-
-43%
Ти си ѕвер
4Original price was: 400,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Број 1 Њујорк Тајмс бестселер за сите луѓе кои сакаат драстично да ги подобрат своите животи.
Во оваа освежувачки забавна книга за самопомош, светски познатиот тренер за личен развој и успех, Џен Синсеро, нуди 27 поглавја полни со комично инспиративни приказни, отворени совети, лесни вежби и по некоја пцовка. Ако сте подготвени да направите сериозни промени во вашите животи, Ти си ѕвер ќе ви помогне: да ги идентификувате и промените вашите убедувања и однесувања кои не ви дозволуваат да го добиете тоа што го сакате во животот, ќе ви помогне да ги искорените старите стравови за да можете да преземате големи и возбудливи ризици и ќе ви помогне конечно да почнете да заработувате пари, да му се сневиди. Исто така ќе ви помогне да научите да се сакате себеси и другите, да си поставувате големи цели и да ги остварувате – генерално, ќе ви покаже како да создадете живот кој апсолутно ќе го обожавате и тоа како да го создадете веднаш.
Кога ќе ја прочитате Ти си ѕвер, ќе разберете зошто сте такви какви што сте, како да го сакате она што не можете да го промените, како да го промените она што не го сакате и како сериозно да станете ЅВЕР.
-
-53%
Напишано со каење (Regret duet #1)
3Original price was: 420,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Секое девојче сонува за сопствена бајка. Бајката во која силниот витез доаѓа да ја спаси од канџите на злото. Потоа се заљубуваат, се венчаат, имаат деца и живеат среќно до крајот на животот.
По таа дефиниција, и мојот живот требаше да е бајка. Кога имав осум години, Кејвен Хант ме спаси од најголемото зло на Земјата. Нема врска што бев само дете. Сепак се вљубив во него. Но таму воедно и заврши мојата бајка.
Многу години подоцна, една непромислена ноќ во најмрачен период од животот ни подари ќеркичка. Но тој мрак не беше ништо во споредба со црнилото што ме консумираше кога бев принудена да ја оставам со Кејвен засекогаш. Сите бајки имаат едно нешто заедничко: среќен крај. Знаев дека мојата нема да има, но секоја ноќ се молев барем нејзината да има.
Му го должев животот на Кејвен. Но на тоа девојченце му должев уште повеќе. Па затоа морав повторно да се соочам со татко ѝ, без разлика колку болело.
-
-45%
Еднаш и Тогаш
3Original price was: 450,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.„Еднаш“ е приказна за едно Еврејче кое е решено да побегне од сиропиталиштето каде што живее за да ги спаси своите родители Евреи од нацистите во окупирана Полска за време на Втора светска војна.
Сите заслужуваат да имаат нешто добро во животот. Барем еднаш.
„Еднаш побегнав од сиропиталиште за да ги најдам мама и тато.
Еднаш спасив девојче по име Зелда од запалена куќа.
Еднаш насмеав нацист.
Се викам Феликс. Ова е мојата приказна“.
Тоа е доброто кај приказните. Секогаш постои шанса да се остварат.
Феликс е среќен. За разлика од другите деца во сиропиталиштето, тој е сигурен дека неговите родители ќе се вратат по него еден ден. И без разлика колку нацистите ги палат книгите, благодарение на имагинацијата на Феликс, тој и неговите другари имаат безброј приказни – приказни кои ги штитат кога бегаат, кога се кријат од насилството и лудилото што владее насекаде околу нив, кои им даваат надеж кога се чини дека сè е изгубено и кои еден ден можеби дури и ќе му го спасат животот на Феликс.
„Еднаш“ и „Тогаш“ се две книги издадени во споено „омнибус“ издание.
-
-40%
Без каење
3Original price was: 500,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Морган има родено дете претерано млада. Заради тоа дете, се има омажено со првото момче од средно школо и целиот нејзин живот е една мирна, предвидлива и малку монотона песна. Таа и нејзината шеснаесетгодишна ќерка Клара се страшно различни и не ни сакаат да бидат слични. Морган, како и секоја мајка на тинејџерка, сака да се погрижи нејзината ќерка да не ги направи истите грешки што ги направила таа кога прерано останала трудна и морала да си ги стави на пауза сите соништа. Но Клара не сака да тргне по чекорите на мајка си. Таа дури и ја презира мајка си бидејќи смета дека не знае што е тоа спонтаност, дека е страшно здодевна.
Единствената личност која може да внесе малку мир во нивните животи е Крис – сопругот на Морган и татко на Клара, кој всушност е сидрото на семејството. Но мирот наеднаш го снемува кога Крис доживува трагична (и сомнителна) сообраќајна несреќа. Јазот помеѓу мајката и ќерката дополнително се зголемува кога почнуваат да се трупаат тајни, болни откритија, недоразбирања и нова љубов. Се чини дека тие две никогаш веќе нема да најдат пат една до друга…
-
-43%
Сурова љубов
6Original price was: 400,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Кога Тејт Колинс го запознава пилотот Мајлс Арчер, знае дека тоа не е љубов на прв поглед. Тие не можат да се однесуваат дури ни како пријатели. Единственото заедничко нешто им е непобитната взаемна привлечност. И кога ги отвораат картите, сфаќаат дека тоа им одговара на двајцата. Тој не сака љубов, таа нема време за љубов, па им останува само сексот. И нивниот договор може да е незамисливо едноставен ако Тејт успее да се држи до единствените две правила што Мајлс ги има за неа.
Никогаш не поставувај прашања за минатото.
Не очекувај иднина.Двајцата се убедени дека можат да се носат со овој договор, но речиси веднаш сфаќаат дека не можат.
Се кршат ветувања. Се кршат правила. Се кршат срца…
Љубовта станува сурова. -
-45%
Верити
14Original price was: 420,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Ловен е авторка на раб на финансиска катастрофа кога прифаќа една од оние понуди што доаѓаат еднаш во животот. Џереми Крафорд, сопруг на легендарната авторка Верити Крафорд, ја ангажира Ловен да ги доврши останатите книги во успешен серијал кој неговата сериозно повредена сопруга не може да го заврши.
Ловен пристигнува во нивниот дом каде што треба да ги разгледа и истражи сите забелешки и осмислени концепти во канцеларијата на Верити, надевајќи се дека ќе најде доволно материјали за да почне со пишување. Но она што Ловен не го очекува е пронаоѓањето на недовршена автобиографија во хаотичната канцеларија, што Верити немала намера никој да ја прочита. Таа автобиографија е полна со грозоморни признанија, а едно од тие признанија е и приказната што навистина се случило дента кога умрела ќерка ѝ.
Ловен одлучува да не му ја покаже автобиографијата на Џереми затоа што знае дека сето она што го пишува внатре ќе го уништи веќе ужалениот татко. Но кога нејзините чувства за Џереми почнуваат да се засилуваат, таа сфаќа дека може да ѝ оди во прилог ако тој ги прочита зборовите на жена му. На крајот на краиштата, без разлика колку е посветен на повредената сопруга, ниеден маж не би можел да продолжи да сака жена по една толку ужасна вистина.
-
-43%
Сите твои совршености
6Original price was: 400,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Колин Хувер се надминува себеси со моќна приказна за еден разнишан брак и едно старо, речиси заборавено ветување што би можело да го спаси.
На совршената љубов на Квин и Грахам ѝ се заканува нивниот несовршен брак. Спомените, грешките и тајните што се трупале низ годините сега ги влечат на различни страни и уште повеќе ја зголемуваат дистанцата меѓу нив. Единственото нешто што би можело да ги спаси е токму онаа работа што ги има донесено до работ на пропаста.
„Сите твои совршености“ е срцепарателна, емотивна и моќна приказна за пар чија потенцијална иднина се држи на шарките на ветувањата дадени во минатото. Додека без престан ги голтате страниците, ќе се прашувате: Може ли една силна љубов со совршен почеток да живее цел живот меѓу двајца несовршени луѓе?
Ако ви се допадна нејзината „Ова завршува со нас“, тогаш сигурно ќе ве освои и нејзиното најново ремек-дело.
-
-50%
Зима со мирис на капини
11Original price was: 400,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Сиетл, 1933
Самохраната мајка Вера Реј го бакнува своето тригодишно синче, Даниел, и оставајќи го дома сам затоа што нема никаков друг избор, со тешко срце заминува на работа во локален хотел каде што работи како собарка. Кога излегува од работа следното утро, гледа дека градот го покрил голем снег, иако е месец мај. Кога стигнува дома открива дека нејзиниот син исчезнал во текот на ноќта. Надвор, го наоѓа неговото сакано мече фрлено на подмрзнатата улица, а снегот веќе ги има скриено неговите стапки, како и на личноста што го зела.
Сиетл, 2010
Новинарката Клер Олдриџ добива задача да пишува за снежната бура, чуден феномен во мај кој се случил и пред осумдесет години и така дознава за нерешениот случај со киднапирање дете, па си се заколнува дека ќе ја открие вистината. Во процесот дознава дека таа и Вера може да се поврзани на неочекуван начин…
Авторката ја посветува книгата на секоја мајка што има изгубено дете, па самото тоа зборува за емоциите кои се вткаени во приказната.
-
-41%
Славејот
12Original price was: 420,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Франција, 1939
Во тивко француско село, кротката и плашлива Вијан Моријак се збогува со својот сопруг, кој оди да војува. Таа не верува дека Германците ќе ја окупираат Франција, но тоа сепак се случува и ја принудува да прими непријател во сопствениот дом. Во ова време на војни, Вијан мора да научи да биде храбра. Храбра како сестра ѝ.Нејзината помала сестра Изабел, од друга страна, мора да научи да се плаши. Таа е премногу бунтовна и храбра за свое добро. На самиот почеток од војната, се запознава со мистериозниот партизан Гејтон и се вљубува како што може да се вљуби само млад човек… лудо и комплетно. Не можејќи да ја гледа татковината како пропаѓа, Изабел непромислено се приклучува на тајните групи за ослободување на Франција без да размисли за опасностите.
Безвременска новела која ќе ве тера да ги голтате страниците без пауза. Приказна за издржливоста и храброста на жените која ќе ја помните цел живот. Сага за преживувањето и љубовта за време на војна што ќе ве натера да липате на глас.
Ова е книга за секого, ова е книга за навек. -
-43%
Само пријатели
8Original price was: 350,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Дали е подобро никогаш да не се вљубиш или да се вљубиш во некој кој не можеш да го имаш?
Ова е приказна за една девојка која го губи својот татко толку ненадејно што ѝ се разнишува целиот свет. Приказна за една мајка која се обидува да ги заштити своите деца по секоја цена, макар и со лаги. Приказна за едно сираче од дом. Приказна за наоѓање на вистинска љубов и нова надеж, но и за претворање на таа љубов во забранета. Колкупати може светот да ти се сруши под нозе, а сепак да продолжиш да стоиш? Приказна која ќе ви покаже дека некогаш човек може да се смее на работи кои никој не ги смета за смешни. Која ќе ве научи дека акцентот треба да се става на животот. Приказна во која двајца кои се сакаат треба да научат да бидат само пријатели и приказна која ќе ви покаже дека семејството некогаш се и само пријателите…
„Уникатно, како ништо што сте прочитале досега. Што чекате, прочитајте ја веднаш!“ – Тамара Вебер
