-
АЛХЕМИЧАРОТ
0350,00 денАлхемичарот е повест за едно долго и макотрпно трагање по сопствената среќа. Младиот андалудиски овчар Санитијаго тргнува во потрага по закопаното благо во египетските пирамиди. Воден од еден алхемичар низ пустината, тој ќе научи да го слуша своето срце, да ги чита знаците на судбината и, што е најважно, да го следи до крај својот сон.
Посветена на детето што секој човек го носи во себе, Алхемичарот е чудесна филозофска приказна што не учи дека животот е една голема книга во која секој би можел да ги дешифрира знаците, доколку го „чита“ своето срце.
“Алхемичарот е своевидна филозофска сказна што критичарите ја споредуваат со Малиот принц на Сент Егзипери, затоа што преголемиот животен оптимизам и сонот авторот во ова дело ги толкува не како бегство, туку како начин за осознавање на реалноста. Американското друштво на книжарите во 1994 година го прогласи Алхемичарот за најдобра книга за млади. Алхемичарот претставува и тема на мјузиклот изведен во 1997 година во Јапонија, што како инспирација го користи композиторот Валтер Талеб за истоимената симфонија, пуштена во продажба во 1998 година, а филмската компанија Вернерс Брадрс ги има откупено правата за снимање филм.”
-
Вилино
0300,00 денЗошто остануваш во зандана
кога вратата е ширум отворена?
РумиКако се случува оние што се љубеле верно како дрвото и сенката, како дрвото и огнот, да станат туѓинци во иста постела и дневна соба?
Жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Книга полна источни мудрости и мистична филозофија. Роман богат со психолошки и до нијанса извајани машки и женски ликови, со што се потврдува мајсторството на авторот покажано и во претходните романи. Префинета симболика на детали, прекогниции, соништа, сеизмографски треперења на душата. И роман терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите.
Венко АндоновскиВилино е лек.
Митрополит Методиј Златанов -
Ватиканската принцеза
0550,00 денГламурозно, но и предаторски, Борџија ја обележуваат ренесансна Италија.
Расцепкана на многу кралства, војводства и град-држави, папата Александар VI користејќи ја својата вонбрачна ќерка, Лукреција, како инструмент на владеење, успева во своите политички интриги.
Животот на Лукреција Борџија е сечиj само не и нејзин. Искористена за целите на својот татко и браќата, таа преживува како физички така и душевен пекол.
Желбата за искрена љубов, безгрижен живот и соништа на една млада девојка, се заменети со бескрупулозни игри и инцестни односи.
Дали историјата била неправедна кон ликот на Лукреција?
Желбата за преживување и одмазда, можеби, е посилна и од највозвишената љубов. -
Нултиот број
0360,00 денКолона е недипломиран педестгодишен преведувач од германски и повремен писател од сенка кој добива примамлива понуда од главниот уредник на еден весник во подготовка да напише фактивни мемоари за неговиот настанок. Идејата зад таблоидот, остроумно насловен „Утре“, е да биде необјавен ретроактивен запис на идни настани – погодна тактика за условување на низа личности на високи позиции кои не би можеле да ја знаат точната дата на која се пишувани вестите.
Наскоро Колона се запознава со редакцискиот тим на „Утре“. Меѓу неколкуте живописни ликови се издвојува параноикот Брагадочо, кој е убеден дека Мусолини бил жив дваесетина години по неговата наводна смрт и дека целата историја на Италија е еден голем заговор за затскривање на овој податок. Еден трагичен настан ќе го натера Колона да открие дека приказните на Брагадочо би можеле да бидат исто толку вистинити колку и оние на официјалните историографи.
-
Баудолино
0500,00 денВистинската лекција по историја има една порака: не постои апсолутна вистина. Па така, Умберто Еко во романот „Баудолино“ нарацијата му ја предава на еден италијански селанец, кој со својот талент за јазици и вештина за лажење успева да стане посвоен син на императорот Фридрих Барбароса. Повикувајќи се на човековата потреба од приказни – митови, бајки, истории, хроники, семејни традиции, религии, науки – „Баудолино“ ги допира речиси сите средновековни теми: крстоносните војни, трубадурите, легендата за Светиот Грал, улогата и влијанието на Евреите во овој период и вечната борба за моќ помеѓу папата и императорот, истовремено понудувајќи една посмодерна рефлексија на таканаречената сегашност. Возбудлив и игрив, „Баудолино“ заведува со својот свет на лавиринти, дигресии, прекажаности, полувистини, фантазии и фантастики, тајни истории и детективски драми, еден свет во кој веќе не се знае што е историја, а што мит…
-
Виор од лисје
0350,00 денНиз малото гратче Макондо минува вистински виор од луѓе, складишта и најразлични локали за лесна и брза забава, при што жителите на гратчето се наоѓаат затекнати среде вистински хаос од ѓубре и смрдеа, што го прави местото каде што живеат непрепознатливо. Кога компанијата за банани го напушта градот исто толку брзо како што и доаѓа, на оние што остануваат не им останува ништо освен празнина и распаѓање.
Во оваа уништена и бездушна пустелија останат е уште еден, последен, честит човек. Тоа е Полковникот, кој е цврсто решен да исполни едно одамна дадено ветување, без оглед колку и да е тоа неприфатливо од заедницата. Кога презрениот Доктор умира, тој е оној кој на себе ги зема товарот и одговорноста за оргнизирање на неговиот скромен, но достоинствен погреб, што ги споделува со својата ќерка и со својот внук, неговата единствена придружба на закопот, додека преостанатите жители на Макондо со задоволство би го оставиле Докторот да изгние онаму каде што починал, незгрижен и заборавен.
-
МАЛИОТ ПРИНЦ
0150,00 денПогледнат низ детските очи, светот е енигма, често драматична. Затоа Малиот принц не престанува да поставува прашања за смислата на животот. Одговорите што ги добива од возрасните се бизарни со својот груб рационализам и ја покажуваат во вистинска светлина извештаченоста на светот на возрасните, па затоа авторот, усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето, ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет лишен од вистинските вредности. Патешествијата на Малиот принц од планета на планета, од откритие до откритие, се во значајна мера и едукативни, а оваа лирска сказна, овоплотена со сликовит и езотеричен јазик, во целост е поврзана и со традицијата на филозофската апологија, и токму тоа е она што ја означува необичноста на Малиот принц за кој, без сомневање, се можни безброј интерпретации.
Сказната „Малиот принц“, што е раскажана во прво лице и е проследена со навидум наивни цртежи и акварели од авторот и со едноставноста на раскажувачкиот тон, со ненаметливите реплики и со фантастичниот аспект на опишаните доживелици претставува неповторливо четиво, пред сè за децата, но и за читателите од сите возрасти.
-
Каспар
0199,00 денКога драмскиот текст ,, Каспар” на австрискиот драматург Петер Хандке се појавува во јавноста во 1967 година, пречекан е како ,,драма на деценијата“, а во поглед на важноста и на манирот, споредуван е со Бекетовиот „Чекајќи го Годо“.
Пред нас се појавува сцена со главниот и единствен лик на неа, Каспар, со маска на лицето и со едвај нешто што личи на логична зборовна низа на усните.
Каспар, со текот на времето минато на сцената, преку логични и нелогични зборовни секвенции и физички дејства и содејства, научува да зборува „нормално“ и станува „креативен“, поради што, на крајот, е и уништен.
„Каспар“ е дело чијашто централна тема е јазикот и неговата способност да измачува, преку што општеството, со своите обиди на поединецот да му ги наметне својот јазик и своите рационални вредности, успева да го натера на имитација и на негирање на себеси, на својата индивидуалност и посебност и, со тоа на неговото поништување како свесен поединец.
-
Плетенка
0270,00 денВо овој незаборавен интернационален бестселер, животите на три жени кои живеат во многу различни средини, во различни делови на светот, ги поврзува еден предмет, преку кој се открива дека сите ние сме меѓусебно поврзани – преку културите, животните околности и преку границите.
Во Индија, Смита припаѓа во граѓанскиот слој кој е „недостоен за допир“. Очајно посакувајќи да ѝ овозможи образование на својата ќерка, таа го напушта малото село и со себе го поведува детето и ништо друго освен својата снаодливост, и се упатува кон еден храм каде што ќе доживее преродба.
На Сицилија, Џулија работи во работилницата за перики на својот татко, последната од ваков вид во Палермо. Таа ја мие, ја избелува и ја бои косата што им ја даваат фризерите во градот, а сега се појавува недостиг на оваа суровина. Но, кога татко ѝ настрадува во сообраќајна несреќа, таа открива дека финансиската состојба на компанијата е ужасна. Сега мора да најде начин за да ја одржи егзистенцијата на своето семејство.
Во Канада, Сара е успешна адвокатка и двапати разведена мајка на три деца, а нејзиниот идентитет е силно поврзан со професионалниот живот. Токму во периодот кога очекува големо унапредување, нејзиниот живот одеднаш е разнишан кога открива дека боледува од карцином.
Плетенката е трогателен роман на надежта и обновата,
величање на женственоста и силата на поврзување и истрајност. -
Париската библиотека
0350,00 денГодината е 1939-та, а местото е Париз. На младата, убава и амбициозна парижанка Одил Суше сè ù оди од рака: ја добива својата работа од соништата во Американската библиотека во Париз и почнува љубовна врска со згодниот и либерален полицаец Пол, кој ја сака и ги поддржува нејзините соништа и амбиции. Но, Германија секавично напредува во војната, а Париз е под опсада и преполн со нацистички војници. Сè што на Одил ù е драго, вклучувајќи ја и Американската библиотека, може да исчезне секој момент.
Годината е 1983-та, а местото е малото гратче Фројд во Монтана. На тинејџерката Лили ништо не ù оди од рака. Непопуларна е на училиште, не може да го освои момчето кое го посакува, а мајка ù одеднаш тешко се разболува. Но, тука е нејзината софистицирана и образована сосетка со странско потекло со која полека се зближува. Таа со нејзиниот ум и со нејзиното однесување отскокнува од здодевното секојдневие на малиот град, а нејзиниот живот и минатото се обвиткани со мистерија и тајни. Лили не знае колку тие тајни засекогаш ќе ù го сменат животот.
Романот „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс е интересна и возбудлива приказна, полна со љубов и драма, тажни и среќни човечки судбини. Исто така, тоа е роман за книги и роман за неочекувани херои и хероини – за тоа како книгите можат да ни го сменат животот, а како читателите можат да го сменат светот.
-
Звукот на тишината
0320,00 денНинбург, септември 1960: Поствоена Германија, разбранувана со младински движења чии водачи се родиле во рушевините на војната, е средината во која младата Клара првпат влегува во средното училиште, кое ќе ѝ го промени животот. Девојка која се крие зад блокот цртежи со јаглен на кејот на реката Зале, која сака да остане незабележана од надворешниот свет, станува дел од необична дружина по име Еквилибриум, со која влегува во светот на политичките движења во Западна Германија. Низ целата приказна владеат мистеријата и сенката што ја обвиваат Клара, борбата со анксиозноста и депресијата кои ја следат откако Зaле ја зеде својата прва жртва, а играта на судбината ја впушта во потрага на исчезнато момче која ќе отвори нов свет исполнет со мистерија, љубов, измами, гнев и заборав. Приказна која плени со својата комплексност, проткаена со драма и романса, обвиена во мистерија со вклучени вистински историски настани – сите состојки потребни да создадат возбуда и тензија која ни еден читател нема да остави рамнодушен.
-
Дамски гамбит
0420,00 денОсумгодишното сираче Бет Хармон е тивко и повлечено девојче со невпечатлива појава. Така е сè додека не ја изигра првата партија шах. Нејзините сетила се изоструваат, размислува појасно и првпат во животот чувствува дека има контрола.
На 16-годишна возраст, таа веќе се натпреварува на „Отвореното првенство на САД“. Но, како што ги усовршува вештините на шахот и зачекорува на патот на успехот, нејзината изолација станува сè позастрашувачка, а помислата за бегство сè попримамлива.
Роман на којшто е базирана истоимената мегапопуларна ТВ-серија на „Нетфликс“.
-
За пет години
0350,00 денКаде се гледате себеси за пет години?
Дени Коен живее според правила. Млада е и амбициозна, и точно знае каде се гледа себеси во животот. Нималку не личи на својата најдобра пријателка, спонтаната и романтична Бела. По неколку години вредна работа и грижливо планирање, Дени е на прагот за остварување на своите соништа. Ќе се вработи во најдобрата адвокатска фирма, а нејзиното совршено момче ја запросува. Дени лежи на нејзиниот кревет задоволна и убедена дека работите одат според планот.
Кога ќе се разбуди, Дени се наоѓа во друг стан, со поинаков прстен на раката, покрај сосема друг човек. Следниот еден час од нејзиниот живот Дени го поминува пет години во иднината, пред повторно да се разбуди. Иако настојува да го потисне живописниот сон, Дени не може да престане да размислува за тоа искуство.
„За пет години“ е незаборавна љубовна приказна, но не онаква каква што очекувате.
-
Мојата мрачна Ванеса
1450,00 ден2000 г.
Соочена со првите тешкотии во животот, но амбициозна и желна за побрзо да порасне, Ванеса Вај е втора година во престижно средно училиште кога влегува во афера со Џејкоб Стрејн, магнетски привлечен професор по книжевност.
2017 г.
Речиси дваесет години подоцна, со бранот обвиненија против моќни мажи, старите гревови пристигнуваат за наплата. Некогашната ученичка го обвинува Стрејн за сексуална злоупотреба и очекува од Ванеса да го стори истото. Ванеса е вџасена, бидејќи нејзината врска со Стрејн била љубов. Во тоа е сигурна. Сепак, црвот на сомнежот ù ги нагризува сеќавањата и таа почнува да ги преиспитува спомените, да размислува за сè што се случило, за повторно да ја дефинира љубовната приказна, која всушност никогаш не завршила и која го обележува нејзиното постоење, нејзиниот живот. Дали навистина била жртва, и тоа само една од многуте?
Пред неа е невозможен избор: дали да остане нема, цврста во уверувањето дека своеволно влегла во таа младешка врска или да гледа со поинакви очи на себе и на своето минато?
Но, како да се откаже од својата прва љубов, од човекот кој ја променил од корен и бил секогаш присутен во нејзиниот живот? Дали е возможно всушност воопшто да не го познава мажот кој како девојка толку го сакала и кој ù се колнел дека ја обожава само неа? -
Холандската куќа
0450,00 денНа крајот од Втората светска војна, Сирил Конрој го послужува среќата кога со една мудра инвестиција ќе создаде огромна империја со недвижнини, воздигнувајќи го семејството од сиромаштија до екстремно богатство. Неговиот прв деловен потег е купувањето на Холандската куќа, раскошен имот во предградијата надвор од Филаделфија. Предвидена како изненадување за неговата сопруга, куќата станува причина да ги изгуби сите што ги сакал.
Приказната е раскажана од синот на Сирил, Дени, додека тој и неговата сестра Мев се избркани од куќата во која пораснале со нивната маќеа. Тие, од богатство, повторно се фрлени во сиромаштијата од која излегле нивните родители и откриваат дека можат да сметаат само еден на друг. Градат цврста врска што ги спасува нивните животи и ги исцртува нивните иднини.
Раскажана во временски период од пет децении, „Холандската куќа“ е мрачна бајка за двајца паметни луѓе кои не можат да го надминат минатото. И покрај секој проблесок на успех, тие, со доза на хумор и гнев, се враќаат на добро чуваната приказна за она што го изгубиле. Кога најпосле се присилени да се соочат со луѓето кои ги оставиле, врската помеѓу попустливиот брат и неговата заштитнички настроена сестра е конечно тестирана.
-
Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер
0450,00 денПреоптоварена и потценета, на самохраната мајка Ејми Бајлер ù треба пауза. Па кога ќе се појави нејзиниот сопруг што ја напуштил и со чувство на вина ќе се понуди да се погрижи за децата во текот на летото, таа ја прифаќа неговата понуда и од руралната Пенсилванија заминува за Њујорк.
Вообичаено приземна и со добри манири, Ејми конечно се отпушта во градот што никогаш не спие.
Таа открива живот исполнет со култура, софистицираност, и со мала поддршка од пријателите – со неколку состаноци на слепо. Кога еден човек ќе предизвика срцето на Ејми забрзано да чука, таа ризикува комплетно да се изгуби во непланираното бегство. Како што летото се движи кон крајот, Ејми сфаќа дека треба да донесе невозможна одлука: да остане во ова возбудлиов ново поглавје од нејзиниот жиовт, или да се врати на животот што го оставила зад себе.