-
Оваа книга ми ја украде мачката
0360,00 денПовеќето книги не се непослушни или скокотливи, ниту пак киваат. Но,оваа НЕ Е таква книга!
-
Ти си херој
0250,00 денЕма и Филип се двајца пријатели со големи срца и со уште поголеми соништа… Со боички и моливи, преку уметнички страсти и безусловна поддршка, тие учат дека вистинското пријателство има моќ да го промени животот.
Tопла и инспиративна приказна за различноста, за храброста да бидеш свој, за надежта и за силата што се раѓа кога навистина се слушаме и се разбираме. Приказна за сите што веруваат дека една насмевка, една подадена рака и една книга можат да направат вистинско чудо. Тргни во авантура со Ема и Филип…
Можеби ќе откриеш дека и ти си херој.
-
Џилиан
0380,00 денКога канцерот повторно се враќа, со себе носи прашање што ѝ го разнишува животот на Џилиан:
Колку долго можеш да бегаш од нешто што тлее во тебе?Новата дијагноза не ѝ остава многу време. Пет месеци „нормален“ живот, пет месеци да ги брои своите воздишки и да се преправа дека не слуша како часовникот ги отчукува последните часови.
Ноќите стануваат немирни, со себе носат сенка што демне на крајот од улицата, кучиња што лаат како да гледаат нешто што човечките очи не можат и човек што исчезнува оставајќи зад себе купче песок. Но, најголемата опасност не е болеста, ниту сенката. Најголемата опасност што ја крши се спомените за Симон, љубовта што ја изгуби и црвениот волк што ја демне во соништата.
Џилиан ќе мора да избере, да умре од болест или да преживее со нешто што можеби не е човечко, принудена да тргне по пат што ја оддалечува од логиката и науката, да навлезе длабоко во митот, легендите и пустината на Блискиот Исток, меѓу древни храмови, забранети градови и вистини што не припаѓаат на ниту едно време.Ова е приказна што не бара од тебе да веруваш, туку да се запрашаш: што ако рационалното е само тенка врата, а од другата страна стои нешто непознато и трпеливо чека?
-
Ти си мојот живот
0350,00 ден…Ја позеде со растреперени раце и треперлив глас, извика. – Кај си, сонце на мама. Кај си, среќо моја. Само да знаеш колку долго те чекав. ТИ СИ МОЈОТ ЖИВОТ! Да си ми жива и здрава сто години. Твојата љубов мене да ме грее, а мојата тебе. Никогаш ништо да не нè раздели. – Подавајќи ѝ ја на Васка спушти еден нежен бакнеж на нејзиното чело. – Ова е најсреќен ден во мојот
живот. Ти благодарам, Сергеј, што не ме остави сама… – Солзите пак потекоа низ нејзиното лице. Радост и тага во моментот беа испомешани. -
-
Намасте
0320,00 денНамасте – мојата душа ја поздравува твојата душа, совршеното во мене го препознава совршеното во тебе.
Пред неколку години малкумина знаеја што е икигаи. Со 2,5 милиони продадени примероци од истоимената книга, Гарсија и Миралјес нè запознаа со значењето на тој таинствен збор поврзан со јапонската долговечност. Сега нè носат на ново инспиративно патување, овој пат во Индија, духовната ризница на човештвото.
Традиционалниот хиндуистички поздрав Намасте нè потсетува на божествената искра што секој од нас ја носи во себе. Откривајќи ни го значењето на овој возвишен поздрав, авторите ни нудат пат за обновување на врската со божественото, пат кон хармонија и среќа, за да можеме да создадеме сегашност каква што заслужуваме и иднина за која мечтаеме, за себе и за светот.
Кажете си Намасте себеси и на својот живот. Доживејте ја исцелувачката моќ на мантрата ОМ, откријте како да го прекинете страдањето, да се ослободите од своето его, од вознемиреноста и стравот, да го разбудите својот творечки потенцијал и целиот живот да го поминете исполнети со здравје и енергија.
-
ПАЛАТАТА СО МАГНОЛИИ
0520,00 денЊујорк 1919 година. Откако ја губи мајка си, животот на 21 годишната Лилијан Картер целосно се распаѓа. Во изминатите шест години, под името Анџелика, Лилијан беше една од најбараните модели на уметниците во Њујорк, чии статуи ги красат најпознатите зданија, од хотелот Плаза до Бруклинскиот мост. Но, на повидок е скандал кој Лилијан сака да го избегне наоѓајќи засолниште во резиденцијата на семејството Фрик, како лична асистенка на темпераментната Хелен. Животот на Лилијан премногу се испреплетува со животот на семејството, па така таа ќе биде вовлечена во една несакана афера, кражба на еден од најпознатите дијаманти и убиството на индустријалецот и покровител на уметноста Хенри Клеј Фрик.
Њујорк 1966 година. Англичанката Вероника Вебер ја користи својата единствена шанса да направи кариера како супер модел во Њујорк и со тоа да ги заработи парите што ѝ се потребни за да го издржува семејството. Таа доживува фиаско на нејзиното прво снимање за „Вог“ и останува заклучена во Музејот на уметноста на Петтата авенија, поранешната резиденција на семејството Фрик. Сакајќи да ја убие досадата, Вероника тргнува по замислена потрага, но наидува на скриени пораки кои што можат да ѝ ги решат финансиските проблеми, но исто така можност конечно да се открие вистината зад мистериите и децениското убиство во семејството Фрик.
„Палатата со магнолии“ е роман за тајните, предавствата и убиството
во едно од најпознатите семејства од Златното доба на Њујорк, семејството Фрик. -
Уништување
0650,00 денВо заднина имаше нешто помрачно, нешто нездраво, па дури и зло…
Пристига 2027 година. Француската држава станува жртва на серија мистериозни и вознемирувачки кибернапади. Дури и најдобрите компјутерски научници остануваат без одговори пред невидливата закана. Земјата е во состојба на економски пад и морално распаѓање.
Пол Резон работи во Министерството за економија и е близок до владата, како син на човек кој целиот свој работен век го поминал во безбедносните служби. Кога таткото умира од мозочен удар, неговите деца имаат можност да си ги обноват односите и да ја вратат претходната блискост. Но што се подразбира под обновување на личните односи или на државата?
Мишел Уелбек уште еднаш открива нови страни во своето творештво, додавајќи сочувство и нежност во емоциите на бес, одвратност и иронија, со стил кој ги разбрануваа читателите и критичарите претходните години и му донесе меѓународна слава.
„Најзначајниот романсиер во цела Европа во последните три децении.“
Сандеј тајмс
„Уелбек е неспоредлив. Нема автор што му парира.“
Дејли телеграф
-
Моминска вечер
0550,00 денСабота, 7:48 наутро. Ме буди ѕвонењето на телефонот. Главата ми пука, а стомакот ми се превртува од лошо претчувство. Синоќа ја прославивме мојата моминска вечер. До свадбата има уште две недели. Мамурна сум како никогаш досега… а покрај мене во креветот лежи непознат маж.
Се јавувам. Сузан е.
„Не знам како да ти го кажам ова, Меги… Енџи е мртва.“
Не можам да поверувам. Пред само неколку часа сите бевме заедно, танцувавме и се смеевме во клубот во центарот на градот.
Тоа требаше да биде мојата последна вечер како слободна девојка, помината со шесте мои најблиски пријателки.Но, сега една од нас е мртва.
А една од нас можеби е убиецот.
И кој е човекот во мојот кревет?По една бурна моминска вечер и премногу испиени пијалаци, Меги Трухарт се буди покрај непознат маж. Но, вистинскиот кошмар започнува кога добива телефонски повик: нејзината пријателка Енџи била убиена кратко откако девојките се разделиле претходната ноќ.
Кели Делани, која си заминала порано од забавата, прва се соочува со прашањата на детективот за убиства од Чикаго, Рон О’Рајли. Колку повеќе ги истражува жените што биле на моминската вечер, толку повеќе детективот сфаќа дека некои од нив кријат опасни тајни.
Додека свадбениот ден се приближува, шокантни вистини излегуваат на виделина, а убиецот го насочува вниманието кон уште една од девојките.
Дали ќе успеат да го запрат убиецот пред да има нова жртва?Впечатлив психолошки трилер – совршен за фановите на Фрида МекФаден, Џенева Роуз, Луси Фоли, Лиан Мориарти и Шари Лапена.
-
Опијатите на лепословието
0400,00 денВенко Андоновски (1964) е еден од нашите најчитани писатели. Добитник е на сите значајни домашни награди за проза и драма, како и на неколку меѓународни признанија. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, критичар и теоретичар, овој пат под критичка лупа ги става своите дела.
Оваа книга е моја лична теорија за романот, расказот и драмата, книга во која не само што пишувам за своите дела туку и откривам некои свои „мали тајни“ на пишувањето. Во неа тврдам дека љубовното мелодрамско е брашното, трилерот е квасецот, апсурдот е месото, а гледните точки и „блендата“ на раскажувањето се зачините во тој „рецепт“ за „мојот специјалитет“ – романот. Говорам и за невидливите огледала поставени на тајни места, во кои се огледува текстот, пропаѓајќи вртоглаво во самиот себе. Говорам и за „температурата“ на текстот и како јас ја одржувам, како ја качувам или ја спуштам, а ја изнесувам и тезата дека температурата на текстот влијае врз температурата на душата кај читателот. Оваа книга е мој личен „прозен готвач“ и се надевам дека ќе им помогне и на други писатели кои се бараат себеси – да се пронајдат, зашто секој си смислува свој личен рецепт и има свој личен стил до кој самиот доаѓа. А ќе им помогне и на читателите – ќе им покаже како да читаат лепословија.
Венко Андоновски
-
Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот
0400,00 денПатување низ една вселена каде границите меѓу реалноста и симулацијата се топат во чад од кафеанска ламба. Дон, Роб, Хал, Р2 и чудесни битија како Природата, Спектар и Моно се вплеткуваат во разговори што се нишаат меѓу смеење и апокалипса, меѓу научни формули и егзистенцијални прашања.
Оваа книга ја меша иронијата на Даглас Адамс, метафизиката на Ками и визијата на Лем, но ја сместува во универзална кафеана – архетипско место каде секоја цивилизација би можела да ја започне или заврши својата приказна.
Тука симулациите се напредни копии на реалноста, а симулакрумите поавтентични од неа. Времето тече со каприциозни закони што го понижуваат разумот, а гравитацијата е само уште една шега на космосот. На крајот, човештвото е ставено пред најтешкиот избор: Дали врвната смисла е слободата што создава светови – или љубовта што ги чува?
Читателот ќе најде забава, но истовремено ќе биде предизвикан и збунет – и можеби малку променет. Ова не е обичен роман, туку филозофска научна фантастика за оние што сакаат да го постават најстарото прашање на нов начин: Што значи да се биде човек во универзум кој можеби е само симулација – или, пак, само уште една шега?
-
Степскиот волк
0400,00 денРастргнатоста на духот на човекот, кој во реалноста е степски волк,див и чуден, ги одразува феномените и струите на современоста што се критички настроени кон културата на 20 век. Со спојот меѓу источниот мистицизам и западното опшество , најпознатото дело на Хесе е едно од најпоетските книжевни евокации на патувањето на душата до конечното ослободување. Оваа фаустовска приказна го следи патот на Хари Халер кој во состојба на целосно отуѓување од буржоаскиот свет страда од длабок внатрешен конфликт.Во голем дел автобиографски , Степскиот Волк поседува длабока мудрост што ги воодушевува читателите дури и цел век по објавувањето.
-
Избрани дела од Чарлс Дикенс
01.190,00 денТри романи од еден од најпознатите автори на сите времиња собрани во едно луксузно издание.
-ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА
-ПРИКАЗНА ЗА ДВА ГРАДА
-БОЖИКНА ПЕСНА ВО ПРОЗА
-
Госпоѓицата
0350,00 денЦентрален лик на романот е госпоѓицата Рајка Радаковиќ и нејзината најголема страст – скржавоста.
Дејството се одвива во Сараево, пред и за време на Првата светска војна, и во Белград, во првите хаотични години по војната. Преку сеќавањата на скржавата лихварка се навраќаме до времето кога нејзиниот татко, пропаднат трговец, бил на смртна постела и ја заветил својата ќерка по цена на животот да го чува она малку што може да ѝ го остави. Така, таа станува целосно поробена од парите во кои се надева дека ќе најде сигурност и одмазда спроти омразениот и несигурен свет. Рајка уште како млада девојка се откажува од радоста на животот, стекнувајќи се со аскетска и речиси мизантропска осаменост.Романот е психолошка монографија на личност која меѓу нејзините современици и сограѓаните била позната едноставно како „Госпоѓицата“ – длабоко поразена токму во она време кога во човечката природа се создаваат најубавите соништа за животот.За разлика од другите романи на Андриќ, основен белег на ова дело е отсуството на ориенталниот колорит, но присутна е неговата омилена форма – хрониката, прикажувајќи ги минатото и сегашноста на педантен уметнички и филозофски начин. „Госпоѓицата“ (1945) е објавена во истата година кога се објавени и романите „Мостот на Дрина“ и „Травничка хроника“, оформувајќи своевидна „Босанска трилогија“.
-
На небото има реки
0650,00 денВодата се стврднува при неповолни услови, исто како и човечкото срце.
Во древноста, крај животодавната река Тигар, една мала дождовна капка паѓа врз главата на суровиот владетел Асурбанипал, опседнат со глинените плочи на кои е запишан познатиот еп за Гилгамеш. Следејќи го цикличниот пат на капката низ вековите, патуваме низ земјите и културите, а нејзините промени нè носат до нови херои: момче со генијална меморија родено на брегот на валканата Темза во викторијански Лондон, наглуво девојче кое во 2014 г. со баба ѝ заминува во долината Лалиш, свето место на нејзиниот народ соочен со уништување. Во наши дни, ним им се придружува една научничка која го напушта сопругот и се сместува во својот нов дом: брод на реката Темза.
Овој волшебен роман на Елиф Шафак ги следи чудесните текови на водата, историјата и судбините, испишувајќи приказна проткаена со длабока емпатија за несреќните и отфрлените. Водата владее над сите нив – таа е и предвесник на животот и гласник на смртта. Иако телото е смртно, душата е вечен патник – исто како капката вода. Водата памети. Луѓето забораваат.
„Одисеја, еп, приказна за искупување. ‘На небото има реки’ е повик да им се оддаде почест на елементарните сили кои ни ги обликуваат сеќавањата, историите, нашиот свет. Накратко – ремек-дело.“
Рут Озеки -
За македонските работи
0500,00 денТреба сега, и еднаш засекогаш, да се согласиме и да прифатиме едно нешто: „За македонските работи“ (1903) на Крсте Петков Мисирков (1874 – 1926) е најважната книга за македонското прашање што кога било е напишана и објавена на македонски јазик.
А тоа е така бидејќи, од една страна, таа става круна на македонската преродба од ХIX век, еден долг и комплексен, но и многу оспоруван процес, а од друга страна, поставува цврст идеолошки и културолошки камен-темелник на современата македонска нација oд XX век. Едновремено, со огромна ерудиција и со изразен романтичарски налет, каков што ретко сме прочитале на македонски јазик, таа говори за настани и појави од поблиското и подалечното минато на Македонците и на Балканскиот Полуостров, и визионерски и актуелно дефинира и објаснува настани и појави што ни се случуваат одново и одново на истиот географски простор сто дваесет и две години по нејзиното објавување.
Кога сме кај годините, Мисирков ја создава оваа книга на дваесет и осум години (каква мудрост од каква младост!) и ја објавува во годината што има најголемо симболично значење за секој Македонец: годината на Солунските атентати, на Илинденското востание, на загубата на Гоце Делчев, Питу Гули, Лазар Поп Трајков, на основањето на Крушевската Република, на прогласувањето на Крушевскиот манифест, а со делото на Мисирков дефинитивно можеме да ја наречеме – „Годината на македонските работи“. Во целиот овој контекст, Крсте Мисирков не е само значајна фигура од македонската борба за самостојност, туку и надисториски феномен што декларативно, еволуционистички, недвосмислено, храбро и неповратно издаде проглас за културна борба преку која (ќе) дојде до конечна независност и автономија на Македонија.