-
Големи лаги во мал град
0500,00 денЧејмберлен, докажан раскажувач на неверојатни приказни, ги држи читателите во неизвесност со приказна што ги поврзува историјата и сегашноста со романса и мистерија.
Северна Каролина 2018 година: Поради злосторството што не го сторила, животот на Морган Кристофер се менува целосно. Нејзиниот сон за уметничка кариера е ставен во мирување, додека еден мистериозен посетител не ѝ даде понуда што ќе ја ослободи од затворот. Нејзината задача е да реставрира еден стар мурал пред платото на поштата во едно мало заборавено гратче. Морган не знае ништо за реставрација, но, очајна за да биде слободна, таа прифаќа. Она што таа го наоѓа под слоевите од нечистотија е слика што раскажува приказна за лудилото, насилството, заговорот и тајните на тоа мало гратче.
Северна Каролина, 1940 година: Ана Дејл, уметник од Њу Џерси, победи на националниот натпревар за сликање мурал за поштата во Идентон, Северна Каролина. Поради големата потреба од работа, таа прифаќа да го слика муралот. Но, она што таа не го очекува е дека ќе се најде во град каде што предрасудите се преголеми, каде што луѓето кријат тајни зад затворени врати и каде што цената за различноста може да заврши со убиство. Што се случи со Ана Дејл? Дали трагите се кријат во насликаниот мурал? Може ли Морган да ги надмине сопствените демони за да ги открие големите лаги?
„Роман за уметноста и тајните… беспрекорно раскажан… со шокантен крај.“ – „Пипл”
-
13 минути
0490,00 денПрогласена „најдобра книга“ за млади за 2016 година од ТЕЛЕГРАФ.
Не се сеќавам како завршив во студената вода, но ова со сигурност го знам: тоа не беше несреќен случај. Велат, чувајте ги пријателите блиску до Вас, а непријателите уште поблиску, но понекогаш е тешко да препознаете непријател меѓу пријателите. Моите пријатели ме сакаат. Сигурна сум дека е така. Но тоа не значи дека не се обидоа да ме убијат…
“13 минути” е роман за една возбудлива мистерија околу еден обид за убиство, за недовербата меѓу луѓето, за стравот, за манипулацијата и за моќта на вистината. Содржина која едноставно Ве тера да ги преиспитате сите Ваши врски – и дали навистина ги познавате луѓето што Ве опкружуваат…
-
Сето тоа ќе ти го дадам
0650,00 денМрачни семејни тајни, убиства, измами и вечната потрага по вистината сместени во прекрасно опишаниот лозарски крај на Галиција.
Познатиот писател Мануел Ортигоса добива известување дека неговиот сопруг Алваро Муњис де Давила загинал во сообраќајна несреќа во Галиција кога всушност требало да биде на службен пат во Барселона. Се упатува таму и открива дека истрагата за случајот е затворена, а човекот со кој бил во брак петнаесет години криел од него дека потекнува од богато благородничко семејство и дека тој му е единствениот наследник.
Растргнат помеѓу болката од загубата и од сознанието за двојниот живот, сака да избега веднаш по погребот. Но го задржува Ногеира, полицаец во пензија, кој се сомнева во околностите за смртта на Алваро исто како и за друг смртен случај во неговото семејство, за кој мисли дека бил прикажан како несреќен случај. Заедно со свештеникот Лукас, кој му бил најдобар пријател на загинатиот од детството, го наведуваат Мануел да започне истрага за ненадејното патување на Алваро во Галиција и за неговиот таен живот. Ја почнуваат потрагата по вистината во место во кое старите обичаи и верувања се длабоко вкоренети и место што крие многу тајни.
-
Авантурите на Шерлок Холмс
0390,00 денКралот на Бохемија е уценет од својата претходна љубовница; свршеникот на една млада дама ненадејно исчезнува на денот на венчавката; црвенокос господин се наоѓа во крајно бизарна ситуација што не може да ја разбере; млада девојка е загрижена за својот живот откако сестра ù мистериозно умира. Само еден човек има одговор на сите овие мистерии, а тоа е секако Шерлок Холмс.
Книгата „Авантурите на Шерлок Холмс“, објавена во 1892 година, е првата збирка раскази за ненадминливиот лондонски детектив и неговиот помошник д-р Вотсон. Оваа збирка содржи некои од најпознатите раскази на Артур Конан Дојл, меѓу кои се вбројуваат „Скандал во Бохемија“, „Сојузот на црвенокосите“ и „Лентата со точки“.
-
Мачорот што ги спаси книгите
0340,00 денДедо ми отсекогаш велеше дека книгите поседуваат безмерна моќ.
Која е вистинската моќ на книгите? Повлеченото момче Ринтаро ќе го открие тоа сосем неочекувано, соочено со загубата на нештата што му значеле најмногу во животот.
Ринтаро се чувствува свој само меѓу книгите на дедо му, кои се негово прибежиште. Но откако дедо му ќе почине, тој ќе мора да ја продаде книжарницата во која поминал многу среќни часови во читање и да се пресели кај една далечна роднина. Меѓутоа еден необичен посетител од корен ќе му го промени животот. Тигар Пругавиот, мачорот кој умее да зборува, бара помош од Ринтаро за спасување на книгите. Оваа мисија ги носи на необично патување на кое запознаваат чуди луѓе и добиваат најразлични задачи. Минувајќи низ лавиринтите, на крајот доаѓаат до последниот и најтешкиот предизвик – оној кој од Ринтаро бара огромна храброст…
Необичен мачор, младешка љубов, волшебни книги и возбудливи авантури…Роман што ја враќа вербата во добрината, во кој ќе се пронајде секој читател.
„Волшебна приказна што нè повикува да уживаме во читањето и ни открива нови светови што ги држиме в раце додека ги листаме и мирисаме печатените страници и ја допираме шушкавата хартија.“
Џапан тајмс
-
Тврдина
0450,00 ден„Тврдина“ е еден од двата класици на великанот на светскиот роман во дваесеттиот век, Меша Селимовиќ.
По огромниот успех што го доживува со „Дервишот и смртта“, романот што денес претставува симбол за неговото име, Селимовиќ во 1970 година го објавува „Тврдина“, кој на некој начин претставува роман близнак, огледален роман на „Дервишот и смртта“.
За ова свое дело Селимовиќ ќе истакне: „Тврдината е еден поширок симбол. Тоа е сè што ги одвојува луѓето: религијата, нациите, државите, убедувањата, предрасудите, сè во што се затвора поединецот и заедницата кон другиот. Во однос на книгата ’Дервишот и смртта‘, каде што е дадена димензија на омраза и страсти, во ’Тврдина‘ сакав да го покажам излезот од таа затвореност во која луѓето живеат одамна, па и денес. Може ли да се излезе од тврдината и од тврдините, можат ли луѓето поинаку да разговараат меѓу себе освен преку пушкарниците? Мојот главен јунак ги има сите услови да биде огорчен и затворен во себе и тој сепак се обидува да најде пат до другите луѓе. За него е неприфатлив каков било друг пат освен патот на љубовта.“
-
Писатели и љубовници
0360,00 денСкршена поради ненадејната смрт на нејзината мајка и уништена по последната љубовна врска, Кејси Пибоди, летото 1997 година, стигнува во Масачусетс без никаков план. Нејзиното поштенско сандаче е преполно со покани за свадби и последни известувања од наплатувачи на долгови. Поранешното чудо од дете за голф, сега работи како келнерка во ресторан на плоштадот Харвард и живее во изнајмена мувлосана соба во која работи на својот роман што го пишува шест години. На 31 година, Кејси сè уште се држи за нешто од кое речиси сите нејзини пријатели се откажале: посветеноста да има креативен живот. Кога во исто време ќе се вљуби во двајца сосем различни мажи, нејзиниот свет се крши на уште поситни парчиња. Кејси се бори да ги исполни нејзините креативни амбиции и да балансира меѓу спротивставените барања на животот и уметноста, на начини што ја туркаат до работ.
„Писатели и љубовници“ ја следи Кејси – паметна и ранлива протагонистка – во последните денови од младоста, период кога секој сегмент од нејзиниот живот е во криза. Напишан со хумор, срце и интелигенција, карактеристични за стилот на Лили Кинг, овој исклучителен роман го истражува застрашувачкиот и возбудлив скок помеѓу крајот на една фаза од животот и почетокот на друга.
-
Градината на олеандрите
0390,00 денВо градината на една куќа во Карбонара, во Апулија, цвета олеандер. Го насадува Агостино, кога се преселува таму со неговата сопруга Анита, позната како „Марџала“.
Жена со ретка и мистична убавина, Марџала има моќ да ги смири болките кај новороденчињата, претставува скапоцена помош при раѓање и, доколку е потребно, е во состојба да отстранува клетви. Има три ќерки: Розета, Корнелија и Дијаманте, која е најмладата. Првата е убава и дива како и таа. Втората има коса со боја на мед и истите светли, продорни очи на нејзиниот татко. Од друга страна, Дијаманте е полничка, со виткана и нескротлива коса и е своеглава.
Со постојано остар и прониклив поглед, речиси никогаш не препуштајќи се на нежност, со текот на годините Марџала станува сведок на смртта на нејзиниот сопруг, на почеток на војна и на растењето и созревањето на нејзините ќерки, со нивните несреќни љубови, горливи страсти, горчливи разочарувања.
Смирувачкото присуство на Марџала, обвиткано со нејзината непробојна тишина, е постојано тука да ги надгледува, дури и спроти најнепредвидливата судбина…
Семејна сага за испреплетените судбини на четири храбри и уникатни жени. Мирисот на волшебната земја, Апулија
-
Најсвирепиот месец
0500,00 ден#3 АРМАНД ГАМАШ
Велигден во Три Пајнс е време на црковни служби, потрага по јајца и сеанси за воскреснување на мртвите.
Група пријатели одат во старата куќа на Хадли, ужасот на ридот, за конечно да се ослободат од злите духови што го измачуваат селото со децении. Но, наместо да се ослободат од духот, тие создаваат нов. Еден од пријателите умира од страв. Или сепак се работи за убиство? Тогаш се појавува главниот инспектор Арманд Гамаш со својот тим од полицијата во Квебек. Додека ги разоткриваат слоевите нечистотија што ја покриле опседнатата куќа, сфаќаат дека злото не е само таму. Еден од навидум љубезните селани е воден од исто такво зло.
Велигден во Три Пајнс е време на повторно раѓање, особено кога природата се буди. Но тогаш се буди и нешто друго, нешто неубаво. И веќе е јасно дека за да се случи повторно раѓање, прво мора да има смрт.
-
Хари Потер и Редот на фениксот
01.150,00 денХари Потер е исфрлен од Хогвортс! Бранејќи го својот братучед Дадли од дементорите, тој е принуден да употреби магија за време на летниот распуст, постапка што доведува до негово сослушување од министерот за магија лично. Во меѓувреме, лордот Волдеморт е сè помоќен, а голем дел од волшебничкиот свет – вклучувајќи го и Министерството за магија – е во одрекување: се води подмолна хајка против сведоштвата на Хари и Дамблдор. Но, за среќа, постојат луѓе кои ќе му се спротивстават на Мрачниот господар. Познатиот Ред на фениксот, основан од Дамблдор како противтежа на страшните смртојади, дејствува и се бори зад кулисите. На повидок е нова волшебничка војна и секој мора да ја одбере страната на која ќе се бори.
„Хари Потер и Редот на фениксот“ е петтиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата.
-
Се што чуваме
0330,00 денЕјми Тирни го има вистинскиот рецепт за совршен живот: да се омажи за нејзината прва љубов од детските денови, да основаат семејство и да го откупи ресторанот на родителите. Но, кога нејзиниот свршеник, Џејмс Донато, ненадејно исчезнува во бродска несреќа, нејзината визија за светла иднина заедно со него исчезнува во морето. Наместо да чекорат кон олтарот на нивниот свечен ден, Ејми се наоѓа на неговиот погреб – настан што ја остава крајно вознемирена.
Во обидот да си го обнови сопствениот живот, Ејми сè подлабоко се впушта во разоткривање на случката со исчезнувањето на Џејмс. Открива море од тајни што ја тера да се сомнева во сè што граделе заедно. Токму под површината се наоѓа вистината што може да ја ослободи Ејми… или да ја уништи засекогаш.
„Сè што чуваме“ е дебитантски роман на Кери Лонсдејл и прв од трилогијата „Сè“. Во него се обработуваат темите на очајот од загубата, еуфоријата од новото вљубување и нештата што го забрзуваат пулсот при налетот на вистината за драгите личности и на што сè се подготвени тие за да нè заштитат.
-
Се што даваме
0390,00 денПреполн тензија, мистерија и романса, последниот роман од трилогијата на Кери Лонсдејл, „Сè што даваме“, носи моќна завршница на возбудливиот серијал за љубовта, лагите и тајните што ги чуваат семејствата.
Наградуваниот фотограф Ијан Колинс прави само една грешка во животот, што ја чини слобода неговата мајка и уништено семејство, оставајќи го сам да се грижи за себе. Со години тој е разделен од татко му, а на мајка му ù се губи секаква трага. Сè додека тој сам не тргне во потрага по неа.
Денес, се чини Ијан има сè што отсекогаш посакувал – национална слава како фотограф, својата сакана сопруга Ејми и нивната обожавана ќерка Кети. А сепак, како да му недостигаат само две нешта: да се појави во „Нешнел џиографик“ и да ја пронајде мајка му. Кога познатото списание му понудува проект од неговите соништа, во истиот ден се појавува поранешниот свршеник на Ејми – Џејмс, кој му пренесува важна порака и остава белег на неговиот брак. Ијан мора да направи избор: да ја зграпчи посакуваната работна задача или да се поврзе со мистериозната жена која можеби го има клучот од разрешницата на неговото неспокојно минато. Но, влоговите се преголеми, затоа што Ијан може да го загуби она што му е највредно: неговото семејство.
-
Аутопсија на љубовта
0250,00 денАутопсија на љубовта е длабоко интимна поезија, еден вид на внатрешна исповед на авторот. Тој се соголува себеси, интензивно, чувствува љубов, копнеж, страв, безнадежност, апсурд… Токму тој бодлеровски призвук, емозионално жестоките слики со силно изразени контрасти се најсилната страна на поезијата на Моџо.
Помеѓу стиховите во кои се испреплетуваат тагата, болката и разочарувањето, како противтежа авторот ја спротиставува љубовта како нешто што ќе го спаси светот.
На границата помеѓу животот и смртта, сонот и јавето, постоењето и непостоењето, ангелите и демоните, е таа, неговата љубена, по која тој посега, а патиштата никако да им се вкрстат. Како расипан часовник чиишто стрелки се застанати далеку една од друга, проколнати да не се сретнат никогаш.
-
Двајца во едно срце
0430,00 денЛидија и Фреди. Фреди и Лидија. Беа заедно повеќе од десет години и мислеа дека нивната љубов е вечна. Ама погрешија. Повеќето животни пресврти се случуваат неочекувано, понекогаш незабележано се лизнуваат покрај нас, па ги забележуваме дури подоцна, ако воопшто ги забележиме.
Во болната игра на судбината, Лидија останува сама. Сака само да се заклучи во своите четири ѕида и плаче додека не остане без солзи. Единствено олеснување ѝ носат соништата: додека спие, како да влегува во некое паралелно сценарио во кое ништо не се сменило. И така, токму кога ќе почне повторно да ги прави првите, срамежливи чекори во реалниот свет, Лидија чувствува дека повикот на минатото ја влече наназад, таму каде што и натаму е можен нејзиниот стар живот со Фреди.
Ама невозможно е истовремено да се живеат два животи. Ако сака да се врати во светот во кој Фреди и натаму е жив и е господар на нејзиното срце, мора да направи избор. Затоа што некој во нејзиниот нов живот – нејзиниот вистински живот – сака таа да остане…
-
Седумте мажи на Евелин Хуго
0450,00 денВозрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот. Но, кога за тоа ќе ја ангажира анонимната репортерка Моник Грант, никој не е поизненаден од самата Моник. Зошто неа? И зошто сега?
Моник не е баш на врвот на светот. Сопругот ја напуштил, професионалниот живот ù е во ќор-сокак.
И покрај тоа што не знае зошто Евелин ја избрала да ја напише нејзината биографија, Моник е решена да ја искористи можноста и да почне своја кариера.
Моник е поканета во луксузниот апартман на Евелин, каде што фасцинирано слуша додека актерката ù ја раскажува нејзината приказна. Од пробивот во Лос Анџелес во педесеттите до нејзината одлука да го напушти шоу-бизнисот во осумдесеттите години и, секако, седумте сопрузи попатно, Евелин раскажува приказна за безмилосни амбиции, неочекувано пријателство и голема забранета љубов. Моник почнува да чувствува вистинска поврзаност со легендарната ѕвезда, но како приказната на Евелин се приближува кон крајот, станува јасно дека нејзиниот живот се испреплетува со оној на Моник на трагичен и неповратен начин.
-
Се што сакам за Божиќ
0430,00 денЗа Божиќ се случуваат чуда, ама не и за Ник. Тој ја изгуби работата како добро платен лондонски корпоративен адвокат, картичката му е речиси испразнета, а неговата девојка веднаш го напушти. Му останува само да се самосожалува во апартманот што го дели со својот најдобар пријател и колега кој подобро се снаоѓа во животот.
Ник бара работа – каква и да е! Без волја прифаќа привремено да работи како Дедо Мраз во локалниот трговски центар. И така ќе го сретне четиригодишниот Алфи. Се што Алфи сака за Божиќ е Сара, неговата мајка, да биде повторно среќна. Трогнат од несебичната желба на детето, Ник ќе се сети на една многу добра идеја. Тој ќе ѝ организира состанок на Сара, што можеби ќе донесе голем пресврт во неговиот живот…