-
-24%
Последна понуда (Dreamland Billionaires #3)
0Original price was: 590,00 ден.448,00 денCurrent price is: 448,00 ден.Калахан
Јас сум братот што сите го озборуваат зад затворени врати. Богат наследник, пропаднат спортист, љубител на чашката. Но постои само една личност што вистински ме познава – Лана Кастиљо, мојата најдобра пријателка од детството и единствената жена што некогаш сум ја сакал. Кога ѝ го скршив срцето пред шест години, ѝ ветив дека никогаш повеќе нема да стапнам во куќата на езерото Вистерија. И си стоев на зборот сè додека дедовиот тестамент не промени сè. За да го добијам наследството морам да го поминам летото во семејната куќа на езерото пред да ја продадам. Барањето звучи мошне едноставно, но планот ми се руши уште првиот ден. Излегува дека Лана не само што живее во куќата, туку тврди и дека ја поседува.
Алана
Беше грешка што се вљубив во Калахан Кејн. Самиот тој ми го кажа тоа пред да ми го скрши срцето и да го уништи нашето пријателство пред шест години. А кога вети дека нема да се врати, наивно му поверував. Но Кал повторно се појави и тоа со намера да ја продаде дедовата викендичка. Само што има еден голем проблем. Моето име стои на имотниот лист.
Прогонувани од спомените на едно среќно минато, двајцата ќе мораат да го најдат одговорот на прашањето дали нештата можеле поинаку да се одвиваат.
И можеби да ѝ дадат втора шанса на иднината што ја пропуштиле.
-
-21%
Најпрекрасното злосторство на годината
0Original price was: 570,00 ден.448,00 денCurrent price is: 448,00 ден.Запознајте ги Меги Чејс и Итан Вајат – новата кралица на мистеријата и мајсторот на трилерите. Таа го мрази од дното на душата, а тој мисли дека нејзиното име е Марси (иако таа постојано го поправа). Кога и двајцата ќе ја прифатат мистериозната покана од нивниот таен обожавател да го поминат Божиќ во Англија, никој од нив не очекува нивниот домаќин да биде најпознатиот автор во светот: Еленор Ешли, Војвотката на смртта.
На три дена пред Божиќ, надоѓа снежна бура, а следното утро Еленор ја нема. Исчезнала од заклучена соба. Меги почнува да се прашува дали Елеонор е во опасност или ова е некаков тест. Дали Итан е нејзин соперник или е единствената личност меѓу сомнителните гости на имотот покриен со снег на која може да ѝ верува?
Додека снегот продолжува да вее, телефоните не работат, а напнатоста расте, секоја трага ги доближува Меги и Итан до вистината, а нивното соперништво се претвора во неочекувано партнерство. Бидејќи овој Божиќ, двајцата мора да станат сојузници (а можеби и нешто повеќе) ако сакаат да ја спасат Елеонор.
Освен ако прво не се убијат меѓу себе…
-
Киберијада
0400,00 ден„Киберијада“ претставува уникатна збирка научнофантастични раскази за „најпрочуените конструктори“ Клапациј и Трурл, кои опиваат со својот хумор. Овие несекојдневни бајки и сказни го опишуваат барокот на Космосот. Говорат за кралеви и кралства, за витези и змејови, но временски сместени десетици илјади години во иднината, во светот на роботите и на интелигентните машини, кои еволуирале и оформиле различни општествени заедници во кои се случуваат секакви згоди и незгоди – трагични, хумористични, вџашувачки, необични. На овие страници роботите и ракетите се рамо до рамо со пиратите и вештерките. Во нив истовремено може да се распознаат и алузии на актуелни збиднувања од периодот на објавувањето на ова ремек-дело (1965).
Станислав Лем има изјавено дека „Киберијада“ е најубавата книга што ја напишал. Еден од неговите раскази („Патешествие седмо“) бил инспирација за компјутерската игра „SimCity“.
