Детски книги (55)

Showing 49–55 of 55 results

Подреди:
  • img-book

    Задолжително четиво за ноќното масиче на секое девојче или девојка што ја познавате. Џери Стенгел, „Форбс“.

    Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од корен ги менува бајките, инспирирајќи девојчиња со приказните за сто жени-херојки од Елизабета Прва до Серена Вилијамс.


  • img-book
    Ох, како скандал во училиштето за облаци!Малите облачиња одбиваат да плачат!

    Хи, хи, хи, протрчуваат по небото малечките облаци.

    Ха, ха, ха, се бркаат насмеани со ветрот.

    И така по цел ден и саноќ и ниту една капка, со денови!


  • img-book

    Оваа неверојатна книга им покажува на девојчињата дека можат да бидат сè што сакаат.“

    – Мелинда Гејтс

    Продолжението на сензационалниот бестселер на „Њујорк тајмс“ ги инспирира девојчињата низ целиот свет повеќе да сонуваат, повисоко да целат и посилно да се борат. „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња 2“ е целосно нова колекција од сто приказни за добра ноќ што слават извонредни жени, од Нефертити до Бијонсе, од Розалинд Френклин до Џ. К. Роулинг.

    Кралици и активистки, балерини и правници, пирати и компјутерски научници, астронаути и изумители – чудесна книга што дава чувство дека сè е можно.

    „’Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња‘ повторно со нас!“

    Ејми Полерс Смарт Грлс

    „Суштинско четиво за девојчиња, а и за момчиња; на децата што ќе ја читаат оваа книга пред спиење им се гарантираат големи и инспиративни соништа.“

    – Фиона Ноубл, „Гардијан“

    „Се чини заспивањето никогаш не било подобро.“

    – Тејлор Питман, „Хафингтон пост“


  • img-book

    Едно девојче и едно мече ни ги отвораат вратите од нивниот свет, кој е исто толку обичен, колку што е необичен. Поминувајќи го сето време заедно, тие откриваа многу нови работи. Открија дека колку побрзо го возат велосипедот, толку посилно ветрот им ја дува косата. Се искачуваа на највисоките ридови, обидувајќи се да ги допрат сончевите зраци. Уживаа во есента, играјќи си криенка со сонцето. Сѐ правеа заедно, додека еден ден…

    ДЕВОЈЧЕ И МЕЧЕ е топла, сонувачка приказна за другарството и за растењето.


    Девојче и мече од: 650 ден
  • img-book

    Малата извидничка Дева е изгубена во густата шума на планината Би. Во потрага по неа тргнуваат нејзината сестра-близначка Дина, момченцето Јан и кученцето Путерче. Случајно ја откриваат чудесната, таинствена земја Еднорозија во која живеат еднорози, самовили и волшебникот Моли. Многу одамна, злобниот принц Нолад фрлил страшна магија врз оваа прекрасна земја и оттогаш нејзините жители се заробени во неа.

    Додека групата извидници трага низ планината по нашите пријатели Дева, Дина, Јан и Путерче, тие, пак, соочени се со многубројни предизвици што треба да ги совладаат, три гатанки што треба да ги одгатнат и три книги што треба да ги пронајдат за да ги спасат жителите на Еднорозија.

    А, обидите за спас уште повеќе ги отежнуваат тројцата научници – господинот Шол, господинот Верг и господинот Адулбаз (нивните презимиња прочитај ги наназад за да откриеш какви се тие). Тројцата научници ја напаѓаат Еднорозија, верувајќи дека еднорозите го кријат лекот за бесмртноста…


  • img-book

    Има една зграда

    Со весели катчиња

    Ќе ве водиме низ неа

    По шарени патчиња


    На влезот си стои

    Токму бројот седум

    Толку има катови

    Читајте ги редум!


    Веселата зграда од: 199 ден
  • img-book

    „Џиновска продавница на фантазии“ е книга која ја претставува детската фантазија, сосема поинаква од онаа на возрасните: безгранична, нелогична, разиграна, смешна, максимално креативна…

    „Џиновска продавница на фантазии“ е втора детска книга на младата Бистра Георгиева, која, како и нејзината претходна сликовница Ото, Ото и Ото е продолжување на, како што се покажа, мошне успешната соработка со шпанската илустраторка Моника Каретеро.