен, во Лондон, одеднаш престана да чука, Вилијам знаеше дека се подготвува нешто големо. И навистина! Се појавува мистериозниот агент на орбулаторот, со што започнува нова урнебесна авантура за Вилијам и за неговата најдобра другар­ка Ишја. Што сака агентот орбулатор од Вилијам? И што е всушност ‒ орбулатор? Страниците на Агентот на орбулаторот, третата книга од светски прославениот серијал за Вилијам Вентон се исполнети со длабоки и мрачни тајни и насекаде има нере­шливи шифри. Боби Пирс се враќа во светот на Вентон и ни носи низа интересни пресврти, хумористички роботи и јунаци од разни возрасти и видови.

    „Во својот серијал на авантуристички романи за деца Боби Пирс создаде интересен свет што се движи со брзина на светлината… Со години не сум прочитал толку забавен микс на роботска комедија, научна фантастика, авантуристички роман.“ – Верденс Ганг

    „Боби Пирс толку динамично и визуелно ни го долову­ва дејствието што пред очите ви пролетува како филм. Ви­лијам Вентон без сомнение е најдобриот норвешки пандан на Хари Потер.“ – Бок 365с

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кога дрвјата шепотат

    Кога дрвјата шепотат

    0

    Дочекот на Нова година за полицајците во Истанбул секогаш претставуваше ноќен кошмар. Грабежи, пијанства и тепачки, што често завршуваа со нечија смрт, станаа дел од нивната секојдневна рутина. Ова особено важеше за главниот јунак, прекалениот инспектор Невзат. Кога слушнаа дека се случило убиство во квартот Пера, историско јадро на градот што во меѓувреме се претвори во легло на наркоманија, проституција и илегално коцкање, тој не се изненади многу. Доаѓајќи на местото на злосторството, тој сфати дека овој пат станува збор за нешто многу посериозно. Необичниот начин на кој беше извршено убиството, како и идентитетот на жртвата ја навестуваат катастрофата која што за само три дена како последица ќе има смрт на уште девет лица.

    Квартот во кој во педесеттите години на минатиот век се одигра прогонот на нивните жители од други нации и вери, повторно го зеде својот крвав данок. Соочен со вистински злосторници, како и со сеништата од сопственото и колективното сеќавање, како и со злокобните претскажувања, тој едвај ги разликуваше сонот и јавето.

    Изгледаше дека инспекторот кој зад себе немаше ниеден нерешен случај, освен оној најтрагичниот кога му страдаа жената и ќерката ќе ја затвори фасциклата и ќе подлегне на животната стихија.

    Помирен со поразот, отиде на вечера по повод свршувачката на најблиските соработници Али и Зејнеп. Не насетуваше дека токму на семејната трпеза најпосле ќе се разјасни мистеријата на убиството во квартот Пера…

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Лавиринтот: Лек за смртта

    Лавиринтот: Лек за смртта

    0

    Се гледа крајот.

    ЗЛОПАК му одзеде на Томас сè: животот, сеќавањата, како и единствените пријатели што ги има – Лединарите. Останува уште еден последен тест. Да се открие лек што ќе го спаси светот.

    Дали некој ќе преживее?

    Она што ЗЛОПАК не го знае е дека Томас памети повеќе одошто тие мислат. А тоа е доволно за да не им верува на ниту еден збор.

    Вистината ќе биде ужасувачка.

    Томас го победи Лавиринтот. Побегна од Пустошот. Сè стави на коцка за да ги спаси своите пријатели. Но само вистината може да стави крај на сето тоа.

    Времето на лагите е завршено.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЧОВЕК ШТО ПЛАЧЕ ОД СМЕЕЊЕ

    ЧОВЕК ШТО ПЛАЧЕ ОД СМЕЕЊЕ

    0

    Октав Паранго во 90-тите работи како копирајтер, во 2000 е моден агент, а во 2010 година открива нова професија…

    Човек што плаче од смеење е заокружување на трилогијата на Октав Паранго за современите отуѓувања. Суров и смешен, циничен и искрен, со духовити забелешки за човековиот живот и актуелниот миг, овој роман изобилува со емоции и очајни исповеди. Користејќи го своето алтер его, Фредерик Бегбеде пишува памфлет против недостатоците на западното општество, особено во медиумите.

    За жал, сѐ е точно во оваа смешна и очајна сатира!

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Те чекам

    Те чекам

    0

    Една случка го урива светот на 19-годишната Ејвори Морганстен и таа бега од фамилијата, од нејзиното минато и најпосле од себеси. Таа се надева дека работите ќе останат такви какви што се, но судбината – и неверојатно згодниот синоок Камерон – не мислат така.

    Наеднаш, Камерон е насекаде околу неа. Ејвори е претпазлива, но на упорниот и шармантен Камерон не му треба многу за да ѝ влезе под кожа.

    Сексуалната привлечност помеѓу Ејвори и Камерон е темпирана бомба полна со страсти. Но, заканувачките пораки и телефонските повици повторно ја соочуваат со минатото што таа толку сака да го заборави. Кога застрашувачката вистина ќе го покаже своето грдо лице дали Камерон ќе биде таму за неа или, пак, и тој ќе биде повлечен надолу?

    За некои работи вреди да се бориш…

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Црвена кралица

    Црвена кралица

    0

    Ова е свет поделен според бојата на крвта – на оние со црвена и на оние со сребрена крв.

    Црвените едвај сврзуваат крај со крај, додека со светот владеат Сребрените, воини со натчовечки моќи, способности да управуваат со огнот
и со водата, да владеат со природата, да предвидуваат, да исцелуваат…

    Мер Бероу е Црвена девојка која на почетокот верува дека тоа е еден свет кој не може никогаш да се промени. Кога неочекувано завршува како слугинка во палатата на Сребрените, се наоѓа точно во средиштето на сето она што го мрази од дното на душата. Но, Мер набрзо потоа открива дека, и покрај црвената крв што ù тече низ вените, и таа поседува неверојатна моќ. Моќ што би можела од темел да го растресе кралството на Сребрените! Моќ што би можела да предизвика револуција!

    Но, ова е свет на лаги и измами, на предавства, каде што Мер е принудена да заигра опасен танц – Црвени против Сребрени, принц против принц
и самата таа против сопственото срце…

    Кој ќе биде победник во светот на крвните поделби? Ќе завладее ли Црвената кралица со Сребрениот свет?

    480,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Пукнатина

    Пукнатина

    0

    Приказната во „Пукнатина“ започнува со пронаоѓањето на стари аудиозаписи на плочи во една стара душевна болница. Загадочната исповед на лунатикот Валтер Фишер го води нараторот во потрага по вистината во една од најголемите словачки мистерии – онаа за исчезнувањето на луѓе на планината Трибеч. Низ романот се провлекува симболиката на „пукнатината“ помеѓу два света, помеѓу рационалното и ирационалното, видливото и невидливото, она што може да се докаже, но и она што може само да се насетува со „шестото сетило“.

    Легенда, намерна мистификација или застрашувачка реалност? Ова прашање си го поставува и самиот автор, наведувајќи го читателот да го пронајде вистинскиот одговор.

    Извонредна трилер-мистерија што го остава читателот без здив до последната страница.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Проклетството на Палмизанови

    Проклетството на Палмизанови

    0

    Тој имаше право: црешите повторно ќе расцутат и ќе даваат сочни плодови. повторно ќе се врати времето на црешите, без оглед на драмата, што таму некаде ја проживуваат синовите на проклетата апулија.
    Пред крајот на Првата светската војна, меѓу маслинките и лозјата во едно зафрлено селце на југот на Италија, две жени одлучиле да ја сменат судбината на тукушто родениот Витантонио Палмизано, надевајќи се дека така ќе го заштитат од семејното проклетство и смртта за време на војна. Како дваесет и прв во редицата машки во фамилијата Палмизано, Витантонио го замениле по раѓањето и го воспитувале како брат близнак на Џована Конвертини, родена истиот ден во една од најбогатите фамилии во Апулија. Витантонио и Џована заедно растеа, врзани со тајната, а војната изгледа како некој далечен, одамна заборавен кошмар.
    Ама облаците на новата, уште покрвава Втора светска војна се појавуваат на хоризонтот и се закануваат да уништат сè што една храбра и пожртвувана мајка се обидела да зачува. Палмизанови е италијанска трагедија, што се одвива меѓу владеењето на Мусолини и надежите за ослободувањето, запишана од мајсторското перо на реномираниот каталонски писател Надал…
    Незаборавна сага за две семејства и за едно момче кое се бори против судбината… Приказна за пријателството, војната, соперништвото, за невозможната љубов на двајца кои веруваат дека се брат и сестра.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Последниот воз за Истанбул

    Последниот воз за Истанбул

    0

    ОД ИСТАНБУЛ И МАЈСЕЈ, АНКАРА И КАИРО ПА СЕ ДО ПАРИЗ И БЕРЛИН, ОВА Е ПРИКАЗНА ЗА ЉУБОВТА И БЕГСТВОТО, ИСПРЕПЛЕТЕНА СО ИСТОРИЈАТА НА ЕДЕН ОД НАЈРАЗБРАНУВАНИТЕ ПЕРИОДИ ВО ЕВРОПА…. ,, Кога Селва, ќерката на еден од малубројните преостанати отомански паши, се вљуби во Рафаел, младиот Евреин, нејзиното семејство му се противи на бракот и ја отфрла. Решени да започнат нов живот, Селва и Рафаел заминуваат за Франција, меѓутоа, среќата и таму им го врти грбот.Почнува Втората светска војна, а младите љубовници ќе бидат вовлечени во ужасите на Хитлеровата идеологија. Додека нацистичката мрежа се стега околу нив, тие живеат во постојан страв дека ќе бидат фатени и испратени во концентрационен логор. Во исто време Турција и очајнички се обидува да избегне да биде вовлечена во војната, внимателно балансирајќи меѓу силите на Оската и Сојузниците….” Проткаена со волшебните мириси на Истанбул и мистичната атмосфера на Истокот, ова е приказна посветена на сите обични луѓе, неопеани херои кој заради идеалите ги ризикуваа животите.

    220,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Завети

    Завети

    0

    „Нашето заедничко време, читателу, се приближува кон крајот. Веројатно на овие мои страници ќе гледаш како на кревка кутија со богатство, која треба да се отвори со крајна внимателност. Веројатно ќе ги искинеш или ќе ги запалиш: тоа често им се случува на зборовите.“ „Во рацете држиш опасно оружје наполнето со тајните на три жени од Галад. Тие ги ризикуваат своите животи заради тебе. Заради сите нас.“ „Пред да влезеш во нивниот свет, наоружај се со овие мисли: Знаењето е моќ и Историјата не се повторува, но се римува.“

    700,00 ден
    Додај во кошничка
  • Украдени души

    Украдени души

    0

    #2 Дора Гудмундсдотир

    Зимата 1945 година. Четиригодишно девојче е затворено во чуден отвор во дворот на својата куќа. Како овој настан, шеесетина години подоцна, во 2006 година, е поврзан со две свирепи убиства – игли во стапалата на телата,  детски плач што се слуша во маглата, коски во скриениот бункер за јаглен?

    Клиентот на адвокатката Дора Гудмунсдотир сака да ги тужи претходните сопственици на земјиштето на кое се наоѓа неговиот хотел, за кое тврди дека е опседнато од духови. Не верувајќи во натприродни сили, Дора оди во посета на неговиот „њу ејџ“ хотел на полуостровот Снајфелснес. Таму, таа и нејзиниот љубовник Матијас стануваат сведоци на една мистерија.  Архитектката што работела за сопственикот на хотелот е брутално силувана и убиена. Тој е обвинет. Два дена подоцна, убиен е уште еден човек. Во обид да го расветли случајот, Дора влегува во заплетканата историја на семејството на двајцата браќа што живееле на имотот. Растргната помеѓу нивната и сопствената семејна приказна, во која таа е самохрана мајка на четиригодишна ќерка и на шеснаесетгодишен син што наскоро треба да стане татко, Дора не се откажува од расветлувањето на случајот. Возбудлив трилер сместен во карпестите исландски пејзажи.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ереб

    Ереб

    0

    ЕРЕБ е игра. Таа те набљудува, разговара со тебе,
    те наградува, те проверува, ти се заканува…

    Ник е опседнат со Ереб, компјутерската игра што во неговото училиште се пренесува од рака на рака. Правилата се многу строги: секој има само една можност да одигра. Притоа мора да биде сам и за Ереб не смее да зборува со никој. Кој ќе ги прекрши овие правила или нема да ги исполни задачите, отпаѓа од игра и повеќе не може да почне пак. Најнеобичниот дел е што задачите на Ереб, мора да се исполнат не во виртуелниот, туку во вистинскиот свет.
    Кој е всушност Ереб и што бара од играчот? Може ли Erebos, Богот на подземјето да убива? Дали мртвиот автор преку играта што ја измислил имал намера да убие за одмазда?

    ЦЕЛТА НА ЕРЕБ Е ДА УБИВА!

    „Трилер на годината“ ‒ Die Zeit

    „Волшебен роман за млади за опасностите што ги крие виртуелниот свет“ ‒ Brigitte Magazine

    „Исто како што играта ги опседнала главните ликови на овој роман, така и нас оваа книга нѐ маѓепса и не ја испуштавме од рака додека загатката не беше разрешена“

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Барање за пријателство

    Барање за пријателство

    0

    Еден млад писател дознава за трагичната смрт на грчката шампионка во пинг-понг и решава да истражи нешто повеќе за нејзиниот живот. Набргу, на Фејсбук тој добива барање за пријателство од мртвата девојка и, заедно со својот пријател, се обидува да сфати дали се работи за шега или за нешто многу понеобично. Новелата „Барање за пријателство“ (2015) претставува интригантен обид на Химонас да изгради жанровски хибрид преку кратка и динамична приказна која го задржува вниманието на читателот од првата до последната страница. Користејќи елементи на трилер и фантастика, „Барање за пријателство“ се потпира врз тензијата како главна движечка сила на краткото и мистериозно дејство раскажано само преку три лика. Инспириран од надреализмот, научната фантастика и класичниот детективски роман, Химонас прави интересен книжевен експеримент и на читателот му нуди вистинско уживање при решавањето на загатките во оваа мала мистерија.

    220,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Деца на злото

    Деца на злото

    0

     

    „Деца на злото“ е прв роман на човекот чии јавно искажани ставови секогаш создаваат лавина реакции во соседна Србија. А сега донесува вистински потрес и во светот на литературата!

    Во средиштето на романот се наоѓа едно драматично убиство, а потрагата по сторителот ќе доведе до низа други настани, кои ќе откријат дека станува збор за злосторство од страст, одмазда, опомена и симболика.

    Како да се пронајде виновникот во свет во кој вистината е изобличена, а минатото на јунаците е вткаено во нивната сегашност со нераскинлива поврзаност со злото?

    Никола Бобиќ, белградски адвокат, ќе се обиде да пронајде одговор на тоа прашање, не насетувајќи дека одговорот засекогаш ќе го промени.

    Оваа приказна се однесува на сите нас бидејќи во неа ќе пронајдеме рефлексија и на нашата општествена стварност. Но, што е уште поважно, ќе го пронајдеме изгубеното зрно надеж.

    Дури и во систем длабоко изгребан од корупцијата има место за херои.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Островот на пеликаните

    Островот на пеликаните

    0

    Уште една крими-драма што е сосем поинаква од која било книга од тој жанр.

    Дејството ги следи судбините на двајца млади Роми, кои по игра на случајноста завршуваат во судница и доживуваат пресуда што отвора низа настани што никој не би можел да ги замисли.

    Приказната за Ајша и Габриел, за Павле и Јована, е приказна за џелатите што стануваат жртви и жртвите што стануваат џелати на сопствената судбина. Тоа може да се претвори во сечија приказна, но уште веднаш се однесува на секого од нас. Токму затоа оваа книга ќе ја прочитате во еден здив, а силуетите на нејзините јунаци ќе се вкотват длабоко во вас.

    Мајиќ никогаш немал шанса да одговори на обвинувањата против него. Не го сторил тоа зашто се држел до професионалниот кодекс и не сакал да зборува за случаите на кои судел. Наместо да ги толкува површните напади, судијата одговара со нова книга, која не само што претставува книжевно дело туку е и посебен чин од кој треба да учиме како да се бориме на правилен начин.

    „Островот на пеликаните“ носи надеж дека борбата за општо добро секогаш има смисла.

    400,00 ден
    Додај во кошничка