-
-32%
Последна понуда (Dreamland Billionaires #3)
0Original price was: 590,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Калахан
Јас сум братот што сите го озборуваат зад затворени врати. Богат наследник, пропаднат спортист, љубител на чашката. Но постои само една личност што вистински ме познава – Лана Кастиљо, мојата најдобра пријателка од детството и единствената жена што некогаш сум ја сакал. Кога ѝ го скршив срцето пред шест години, ѝ ветив дека никогаш повеќе нема да стапнам во куќата на езерото Вистерија. И си стоев на зборот сè додека дедовиот тестамент не промени сè. За да го добијам наследството морам да го поминам летото во семејната куќа на езерото пред да ја продадам. Барањето звучи мошне едноставно, но планот ми се руши уште првиот ден. Излегува дека Лана не само што живее во куќата, туку тврди и дека ја поседува.
Алана
Беше грешка што се вљубив во Калахан Кејн. Самиот тој ми го кажа тоа пред да ми го скрши срцето и да го уништи нашето пријателство пред шест години. А кога вети дека нема да се врати, наивно му поверував. Но Кал повторно се појави и тоа со намера да ја продаде дедовата викендичка. Само што има еден голем проблем. Моето име стои на имотниот лист.
Прогонувани од спомените на едно среќно минато, двајцата ќе мораат да го најдат одговорот на прашањето дали нештата можеле поинаку да се одвиваат.
И можеби да ѝ дадат втора шанса на иднината што ја пропуштиле.
-
-35%
Најпрекрасното злосторство на годината
0Original price was: 570,00 ден.369,00 денCurrent price is: 369,00 ден.Запознајте ги Меги Чејс и Итан Вајат – новата кралица на мистеријата и мајсторот на трилерите. Таа го мрази од дното на душата, а тој мисли дека нејзиното име е Марси (иако таа постојано го поправа). Кога и двајцата ќе ја прифатат мистериозната покана од нивниот таен обожавател да го поминат Божиќ во Англија, никој од нив не очекува нивниот домаќин да биде најпознатиот автор во светот: Еленор Ешли, Војвотката на смртта.
На три дена пред Божиќ, надоѓа снежна бура, а следното утро Еленор ја нема. Исчезнала од заклучена соба. Меги почнува да се прашува дали Елеонор е во опасност или ова е некаков тест. Дали Итан е нејзин соперник или е единствената личност меѓу сомнителните гости на имотот покриен со снег на која може да ѝ верува?
Додека снегот продолжува да вее, телефоните не работат, а напнатоста расте, секоја трага ги доближува Меги и Итан до вистината, а нивното соперништво се претвора во неочекувано партнерство. Бидејќи овој Божиќ, двајцата мора да станат сојузници (а можеби и нешто повеќе) ако сакаат да ја спасат Елеонор.
Освен ако прво не се убијат меѓу себе…
-
-25%
Секој цвет има свое време
0Original price was: 330,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Вистинските зборови се како вистинските луѓе, кога ќе се здружат во една целина, можат сè.
„Секој цвет има свое време“ е колекција од 201 цитат, зборови што допираат, инспирираат и што оставаат трага. Најголем дел од нив досега никогаш не биле објавени, а сега, за првпат, се обединети во едно посебно издание, блиско до срцето на авторката.
Во оваа книга, Ксенија Николова ги спојува сите нијанси на животот, радоста, тагата, љубовта, загубата, надежта и прифаќањето, во зборови што ќе ве натераат да застанете, да размислите, да чувствувате и да се препознаете.
Ова не е само колекција од цитати, туку и збирка од искуства, емоции и животни преплети, спакувани во зборови што ќе сакате да ги чувате и на кои ќе се навраќате. Нивната убавина е во тоа што читајќи ги, секојпат ќе откривате нови вистини за себе, но и за светот.
-
Радосница Здраво, бебе (Првите години од твојот живот) – сива
01.400,00 денВи го претставуваме нашиот ексклузивен споменар „Здраво, бебе (Првите години од твојот живот)“ – совршен чувар на сите ваши скапоцени спомени, почнувајќи од бременоста па сѐ до петтата година од животот на вашето дете. Зачувајте го најубавото патување во вашиот живот на прекрасните колоритни страници, полни со емоции и љубов; првите фотографии од вашето бебе безбедно вгнездени помеѓу елегантно дизајнираните тврди корици со премиум лен платно, кое дава безвременска убавина каква што ѝ прилега на најбезвременската и најбескрајната љубов која постои: љубовта кон вашето дете.
Достапна со корици со три различни дизајни за сечиј вкус, Радосницата Здраво, бебе! е најубавиот подарок што можете да си го подарите себеси или пак на саканите кои очекуваат бебе – подарок кој останува за цел живот и за идни генерации. Подарок во кој секоја страница раскажува една прекрасна животна приказна и со години ќе ве навраќа на едно од најубавите времиња во вашиот живот!
-
Радосница Здраво, бебе (Првите години од твојот живот) – беж
01.400,00 денВи го претставуваме нашиот ексклузивен споменар „Здраво, бебе (Првите години од твојот живот)“ – совршен чувар на сите ваши скапоцени спомени, почнувајќи од бременоста па сѐ до петтата година од животот на вашето дете. Зачувајте го најубавото патување во вашиот живот на прекрасните колоритни страници, полни со емоции и љубов; првите фотографии од вашето бебе безбедно вгнездени помеѓу елегантно дизајнираните тврди корици со премиум лен платно, кое дава безвременска убавина каква што ѝ прилега на најбезвременската и најбескрајната љубов која постои: љубовта кон вашето дете.
Достапна со корици со три различни дизајни за сечиј вкус, Радосницата Здраво, бебе! е најубавиот подарок што можете да си го подарите себеси или пак на саканите кои очекуваат бебе – подарок кој останува за цел живот и за идни генерации. Подарок во кој секоја страница раскажува една прекрасна животна приказна и со години ќе ве навраќа на едно од најубавите времиња во вашиот живот!
-
Радосница Здраво, бебе (Првите години од твојот живот) – rainbow
01.300,00 денВи го претставуваме нашиот ексклузивен споменар „Здраво, бебе (Првите години од твојот живот)“ – совршен чувар на сите ваши скапоцени спомени, почнувајќи од бременоста па сѐ до петтата година од животот на вашето дете. Зачувајте го најубавото патување во вашиот живот на прекрасните колоритни страници, полни со емоции и љубов; првите фотографии од вашето бебе безбедно вгнездени помеѓу елегантно дизајнираните тврди корици со премиум лен платно, кое дава безвременска убавина каква што ѝ прилега на најбезвременската и најбескрајната љубов која постои: љубовта кон вашето дете.
Достапна со корици со три различни дизајни за сечиј вкус, Радосницата Здраво, бебе! е најубавиот подарок што можете да си го подарите себеси или пак на саканите кои очекуваат бебе – подарок кој останува за цел живот и за идни генерации. Подарок во кој секоја страница раскажува една прекрасна животна приказна и со години ќе ве навраќа на едно од најубавите времиња во вашиот живот!
-
-
Еден по еден #5 (тврд повез)
0590,00 ден„Ми треба Вашата помош, детективе. Оган или вода?“
Детективот Роберт Хантер добива анонимен повик и чудно барање: да посети конкретна веб адреса – еден вид приватно емитување на содржина. Хантер ја отвора адресата и веднаш почнува шоу осмислено специјално за негови очи. Но јавувачот не сака детективот Хантер само да гледа, тој сака и да учествува, а одбивањето едноставно не е опција.
Принуден да направи одвратен избор меѓу две подеднакво грозоморни опции, Хантер мора да седи и да го гледа измачувањето и убиството на неидентификувана жртва во живо на интернет. Полицијата на Л.А и ФБИ ги користат сите свои ресурси за електронски да го лоцираат преносот, но овој убиец не е аматер и беспрекорно си ги има покриено трагите од А до Ш. Уште пред Хантер и Гарсија да успеат официјално да започнат со истрагата, Хантер добива нов повик. Нова веб адреса. Нова жртва. Но овој пат убиецот ја крева играта на следното ниво: реално шоу со убиство во живо, каде секој може да гласа за начинот на убивање.
-
Убиецот со распетието #1 (тврд повез)
0590,00 денПронаоѓањето на телото на млада жена во една пуста колиба среде шума во Лос Анџелес го враќа детективот Роберт Хантер во еден страшен стар кошмар. Жртвата е пронајдена гола, закачена за две паралелни дрвени штици и очигледно е дека била садистички мачена пред исклучително болната смрт.
Некој ѝ ја одрал целата кожа од лицето – и тоа додека сѐ уште била жива. На задниот дел од нејзиниот врат е врежан чуден двоен крст: заштитен знак на психопат познат како Убиецот со распетието. Но тоа е невозможно. Затоа што Убиецот со распетието бил фатен и осуден на смртна казна пред две години. Дали е можно да се работи за некој кој се обидува да го копира? Или пак е можно незамисливото да е вистина?
Дали вистинскиот убиец сѐ уште е на слобода, подготвен за нова грозоморна низа убиства, бирајќи ги жртвите без никаков логичен ред и шаблон за да му се потсмева на Роберт Хантер што никако не може да го фати? Хантер и неговиот партнер новајлија не се ни свесни во каков кошмар влегуваат…
-
Скулптор на смртта #4 (тврд повез)
0590,00 ден„Имаш среќа што не го запали светлото…“
Една млада негувателка е доживотно трауматизирана кога го наоѓа својот пациент, јавниот обвинител Николсон, брутално убиен во неговиот кревет. Самиот чин делува апсурдно – Николсон имал рак во терминална фаза и му останувале само уште неколку недели живот. Но она што најмногу го шокира детективот Роберт Хантер е „уметничкото дело“ што убиецот го има оставено зад себе на местото на злосторството.
Хантер не се сомнева дека убиецот се обидува да комуницира со полицијата, но методот што го има одбрано е крајно необичен – нешто што Хантер го нема сретнато никогаш во својата кариера. И никако не може да разбере која би можела да биде скриената порака.
Токму кога Хантер и неговиот партнер Гарсија сметаат дека пронаоѓаат добра трага, се појавува и ново тело – и ново „уметничко дело“. Но не можат да пронајдат поврзаност помеѓу првата и втората жртва, па упорно тапкаат во место.
Хантер е во трка со времето и со Скулпторот на смртта, кој пак се подготвува за последните финеси на своето ремек дело.
-
Демнач во ноќта #3 (тврд повез)
0590,00 денНеидентификувано женско тело пристигнува во мртовечницата во Лос Анџелес. Причината за смртта сѐ уште е нејасна. Таа нема видливи повреди и рани; освен тоа што најинтимните делови од нејзиното тело се зашиени со дебел црн конец. Но она што најмногу го шокира обдуцентот е фактот дека убиецот оставил нешто внатре во неа. Нешто толку монструозно, што детективот Роберт Хантер го тргаат од друг тековен случај за да ја преземе оваа истрага.
За неколку дена се појавува второ тело. Исто како и првата жртва, и оваа е зашиена и има оставено нешто внатре во неа. Нешто подеднакво генијално колку што е гротескно. И убиецот не е готов, далеку од тоа.
Кога случајно налетува на привлечната и страшно способна приватна детективка Витни Маерс, Хантер почнува да се сомнева дека убиецот истовремено држи по неколку жени во заложништво, бидејќи жената по која трага Маерс е пријавена како исчезнато лице, но сѐ уште не е една од жртвите. Роберт наскоро дознава дека гони вистински монструм; монструм чие минато крие уште помонструозна тајна.
-
Џелатот #2 (тврд повез)
0590,00 денЗамислете го вашиот најголем страв… а сега замислете како го доживувате истото, како да се будите директно во вашиот најстрашен кошмар.
Во црква во Лос Анџелес, на скалилата пред олтарот, наоѓаат тело на обезглавен свештеник. Трупот е внимателно позициониран во локва крв, со испружени нозе и рацете прекрстени на градите, а најстрашниот дел од целата глетка е тоа што главата на свештеникот е заменета со кучешка глава. Подоцна, форензичкиот тим открива дека на градите на жртвата со крв е начкрабан бројот „3“.
Детективот Роберт Хантер на почетокот смета дека се работи за ритуално убивање. Но кога почнуваат да се појавуваат нови тела, принуден е одново да размисли за таа теорија. Сите жртви умреле од она од кое најмногу се плашеле. Нивните најлоши кошмари буквално се претвориле во реалност. Но како можел убиецот да знае? И што е тоа што ги поврзува овие жртви?
Хантер тргнува во потрага по вештиот и садистички убиец, некој кој очигледно има моќ да ги чита мислите на жртвите. Некој кој претчувствува што најмногу ги плаши жртвите. Некој кој нема да дозволи ништо да го запре во реализирање на својата изопачена мисија.
-
Страв од летање на 7А (тврд повез)
0550,00 денПостои смртоносно оружје што може да ја помине секоја гранична контрола. Ниеден контролор на светот не може да го види.
Искусниот и успешен психијатар Мат Кругер е на ноќниот лет за Берлин. Тој мора да го надмине својот паничен страв од летање затоа што едвај чека да ја види својата трудна ќерка, која ја нема видено многу долго време. Посетува дури и семинар за надминување на стравот од летање, но брзо по качувањето во авионот сфаќа дека се подготвувал за погрешни стравови. Немирот овој пат не доаѓа од стравот од опасна турбуленција или паѓање на авионот или терористички напад, туку од телефонскиот повик преку кој дознава дека еден од патниците е ментално нестабилен пациент – негов поранешен пациент. Лице кое Кругер го има ослободено од насилни убиствени фантазии. А сега треба да го натера истиот тој нестабилен пациент да го урне авионот, затоа што во спротивно, ќе умре единствената личност на светот која тој вистински ја сака.
Извонреден психолошки трилер кој си поигрува со основните човечки стравови, како клаустрофобијата и беспомошноста.
-
Ова завршува со нас (тврд повез)
2500,00 денПонекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.
Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. Kога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро.
Рајл е амбициозен, тврдоглав, па дури и малку арогантен. Но тој е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков. Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.
-
-46%
Шума на спомените – (тврд повез)
0Original price was: 550,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Застрашувачки трилер за грабната девојка, момче кое може да ја спаси и фаталната игра на измама и предавство што тие ја играат.
Илајџа живее во Шумата на спомените откако знае за себе. Тоа е единствениот дом што тој некогаш го имал. Елиса тукушто пристигнува. Tаа би сторила сѐ што може само за да побегне.
Кога Илајџа налетува на тринаесетгодишната Елиса во шумата каде што нејзиниот киднапер ја крие, тој одбива да ја извести полицијата. Илајџа немал вистински пријател никогаш во неговите дванаесет години. Затоа, тој не сака Елиса да си замине.
И не само тоа. Илајџа знае како може да заврши сето ова. На крајот на краиштата, Елиса не е првата девојка што ја има најдено во Шумата на спомените.
Како што однесувањето на нејзиниот киднапер станува сѐ понепредвидливо, така Елиса сфаќа дека дружбата со чудниот, осамен Илајџа е нејзината единствена надеж за преживување. Нивната игра ќе ги одреди и нивните судбини, и ќе одлучи дали некој од нив некогаш ќе ја напушти Шумата на спомените.
,,Но ако ти штотуку пристигна, тогаш зошто би сакала да си заминеш?“
-
Искра надеж – (тврд повез)
0590,00 денНеверојатен роман за љубовта, загубата и храброста на една жена за време на војната.
По уништувачкото предавство од саканиот, Џилијан Гибонс заминува во својот семеен дом бидејќи има ужасна потреба за бегство од реалноста. Но тогаш таму наоѓа стара фотографија од нејзината баба во прегратките на нацистички офицер и нејзиниот живот станува уште покомплициран. Заинтригирана од новото откритие, Џилијан се обидува да ја открие вистината која стои зад фотографијата, па тргнува на епско патување низ минатото.
1939 година: Aнглија се наоѓа на раб на војна додека Вивијан се вљубува во згоден британски војник, но кога започнува одекнувањето на бомбите и прекрасниот живот на Вивијан е уништен за секунда, таа прави сè за да ги заштити своите сакани.
Како што Џилијан дознава повеќе за својата баба, така старата фотографија сè повеќе добива смисла. Но на секое одговорено прашање, се отвора ново. Соочена со неочекуваната вистина, Џилијан се обидува да го расветли не само мистериозното минато на нејзиното семејство, туку и својата иднина.
Оваа безвременска, мултигенерациска сага е срцепарателен сведок за борбата на една жена да преживее, совршена за сите кои ја обожаваат ,,Славејот“од Кристин Хана.
