Филтер по цена
Жанр
  • Опијатите на лепословието

    Опијатите на лепословието

    0

    Венко Андоновски (1964) е еден од нашите најчитани писатели. Добитник е на сите значајни домашни награди за проза и драма, како и на неколку меѓународни признанија. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, критичар и теоретичар, овој пат под критичка лупа ги става своите дела.

    Оваа книга е моја лична теорија за романот, расказот и драмата, книга во која не само што пишувам за своите дела туку и откривам некои свои „мали тајни“ на пишувањето. Во неа тврдам дека љубовното мелодрамско е брашното, трилерот е квасецот, апсурдот е месото, а гледните точки и „блендата“ на раскажувањето се зачините во тој „рецепт“ за „мојот специјалитет“ – романот. Говорам и за невидливите огледала поставени на тајни места, во кои се огледува текстот, пропаѓајќи вртоглаво во самиот себе. Говорам и за „температурата“ на текстот и како јас ја одржувам, како ја качувам или ја спуштам, а ја изнесувам и тезата дека температурата на текстот влијае врз температурата на душата кај читателот. Оваа книга е мој личен „прозен готвач“ и се надевам дека ќе им помогне и на други писатели кои се бараат себеси – да се пронајдат, зашто секој си смислува свој личен рецепт и има свој личен стил до кој самиот доаѓа. А ќе им помогне и на читателите – ќе им покаже како да читаат лепословија.

    Венко Андоновски

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот

    Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот

    0

    Патување низ една вселена каде границите меѓу реалноста и симулацијата се топат во чад од кафеанска ламба. Дон, Роб, Хал, Р2 и чудесни битија како Природата, Спектар и Моно се вплеткуваат во разговори што се нишаат меѓу смеење и апокалипса, меѓу научни формули и егзистенцијални прашања.

    Оваа книга ја меша иронијата на Даглас Адамс, метафизиката на Ками и визијата на Лем, но ја сместува во универзална кафеана – архетипско место каде секоја цивилизација би можела да ја започне или заврши својата приказна.

    Тука симулациите се напредни копии на реалноста, а симулакрумите поавтентични од неа. Времето тече со каприциозни закони што го понижуваат разумот, а гравитацијата е само уште една шега на космосот. На крајот, човештвото е ставено пред најтешкиот избор: Дали врвната смисла е слободата што создава светови – или љубовта што ги чува?

    Читателот ќе најде забава, но истовремено ќе биде предизвикан и збунет – и можеби малку променет. Ова не е обичен роман, туку филозофска научна фантастика за оние што сакаат да го постават најстарото прашање на нов начин: Што значи да се биде човек во универзум кој можеби е само симулација – или, пак, само уште една шега?

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Сеќавања

    Сеќавања

    0

    Книгата „Сеќавања“ е мемоарска проза на Меша Селимовиќ, објавена 1976 година, како форма на дневнички записи. „Сеќавањата“ претставуваат вовед во делото на писателот, врска помеѓу есеистичките искази и белетристичките слики. Селимовиќ настојувал, покрај романите и раскажувачкиот опус, да создаде и книга есеи, разговори и прикази што би стоеле рамноправно до нив. „Сеќавања“ се разликува од сите негови други дела.
    Тоа се интимни исповеди на писателот за својот живот од најраното детство до староста и запис за неговата уметност, пред сè искрен и храбар на двете нивоа. Во уметнички поглед, како и во метатекстуалното искажување за уметноста, „Сеќавања“ влегува во кругот на романескната проза на Селимовиќ, па со неа прави органско единство, и тоа најмногу со „Дервишот и смртта“.

    Меша Селимовиќ на страниците на оваа книга ги запишал сите подробности што го обележале неговиот живот, а кои останале врежани длабоко во него како неизбришливи траги на едно детство, на родниот крај, на воените години, на книжевното творештво и на големите пријателства. Иако за минатите години раскажува од одредена дистанца, тој успева живописно да ги долови како да се случуваат во некое вечно сегашно време.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Степскиот волк

    Степскиот волк

    0

    Растргнатоста на духот на човекот, кој во реалноста е степски волк,див и чуден, ги одразува феномените и струите на современоста што се критички настроени кон културата на 20 век. Со спојот меѓу источниот мистицизам и западното опшество , најпознатото дело на Хесе е едно од најпоетските книжевни евокации на патувањето на душата до конечното ослободување. Оваа фаустовска приказна го следи патот на Хари Халер кој во состојба на целосно отуѓување од буржоаскиот свет страда од длабок внатрешен конфликт.Во голем дел автобиографски , Степскиот Волк поседува длабока мудрост што ги воодушевува читателите дури и цел век по објавувањето.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Избрани дела од Чарлс Дикенс

    Избрани дела од Чарлс Дикенс

    0

    Три романи од еден од најпознатите автори на сите времиња собрани во едно луксузно издание.

    -ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА

    -ПРИКАЗНА ЗА ДВА ГРАДА

    -БОЖИКНА ПЕСНА ВО ПРОЗА

    1.190,00 ден
    Додај во кошничка
  • Госпоѓицата

    Госпоѓицата

    0

    Централен лик на романот е госпоѓицата Рајка Радаковиќ и нејзината најголема страст – скржавоста.

    Дејството се одвива во Сараево, пред и за време на Првата светска војна, и во Белград, во првите хаотични години по војната. Преку сеќавањата на скржавата лихварка се навраќаме до времето кога нејзиниот татко, пропаднат трговец, бил на смртна постела и ја заветил својата ќерка по цена на животот да го чува она малку што може да ѝ го остави. Така, таа станува целосно поробена од парите во кои се надева дека ќе најде сигурност и одмазда спроти омразениот и несигурен свет. Рајка уште како млада девојка се откажува од радоста на животот, стекнувајќи се со аскетска и речиси мизантропска осаменост.Романот е психолошка монографија на личност која меѓу нејзините современици и сограѓаните била позната едноставно како „Госпоѓицата“ – длабоко поразена токму во она време кога во човечката природа се создаваат најубавите соништа за животот.За разлика од другите романи на Андриќ, основен белег на ова дело е отсуството на ориенталниот колорит, но присутна е неговата омилена форма – хрониката, прикажувајќи ги минатото и сегашноста на педантен уметнички и филозофски начин. „Госпоѓицата“ (1945) е објавена во истата година кога се објавени и романите „Мостот на Дрина“ и „Травничка хроника“, оформувајќи своевидна „Босанска трилогија“.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • На небото има реки

    На небото има реки

    0

    Водата се стврднува при неповолни услови, исто како и човечкото срце.

    Во древноста, крај животодавната река Тигар, една мала дождовна капка паѓа врз главата на суровиот владетел Асурбанипал, опседнат со глинените плочи на кои е запишан познатиот еп за Гилгамеш. Следејќи го цикличниот пат на капката низ вековите, патуваме низ земјите и културите, а нејзините промени нè носат до нови херои: момче со генијална меморија родено на брегот на валканата Темза во викторијански Лондон, наглуво девојче кое во 2014 г. со баба ѝ заминува во долината Лалиш, свето место на нејзиниот народ соочен со уништување. Во наши дни, ним им се придружува една научничка која го напушта сопругот и се сместува во својот нов дом: брод на реката Темза.

    Овој волшебен роман на Елиф Шафак ги следи чудесните текови на водата, историјата и судбините, испишувајќи приказна проткаена со длабока емпатија за несреќните и отфрлените. Водата владее над сите нив – таа е и предвесник на животот и гласник на смртта. Иако телото е смртно, душата е вечен патник – исто како капката вода. Водата памети. Луѓето забораваат.

    „Одисеја, еп, приказна за искупување. ‘На небото има реки’ е повик да им се оддаде почест на елементарните сили кои ни ги обликуваат сеќавањата, историите, нашиот свет. Накратко – ремек-дело.“
    Рут Озеки

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • За македонските работи

    За македонските работи

    0

    Треба сега, и еднаш засекогаш, да се согласиме и да прифатиме едно нешто: „За македонските работи“ (1903) на Крсте Петков Мисирков (1874 – 1926) е најважната книга за македонското прашање што кога било е напишана и објавена на македонски јазик.

    А тоа е така бидејќи, од една страна, таа става круна на македонската преродба од ХIX век, еден долг и комплексен, но и многу оспоруван процес, а од друга страна, поставува цврст идеолошки и културолошки камен-темелник на современата македонска нација oд XX век. Едновремено, со огромна ерудиција и со изразен романтичарски налет, каков што ретко сме прочитале на македонски јазик, таа говори за настани и појави од поблиското и подалечното минато на Македонците и на Балканскиот Полуостров, и визионерски и актуелно дефинира и објаснува настани и појави што ни се случуваат одново и одново на истиот географски простор сто дваесет и две години по нејзиното објавување.

    Кога сме кај годините, Мисирков ја создава оваа книга на дваесет и осум години (каква мудрост од каква младост!) и ја објавува во годината што има најголемо симболично значење за секој Македонец: годината на Солунските атентати, на Илинденското востание, на загубата на Гоце Делчев, Питу Гули, Лазар Поп Трајков, на основањето на Крушевската Република, на прогласувањето на Крушевскиот манифест, а со делото на Мисирков дефинитивно можеме да ја наречеме – „Годината на македонските работи“. Во целиот овој контекст, Крсте Мисирков не е само значајна фигура од македонската борба за самостојност, туку и надисториски феномен што декларативно, еволуционистички, недвосмислено, храбро и неповратно издаде проглас за културна борба преку која (ќе) дојде до конечна независност и автономија на Македонија.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сезона на соништата

    Сезона на соништата

    0

    Сара има на располагање едно лето да организира пет свадби како од бајките. Но, дали таа ќе успее во тоа!

    Сара и Гевин решија да реставрираат еден стар замок сместен по течението на Дордоња, меѓу прекрасните лозја во Бордо и да отворат место за свадби каде бајките се остваруваат… Но, кога Сара го пронаоѓа Гевин во туѓа прегратка нивната заедничка среќа исчезнува како меур од сапуница. Соочена со пет двојки кои допрва треба да кажат „Да“, таа сфаќа дека е оставена сама да биде домаќин на свадбите што треба да се организираат за време на првата сезона откако го отворија местото за организирање на свадби. За летото да помине без проблем, Сара мора да го закопа своето скршено срце и да го надмине стравот дека набрзо ќе мора да се врати назад во Лондон. Така, кога згодниот Томас Кортини, експерт за вино и локален диџеј, ќе се појави во нејзиниот живот, Сара конечно се осмелува да здивне и да се надева дека летото можеби нема да биде целосна катастрофа…

    Дали Сара ќе успее да го спаси својот нов бизнис и да ја најде својата вистинска љубов.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Златниот ангел

    Златниот ангел

    0

    Каде се крие тајната на Златниот ангел?

    Роман полн со авантура и непредвидливи пресвтри. Во стилот на Ден Браун, нашиот автор Марин Гавриловски нѐ носи на мистична авантура низ Балканскиот Полуостров.

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Привремен

    Медо љубител на медот

    0

    Поучна, картонска сликовница со текстилен елемент на корицата.

    150,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Магичниот круг на детството

    Магичниот круг на детството

    0
    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Синевина

    Синевина

    0

    Трезвена и вознемирувачка приказна за потрагата по изгубените врски и за значењето на водата – најважниот ресурс на планетата.

    Годината е 2017. Норвежанка Сигне отсекогаш се залагала за зачувување на природата, а нејзината борба продолжува и денес. На речиси седумдесет години повторно ќе се качи на својата едрилица „Синевина“, со необичен товар, да се впушти во опасно патување до Франција за да го најде човекот што некогаш го сакала.

    Франција, 2041. Давид и неговата мала ќерка Лу преживуваат во свет опседнат со суша и глад. Бегалци среде хаосот без вода, откриваат стара едрилица во дворот на напуштена куќа длабоко на копното. Ова ненадејно откритие станува симбол на надеж и врска со минатото, додека нивната судбина постепено се испреплетува со онаа на Сигне.

    Приказна за храброст, љубов и непокорноста на човечкиот дух, романот ја истражува ранливоста на природата и луѓето, последиците од климатските промени, изборите што ги правиме, како и нивното влијание врз иднината. Жедта во романот не е само за вода, туку и за дом, иднина и за сигурно пристаниште.

    Меѓународен бестселер, објавен во дваесет земји, номиниран за Наградата на норвешките книжари, Синевина“ е инспиративна и длабоко вознемирувачка приказна која нè потсетува дека сè уште имаме можност да го направиме вистинскиот избор и да го зачуваме најважниот ресурс.

    Прочитај повеќе
  • Германски со љубов - Deutsch mit Liebe 1

    Германски со љубов – Deutsch mit Liebe 1

    0

    Книгата „Германски со љубов – Deutsch mit Liebe 1“ е наменета за сите кои имаат желба да го изучуваат германскиот јазик, почетно ниво, независно од возраста.

    Книгата е поделена во шест дела:
    – Теоретски дел и аудиоматеријал, лесно достапен преку QR код што ве води директно на веб-страницата http://www.germanskisoljubov.mk

    (Теоретскиот дел на книгата има појаснувања на македонски јазик, што дополнително го олеснува изучувањето на германскиот јазик)

    – Преглед на вокабулар – табеларен преглед на вокабуларот, кој се среќава низ целиот теоретски дел;

    – Вежбанка – дел со вежби кон теоретскиот дел;

    – Краток преглед на граматиката од теоретскиот дел;

    – Преглед на вокабуларот за самопроверка – Ова го научив;
    – Преглед на решенијата од вежбанката.

    Успешно учење на германскиот јазик!

    999,00 ден
    Додај во кошничка
  • 101 ПОРАКА ЗА УБАВ ДЕН

    101 ПОРАКА ЗА УБАВ ДЕН

    0

    Понекогаш само една порака ни е доволна да ни го исполни денот

    220,00 ден
    Додај во кошничка
  • Грст афионови зрнца

    Грст афионови зрнца

    0
    500,00 ден
    Додај во кошничка