-
-30%
Ослободување
0Original price was: 450,00 ден.315,00 денCurrent price is: 315,00 ден.ДУЕТ: RELEASE #1
Додека растев, Ремзи Стјуарт ми остави белези во душата што времето не умее да ги излечи.
На дванаесет години, ме праша дали сакам да му бидам девојка.
На тринаесет ми го подари првиот бакнеж.
На шеснаесет се вљубивме и планиравме заедничка иднина.Љубовта никогаш не пропаѓа.
За Ремзи, пропадна.
Љубовта го изневери.
Јас го изневерив.
Сиот свет го изневери.На седумнаесет години, Ремзи беше осуден за убиство на момчето што ме силуваше.
Заборави ме, ми напиша во првото и последно писмо од затворот.
Почни нов живот, настојуваше.
Не те сакам повеќе, излажа.Никогаш не помислив да се откажам од него. Можеби љубовта е нашето проклетство, но тој ми е во срцето – тогаш, сега и засекогаш.
Сега, по дванаесет долги години, го чекам да излезе низ затворските порти мажот којшто не го ни познавам.
-
-30%
Траги од минатото
1Original price was: 350,00 ден.245,00 денCurrent price is: 245,00 ден.Стари мистерии отвораат нови рани…
Полициски извештај за настан кој се случил во мај 1994 година ја отпочнува приказната богата со ликови и испреплетени стории во чија срж лежи стара мистерија. Во раните утрински часови пронајдено е безживотното тело на полицаецот Зафир. Неговата глава е целосно разнесена од истрел од револвер кој е пронајден до неговото тело. Од извршениот увид на местото на настанот и од извршените оперативни проверки констатирано е дека Зафир се самоубил.
По 28 години во истиот град исчезнуваат две машки лица. Заедничко за исчезнатите е тоа што и двајцата извршиле семејно насилство врз нивните сопруги и тие ги пријавиле настаните во полициската станица.
Потрагата по двајцата исчезнати ја води инспектор кој всушност е син на починатиот полицаец Зафир. Додека трае потрагата по исчезнатите, во полициската станица се појавува и нова млада инспекторка. Нејзиното појавување и започнување со работа во полициската станица во малиот град е сомнително, поради тоа што таа не познава никого во гратчето.
Неизвесна мистерија, која до самиот крај го тера читателот да се прашува како ли ќе заврши, кој е виновникот, кој е мотивот. Фактот дека авторот по професија е инспектор кој ги искористува своите лични искуства и експертиза како инспирација од која ги крои приказните го прави делото уште поинтересно.
-
-30%
Излез
2Original price was: 350,00 ден.245,00 денCurrent price is: 245,00 ден.Сузан Колинс се буди во чудна соба налик на „собите за бегство“, каде што решаваш загатки за да стигнеш до излезот. Набргу сфаќа дека е затворена со глувонемиот Џефри, младиот Дилан кој е слеп од раѓање и Мајк, кому му недостасуваат горните екстремитети, додека самата таа е во инвалидска количка по тешка сообраќајна незгода. Последното нешто на кое сите се сеќаваат е дека биле присутни на забавата на Астрикс, филантропска компанија која вложува огромни средства во откривање и лекување на трауми, како и нови методи за лечење на тешки заболувања.
Не знаат како се нашле во собата, зошто се заклучени таму и како е направена таа чудна комбинација на луѓе со различни инвалидитети, но веднаш сфаќаат дека има траги насекаде околу нив и дека мора да ги здружат силите за да почнат да ги решаваат загатките ако сакаат некогаш да излезат.
Сепак, кога детективот Алекс ќе почне да го истражува случајот, првото нешто на што ќе наиде е документ за приватност кој сите затворени во собата за загатки го имаат своеволно потпишано… што значи дека некој тука крие нешто, дури и дел од заробените во собата. Но сопругот на Сузан е убеден дека таа е таму против своја волја, дека не би заминала никаде без да му каже и најстрашно од сѐ, чувствува дека неговата сопруга е во голема опасност.
-
-30%
Ја мразам мајка ми
0Original price was: 350,00 ден.245,00 денCurrent price is: 245,00 ден.Родителите се единствените луѓе на светот чии раце се секогаш подадени кон нас и секогаш подготвени да нè прифатат. Само што, понекогаш, ние сметаме дека тие раце имаат намера да нè гушат, па се опираме и опираме за да избегаме што подалеку од нив. За жал, далеку од вистинската поддршка и искрените совети кои единствено тие можат да ни ги дадат, може да донесеме катастрофални одлуки и да паднеме на дното во кое ќе ги повлечеме и нив со нас.
Ова е приказна за девојка доведена на раб на нервен слом и втурната во психички проблеми по смртта на нејзиниот татко. Приказна за девојка која почнува да ја гледа мајка си како непријател и станува мета на емотивни манипулатори кои ја цицаат секоја капка енергија од неа, доведувајќи ја до уште поголеми психички проблеми и психијатриска установа. Ова е приказна за девојка која на потешкиот начин ќе научи дека единствените луѓе во чија верност и љубов никогаш не треба да се сомневаме се родителите. Животот е суров учител, но најважните лекции секогаш се најтешки за учење.
Прекрасен и трогателен роман, во кој емоциите се леат од страница на страница и вибрираат низ секој збор.
-
-30%
Сè што заборавила Алиса
0Original price was: 550,00 ден.385,00 денCurrent price is: 385,00 ден.Алиса Лав има дваесет и девет години, лудо е вљубена во сопругот и наскоро треба да стане мајка.
Замислете само колку ќе се изненади кога ќе се освести по падот во вежбалницата (во вежбалница? Па таа мрази да вежба!) и ќе открие дека има триесет и девет години и три деца на кои не се сеќава. Се разведуваат со љубениот сопруг Ник, кој ја мрази, а од сестра ѝ Елизабет, поради некоја причина, необјасниво се отуѓила.
Сега мора да сфати зошто одвај разговараат со сестра ѝ и како се претворила во една од оние преслаби мајки облечени во прескапа облека. Како можело за десет години нештата да тргнат толку наопаку? Зошто не се препознава самата себе – и што е уште полошо, зошто оваа нова Алиса ни најмалку не ѝ се допаѓа?
Алиса мора да се сети на сè што заборавила, одново да ја изгради сликата од изминатите десет години и да дознае дали работите можат да бидат како порано. А пред сè, мора да дознае дали заборавот е благослов или проклетство и дали е навистина можно човек да почне одново.
-
-30%
13 работи што психички силните луѓе не ги прават
0Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.Кои модели на размислување и однесување ни помагаат достоинствено да се соочиме со искушенијата и да ги надминеме? Ејми Морин си го поставува ова прашање не само како психотерапевт туку и како личност која претрпела неколку тешки загуби. Додека се соочува со уште една лична трагедија, размислува за природата на психичката моќ и ги набројува тринаесетте работи што нè спречуваат да ја развиеме.
Во оваа книга, авторката ги опишува лошите навики што нè спречуваат да го постигнеме својот целосен потенцијал и ни предлага начини за развивање на психичката сила насочени кон контрола на мислите, емоциите и однесувањето. Благодарение на проверените совети и интересните приказни на нејзините пациенти, ќе можете да стекнете навики на психички силни луѓе. Повеќе нема да се сожалувате, премногу да се навраќате кон минатото, да се плашите од промени или неуспех, или да се трудите да им угодувате на другите. Со новооткриената самодоверба и одлучност, ќе го пронајдете својот пат до среќата и успехот.
-
-30%
Куќната помошничка (The Housemaid #1)
3Original price was: 550,00 ден.385,00 денCurrent price is: 385,00 ден.Мили Каловеј живее во својот автомобил и очајно бара пристојна работа. Затоа, веднаш ја прифаќа понудата за куќна помошничка во богатото семејство Винчестер, занемарувајќи ги ситните проблеми што доаѓаат со позицијата.
Се вселува во таванското сопче на прекрасната куќа, каде што има сопствен кревет и покрив над глава – но зошто вратата се заклучува само однадвор? Зошто Нина Винчестер постојано прави неред и ги меша работите и датумите? Зошто градинарот ја предупредува дека ја демне опасност, но не сака да и каже ништо поконкретно?
За жал, Мили нема скршена пара и нема свој дом, па не може да си дозволи да даде отказ.
Освен тоа, со се поголемата привлечност што ја чувствува кон Ендру, сопругот на Нина, не е сосем сигурна дека сака да го направи тоа.Сепак, наскоро ќе дознае дека ситуацијата во домот на Винчестерови не е воопшто таква каква што изгледа на прв поглед.
-
-30%
Љубов меѓу редови (Dreamland Billionaires #1)
0Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.РОУАН
Работа ми е да создавам бајки. Забавни паркови. Продукциски компании. Хотели со пет ѕвезди. Сè може да биде мое еден ден, ако го реновирам забавниот парк Дримленд.
Замислата да ја вработам Зара теоретски беше добра… Но ја бакнав.
Работите излегоа од контрола кога ѝ пишав преправајќи се дека сум друг. Кога сфатив дека згрешив, веќе беше предоцна.
За луѓето како мене нема среќен крај. Зашто ни е судено да го уништиме.ЗАРА
Откако ја искритикував најскапата луда железница на Дримленд, требаше да ме отпуштат. Наместо тоа, Роуан Кејн ми ја понуди работата од соништата.
Но проблемот е во тоа што морам да работам за најтешкиот шеф на светот.
Не смеам да мислам на него, но срцето не ме слуша. Време е да го научам милијардерот дека парите не можат да поправат сè. Особено не нас.Прва од трите возбудливи приказни за тројца браќа, внуци на основачот на забавниот парк Дримленд.
-
-30%
Четиричасовна работна недела
0Original price was: 450,00 ден.315,00 денCurrent price is: 315,00 ден.„Што работиш?“ Тим Ферис има проблем кога треба да одговори на ова прашање. Во зависност од времето кога ќе го прашате, овој контроверзен предавач на Универзитетот „Принстон“ може да ви одговори: „Возам мотор низ Европа“, „Скијам на Андите“, „Нуркам во Панама“, „Играм танго во Буенос Аирес“…
Повеќе од пет години ги проучувал тајните на новите богаташи, брзорастечката супкултура која го отфрла планот „работи денес за да уживаш на старост“ и ги има совладано новите валути на денешницата – времето и подвижноста – создавајќи луксузни животи во кои уживаат во моментот.
Не е важно дали сте преоптоварен работник или претприемач кој не може глава да крене раководејќи го својот бизнис, оваа книга е компасот што ви е потребен за да се снајдете во новиот, револуционерен свет.
Придружете му се на Тим Ферис и откријте како:
– да ги делегирате задачите на виртуелни помошници од странство и да правите што сакате
– обичните работници да патуваат низ светот без да ја напуштат работата
– да ја преполовите работата за 48 часа со принципите на еден заборавен италијански економист
– да го натерате шефот да ја вреднува вашата работа, а не вашето присуство во канцеларијата
– да одите на куси пензионирања во текот на целиот живот, наместо да го чекате крајот на работниот век
– да си ослободите време со селективно незнаење преку режимот со намалување на информации
– извршните директори работат на далечина
– да најдете бесплатно сместување во странство и авионски билети за 50-80% пониска цена
– како да создадете значаен живот откако ќе го намалите обемот на работа и ќе заминете од канцеларијата.
-
-30%
На работ
0Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.Што би направил кога копнежот те турка до работ?
Истражувачката новинарка Кетрин Кет Мартин го запознава планинскиот ренџер Гејбриел Гејб Роситер кога тој ја спасува по нејзиниот пад заедно со одронот на карпи во националниот парк Елдорадо Кањон. По неколку месеци, тој повторно ѝ доаѓа на помош кога еден полициски службеник од Болдер ги обвинува неа и другите американски Индијанци за нелегално престојување на местото Меса Бјут.
Некој сака да ги избрка домородните Американци од нивната света земја. Затоа, Кет и Гејб ги здружуваат силите за да ја истражат причината. Но поради страста што ја чувствуваат еден кон друг и кон вистината, тие ќе им станат трн во око на луѓето кои се доволно очајни за да убијат.
-
-30%
Заклучената врата
1Original price was: 520,00 ден.364,00 денCurrent price is: 364,00 ден.Некои врати се заклучени со причина…
Додека единаесетгодишната Нора Дејвис пишува домашни задачи во својата соба на горниот кат, не може ни да насети дека татко ѝ убива жени во подрумот од семејната куќа.
Сè до денот кога полицијата ќе затропа на нивната врата.
По неколку децении татко ѝ го поминува остатокот од животот зад решетки, а Нора е успешен хирург и води тивок, повлечен живот. Никој не знае дека татко ѝ бил озлогласениот сериски убиец и таа има намера тоа да остане така засекогаш. Но наскоро дознава дека една од нејзините млади пациентки била убиена – на истиот морничав начин на кој татко ѝ ги убивал своите жртви.
Некој знае која е Нора. Некој сака да ја намести за убиството. Но таа не е убиец како татко ѝ. Полицијата нема докази против неа.
Сè додека не погледнат во нејзиниот подрум.
-
-30%
Намами ме во самрак (Хатавеј #3)
0Original price was: 450,00 ден.315,00 денCurrent price is: 315,00 ден.Тој е сè што таа се заколна да избегнува.
И покрај тоа што неизмерно го обожава своето необично семејство, Попи Хатавеј копнее по нормален живот. Но судбината има друга замисла и со помош на малата палава ласица ја запознава со Хари Ратлеџ, загадочниот сопственик на хотел и моќен, богат изумител. Паѓајќи во неговата стапица, угледот ѝ е загрозен и сите се изненадени кога го прифаќа неговиот предлог за брак. Наскоро открива дека нејзиниот сопруг е подготвен да ѝ ја подари сета своја страст, но не и довербата…
А таа е сè што му е потребно.
Хари би направил сè за да ја освои Попи – освен да ѝ го отвори срцето. Свикнал самиот да го носи сиот свет на плеќите без да оствари поголема блискост со другите… но остроумната и заводлива Попи сака да му биде вистинска сопруга во секој поглед. Сепак, додека страста се распламтува меѓу нив со секој изминат ден, во сенките се крие непријателот. Ако Хари навистина сака да ја задржи Попи, мора да го спушти гардот и целосно да ѝ се препушти на љубовта, еднаш и засекогаш.
-
-30%
Ти си ѕвер за правење пари
0Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.„Блескав манифест за отстранување на пречките што стојат меѓу вас и богатството од вашите соништа.“ – Њујорк магазин
Водич кој ќе ви го промени животот и ќе ви помогне да ги заработите парите за кои само сте сонувале, од најпродаваната авторка на Њујорк тајмс, која се вивна до врвот со Ти си ѕвер.
Ти си ѕвер за правење пари ќе ви помогне да ги надминете стравовите и пречките поради кои досега не сте постигнале финансиски успех. Повикувајќи се на преобразбата на својот живот за само неколку години, кога од личност која живеела во реновирана гаража со празна банкарска сметка станала жена која со стил патува низ светот, Џен Синсеро одново нè соочува со својата неповторлива дрскост и практичност поради кои Ти си ѕвер стана апсолутен бестселер. Комбинацијата од урнебесни лични приказни и куси блескави поенти успева да го разоткрие вашиот скриен потенцијал за заработување пари и да ви обезбеди вистински резултати.
Научете како:
- да откриете што е тоа што не ви дозволува да заработувате пари
- да ги растерате сите сомнежи, стравови и изговори
- да се поврзете со парите на нов, профитабилен начин
- да го подготвите коктелот на создавањето
- да ја откриете својата вродена способност за збогатување
- да си ја обликувате реалноста и да престанете да бидете жртва на околностите
- да станете толку богати колку што сакате да бидете.
-
-30%
Ова започнува со нас
1Original price was: 520,00 ден.364,00 денCurrent price is: 364,00 ден.Лили и нејзиниот поранешен сопруг Рајл најпосле успеваат да фатат ред со заедничкото одгледување на нивната ќерка, кога таа ненадејно го среќава Атлас, нејзината прва љубов. Пресреќна е што најпосле времето е на нивна страна и веднаш ја прифаќа неговата покана да излезат.
Но возбудата ѝ е засенета од сознанието дека, иако повеќе не се во брак, Рајл е голем дел од нејзиниот живот и дека нема да му се допаѓа што Атлас е дел од животот на Лили и нивната ќерка.
Раскажана од перспективите на Лили и Атлас, Ова започнува со нас продолжува токму онаму каде што завршува епилогот од неверојатно возбудливата Ова завршува со нас. Откривајќи ни повеќе детали од минатото на Атлас и следејќи ја Лили додека ја зграпчува втората шанса што ѝ ја дава љубовта, додека и двајцата се справуваат со љубоморниот поранешен сопруг, Колин Хувер ни докажува дека никој не умее подобро од неа да допре до нашите срца.
-
-30%
Еднаш и засекогаш
0Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.Една од најмаестралните и најтрогателните љубовни приказни на Џудит Мекнот ја оживува на хартија неверојатната страст на една нескротлива американска убавица и еден комплициран англиски лорд.
Кога одеднаш останува сирак и сама на белиот свет, Викторија тргнува на патување преку океанот, нетрпелива да стигне до своето наследство во Вејкфилд, раскошниот англиски имот на далечниот роднина, озлогласениот лорд Џејсон Филдинг. Страшно збунета од неговата ароганција, но истовремено привлечена од неговата грациозност на пантер, таа ги чувствува болните спомени што тлеат во неговите мрачни очи. Кога тој најпосле ќе ја земе во прегратка, будејќи слатка ненаситност кај неа, тие се венчаат и ги обзема неопислива, бескрајна радост – најмногу затоа што конечно се слободни од злата канџа на минатото. Но тогаш Викторија открива предавство во сржта на нивната љубов… љубов за која сонувала дека ќе триумфира не само еднаш, туку засекогаш.
-
-30%
Предоцна
1Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.Слоун би отишла до пеколот и назад за оние коишто ги сака. И го прави тоа, секој Божји ден. Заглавена во врска со опасниот и морално корумпиран Ејса, таа е подготвена на сè, само за да преживее додека не најде излез. И нема намера да дозволи ништо да ѝ застане на патот.
Ништо, освен Картер.
Слоун е најдоброто нешто што некогаш му се случило на Ејса. И ако се прашува тој, тој е најдоброто нешто што некогаш ѝ се случило нејзе. И покрај тоа што таа не го одобрува неговиот криминален животен стил, тој го прави она што е неопходно за да биде чекор пред сите во бизнисот. И чекор пред Слоун. И нема намера да дозволи ништо да му застане на патот.
Ништо, освен Картер.