Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Книга за смеата и за заборавот

    Книга за смеата и за заборавот

    0

    Богата во поглед на приказните, ликовите и имагинативниот опсег, токму Книгата за смеата и за заборавот е романот што на Милан Кундера му го донесува неговиот прв голем меѓународен успех кон крајот на седумдесеттите години на XX век. А, како што е тоа случај со сите негови дела, и овој роман е многу повеќе од неговите само и единствено историски импликации.

    Во седум извонредно интегрирани делови, смеата и заборавот, феноменот на границата и многу други и груби и суптилни аспекти на човековото постоење се разгледуваат зголемени и намалени, се преуредуваат и се нагласуваат, одново се испитуваат, анализираат и искусуваат…

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Незнаење

    Незнаење

    0

    Во Незнаење, чиешто дејство се одвива во современа Прага, Милан Кундера ја обработува мошне сложената и секојпат емотивно набиена тема на егзилот и од неа го создава ова книжевно ремек-дело.

    Маж и жена се среќаваат случајно додека се враќаат во својата татковина, која ја имаат напуштено дваесет години порано, кога решаваат да заминат во егзил. Дали ќе успеат да ја продолжат нишката на нивната чудна љубовна приказна, прекината речиси веднаш по почнувањето, по што се губи во приливите и одливите на историјата? Вистината е дека по толку долго отсуство, „нивните спомени веќе не се совпаѓаат“.

    Кундера успешно „жонглира“ со овие вртоглави концепти на отсуството, сеќавањето, заборавот и незнаењето и ги претвора во материјал за роман, маестрално оркестрирајќи ги и од нив создавајќи ја оваа извонредна полифониска прозна целина.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Идентитет

    Идентитет

    0

    Идентитет е еден од поновите романи на Кундера. Објавен е во 1997 година на француски јазик.

    Делото претставува интересна анализа на еден пар, при што се занимава со идентитетот на мажот и жената воопшто, односно со прашањето колку и дали е неговата промена во одредени услови можна.

    Секој следен пасус во овој кус роман открива нови стојалишта, аспекти, вистини околу идентитетот.

    Дали можеме самите да го смениме својот идентитет? Дали промената на околностите во животот го менува нашиот идентитет на сопрузи, родители, љубовници…

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Жак и неговиот господар : почест на Дени Дидро во три чина

    Жак и неговиот господар : почест на Дени Дидро во три чина

    0

    Во 1971 година Кундера пишува драмски текст во којшто се раскажуваат авантурите на еден благородник и на неговиот слуга Жак. Поднасловот на текстот укажува дека драмата е почест на големиот Дени Дидро, особено на неговото дело Фаталистот Жак.

    Оваа драма е многу успешна варијација на основните теми од тој роман и продлабочување на парадоксите на Дидро низ призмата на еден ироничен скептик од XX век.

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Празникот на безначајноста

    Празникот на безначајноста

    0

    Да се фрли светлина врз најсериозните проблеми и, истовремено, да не се изусти ниту една сериозна реченица, да се биде фасциниран од реалноста на современиот свет и, истовремено, да се избегне целиот реализам – тоа е идејата, стожерот, срцевината на Празникот на безначајноста, последниот роман на Милан Кундера.

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бавност

    Бавност

    0

    Ова е „најлесниот“ роман на Милан Кундера, своевиден дивертименто, неговата комична опера. Воедно, Бавност е и првиот негов роман напишан на француски јазик.

    Истовремено резигниран и маѓепсан, читателот го следи раскажувачот на Бавност низ една летна ноќ во која две приказни на заведување, одделени меѓу себе со повеќе од двесте години, се преплетуваат и осцилираат помеѓу возвишеното и приземното, комичното. Во основата на оваа навидум слободарска фантазија се крие длабоко промислување на современиот живот, се разгледува и се анализира тајната врска помеѓу бавноста и сеќавањето, се фрла светлина на поврзаноста помеѓу желбата на нашата доба за заборав и начинот на кој му се предаваме на демонот на брзината…

    Бавност е и приказна за „танчарите“ опседнати од страста да бидат видени, за кои животот не е ништо повеќе од постојана претстава испразнета од секаква интимност и каква било радост.

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Шега

    Шега

    0

    Шега е првиот роман на Милан Кундера, напишан на чешки јазик и објавен во 1967 година. Дејството се протега од крајот на Втората светска војна до настаните пред Прашката пролет кон крајот на шеесеттите години од XX век во тогашна Чехословачка.

    Роман за нарушената љубов и одмаздата, за разочарувањата од некогашните идеали и, како резултат на тоа, неретко гротескната верба во постигнување на мали, лични победи, за нераскинливата заемна проникнатост на шегата со нејзината неминовна повеќезначност – и неретко опачина…

    Шега се вбројува во стоте книги на векот според „Ле монд“.

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Смешни љубови

    Смешни љубови

    0

    Смешни љубови е збирка раскази напишани во периодот од 1960 до 1968 година, кога е и објавена, но набргу потоа, по руската инвазија на Чехословачка истата година, е забранета.

    Главна тема на расказите, како што луцидно навестува и насловот, е љубовта, при што акцентот само навидум е ставен на нејзиниот физички аспект, додека под површината на односите се наѕираат смешните недоразбирања и комичните ситуации во кои се вплеткуваат протагонистите – неретко во мрежата што самите ја сплетуваат за другиот, за партнерот во играта…

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Проштален валцер

    Проштален валцер

    0

    Во едно бањско лекувалиште со застарен изглед, осум личности се фаќаат на еден валцер што се забрзува: една симпатична медицинска сестра, еден гинеколог фантазер, еден богат Американец (понекогаш светец понекогаш дон жуан), еден познат трубач, еден стар осуденик, жртва на чистки, кој е на прагот да ја напушти својата земја…

    Овој роман е еден „сон на летната ноќ“, еден „црн водвиљ“. Најтешките прашања во оваа книга се поставени со таква леснотија поради која разбираме дека модерниот свет нè лишил од правото на трагичното.

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Животот е на друго место

    Животот е на друго место

    0

    Романот Животот е на друго место е напишан и издаден оригинално на чешки јазик во 1969 година, а во 1973, непосредно по неговото објавување на француски јазик, ја добива наградата „Медичи“ (Prix Médicis Etranger).

    „Со Дон Кихот и со Госпоѓа БовариЖивотот е на друго место е можеби најстрогото дело што некогаш било напишано против поезијата. Поезијата како привилегирана територија на потврдата, на занесот и на ’автентичноста‘. Поезијата како последното прибежиште на Бога…“

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бесмртност

    Бесмртност

    0

    „Смртта и бесмртноста создаваат неразделна двојка… поубава од Ромео и Јулија или од Лорел и Харди…“ „Бесмртноста подразбира вечно судење.“

    Тоа го вели Кундера во Бесмртност, каде што и самиот се јавува како лик. Бесмртноста, или претставата за неа, е присутна низ целата приказна, почнувајќи од интерференцијата на Гете и Хемингвеј како ликови, преку односите на другите, фиктивните ликови, па сè до инспирацијата што произлегува од еден единствен специфичен гест.

    Кундера и во ова дело го користи нему својствениот и мошне типичен психолошки реализам, а низ Бесмртност како стожерни провејуваат две главни теми: врската меѓу човекот и неговата слика и она што Кундера го именува како хомо сентименталис.

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Животинска фарма

    Животинска фарма

    0

    Еден ден животните на фармерот Џонс креваат бунт и го прогонуваат земајќи ја судбината во сопствени раце. Превратот е раководен од свињите, самопрогласени за најумни меѓу своите собраќа. По спроведената животинска револуција следува чекор кон она што е својствено за сите револуции – кон тоталитаризмот. Идеалите се претвораат во демагогија, соперниците на власта сурово се отстрануваат, се измислуваат внатрешни непријатели за оправдување на насилството, се спроведува систематска дезинформација и манипулација на мислењето, се фалсификува историјата… Оваа промена на вредностите е блескаво изразена во паролата „Сите животни се еднакви, но некои животни се поеднакви од другите“.

    Напишана во 1944 година, сатиричната антиутопија Животинска фарма била директно вперена против сталинистичкиот режим, но е еднакво важечка за секој систем во кој се поткопува личната слобода. Преведен на над 60 јазици и објавен во милионски тиражи, ова е роман кој никогаш не ја губи својата актуелност.

    „Животинска фарма е мудра, емпатична, беспоштедна и просветлувачка басна за нашето време.“ Њујорк тајмс

    199,00 ден
    Додај во кошничка
  • Раскажувачката

    Раскажувачката

    0

    Некои приказни живеат засекогаш…

    Сејџ Сингер се спријателува со еден старец, омилен во заедницата – пензиониран наставник и тренер во јуниорската бејзбол лига. Нивното пријателство започнува во пекарницата во која работи Сејџ. Еден ден тој ја замолува за услуга: да го убие! Таа е шокирана и одбива… И тогаш започнува исповедта на неговите најмрачни тајни – тој навистина заслужува да умре… Што да се прави кога злото е во соседството? Треба ли да се понуди прошка?

    И најтешкото прашање: се работи ли за убиство или за правда?

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Птиците умираат пеејќи

    Птиците умираат пеејќи

    0

    РОМАН СПОРЕД КОЈ Е СНИМЕНА СЛАВНАТА ТЕЛЕВИЗИСКА ХИТ СЕРИЈА
    Меги е ќерка на сиромашни доселеници од Австралија. Уште од мала, таа е запоставена од нејзините родители и постојано живее по религиозните и патријархални правила на нејзината фамилија и стегите што ги наметнува гратчето и огромниот имот Дрогхед.
    Ралф е млад, убав и речиси совршен свештеник што назначувањето во Австралија во почетокот го доживува како казна. Имено, неговите силни свештенички амбиции се насочени на друга страна, кон таинствениот Ватикан. Уште од првиот момент кога ќе ја запознае десетгодишната Меги, таа му станува многу мила и постојано е нејзин заштитник. По неколку години, една вечер, кога погледите ќе им се сретнат, сега веќе преубавата тинејџерка Меги, ќе пробуди чувства кај Ралф, чувства какви што тој никогаш немал, а и не ни знаел дека ги има. Од тој момент, Ралф е во вечно искушение дали тој е совршен свештеник и има неограничена љубов кон Бога, или сепак постои жена, на чиј мирис, убавина и нежност не може да им одолее.
    Дејствието опфаќа повеќе од половина век – двете светски војни и постапките на Ватикан. Тука се судбините на неколку генерации. Оваа љубовна и семејна сага сведочи и за сушите, пожарите и поплавите кои се заканувале со целосно уништување на имотите во Нов Зеланд.
    „Волшебна сторија… едноставна, неповторлива!“
    – Чикаго Трибјун
    „Преплетувањето на љубовни приказни од една генерација во друга, драматичниот заплет, чувството на постојана напнатост, реалните ликови… се во најмала рака неодоливи.“
    – Паблишерс викли

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Трите ќерки на Ева

    Трите ќерки на Ева

    0

    На пат кон една луксузна палата на вечера со истанбулската елита, на триесет и петгодишната Пери чантата ѝ ја краде еден питач. Во борбата да си ја врати, но и да си го спаси животот, на земја ѝ паѓа една фотографија – три студентки со својот професор ‒ реликвија од минатото, но и непребол што очајно се обидува да го заборави.

    Додека градот го тресат терористички напади, во Пери навираат живи спомени од идиличното детство со нејзиниот мистичен придружник, и од студентските денови на Оксфорд, кога првпат го напушта родниот град. Си спомнува на двете најверни другарки од сликата, бунтовната Иранка Ширин и набожната Египќанка Мона и нивните конфликти за идентитетот, религијата и феминизмот, но и на харизматичниот професор Азур, чиј контроверзен предмет ги преобразува животите на студентите. Како што се стеснува обрачот на тероризмот, Пери е принудена да се соочи со болниот спомен од детството и најпосле – со оксфордскиот скандал што неповратно ги раскинува сите врски меѓу нив…

    „Длабок и незаборавен роман што поврзува различни светови, гледишта и можности.“ Сандеј тајмс

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Полиња со диви нарциси

    Полиња со диви нарциси

    0

    Писмото што останува непрочитано во џебот на едно палто е причина за едно долго патување кон секој изминат и иден миг од животот. Сто и осум жолти ливчиња со непромен- ливата порака: Разбуди ме. Страниците од дневникот, испишани во потрагата по себе, се единствената нишка во лавиринтот на љубовта и неверството. Митови што еманираат од нашето најсекојдневно постоење. Доброволни прогонства и разделби ни ги отвораат портите кон вечно живите детства. Мириси што можат да ги разбудат најскриените агонии на животот, секогаш еден чекор пред нас. Како можеме да го најдеме она што ниту сме знаеле дека воопшто ни припаѓа. Противречноста на очекувањето. Да проникнеш во човекот е исто како тој да се роди повторно. Дали тоа, што еднаш суштински се скинало, може совршено да зацели?

    Најновиот роман на Винка Саздова, Полиња со диви нарциси, е необична приказна за едно неверство. Особено восхитуваат веќе докажаното мајсторство во монтажата на нарацијата и суптилната инверзија во која ни се откриваат ликовите. Староста преку младоста, минатото преку иднината. И едното и другото судбински вкрстени во вечното сега.

    250,00 ден
    Додај во кошничка