-
АЛБУМ „СВЕТОТ НА БИБИ“
0150,00 денАлбум за самолепливи сликички „Светот на Биби“. 48 страници – 190 сликички
-
-
Размислувај како Шерлок Холмс
0360,00 денНа половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Шерлок Холмс е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за набљудување, логика, концентрација и селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња
-
Размислувај како Леонардо Да Винчи
0360,00 денНа половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Леонардо да Винчи е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за љубопитност, креативност, техника и перфекција, следејќи ги трагите на најсложениот и полиедричниот генијалец на сите времиња.
-
Размислувај како Алберт Ајнштајн
0360,00 денНа половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Алберт Ајнштајн е патување низ раскажување, активности и игри со коишто ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за истражување, логика, научен метод, страст и мотивација, следејќи ги трагите на најголемиот научник на сите времиња.
-
Размислувај како гениј
0360,00 денНа половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размилсувај како гениј помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развива имагинацијата и креативноста
-
Кој сум јас? – Животни од шумата
0170,00 денИнтересни загатки и изненадувања на секоја страница. Одличен начин за дечињата да ги научат животните и нивните главни карактеристики.
-
Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто
0200,00 ден„Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка која ги оживува и осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија. Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат. Забавата и знаењето во оваа збирка се фатени рака за рака.
-
УЧИМЕ ЗА ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО
0350,00 денВо оваа книга ќе дознаеме повеќе за човечкото тело – кое, верувале или не, е посложено од секој компјутер – или робот, како Р1. Тоа е чудесно и може да прави неверојатни нешта!
-
Бушава азбука
1720,00 денПоминаа повеќе од 35 години откако беше создадена култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ.
Со „бушавите букви“ растеа генерации и генерации, учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција.
Конечно, во 2022 година, го доживуваме резиданието на оваа вредна книга, од која сега можат да читаат денешните мали „бушави глави“ и растат денешните, нови генерации, негувајќи го македонското културно наследство.
-
-
КВИЗ ЗА ТЕКНУВАЛА
0390,00 денКвизот содржи 48 нумерирани илустрирани прашања, „магичен прозорец“ за исчитување на точниот одговор и ливчиња за забележување на резултатите. Наменет е за деца на возраст 5-8 години, но може да биде и интересен тест за повозрасните. Прашањата не се едноставни, но исклучително се логички и не бараат математичко предзнаење или познавање од околината, како ни вештина на читање. Квизот може да го игра поединец или група, при што секој ќе ги забележува своите резултати, а на крајот ќе се прогласи победник со најмногу точни одговори.
-
ВРТИ од А до Ш
0600,00 ден„ВРТИ од А до Ш“ има за цел да одговори на програмската потреба за развојот на писменоста кај децата од предучилишна возраст, во доменот препознавање пишани симболи и букви и учење на печатните букви во прво одделение низ игра, на едноставен, интерактивен и забавен начин. Истовремено има за цел да го поттикне детето да ја именува буквата, да поврзува глас со одредена буква, да го вежба изговорот на буквата и зборот – препознатлив поим кој е насликан на илустрацијата.
-
Авантура во џунглата играј и учи
0240,00 денЕдукативна сликовница – сложувалка, со тврди листови. Наменета за деца од 3-5 годишна возраст.
Од сложувалките се формира голема сложувалка. -
Заврти боја и облик
0390,00 денКвизот содржи табла со бои и форми и ротирачки стрелки за избор на жетон со добиената боја или форма, жетони со различни бои и форми и 12 картички со задачи. Играчите најпрво ги вртат сите картички надолу, а потоа секој од нив извлекува по една картичка на којшто е фигурата што треба да ја направи. Играчот ја завртува или стрелката со форми или со бои, и на тој начин определува што може да извлече од она што му е потребно да направи фигура со картичките.
-
КВИЗ АСОЦИЈАЦИИ
0420,00 денКвизот содржи 48 илустрирани задачи, „магичен прозорец“ за отчитување на точниот одговор и ливчиња за бележење на резултатите.
Сите задачи се од ист тип: за зададените четири поими, прикажани со слика или текст, треба да се пронајде поимот на којшто тие асоцираат.
Со поставување на „магичниот прозорец“ над црвеното поле, може да се провери точниот одговор на интересен и нестандарден начин. Овој квиз може да се користи повеќе пати и со повеќе играчи.
Квизот може да го игра поединец или група, при што секому може да му се бележат резултатите и на крајот да се прогласи победник со најмногу точни одговори.