-
НАЈЧИТАНИТЕ И НАЈНЕЧИТАНИТЕ КОЛУМНИ
0350,00 денПред тебе стои мојата книга Најчитаните и најнечитаните колумни. Главна причина да ги објавам во книга е тоа што веќе сигурно нема да се занимавам со политичка колумна. Впрочем, 35 години веќе непрекинато пишувам колумни, експериментирајќи со овој жанр, обидувајќи се да го оддалечам од вулгарно политичкото и да го доближам до здравото логичко мислење, личното толкување на фактите, до есеистиката, до сопствениот став и сопствената гледна точка.
Денес колумната не само што се сведе на хистерично изразување исклучив став (кој читателот, дури и да е навистина личен став, веднаш го прогласува за партиски), туку стана и полигон за изразување интелектуална суета. Мене тоа не ми треба. Како ни висока читаност. Читаноста денес е пазарен критериум и јас веќе знам дека најпродаваното не значи по дефиниција и најдобро.
Ќе бидам пресреќен доколку навистина, драг читателу, провериш што сè сум напишал во тоа бурно време, доколку внимателно процениш колку сум бил контрадикторен и каде сум се „лизнал“, а каде сум погодил некои нешта. Сума сумарум: ако критички ме исчиташ, без надворешни политички влијанија и предрасуди. Венко Андоновски
-
ЧУДЕСНОТО УТРО
0400,00 денШто ако – за некое чудо – се разбудите утре и сфатите дека некоја или секоја област од вашиот живот е преобразена? Што би било поразлично? Дали би биле посреќни? Поздрави? Поуспешни? Кој од вашите проблеми би бил решен? Што ако постои не толку очигледна тајна што несомнено ќе ви го промени животот побрзо отколку што сте се надевале? И замислете таа тајна да ви одземе само шест минути од денот!
Шесте навики што им ги менуваат животите на десетици илјади луѓе низ светот покажувајќи им како да се разбудат секое утро со повеќе енергија, мотивација и сосредоточеност, може да бидат наједноставниот пристап кон создавање на животот што отсекогаш сте го посакувале.
Дали сте подготвени за Чудесното утро? Следното поглавје од вашиот живот – најневеројатниот живот што сте си го замислувале – започнува. Време е да го разбудите својот целосен потенцијал!
„Хал Елрод е генијалец и неговата книга Чудесното утро внесе магија во мојот живот.“ Роберт Киосаки, автор на бестселерот Богат татко, сиромашен татко
-
Убиството на командантот
0650,00 денНЕВЕРОЈАТНА КНИГА ЗА ЉУБОВТА И ОСАМЕНОСТА, ВОЈНАТА И УМЕТНОСТА – УШТЕ ЕДНО РЕМЕК-ДЕЛО НА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СОВРЕМЕНИ ПИСАТЕЛИ
По разделбата со сопругата, триесет и нештогодишниот сликар одлучува да оди да живее на планина во куќата на еден познат уметник, татко на негов пријател. Деновите му поминуваат во сликање, готвење, слушање музика на грамофонот и пиење чаша виски навечер. Но еден ден случајно открива чудна слика скриена на таванот и не сакајќи го отвора кругот од мистериозни случувања во кој се вплеткани неговиот мистериозен сосед, едно таинствено ѕвонче, тринаесетгодишно девојче, обидот за атентат на нацистички функционер и страшното подземје. За да го затвори кругот, уметникот мора да тргне на опасно патување за себеоткривање во волшебното подземје какво што само Харуки Мураками може да создаде.
-
Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак
0500,00 денЦукуру Тазаки има четворица најдобри пријатели. Секој од нив во своето име содржи боја. Сите, освен Цукуру. Нивното пријателство е толку интензивно, искрено и силно што изгледа речиси нескршливо. Сè до еден ден. Ден кога се прекинува грубо и одненадеж. Кога тие му соопштуваат дека не сакаат да го видат, или да зборуваат со него, никогаш повеќе… Оваа случка толку го погодува Цукуру што му го менува неповратно животот. Оттогаш минуваат години, безбојни и испразнети, сè додека не ја сретне Сара, која ќе го поттурне во едно необично, од животно значење, патување. Роман за љубовта, пријателството, болката која трае. Исклучителна приказна за младото момче прогонувано од огромна загуба, за соништата, кошмарите и за патувањата назад во минатото. Вистински пример за мајсторство на јазикот и на психолошкото портретирање на ликовите, нивните битки и премрежија, ова е роман кој хипнотизира. Безбојниот Цукуру Тазаки… не е книга за еден ден, ова е книга која го обојува животот на секој читател, засекогаш!
-
Јужно од границата, западно од сонцето
0380,00 денПриказна за пријателството и љубовта, за илузиите и сенките од минатото, зачинета со многу надреални елементи на границата помеѓу јавето и сонот, стварноста и привидот. Во средина во која не се целосно прифатени, Хајиме и Шимамото уште како деца заедно му се спротивставуваат на светот. Иако животниот пат ги разделува во младоста, повторно ќе ги спои по многу години, кога веќе имаат сосем различни животи. Ќе успее ли да победи љубовта? Додека на грамофонот се врти плочата Јужно од границата, западно од сонцето, Хајиме во мислите се навраќа на безгрижните детски денови поминати со Шимамото, преплавен од каење поради пропуштените можности.
Типично во стилот на голем книжевен мајстор, Мураками раскажува како со неколку погрешни одлуки човек може да го уништи животот – и сопствениот и на саканото човечко битие. А кога тоа ќе се случи, раната никогаш не зацелува.
Проникливо и длабоко размислување за човечката ранливост, за моќта на опсесијата, за загатките на еротската мистерија.
Њујорк тајмс
-
Бесмртност
0420,00 ден„Смртта и бесмртноста создаваат неразделна двојка… поубава од Ромео и Јулија или од Лорел и Харди…“ „Бесмртноста подразбира вечно судење.“
Тоа го вели Кундера во Бесмртност, каде што и самиот се јавува како лик. Бесмртноста, или претставата за неа, е присутна низ целата приказна, почнувајќи од интерференцијата на Гете и Хемингвеј како ликови, преку односите на другите, фиктивните ликови, па сè до инспирацијата што произлегува од еден единствен специфичен гест.
Кундера и во ова дело го користи нему својствениот и мошне типичен психолошки реализам, а низ Бесмртност како стожерни провејуваат две главни теми: врската меѓу човекот и неговата слика и она што Кундера го именува како хомо сентименталис.
-
-
Таму
0700,00 денТАМУ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Милчо Манчевски, УЛИЦА и ПЕТ КАПКИ СОН. Во овие проекти визуелната текстура на урбаниот живот се манифестира низ композициска и наративна игра, и овој динамичен и експериментален пристап кон создавање слики го обликува ТАМУ. Тргнувајќи од „Жена и зелен ѕид“ и „Црвен ѕид (Бруклин)“, две слики што се читаат речиси како „колор филд“ платна, ТАМУ нè води на патување што е исто толку за чинот на гледање колку и за искусувањето место. Како уметник кој работи и со филм и со фотографија, пристапот на Манчевски кон создавање слики постојано ги поместува границите и го избегнува конвенционалното. Неговото рано завлегување во концептуалната уметност продолжува да се отсликува во неговите дела во различни медиуми, а наследството на историската авангарда провејува низ многу од сликите поместени во ТАМУ.
-
-
Улица
0500,00 ден„Фотографската камера на Манчевски, едноставна, непосредна и мошне агилна, никогаш не го прикажува она што гледачот би сакал да го види. Не се задржува на она што би очекувале да го гледаме. Не е ни брутална ни нарцисоидна, и поради тоа длабоко се оддалечува како од псевдо-реализмот на поголемиот дел од современото фоторепортерство, така и од апстракциите на оние кои, во своите фотографски елаборации, ја сведуваат реалноста на проста игра на форми. Не се впушта во естетизми ниту во дејствија на ситен социологизам.“, вели директорот на Кинотеката во Болоња, Андреа Морини за Улица
Првата книга фотографии на Милчо Манчевски, Улица, со радост раскажува визуелни приказни низ 111 улични фотографии.
-
Пресметка #2 Детската куќа
0400,00 денМалата Вака седи на студените скали пред своето ново училиште. Родителите веројатно заборавиле да ја земат. Немајќи избор, останува на скалите да чека. Но не е сама. Ѝ се придружува девојче од нејзиното одделение, кое веднаш го препознава поради необичната појава: му недостигаат два прста на едната рака. Девојчето дава предлог. Вака да го искористи телефон во домот на девојчето, а потоа ќе одат да си играат во собата на Вака. Но, откако ќе влезе во нивната куќа, веќе никогаш нема да излезе.
Дванаесет години подоцна, во истото училиште е пронајдено писмо со иницијали на луѓе што треба да умрат во 2016 година. Како овие настани повторно ги спојуваат детективот Хулдар и психологинката за деца Фреја? Каква е оваа пресметка?
По „ДНК“, втора книга од серијата „Детската куќа“.