Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Најдоброто од мене

    Најдоброто од мене

    0

    Сите сакаат да веруваат дека вечна љубов е можна…

    Во пролетта 1984 година средношколците Аманда Колиер и Досон Кол доживуваат длабока, судбинска љубов која им пркоси на строгите правила на животот во малото гратче Ориентал. Досон е осаменик од едно озлогласено семејство и верува дека љубовта кон Аманда му овозможува бегство од мрачната судбина. Аманда, пак, е добра, богата девојка која планира да оди на студии. Таа во Досон гледа нешто што е блиско на нејзиното бунтовно, страсно срце. Но со крајот на школската година неколку непредвидени настани ќе ја раздвојат младата двојка и секој од нив ќе тргне по сосем различен пат…

    По дваесет и пет години, Аманда и Досон се среќаваат на погребот на Так Хостетлер, човекот кој на времето ѝ дал засолниште на нивната средношколска љубов. Ниту еден од нив двајцата не го живее животот за кој сонувале… и ниту еден не може да ја заборави страсната прва љубов што засекогаш им го сменила животот. Додека ги следат упатствата што им ги оставил Так, Аманда и Досон сфаќаат дека сè што мислеле дека знаат – за Так, за себе и за своите соништа – не е такво какво што се чини. Принудени да се соочат со болните спомени, двајцата поранешни љубовници ја откриваат непобитната вистина за своите одлуки. И за време на единствениот, возбудлив викенд, ќе се прашаат длабоко во себе: Може ли љубовта навистина да го промени минатото?

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Последната песна

    Последната песна

    0

    Спаркс со право го носи епитетот „мајстор на романсата“. Во уште едно свое ремек-дело кое ќе ви ги стопли срцата, тој ни ја раскажува приказната за Рони, млада девојка која по разводот на нејзините родители сè уште е скршена и отуѓена. На инсистирање на нејзината мајка, три годни потоа, таа оди да помине едно лето со татко ѝ. Во тоа судбоносно лето, Рони го запознава Вил, момче по кое сите воздивнуваат. Додека полека ги урива ѕидовите што ги има изградено околу себе, Рони истовремено сè повеќе се зближува со татко си и длабоко се вљубува. Така, таа ја открива најголемата среќа, но и најголемата болка – какви што дотогаш нема почувствувано. Последната песна покажува, како што тоа го може само Николас Спаркс, на колку начини љубовта може да ни го скрши и… да ни го исцели срцето.

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Во шумата

    Во шумата

    0

    Во една летна вечер во 1984 година, во мало предградие на Даблин се случува ужасна трагедија. Три деца одат да си играат во блиската шума, а две од нив ќе исчезнат и никогаш нема да бидат пронајдени. Полицијата наоѓа само едно од децата, повредено и преплашено, кое не може да се сети што се случило…

    По дваесет години, во истата шума се случува ново злосторство. Роб Рајан, преживеаното момче од првата трагедија, сега има нов идентитет и работи како детектив во даблинската полиција. Тој и неговата партнерка почнуваат да го истражуваат новиот случај, поврзан со свирепо убиство на една тинејџерка. Навлегувајќи во тајните на жртвата и на нејзиното чудно семејство, тие откриваат детали и за стариот случај. Со секоја нова трага, сеќавањата на Роб полека излегуваат на површина и неизбежно го водат назад во шумата…

    Исклучителен психолошки трилер кој храбро навлегува во темнината што се крие зад животот на обичните луѓе. Напнатата атмосфера и комплексноста на ликовите ќе го одведат читателот на едно сурово патување низ сложената мрежа на злото, но и многу подалеку – до она што не може да се објасни.

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Лов на тигар

    Лов на тигар

    0

    Потерата продолжува – дали Алекс Крос е ловец или плен?

    Тој е повикан на најлошото место на злосторство во сите негови години на полициска работа. Некој кој нема никаква почит кон човечкиот живот испотепал цело семејство – а по овие убиства следуваат нови, сè понемилосрдни.

    Алекс и неговата девојка, детективката Бријана Стоун, се нурнуваат во случајот и се заплеткуваат во смртоносното африканско подземје на Вашингтон. Откриваат нешто толку вџасувачко што одвај може да се сфати: вешто организирана банда на деца-криминалци предводени од еден суров заповедник познат како Тигар. Кога недофатливата трага на убиецот ќе се појави во Африка, Алекс знае дека мора да тргне по него. Сам.

    Стигнувајќи во Нигерија, тој открива свет во кој правдата е непознат поим. Ќе успее ли, незаштитен и сам во туѓа земја, опсипан со убиствените закани на Тигар, да преживее и да го фати убиецот?

    Лов на Тигар, нов бестселер на Џејмс Патерсон полн со брзи пресврти и адреналин – трилер од кој застанува здивот.

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • 7 НАВИКИ НА УСПЕШНИТЕ ЛУЃЕ

    7 НАВИКИ НА УСПЕШНИТЕ ЛУЃЕ

    0

    7 Навики на успешните луѓе е обемна програма за развивање на свеста за тоа како досегашните перцепции и претпоставки го попречуваат успехот – како во деловните така и во личните односи. Овој пристап ќе ви го прошири начинот на размислување и ќе ве одведе до поголеми можности и поефикасно решавање на проблемите. Денес Стивен Р. Кови е најпочитуваниот мотиватор во корпоративниот свет. Научете како да ги примените неговите 7 навики – и гледајте како ви го менуваат животот. „Стивен Кови е американскиот Сократ, затоа што совршено разбирливо пишува за ’перманентните нешта’ – за вредностите, семејството, меѓучовечките односи, комуникацијата“. Брајан Трејси „Кога Стивен Кови зборува, директорите молчат и слушаат“. Њујорк тајмс Стивен Р. Кови, еден од 25 највлијателни Американци според магазинот „Тајм“, го посвети својот живот за да докаже дека секоја личност може да ја контролира својата судбина со помош на длабоко, а сепак директно водење. Тој е светски признат стручњак за лидерство, семеен експерт, учител, организациски консултант и автор. Неговите книги се преведени на 38 јазици и продадени во повеќе од 20 милиони примероци, а 7 Навики на успешните луѓе е прогласена за највлијателна бизнис-книга на 20. век.

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Двојката од соседството

    Двојката од соседството

    0

    Ен и Марко Конти навидум имаат сè – љубов, убав дом и прекрасно бебе. Но една ноќ, додека се на вечера кај првите соседи, се случува ужасно злосторство. Сомнежот веднаш паѓа врз нив, родителите. Меѓутоа вистината не е толку едноставна. Внатре, зад спуштените завеси на куќата, полека се отплеткува потресната приказна за она што се случило. Детективот Резбак знае дека испаничената двојка нешто крие. И Ен и Марко набргу сфаќаат дека и двајцата имаат тајни што со години ги криеле еден од друг… Морничаво разоткривање на едно семејство. Напната приказна за измама, дволичност и неверство што ве остава без здив сè до конечниот шокантен пресврт.

    „Пресвртот се случува толку брзо колку што брзо ги вртите страниците“ – Пипл

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • 333 АФИРМАЦИИ

    333 АФИРМАЦИИ

    0

    Оваа мала збирка од 333 афирмации е за секој што ја прифаќа идејата дека во него лежи моќта за сѐ што сака да создаде. Моќ која е посилна од надворешните фактори што влијаат врз нашите животи. Ако верувате дека можете да го постигнете невозможното, и тоа благодарение на сопствените потенцијали, тогаш верувајте – ве очекуваат магични награди.

    Зар не е фасцинантно да знаете дека вие ја имате привилегијата да создадете свет каков што посакувате?! И тоа – преку своите мисли. Со енергијата на човечката мисла, секој има можност да создаде судбина каква што посакува. Затоа е многу важно да станеме свесни за сопствените мисли. Зашто мислата е енергија, а свесната мисла е насочена енергија. Афирмациите се свесни мисли кои влијаат врз разбистрување на умот и ни помагаат да ја одредиме дестинацијата каде што сакаме да патуваме.

    Донесете одлука и одберете ја својата реалност, со чиста и највозвишена мисла. Бидејќи кога ќе донесете одлука и ќе направите избор – магијата започнува. Вие тоа го заслужувате!

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Несаканиот гостин

    Несаканиот гостин

    0

    „… OДЛИЧЕН КРИМИ-ТРИЛЕР СО ЗАВРШНИЦА СО КОЈА И АГАТА КРИСТИ БИ СЕ ГОРДЕЕЛА.“

    Гостите еден по еден пристигнуваат во Мичеловиот пансион, длабоко во снежните планини Кетскил, не ни помислувајќи дека невремето ќе ги отсече од надворешниот свет. Постепено запознавајќи се, се обидуваат да го искористат тоа на најдобар начин. Но тогаш се појавува првото мртво тело – и тие се ужасуваат од помислата дека меѓу нив има убиец.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Таен сведок

    Таен сведок

    0

    Очекуваме од нашите судии да бидат чесни и мудри ‒ нивниот интегритет и нивната непристрасност се темелот на целиот правосуден систем.

    Со својата долгогодишна работа како агент во Комисијата за судиска етика, Лејси Столц смета дека повеќето проблеми во работата на судиите се должат на некомпетентност, а не на корупција. Но на нејзината маса завршува токму таков случај. Еден бивш адвокат, кој се враќа во фелата под новото име Грег Маерс, тврди дека судијката Клодија Мек-Довер е најкорумпираниот судија во историјата на американското правосудство. Не само што за поткуп вмешала прсти во изградбата на големо казино во индијански резерват во кој важат други закони, туку е и тесен соработник на мозокот што стои зад сето тоа, фантомскиот мафијашки бос Вон Дјубоз. Планот со години функционира совршено.
    Сега Грег и неговиот анонимен клиент ‒ Тајниот сведок ‒ сакаат да ја разоткријат судијката за милионска награда.На Лејси веднаш ѝ станува јасно дека тоа може да биде опасно. Што ако буквално си го става животот на коцка?…

    Од мајсторот на правниот трилер Џон Гришам, нов, опасно возбудлив роман за корупцијата во темните ќошиња на сончевата Флорида.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Островот Камино

    Островот Камино

    0

    „КНИГА ШТО ЌЕ ГИ ИЗНЕНАДИ И ФАНОВИТЕ НА ГРИШАМ.“

    Банда крадци дрско го ограбуваат трезорот на Библиотеката Фаерстон на Принстонскиот универзитет. Нивниот плен е бесценет, но Принстон го има осигурено на дваесет и пет милиони долари. Дел од него по тајни канали ќе стигне до Брус Кејбл, сопственик на популарна книжарница во заспаното туристичко гратче Санта Роса на Островот Камино, во Флорида. Но некој полека се инфилтрира во писателскиот круг пријатели на Брус Кејбл за да му ги дознае тајните…

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Трагачот

    Трагачот

    0

    Напнато и неивесно ремек-дело за осуетените соништа за бегство

    По 25 години работа како полицаец во Чикаго, Кал го напушта Чикаго верувајќи дека мирниот селски живот ќе му помогне да се соземе од напорната и трагичната реалност. Сака да почне од почеток во некое мирно, мало место со добар паб, каде што ништо особено нема да се случува. Но наскоро ќе открие дека дури и малите места кријат мрчни тајни.

    Од селото исчезнува едно мало момче, но никој не е особено загрижен поради тоа, дури ни полицијата. Тогаш во Кал повторно се буди полицаецот и тој започнува своја истрага. Убеден дека нешто не е во ред, не може да остане мирен додека не открие што е тоа.

    Извонредна приказна од најпознатата ирска авторка која со оваа книга го потврдува своето место меѓу најдобрите во криминалистичкиот жанр.

    На првото читање ѝ се восхитуваме на содржината, на второто на убавиот и суптилен стил. Њујорк тајмс

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Фантастичниот господин Лисец

    Фантастичниот господин Лисец

    0

    „Слушаш, господине Лисец?

    Не си одиме дома сè додека не те обесиме на јаже!“

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Матилда

    Матилда

    0

    “Видовме како госпоѓица Транчбул фаќа едно девојче за плетенките ја фрла преку оградата на игралиштето!“

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Кити и Златниот тигар

    Кити и Златниот тигар

    0

    Кити е нестрплива да го посети музејот и да ја види скапоцената статуа на Златниот тигар со свои очи. Легендата вели дека статуата може да му ги исполни желбите на оној кој ја поседува…

    Кити тргнува во авантура, бидејќи сака да му ја покаже статуата на Тиквичко, додека нема никој во музејот. Но, доаѓа до недоразбирање кога статуата ќе биде украдена, а Кити обвинета за криминал. Дали Кити ќе успее да го разјасни недоразбирањето, да го открие виновникот и да ја врати назад скапоцената статуа пред да изгрее сонцето?

    290,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кити и спасувањето на месечеватата светлина

    Кити и спасувањето на месечеватата светлина

    0

    Семејството на Кити е посебно – мама е суперхерој и Кити знае дека еден ден и таа ќе ги искористи своите супермоќи и исто така ќе стане херој. Тој ден доаѓа побрзо отколку што таа очекува, кога мачорот Фигаро ќе дојде до прозорецот од нејзината соба да ја замоли за помош. Но, светот ноќе е опасно место – дали Кити е доволно храбра да излезе во мракот и да се впушти во возбудлива ноќна авантура?

    290,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Мојата прекрасна сопруга

    Мојата прекрасна сопруга

    0

    Едно случајно убиство кај една млада брачна двојка ќе поттикне мрачни желби за игри што ги надминуваат границите на дозволеното. Нивната љубовна приказна е едноставна. Запознал прекрасна жена, се вљубиле и добиле деца. Заедно со својата жена се преселил во едно предградие. Откриле кои се нивните најголеми соништа, но и најмрачни тајни. Потоа сè им станало здодевно… Изгледаат како секоја нормална двојка. Тие се ваши соседи, родители на другарот на вашето дете, познајници со кои ќе седнете на вечера.

    Сите ние имаме тајни со чија помош го одржуваме бракот жив. Нивната е како да побегнат од одговорноста за убиствата. Тие се уигран тандем во кој секој ја знае својата улога. Но, кога едниот од нив ќе ги прекрши правилата на игра, одмаздата што го чека ќе биде страшна…

    430,00 ден
    Додај во кошничка