-
МОЌТА НА МИСЛИТЕ
0250,00 денМоќта на мислите е огромна. Секоја ваша мисла за вас има определeна вредност. Силата на вашето тело, силата на вашиот ум, вашиот успех во животот и задоволствата што со вашето присуство им ги давате на другите – сето тоа зависи од природата и од квалитетот на вашите мисли. Морате да ја познавате културата на мислите и да ја развиете мисловната моќ. Оваа мала, но вредна книга, ве образoва, го просветлува вашиот ум и ја зацврстува вашата волја за правење добро и за постигнување исклучителност. Студенти, возрасни, доктори, адвокати, бизнисмени, трагачи по вистината – на овие страници секој ќе најде изобилство од насоки за културата и моќта на мислите. Од оваа вечна и неисцрпна тема ќе извлечете повеќекратна корист за самоспознавање, стекнување моќни мисли и за живеење на еден позитивен, динамичен, богат, успешен и радосен живот.
-
ЉУБОВОЛОГИЈА
0400,00 ден▪ Која е разликата меѓу љубов и заљубеност?
▪ Постојат ли безусловна љубов и сродни души?
▪ Дали љубовта е прашање на одлука и дали е вистина дека спротивностите фатално се привлекуваат?
▪ Зошто доаѓа до неверство и може ли да се преболи?Ова се само некои од прашањата што ги поставува најпознатиот хрватски автор на духовна литература Бруно Шимлеша во својот бестселер Љубовологија и на едноставен но луциден начин нè учи како да изградиме здрави и среќни односи со другите.
Дали станува збор за партнерска или семејна љубов, за пријателски или деловни односи, авторот ни ги разоткрива вообичаените заблуди и погрешни очекувања што си ги наметнуваме едни на други, но исто така предлага и решенија кои ќе ги вратат довербата и задоволството во најважната сфера на животот. За градење на вистинска љубовна врска клучни се три фактори – рамнотежа на давање и примање убавина, висок степен на компатибилност и искреност. Бруно Шимлеша нуди и еден уникатен тест, кој ќе им помогне на партнерите да откријат колку нивните љубовни желби и надежи се совпаѓаат и имаат ли темел за вистинска врска каква што секогаш посакувале.
Кога би постоела наука за љубовта, оваа книга би била учебник!
-
ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ
0350,00 денСо добра комуникација можеме да постигнеме сè. Комуникацијата е размена на пораки меѓу луѓето. Тоа е процес во кој праќаме, примаме и ги модификуваме пораките. Во секојдневниот живот, под комуникација многу често се мисли на разговор. Но разговорот е само еден аспект од комуникацијата, зашто таа се остварува на многу нивоа и на многу начини.
Комуникацијата, едноставно, не може да се избегне. Дури и кога не зборуваат, луѓето комуницираат – со погледи, со гестови, со положбата на своето тело… Ние сме тие што можеме да го менуваме текот на комуникацијата според својата слободна волја, но и според несвесната мотивација – својата или на соговорникот. А најдоброто во тоа е што комуникацијата е вештина што може да се научи!
Оваа книга е вистински практичен водич кој ќе ви ги покаже сите аспекти на комуникацијата и начините за нивно усвојување. Со нивна помош ќе остварите квалитетни односи со луѓето со кои доаѓате во контакт – во семејството, на работното место, во непосредната и пошироката околина… Научете добро да комуницирате и бидете господар на секоја ситуација!
-
ЗАВРТИ НОВА СТРАНИЦА ВО СВОЈОТ ЖИВОТ
0250,00 денТи си сонувач. Твоите соништа ќе станат реалност кога ќе одлучиш да ги живееш. Ти си семоќно суштество. Најголемата моќ е во твојата ЉУБОВ. Ти си светлина. Секогаш знаеш да блеснеш во најголе мата темница. Ти си ЧУДО.
Луѓето кои се сакаат себеси им дозволуваат на другите да бидат тоа што се, прифаќајќи ги такви какви што се, без намера да ги променат. … Љубовта не значи да бидеш врзан, туку да бидеш слободен во своите избори, да бидеш целосен и кога никој не е до тебе, да се чувствуваш сакано и ако си заминат од тебе, да се сакаш иако другите не го сакаат тоа што си ти.
Верата во доброто секогаш се враќа со добро. Ако сме отворени кон животот и даваме дозвола да ни се случуваат работите, животот секогаш ќе нѐ дарува кога ќе ни биде најпотребно. Животот нѐ сака и поддржува во секој момент, но за да го почувствуваме тоа, треба и ние да почнеме да го сакаме и да веруваме дека сме заштитени и поддржани.
-
ЕХО НА СЛОБОДАТА
0399,00 денЕхото доаѓа длабоко однатре и како ефектот на пеперутката стигнува до другиот крај на светот, каде некој непознат човек, читајќи ги твоите зборови, ќе се препознае во нив. На пеперутката ѝ требаат крилјата за да го постигне ефектот на преносливост, но зар човекот ги нема? Крилјата на човекот се неговите мисли и зборови. Можеш да ги рашириш до каде што сака твоето срце и до каде што ти дозволува твојата храброст. На крајот, сè се сведува на тоа:
Умееш ли да сонуваш за подобар свет?
Умееш ли да леташ високо над произаичното и медиокритетско секојдневје?
Умееш ли да веруваш во луѓето?
Умееш ли да им го отвориш срцето, за тие да ти ги отворат своите најинтимни мисли?
Умееш ли да го отвориш умот за да ги видиш нивните добри страни?
Умееш ли да бидеш активен слушател за да го чуеш ехото на слободата?Слободата е МОЖАМ. Слободата е ЖЕЛБА. Слободата е ЉУБОВ.
Интервјуто е повеќе од занает. Тоа е состојба на духот.
-
СКОПЈЕ 091 (БОЕНКА ЗА ВОЗРАСНИ)
0250,00 денСкопје ја доби својата прва боенка. За возрасни.
Со доза сатира, па и гротеска, ова е боенка што вртоглаво ќе ви го смени „градогледот“ ‒ од нејзините страници ѕурат лицата на некои од најпрепознатливите зданија и симболи на нашето старо-ново Скопје.
Но има тука и доза носталгија. За градот убав. За неотсонуваниот сон на Кензо Танге, таткото на постземјотресно Скопје. За заборавениот Пикасо во МСУ. За Чаршијата и Камениот мост. За Старата железничка, за ГТЦ. И апел за чист воздух. За она што Скопје некогаш беше, она што е, она што можеше да биде.
Ова е еден урбан омаж за Скопје, во еден неочекуван медиум, што на секоја нова страница изненадува со својата визија и порака. Извадете ги боичките и дајте му свои бои на Скопје 091 на Васил Шемкоски.
-
7 НАВИКИ НА УСПЕШНИТЕ ЛУЃЕ
0500,00 ден7 Навики на успешните луѓе е обемна програма за развивање на свеста за тоа како досегашните перцепции и претпоставки го попречуваат успехот – како во деловните така и во личните односи. Овој пристап ќе ви го прошири начинот на размислување и ќе ве одведе до поголеми можности и поефикасно решавање на проблемите. Денес Стивен Р. Кови е најпочитуваниот мотиватор во корпоративниот свет. Научете како да ги примените неговите 7 навики – и гледајте како ви го менуваат животот. „Стивен Кови е американскиот Сократ, затоа што совршено разбирливо пишува за ’перманентните нешта’ – за вредностите, семејството, меѓучовечките односи, комуникацијата“. Брајан Трејси „Кога Стивен Кови зборува, директорите молчат и слушаат“. Њујорк тајмс Стивен Р. Кови, еден од 25 највлијателни Американци според магазинот „Тајм“, го посвети својот живот за да докаже дека секоја личност може да ја контролира својата судбина со помош на длабоко, а сепак директно водење. Тој е светски признат стручњак за лидерство, семеен експерт, учител, организациски консултант и автор. Неговите книги се преведени на 38 јазици и продадени во повеќе од 20 милиони примероци, а 7 Навики на успешните луѓе е прогласена за највлијателна бизнис-книга на 20. век.
-
Басни
0150,00 денБасната е еден вид кратка поучна приказна во која главните ликови најчесто се животните или природните појави. Преку нив се прикажуваат разни меѓучовечки односи, различни судбини на луѓето, се исмеваат нивните слабости или се возвишуваат нивните добрини.
Се смета дека првите басни ги создал Езоп пред многу векови. Оваа книга претставува избор од неговите најпопуларни басни.
-
Зошто јас? Мојата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади
0290,00 ден„Зошто јас?“ е прашање што секој од нас си го поставил во одреден момент од животот. Во потрагата по одговорите се насетуваат два избора: тешките искуства за некого ќе бидат нешто што само ќе го преживее, а за некој друг – нешто што ќе го врати во живот. Да се напише оваа книга е да се допре душата на секој од нас, но и личен терапевтски процес. Ставањето на хартија на нашите искуства и доживувања е навистина лековито искуство. Моментот во кој тие ќе заиграат пред нашите очи и ќе ја прочитаме својата приказна е момент во кој сме си ја дозволиле ранливоста, сме го скротиле егото и сме ѝ дале светлина на внатрешната реалност. Тој момент е истовремено и моќен, бидејќи само од позиција на препознавање на својата вистина и љубов за себе можеме да го исцелиме она што боли.
За сите вас кои сте ја запознале анксиозноста, ова четиво ќе ви биде вистински скапоцено, бидејќи ќе станете свесни дека не сте осамени во тоа искуство. Таа доаѓа во повеќе форми и може да зборува на различни јазици, но секогаш претставува покана за една поинаква средба со себеси.
-
МИР СО СЕКОЈ ЧЕКОР
0280,00 денБудниот ум ќе се погрижи за сѐ, како што сонцето се грижи за вегетацијата.
Мир со секој чекор, ремек-дело на современиот мудрец и духовен учител Тич Нат Хан, ни ги открива древните холистички учења за практична примена при секојдневните проблеми.
Обземени од виорот на современиот живот, забораваме дека духовниот мир и среќaта ни се на дофат на раката. Доволно е само да живееме во склад со здравиот разум, да го забавиме темпото и со буден ум да уживаме во секој миг. Сѐ што правиме е поетски чин или уметничко дело, доколку тоа го правиме со буден ум. Будниот ум е темел на среќниот живот и него можеме да го одржуваме низ секојдневна медитација. А медитацијата – свеста за сопственото тело и дух по пат на свесно дишење, можеме да ја изведуваме и додека миеме садови, јадеме или чекаме пред семафорот.
Кога имаме буден ум и внатрешен спокој, се исполнуваме со љубов, сочувство и алтруизам. Со нивна помош создаваме атмосфера на мир и хармонија, која понатаму се шири од индивидуалецот на семејството, од семејството на заедницата и на крајот – на целиот свет.
Мир со секој чекор е книга која нè учи како да го смениме својот светоглед… таа ни отвора видици кон похуман начин на живот. Паблишер викли
-
АНАЛЕКТИ
0199,00 денАналекти се едно од највлијателните дела на сите времиња. Збирката изреки на Конфуциј се собрани и уредени од страна на неговите ученици набрзо по неговата смрт, во 497 година пр. н. е. Тие го одразуваат степенот до кој Конфуциј го воспоставил, но и претставувал моралниот идеал за сите луѓе. Целта на Аналектите е да овозможи усовршување на личниот карактер, преку истрајната потрага по моралните одлики какви што се добродетелта, мудроста, храброста. Резултатот не е надомест во овој или во следниот живот – следењето на Патот мора самото себеси да си биде награда.
Сè уште еднакво релевантни како што биле и пред повеќе од две илјади години, овие учења го претставуваат моралниот кодекс кој доблеста ја вреднува повеќе од сè, и ги изразуваат темелните вредности на конфуцијанската традиција.
-
Што сé еден маж знае за жените
0150,00 денМакс Хиден е еден од најпознатите светски психолози кој сета своја научна работа ја посвети да одговори на многуте необјаснети прашања од областа на машко женските односи. Книгата “Што сé еден маж знае за жените” дава еден сосема нов поглед кон оваа тема и ги остава без здив многубројните читатели кој листајќи ги страниците на оваа книга ја откриваат вистината по која трагале многу генерации пред нив. Книгата е преведена на многу јазици и не се случајни големите тиражи во кои е објавена и продадена како во Европа така и во останатиот ден од светот.
-
Егото е непријател
0400,00 денМногумина од нас инсистираат дека главната пречка за целосен, успешен живот е надворешниот свет. Всушност, нашиот најчест непријател се крие токму во нас: нашето его. На почетокот на кариерите, нѐ попречува во учењето и во градењето талент. Во фазата на успехот, може да нѐ направи слепи за сопствените недостатоци и да создаде проблеми во иднина. Во фазата на неуспехот, го зголемува секој нанесен удар и го отежнува закрепнувањето. Егото нѐ кочи во секоја фаза.
„Егото е непријател“ се повикува на широк дијапазон приказни и примери, од литературата, до философијата и историјата. Запознаваме фасцинантни фигури како Хауард Хјуз, Кетрин Греам, Бил Беличик и Елеонор Рузвелт. Сите тие достигнале највисоко ниво на моќ и успех преку скротување на сопственото его. Нивните стратегии и тактики може да бидат и наши.
Но зошто би се бореле против егото во ера што глорифицира социјални медиуми, реални ТВ-шоуа и други облици на бесрамна себепромоција? Вооружени со лекциите од оваа книга, ќе научите, како што вели Холидеј, „да се посветите помалку на приказната што ја раскажувате за сопствената посебност и, како резултат, ќе бидете слободни да ги постигнете важните цели што си ги имате зададено“.
-
БЕГЕМОТ ФИЛОЗОФСКИ РАСКАЗИ
0200,00 денСобрани во оваа книга се неколку од многуте раскази од обемниот опус на фиктивна проза од Фернандо Песоа, карактеристични по својата фрагментираност и недовршеност. Филозофски или интелектуални раскази, како што ги нарекува Песоа, статични и без дејствие, каде што ликовите, Просјакот, Ѓаволот, Баронот од Тејве и Професорот Серзедаш се заплеткани во иницијациски дијалози кои му пркосат на здравиот разум. Песоа е мистичар што не може да се вклопи во ниту една вистина и постојано трага и се движи по работ на крајностите на разумот и духот. Недопишани во мигови на инспиративен изблик, расказите претставуваат совршен одраз на невозможноста да се создаде целосно и совршено дело. Совршено искушение за читателот да ги донамисли, доизрече. И како што ќе ѝ предложи Ѓаволот на Марија: „Тие се дамки светлина во мракот…“, а Песоа нè води низ нив „како аџии на патот кон тајната и спознанието“.
-
Дневник на прочитани книги
0350,00 денОвој нотес претставува твој мал личен дневник на книгите што ги читаш и веќе ги имаш прочитано.
Во него можеш да ги прибележиш најважните делови од книгата, твоите омилени ликови или сцени, убавите мисли и некои убави реченици, па дури и твоите размислувања додека ја читаше книгата.
Ваквите прибелешки ќе ти бидат корисни кога ќе сакаш да се присетиш на некои од твоите омилени книги или на твоите доживувања додека ги читаше.
-
Кој владее со светот?
0360,00 денВо оваа продорна и темелна анализа на актуелната меѓународна ситуација, Ноам Чомски истражува како, и покрај подемот на Европа и Азија, САД сè уште ги одредуваат глобалните текови. Повикувајќи се на најразновидни примери, од американското инволвирање во Куба до санкциите против Иран, Чомски ни покажува како декларациите за слобода и демократија честопати не се согласуваат со акциите во вистинскиот свет. Покрај ова, обрнува внимание на изборот на Трамп и што тоа зборува за американското општество.
Книгата „Кој владее со светот?“ е жесток напад врз светогледот презентиран од мејнстрим медиумите и како таков е неизоставно четиво за секој што сака да знае повеќе од новинските наслови.