-
-30%
Длабоко под површината
0Original price was: 420,00 ден.294,00 денCurrent price is: 294,00 ден.Таа е скршена однатре…
Меган Хантер има дадено сѐ од себе за повторно да застане на нозе и да го остави кошмарот од своите тинејџерски години зад себе. Последното нешто што ѝ треба или што го сака во животот е некојси маж. Но кога ја напаѓа некој од минатото, страшен туѓинец со лузни интервенира, спасувајќи ги неа и нејзината мала ќеркичка. Но изгледот може да лаже затоа што и покрај тоа што човекот делува грубо и страшно, таа се чувствува безбедно со него. И за првпат во животот, сфаќа што е тоа копнеж.
Тој е скршен однадвор…
Натаниел Вест има платено висока цена за служење како маринец во Авганистан. Се враќа на неговиот семеен ранч во планините на Колорадо за да заздрави – и да биде сам. Унаказен каков што е, не може ни да мисли на романтики и секс. Не кај Меган има нешто што го враќа во живот, му ја зоврива крвта и прави повторно да се чувствува како маж. Кога гледа дека ја демнат опасности и се разоткрива вистината за нејзиното минато, тој се заколнува дека ќе ја штити, но и дека ќе го исцели нејзиниот ранет дух. Но соочувањето со минатото никогаш не е лесно – особено кога тоа вклучува оружје. Меган ќе мора да научи да му верува за да преживее, но и да се предаде на страст која продира многу… длабоко под површината.
-
-30%
Дневникот на собарката
1Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.Номинирана за најдобар трилер на GOODREADS CHOICE AWARDS 2023
Кит Дарлинг е собарка со несекојдневна зависност. Не умее да одолее да не продушка во куќите на нејзините богати клиенти во кои чисти. Нејзиното „хоби“ е безопасно, сè до моментот кога ќе види нешто што не смее во домот на најновите клиенти: толку мрачна тајна која може да му го уништи животот на парот кој го очекува своето прво дете. Тоа ја прави Кит опасна за парот, но едновремено, тоа го прави парот, кои би убиле за да ја заштитат тајната – опасен за Кит.
Кога детективката Мелори Вал Алст пристигнува на местото на злосторството во луксузната куќа покрај морето, соочена е со докази за толку крвав насилен напад што е речиси невозможно жртвата да останала жива. Но тело – нема. Ги нема и сопствениците. А ја нема и собарката. Единствениот сведок е повозрасната сосетка, која ја разбудил вресок доцна во ноќта. Сосетката е и последната личност која ја видела Кит Дарлинг жива.
Кога детективката се зафаќа со растајнување на случајот, сфаќа дека ништо не е онака како што изгледа.
И никој не умее да му побегне на минатото.
-
-30%
Ловец на очи (Колекционер на очи #2)
0Original price was: 590,00 ден.413,00 денCurrent price is: 413,00 ден.Тој е најдобриот очен хирург во светот. Легенда во операционата сала. И им ги вади очните капаци на жените пред да почне да се изживува над нив…
Доктор Зукер е психопат кој води двоен живот. Преку ден ги врши најкомплицираните операции на човечкото око. Но ноќе се фокусира на неговите „специјални пациенти“: жените на кои им ги отвора очите во најбуквалната смисла на зборот. Им ги отстранува очните капаци, ги силува – и им дозволува да побегнат. Досега, сите негови жртви имаат извршено самоубиство. Бидејќи немаат ниту сведоци, ни физички докази, полицијата бара помош од Алина Грегориев. Слепата физиотерапевтка, која се смета за јасновитка од случајот со „Колекционерот на очи“, треба да се обиде да даде некоја насока за следниот „пациент“ на Зукер. Алина неволно се согласува – и со тоа пропаѓа во вртлог на лудило и насилство. Нејзиниот пријател, Александер Зорбах, е единствената личност која би можела да ја ослободи, но тој е западнат во комплетна апатија уште откако „Колекционерот на очи“ го киднапира неговиот син. Ни едниот, ни другиот од нив сѐ уште нема сфатено дека постои фатална конекција помеѓу „Колекционерот на очи“ и „Ловецот на очи“, Зукер…
-
-30%
Погрешно место, погрешно време
0Original price was: 520,00 ден.364,00 денCurrent price is: 364,00 ден.Можеш ли да спречиш убиство откако веќе се случило?
Крај на октомври. После полноќ. Го чекаш својот осумнаесетгодишен син. Тој доцни. Додека гледаш од прозорецот, тој се појавува и сфаќаш дека не е сам: тој оди кон еден човек и вооружен е.
Не можеш да поверуваш кога ќе видиш што прави: твојот забавен, среќен син тинејџер, убива некој странец, токму таму на улицата пред вашата куќа. Не знаеш кој. Не знаеш зошто. Знаеш само дека твојот син сега е во притвор, неговата иднина е уништена.
Таа ноќ заспиваш во очај. Сѐ е изгубено.
Додека не се разбудиш. . .
. . . на вчерашен ден.И тогаш повторно се будиш. . .
. . . на завчерашен ден.Секое утро се будиш ден порано, уште еден ден пред убиството. Со уште една шанса да го запреш. Некаде во минатото лежи одговорот – причината за ова злосторство – и немаш друг избор, освен да ја откриеш. . .
Goodreads Choice Award
– Номинирана за најдобра мистерија и трилер за 2022 година -
-30%
Сè што заборавила Алиса
0Original price was: 550,00 ден.385,00 денCurrent price is: 385,00 ден.Алиса Лав има дваесет и девет години, лудо е вљубена во сопругот и наскоро треба да стане мајка.
Замислете само колку ќе се изненади кога ќе се освести по падот во вежбалницата (во вежбалница? Па таа мрази да вежба!) и ќе открие дека има триесет и девет години и три деца на кои не се сеќава. Се разведуваат со љубениот сопруг Ник, кој ја мрази, а од сестра ѝ Елизабет, поради некоја причина, необјасниво се отуѓила.
Сега мора да сфати зошто одвај разговараат со сестра ѝ и како се претворила во една од оние преслаби мајки облечени во прескапа облека. Како можело за десет години нештата да тргнат толку наопаку? Зошто не се препознава самата себе – и што е уште полошо, зошто оваа нова Алиса ни најмалку не ѝ се допаѓа?
Алиса мора да се сети на сè што заборавила, одново да ја изгради сликата од изминатите десет години и да дознае дали работите можат да бидат како порано. А пред сè, мора да дознае дали заборавот е благослов или проклетство и дали е навистина можно човек да почне одново.
-
-30%
Куќната помошничка (The Housemaid #1)
3Original price was: 550,00 ден.385,00 денCurrent price is: 385,00 ден.Мили Каловеј живее во својот автомобил и очајно бара пристојна работа. Затоа, веднаш ја прифаќа понудата за куќна помошничка во богатото семејство Винчестер, занемарувајќи ги ситните проблеми што доаѓаат со позицијата.
Се вселува во таванското сопче на прекрасната куќа, каде што има сопствен кревет и покрив над глава – но зошто вратата се заклучува само однадвор? Зошто Нина Винчестер постојано прави неред и ги меша работите и датумите? Зошто градинарот ја предупредува дека ја демне опасност, но не сака да и каже ништо поконкретно?
За жал, Мили нема скршена пара и нема свој дом, па не може да си дозволи да даде отказ.
Освен тоа, со се поголемата привлечност што ја чувствува кон Ендру, сопругот на Нина, не е сосем сигурна дека сака да го направи тоа.Сепак, наскоро ќе дознае дека ситуацијата во домот на Винчестерови не е воопшто таква каква што изгледа на прв поглед.
-
-30%
Надвор од контрола (амок)
1Original price was: 590,00 ден.413,00 денCurrent price is: 413,00 ден.Себастијан Фицек, германскиот крал на трилерот, загосподарува со етерот со својот нов потресен и застрашувачки трилер.
„Добро утро, Берлин. Точно е 7:35 часот наутро, а вие го слушате вашиот најголем кошмар.“
Ира Самин, реномиран криминален психолог, планира денес да умре. Не може повеќе да ја поднесе болката по смртта на нејзината ќерка. И има испланирано сè до најситниот детаљ. Ќе умре како што таа сака, со пијалак в рака, за да му наздрави на заборавот.
Но судбината има други планови. Еден психопат упаѓа во најпознатата радиостаница и ги држи вработените како заложници. Планира на секој час да избира нечиј број од именикот и да телефонира. Доколку личноста одговори на повикот изговарајќи го точниот слоган, киднаперот ќе пушта по еден заложник – во спротивно, ќе го убие. Тогаш полицијата ја замолува Ира да преговара со него.
Мажот има само едно барање: ќе престане со својата изопачена игра кога ќе му ја донесат свршеницата. Но таа е мртва со месеци…
-
-30%
Злотвор (Robert Hunter #6)
3Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.АКО ТОЈ МИСЛИ НА ВАС… МРТВИ СТЕ.
Една чудна несреќа во рурален Вајоминг води до апсење на човек за потенцијално двојно убиство, но понатамошната истрага упатува на многу пострашно откритие – сериски убиец кој киднапирал, измачувал и масакрирал жртви низ цела Америка најмалку дваесет и пет години. Осомничениот тврди дека тој е само пион во огромен лавиринт од лаги и измами – но дали може да му се верува?
Случајот веднаш го предаваат на ФБИ, но овој пат тие се принудени да побараат надворешна помош. Го бараат Роберт Хантер, кој е поранешен психолог за криминално однесување и главен детектив во одделот за Ултра насилни злосторства, да направи низа интервјуа со уапсениот човек. Овие интервјуа почнуваат да откриваат ужасни тајни кои никој не би можел да ги предвиди или очекува, вклучувајќи го и вистинскиот идентитет на убиецот, кој е толку внимателен што никој, па дури ни ФБИ, немал поим дека постои… сѐ досега.
-
-30%
Ловецот (Robert Hunter – Ретропродолжение)
1Original price was: 270,00 ден.189,00 денCurrent price is: 189,00 ден.Запознајте го Роберт Хантер, најмладиот детектив за убиства кој некогаш работел во полицијата во Лос Анџелес – и тоа уште на неговиот прв ден на работното место. Како на неискусен почетник, му даваат едноставен случај со самоубиство. Но кога тој пристига на местото, веднаш почнува да се сомнева дека нешто не е како што треба.
И покрај фактот дека влезната врата е заклучена и затворена однатре со резе, а не постои апсолутно никаков друг излез од станот, Хантер има претчувство дека жртвата не извршила самоубиство. Со оглед на тоа дека сите докази се против него, неговиот нов шеф не сака да чуе за експерименти, па Хантер има тешка задача за докажување ако сака да го реши случајот и да го задржи своето место во тимот.
-
-30%
Умри за мене
2Original price was: 450,00 ден.315,00 денCurrent price is: 315,00 ден.Кетрин Кол била убедена дека нејзиниот свршеник е совршениот маж сѐ додека не дознала дека всушност е совршениот убиец. Тој ги оставал жртвите прободени низ срцето, со една црвена роза во рацете како негов заштитен знак и го нарекле убиецот Валентин.
Пред три години, тој исчезнал. А сега е вратен. И ја гони онаа која му побегнала.
Во Њу Орлеанс, Кетрин за првпат по долго време се осмелува да се надева дека конечно е безбедна, но тој сепак некако ја наоѓа. Па овој пат нема намера тивко да седи и да чека; ќе даде сѐ од себе да го запре монструмот кој порано го сакала, па дури и ќе му верува на еден полицаец кој ѝ ветува дека ќе се погрижи таа да е безбедна. Детективот Дејн Блек никогаш не дозволува емоциите да му се мешаат во работата, дури ни кога убиецот Валентин се појавува во Њу Орлеанс да го демне својот плен. Но кога се согласува да ја штити поранешната свршеница на убиецот, не може да ја игнорира страста помеѓу нив. По една незаборавна ноќ која ги поврзува во душа и тело, Дејн сфаќа дека нема да се смири сѐ додека Кетрин не е безбедна во неговите раце, а убиецот Валентин мртов.
-
-30%
Мило мое дете
3Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.Во тмурна колиба без прозорци некаде во шумата, животот на Лена и на нејзините две деца следи строго дефинирани правила, кои ги поставува човекот којшто ги држи заробени – таткото: кога се јаде, кога се оди во тоалет, кога се учи… и сето тоа под неговото будно око. Тој го штити своето семејство од опасностите кои демнат во надворешниот свет и води сметка неговите деца секогаш да имаат мајка која ќе се грижи за нив.
Еден ден, Лена успева да побегне – но кошмарот продолжува. Се чини дека тиранинот сака да си го врати она што смета дека му припаѓа… Плус, под знак прашалник е дали таа навистина е жената по име „Лена“, мајка на двете деца, која исчезнала без трага пред 14 години. Полицијата и семејството на Лена очајно се обидуваат да ја состават сложувалката, чии делчиња од некоја причина не можат да се спојат во една целина.
Морничав и адреналински трилер во стилот на „Соба“ и „Ејми ја нема“ – од една од најпопуларните германски авторки.
-
-30%
Од жарјето
4Original price was: 420,00 ден.294,00 денCurrent price is: 294,00 ден.Чудни се нештата на кои се сеќава човек по трагедија. Како на пример:
– Оглушувачкиот звук на експлодирање на куќата.
– Парализирачкиот страв додека ја барав мојата сопруга.
– Заслепувачкиот чад кој ми ги гореше очите додека ја изнесував на раце.
Но она што ќе остане најсилно врежано во мојата душа до крајот на мојот живот ќе биде потресниот момент кога сфатив дека жената во моите раце всушност не е мојата сопруга.Јас и Бри бевме единствените преживеани во фаталната несреќа – иако ни на двајцата не ни се ни живееше веќе по таа ноќ. Како самохран татко на кој штотуку му изгоре домот и сѐ што поседував, немав друг избор, па ја прифатив нејзината великодушна понуда привремено да се вселам во нивната гостинска куќарка. И некако, низ болката и тагата, оформивме еден невообичаен тим. Беа потребни години, но гледав како постепено ѝ се враќа насмевката на лицето – бавно и прекрасно. Навечер седевме и разговаравме со часови, празни муабети, но пополнуваа огромна дупка во моите гради.
Иако јас ја изнесов неа од пожарот, вистината е дека Бри ме спаси мене. Нашата љубов се роди од жарјето, но којзнае дали можевме да ја преживееме и експлозијата од тајни и лаги од минатото.
-
-30%
Приказна на една мајка
4Original price was: 390,00 ден.273,00 денCurrent price is: 273,00 ден.Животот на Џесика тече подобро од сите нејзини очекувања и замисли. Таа си ја добива свадбата од соништата, го има совршениот маж, адвокатот Метју, и заедно купуваат прекрасна, скапа куќа во преубава населба. Најдоброто од сè е тоа што по само неколку месеци, чекаат дете.
Додека ја уредуваат детската соба и купуваат бебешки работи, таа упорно ја чека радоста што треба да ја донесе мајчинството. Но искуството на Џесика е далеку од радосно и убаво. Зошто не ја трансформираат мајчински чувства? Каде е сè што треба да дојде – каде е таа инстантна љубов што треба да ја чувствува за нејзиното дете?
Никој ја нема предупредено дека да бидеш мајка може да биде страшно и извор на нездрава осаменост. Никој ѝ нема кажано дека не сите жени ги сакаат своите бебиња. Можеби е најдобро Џесика сега засега да си ја чува оваа тајна за себе…
-
-30%
Плачот на срната
0Original price was: 350,00 ден.245,00 денCurrent price is: 245,00 ден.Тој е повлечен, талентиран сликар кој сè уште не е закрепнат од исчезнувањето на неговата блиска пријателка – која најверојатно е жртва на сериски киднапер во нивното мало гратче. Таа е црвенокоса убавица со проблематично семејство; живее единствено за својот мачор, музиката и книгите. Нивните меланхолични души се поврзуваат на еден необичен начин – чуден сон, префинето претставен на платно. Немаат никој друг близок во своите животи, но сето тоа се менува кога почнуваат подобро да се запознаваат, спријателуваат и вљубуваат…
Но и покрај прекрасните чувства кои горат помеѓу нив, не можат да останат имуни на мистериозниот случај со исчезнатите девојки во нивното мало гратче, па наскоро се впуштаат во опасна истрага. Заплеткани во едно клопче од пресврти, многу емоции и возбудливи настани, средношколците се обидуваат да не потклекнат пред бурата што постепено се создава пред нивните очи.
„Плачот на срната“ е дебитантско дело кое изобилува со богати метафори, речиси допирливи емоции и раскошни детали. Делумно мистерија, делумно љубовна приказна во која ќе уживате до последната страница.
-
-30%
Сопругата на детективот
5Original price was: 350,00 ден.245,00 денCurrent price is: 245,00 ден.1994 година: Лидија е млада девојка од фино семејство, кога го запознава малку постариот детектив Димитар и веднаш се вљубува во него. Не може да поверува колку е привлечен, колку е културен, колку е мажествен, а таа од друга страна, млада, наивна, неискусна. Кога тој покажува интерес за неа, просто не може да си поверува на среќата.
Но дали е сè така како што изгледа?
2014 година: Лидија е во затвор, а Димитар е мртов. Никој не знае што точно се случило. Таа на суд сведочи дека со години била жртва на семејно насилство и тврди дека била принудена да го убие сопругот во самоодбрана, но никој не ѝ верува.
А можеби и не треба…
Семејна драма со голема доза на мистерија во која се испреплетуваат приказните на неколку затворенички, во стилот на легендарниот мјузикал Чикаго, и ве тераат да ги вртите страниците сè додека не дознаете како завршува секоја една од нив.
-
-30%
Врати ме назад
6Original price was: 420,00 ден.294,00 денCurrent price is: 294,00 ден.Фин и Лејла се млади, заљубени, и на одмор. Тие возат по автопат кога Фин одлучува да застане на одмориште покрај патот за да отиде до тоалет. Тој излегува од колата, ја заклучува и влегува во тоалетот. Но кога се враќа, Лејла ја нема – и никој никогаш веќе не ја гледа. Тоа е приказната што Фин им ја кажува на полицајците. Но тоа не е целата приказна…
Десет години подоцна, Фин е свршен со сестрата на Лејла – Елен. Заедничката болка и тага за она што се случило со Лејла ги зближила и тие планираат да останат заедно. Но, кај Елен има нешто што Фин никогаш не успева целосно да го разбере. Неговото срце сака да верува дека таа е вистинската за него… иако некое шесто сетило му вели да не ѝ верува.
И тогаш, непосредно пред неговата венчавка со Елен, Фин добива телефонски повик. Некој од неговото минато ја видел Лејла. А се случуваат и некои чудни работи: во куќата на Фин и Елен одеднаш почнуваат да се појавуваат одамна изгубени предмети од минатото на Лејла. Почнуваат да стигнуваат мејлови од непознати луѓе кои од некаде знаат премногу. Тајни пораки, траги, предупредувања. Ако Лејла е жива – и ако таа е онаа што го прогонува Фин – што сака таа? И колку знае?
„Врати ме назад“ ќе ве тера да се сомневате во сè и секого до последната страница.
