-
-30%
Детето
1Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.„Се викам Симон. Имам десет години. Јас сум сериски убиец.“
Роберт Штерн, успешен адвокат, не е ни свесен што го чека кога прифаќа да се сретне со нов клиент во предградието на Берлин. Затоа се шокира кога сфаќа дека личноста којашто треба да ја брани е десетгодишно момче – Симон – кревко дете со хронична болест, кое тврди дека бил убиец во претходниот живот. Изненаденоста на Штерн брзо се претвора во хорор кога го пребарува подрумот каде што го испраќа Симон и наоѓа остатоци од човечки скелет, череп расечен со секира – баш како што Симон му кажува дека ќе најде.
Но ова е само почетокот, бидејќи Симон му кажува на Штерн каде сѐ ќе најде други жртви чии тела стоеле скриени и неоткриени со години. Одеднаш и сегашноста делува убиствено опасна…
„Детето“ е изопачен брз трилер кој ќе ви го забрза срцебиењето од адреналин.
-
-30%
Тој и таа
2Original price was: 550,00 ден.385,00 денCurrent price is: 385,00 ден.Ако секоја приказна има две страни, значи едниот секогаш лаже.Џек: Има неколку збора кои можат да ја опишат мојата сопруга. Прекрасна. Амбициозна. Неспособна да прости.Ана: Мене ми е доволен само еден збор за да го опишам мојот сопруг. Лажливец.Ана конечно го има она што долго го посакува. Со многу напорна работа за да стане главната водителка на вести во BBC, со многу направени жртви во поглед на пријателите, семејството, па дури и сопругот – кој сега веќе ѝ е бивши сопруг. Па кога некој станува закана за работата од нејзините соништа, таа е подготвена речиси на сѐ за да не ја изгуби. Кога ја испраќаат да оди да известува за убиство во Блекдаун – малото мирно гратче каде што пораснала – таа не сака. Но се покажува дека жртвата е нејзина пријателка од детството па нема избор. Наскоро таа не е само новинар кој известува за приказната, туку е во сржта на истата.Детективот Џек Харпер е сомничав за инволвираноста на Ана во случајот. Но и тој крие нешто и не кажува дека ја познавал жртвата, сѐ додека не почне да сфаќа дека и самиот станува осомничен во сопствената истрага. Еден од нив двајцата знае повеќе отколку што признава. Некој не ја кажува вистината… Тој и таа е брз, комплексен и мрачен трилер кој ќе ве тера да погодувате кој е виновникот до самиот крај.
-
-30%
Забранет допир
0Original price was: 450,00 ден.315,00 денCurrent price is: 315,00 ден.Тој е осуден убиец во затвор… но таа не се плаши од него.
Новинарката Софи Алтон го истражува исчезнувањето на млада мајка, Меган, која неодамна е пуштена на условно и сега бега од властите со нејзината ќеркичка. Потрагата ја води Софи до братот на Меган, Марк, осуден убиец – и воедно човекот со кого таа има поминато една незаборавна ноќ пред дванесет години.
Осуден на живот во затвор, Марк ја користи Софи да побегне за да може да ја најде сестра си и да ја заштити од монструмот кој ја гони. Софи знае дека треба да се плаши од Марк. Но сѐ уште премногу добро се сеќава на жестината и страста во неговите допири, дури и по толку време.Заедно следат опасна трага додека многу луѓе од двете страни на законот прават сѐ што е во нивна моќ да ги спречат Софи и Марк во пронаоѓањето на Меган… и откривањето на вистината за минатото. -
-30%
Со љубов од Лондон
0Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.Кога библиотекарката Валентина Бејкер била тинејџерка, нејзината мајка неочекувано побегнала во родниот Лондон, оставајќи ги Вал и татко ѝ сами. Вал сега има триесеттина години и пропаднат брак зад себе, па се чувствува како да не си го сака животот – и знае дека нејзиното срце сѐ уште е скршено благодарение на тоа што била напуштена од сопствената мајка.
Во еден горко-сладок сплет на судбината, Вал добива абер дека нејзината мајка починала и ѝ го оставила својот стан, како и имотниот лист за една книжарница. Иако веста е поразителна, Вал одеднаш цврсто решава да открие која и каква била нејзината мајка навистина. Го прелетува океанот, го напушта Сиетл и започнува нов живот во преубавиот Лондон.
Полека, но сигурно, Вал почнува да ја составува сложувалката за животот на Елоиз во Англија, но и да се вљубува во станчето уредено во пастелни бои, пријатното соседство и шармантниот излог на книжарницата. Кога дознава дека постои ризик книжарницата да пропадне, Вал мора да почне да соработува со нејзините ексцентрични вработени за да ја спаси ситуацијата. Во текот на тој процес, дознава многу повеќе за Елоиз отколку што мислела дека е можно. Додека Вал се обидува да ја спаси книжарницата, Елоиз полека ја раскажува својата приказна, а мајката и ќерката откриваат страшни и болни вистини. -
-30%
Егоманијак
0Original price was: 450,00 ден.315,00 денCurrent price is: 315,00 ден.Вечерта кога го запознав Дру, имаше провалено во мојата нова канцеларија. Повикав полиција, а потоа го нападнав со моите новостекнати боречки вештини. Тој лесно ми се спротивстави, а потоа се изнасмеа затоа што очигледно мојот обид за напад му беше комичен. Многу јасно дека натрапникот мораше да биде арогантен. Само што, се покажа дека тој воопшто не бил натрапник.
Дру всушност беше сопственикот на просторот. Бил на одмор за време на реновирањето на неговите луксузни канцеларии. Па така јас наседнав, закупувајќи зафатен деловен простор од измамник и изгубив десет илјадарки.
Следниот ден, по неколку часа во полициската станица, Дру ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Ми понуди да останам во канцелариите додека не најдам нов простор, а во замена за тоа да одговарам на неговите телефонски повици додека неговата секретарка е на одмор. Веројатно требаше да бидам благодарна и да си ја држам муцката затворена кога го слушав какви совети им даваше на неговите клиенти. Но не очекував моето тело да реагира така секојпат кога се расправавме. Особено со оглед на тоа дека се расправавме цело време.
Ние бевме тотално различни. Дру беше огорчен, лут, проклето секси уништувач на врски. А јас им помагав на луѓе да си ги спасат браковите. Единственото заедничко нешто ни беше просторот кој го делевме. И фатална привлечност која беше сѐ потешка за игнорирање со секој изминат ден. -
-30%
Споменот на него
1Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.По отслужувањето затворска казна од пет години за трагична грешка од минатото, Кена Роуан се враќа во градот каде што се случила трагедијата, надевајќи се дека ќе добие втора шанса со својата четиригодишна ќерка. Но се покажува дека е невозможно одново да се изградат мостовите кои ги изгорела во минатото. Сите во животот на ќерка ѝ се цврсто решени да не ѝ дозволат на Кена да ѝ се доближи, без разлика колку таа се труди да се докаже.
Единствената личност која не ѝ ја затвора целосно вратата е Леџер Ворд, сопственик на локален бар и една од малкуте преостанати личности кои ја поврзуваат со ќерка ѝ. Но ако некој дознае дека Леџер полека станува важен дел од животот на Кена, двајцата ризикуваат да ја изгубат довербата на сите кои им се битни.
Нивната блискост расте и покрај притисоците околу нив, но истовремено расте и ризикот. Кена мора да најде начин да се искупи за грешките од минатото ако сака да изгради иднина во која ќе има надеж, исцелување и простување.
-
-30%
Куклената претстава
0Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.Сериски убиец ги пали своите жртви на познатите праисториски камени кругови во Лејк Дистрикт. Тој не остава никакви траги и полицајците се беспомошни.
Кога на јагленосаните остатоци од третата жртва го наоѓаат врежано неговото име, му ја прекинуваат суспензијата на посрамотениот детектив Вашингтон По и го вклучуваат во истрагата од која тој дефинитивно не сака да биде дел.
Како партнерка ја добива генијалната, но социјално неприлагодена аналитичарка Тили Бредшо и заедно пронаоѓаат трага која е оставена за да ја види само тој. Мистериозниот убиец има план и од некоја причина По е дел од него.
Како што се појавуваат сѐ повеќе нови тела, така По открива дека е многу поинволвиран во случајот отколку што можел да замисли. Со шокантниот крај кој ќе сруши сѐ што некогаш мислел дека знае за себе, По ќе дознае дека постојат и многу полоши работи од тоа некој да те запали жив…
-
-30%
Аурис
0Original price was: 450,00 ден.315,00 денCurrent price is: 315,00 ден.И најмалото отстапување во звукот и фреквенцијата на гласот е доволно за познатиот форензички фонетичар и вистинска легенда во редовите на полицијата, Матијас Хегел, да ја разликува вистината од лагата. Со негова помош веќе се осудени бројни криминалци.
Дали тој сега се лаже себеси? Неговото признание дека брутално убил бездомничка во жестока расправија изгледа премногу искрено.
Амбициозната поткастерка која обработува вистински злосторства, Јула Анзорге, е своевиден експерт за рехабилитација на невини осуденици и очајно сака да ја открие вистината. Но кога ќе почне да се задлабочува во случајот на Хегел, таа свесно се става во голема опасност…
Почеток на нов крими-трилер серијал на Винсент Клиш и Себастијан Фицек – на фасцинантната тема за форензичка фонетика.
-
-30%
Господин Неподнослив
2Original price was: 420,00 ден.294,00 денCurrent price is: 294,00 ден.Сè започна со една мистериозна сина белешка зашиена во еден невестински фустан. Нешто сино…
Отидов да го продадам мојот неносен невестински фустан во еден бутик за облека од втора рака. И така го пронајдов фустанот со пораката на некоја друга невеста. Фантастичен скап дизајн со пердуви и најубавата порака што некогаш сум ја прочитала: „Ти благодарам што ги исполни сите мои соништа“.
На сината скапа хартија беше втиснато името Рид Иствуд, очигледно најромантичниот маж кој некогаш постоел. Наскоро дознав дека е и најпрекрасниот. Камо среќа тука да запрев со фантазиите за вистинска љубов. Така немаше да дознаам дека воедно е и најнеподносливиот, најарогантниот и најтешкиот човек на светот. Благодарение на иронијата на судбината, тој ми е новиот шеф. Но тоа нема да ме спречи да ја откријам приказната што се крие зад неговото последно љубовно писмо. Љубовно писмо кое не било проследено со среќен крај. Како и да е, таа драма не може ни да се спореди со драмата што почнува меѓу нас. Само еден Бог знае како ли ќе заврши таа…
-
-30%
Мило мое дете
3Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.Во тмурна колиба без прозорци некаде во шумата, животот на Лена и на нејзините две деца следи строго дефинирани правила, кои ги поставува човекот којшто ги држи заробени – таткото: кога се јаде, кога се оди во тоалет, кога се учи… и сето тоа под неговото будно око. Тој го штити своето семејство од опасностите кои демнат во надворешниот свет и води сметка неговите деца секогаш да имаат мајка која ќе се грижи за нив.
Еден ден, Лена успева да побегне – но кошмарот продолжува. Се чини дека тиранинот сака да си го врати она што смета дека му припаѓа… Плус, под знак прашалник е дали таа навистина е жената по име „Лена“, мајка на двете деца, која исчезнала без трага пред 14 години. Полицијата и семејството на Лена очајно се обидуваат да ја состават сложувалката, чии делчиња од некоја причина не можат да се спојат во една целина.
Морничав и адреналински трилер во стилот на „Соба“ и „Ејми ја нема“ – од една од најпопуларните германски авторки.
-
-30%
Демнач во ноќта #3 (тврд повез)
0Original price was: 590,00 ден.413,00 денCurrent price is: 413,00 ден.Неидентификувано женско тело пристигнува во мртовечницата во Лос Анџелес. Причината за смртта сѐ уште е нејасна. Таа нема видливи повреди и рани; освен тоа што најинтимните делови од нејзиното тело се зашиени со дебел црн конец. Но она што најмногу го шокира обдуцентот е фактот дека убиецот оставил нешто внатре во неа. Нешто толку монструозно, што детективот Роберт Хантер го тргаат од друг тековен случај за да ја преземе оваа истрага.
За неколку дена се појавува второ тело. Исто како и првата жртва, и оваа е зашиена и има оставено нешто внатре во неа. Нешто подеднакво генијално колку што е гротескно. И убиецот не е готов, далеку од тоа.
Кога случајно налетува на привлечната и страшно способна приватна детективка Витни Маерс, Хантер почнува да се сомнева дека убиецот истовремено држи по неколку жени во заложништво, бидејќи жената по која трага Маерс е пријавена како исчезнато лице, но сѐ уште не е една од жртвите. Роберт наскоро дознава дека гони вистински монструм; монструм чие минато крие уште помонструозна тајна.
-
-30%
Додека има ѕвезди
0Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.Уживајќи со својот свршеник во романтична вечера во еден од најубавите ресторани во Сиетл, Кејли размислува за својот живот и не може да поверува колку е среќна: има одлична работа како новинарка и сега е свршена со човек кој е совршен во секој поглед. На заминување од ресторанот, Кајли забележува еден слаб, забраден бездомник на тротоарот. Му приоѓа за да му ја даде кесата со нивната преостаната храна, но се вкопува во место кога им се сретнуваат погледите. Шокирана и страшно потресена, сфаќа дека тој човек е љубовта на нејзиниот живот: Кејд.
Кога Кејли и Кејд се запознале пред десет години, привлечноста помеѓу нив била инстантна и неопислива; веднаш се јавила блискост и поврзаност, сѐ делувало како судбина. Но нивната врска завршила ненадејно и Кејли била потиштена. Сега, кутрата душа на улицата е само бледа верзија од нејзиниот поранешен сакан: неговото уморно лице сѐ уште е убаво како што Кејли го помни, но умот му настрадал во изминатите тешки години. Во текот на следните неколку недели, Кејли му помага на Кејд да почне да ги составува делчињата од сложувалката, иако на почетокот го крие тоа од Рајан. Но со навраќањето на старата врска, Кејли почнува да сфаќа дека мора да одлучи точно што сака и кого сака.
Во стилот на Џио, со раскажување паралелно во минатото и сегашноста, пловиме низ прекрасна приказна за жена која е соочена со невозможен избор; жена која открива што е подготвена да спаси, а што да жртвува во име на вистинската љубов.
-
-30%
Присестра
0Original price was: 450,00 ден.315,00 денCurrent price is: 315,00 ден.Изабел треба да е бескрајно среќна – набрзо ќе го добие прекрасниот принц. Но, Изабел не е исклучително убавата девојка која ја изгубила стаклената чевличка и го освоила срцето на згодниот принц. Таа е грдата присестра која си отсекува дел од ножните прсти за да успее да ја пикне ногата во чевличката на Пепелашка… и таа чевличка сега се полни со крв.
Кога принцот ја открива измамата на Изабел, ја отфрла и посрамотува. А таа токму тоа и го заслужува, бидејќи е обична, еднолична девојка во свет кој цени само убавина; темпераментна девојка во свет кој сака таа да е кротка и понизна.
Изабел многупати се има обидено да се вклопи. Да ги исполни очекувањата на мајка си. Да биде повеќе како својата присестра. Да биде мила и слатка. Да биде убава. Едно по едно, таа долго време наназад отфрла делчиња од себе само за да преживее во свет кој не ги вреднува и цени девојките како неа. И сето тоа ја има направено злобна, љубоморна и празна однатре.
Тогаш добива шанса да ја промени својата судбина и да го докаже она што грдите присестри отсекогаш го знаеле: треба многу повеќе од скршено срце за да се скрши девојка.
-
-20%
Месечарот
3Original price was: 420,00 ден.336,00 денCurrent price is: 336,00 ден.Како дете и во тинејџерските години, Леон имал проблеми со несоница. Месечарејќи, знаел дури и да стане насилен за време на ноќните екскурзии и посетувал психијатар за оваа состојба. По некое време, конечно бил убеден дека е излечен… но, еден ден, години подоцна, сопругата на Леон исчезнува од нивниот стан под мистериозни околности. Пред да замине, расплакана, со модро око и откорнат нокт, кажува нешто што ужасно го замислува Леон. Дали е можно неговата болест да е вратена?
Исплашен и испаничен, Леон решава дека мора некако да открие што прави додека спие, како се однесува во сон, па става држач за камера на челото. Камерата снима и во темница и се активира со сензори на движење. Кога седнува да ја прегледа снимката следното утро, доаѓа до откритие кое е полудо и од најлудата имагинација. Неговата ноќна верзија – месечарот – поминува низ врата која нему му е тотално непозната и се спушта некаде во темнината…
-
-30%
Од жарјето
4Original price was: 420,00 ден.294,00 денCurrent price is: 294,00 ден.Чудни се нештата на кои се сеќава човек по трагедија. Како на пример:
– Оглушувачкиот звук на експлодирање на куќата.
– Парализирачкиот страв додека ја барав мојата сопруга.
– Заслепувачкиот чад кој ми ги гореше очите додека ја изнесував на раце.
Но она што ќе остане најсилно врежано во мојата душа до крајот на мојот живот ќе биде потресниот момент кога сфатив дека жената во моите раце всушност не е мојата сопруга.Јас и Бри бевме единствените преживеани во фаталната несреќа – иако ни на двајцата не ни се ни живееше веќе по таа ноќ. Како самохран татко на кој штотуку му изгоре домот и сѐ што поседував, немав друг избор, па ја прифатив нејзината великодушна понуда привремено да се вселам во нивната гостинска куќарка. И некако, низ болката и тагата, оформивме еден невообичаен тим. Беа потребни години, но гледав како постепено ѝ се враќа насмевката на лицето – бавно и прекрасно. Навечер седевме и разговаравме со часови, празни муабети, но пополнуваа огромна дупка во моите гради.
Иако јас ја изнесов неа од пожарот, вистината е дека Бри ме спаси мене. Нашата љубов се роди од жарјето, но којзнае дали можевме да ја преживееме и експлозијата од тајни и лаги од минатото.
-
-30%
Летото смени сѐ (Браќата О’Нил #2)
2Original price was: 450,00 ден.315,00 денCurrent price is: 315,00 ден.Темпераментната Французинка Елиз има опасно лош ден. Не само што ѝ пропаѓаат плановите за отворањето на нејзиното сакано бистро, туку, згора на тоа, и Шон О’Нил е вратен во градот. Тие двајца минатото лето поминале една незаборавна ноќ заедно… и спомените сега навистина ѝ отежнуваат на Елиз да се држи до нејзиното строго правило: „не повеќе од една вечер со маж“! Нејзината глава знае дека Шон ќе замине кога-тогаш, па не ѝ преостанува ништо друго, освен да пробува да го игнорира своето срце пред да експлодира од копнеж по него.
Од друга страна, враќањето во Вермонт – па макар и само привремено – е најстрашниот кошмар на хирургот Шон О’Нил. За него, враќањето во ресортот Снежниот Кристал значи принудно соочување со сите причини поради кои го напуштил, но особено со вината што ја чувствува за одбивањето на руралниот животен стил на неговото семејство пред многу години. Но дознавањето дека Елиз сега живее во Вермонт и дека од неа сѐ уште му зоврива крвта е добредојдена дистракција. Тој е во искушение да ја убеди на реприза од минатото лето, но истовремено, не може да заборави колку беа добри заедно и знае дека тоа ќе му го отежни заминувањето…