-
КНИГА ЗА ГРОБИШТАТА
0400,00 денМалиот Ник Овенс одеднаш ќе остане сам на светот по бруталното убиство на неговите родители. Напуштен од сите, ќе најде засолниште и љубов на најневообичаеното место – едни стари градски гробишта, каде што ќе го одгледаат духовите на луѓето кои се закопани тука. Стоејќи на границата меѓу животот и смртта, Ник ќе порасне во необичен младич кој конечно ќе ја открие вистината за себе дури откако ќе научи дека само љубовта ги надминува границите на смртта.
Нил Гејман е супер ѕвезда во светот на книжевноста токму поради храброста да допре необични теми, да си игра со жанровите и сето тоа да го пренесе до читателот на едноставен и разбирлив начин. Во „Книга за гробиштата“ Гејман прави необичен спој од хорор, трилер и семејна приказна за растењето и созревањето на еден млад човек, раскажана со многу топлина, љубов и хуманост.
„’Книга за гробиштата‘ е книга во која се собрани сите елементи во кои Гејман е најдобар: силна приказна, незаборавни ликови, мистерија, хорор, митови и само мала, но неизбежна, алузија на супер херои и вампири.“ Њујорк тајмс
-
СЕРОТОНИН
0450,00 ден„Моите верувања се лимитирани, ама жестоки. Верувам во можноста за ограничено царство. Верувам во љубовта“, напиша неодамна Мишел Уелбек.
Нараторот на Серотонин безрезервно би се согласил со тоа. Приказната што ни ја раскажува нè води низ една Франција што ги гази своите традиции, ги банализира своите градови, ги уништува своите села што се на работ на бунт. Тој ни го раскажува својот живот на инженер агроном, ни раскажува за своето пријателство со еден аристократ земјоделец (незаборавен лик – негов сосем спротивен двојник), за неисполнетите идеали од нивната младост, за надежта, можеби безумна, дека повторно ќе најде една жена што ја загубил… Овој роман за суровоста на светот во кој нема добрина, нема солидарност, каде што мутациите веќе никој не може да ги контролира, е исто така и роман за каењето и жалењето.
„Серотонин е огромно огледало поставено пред нашиот свет: она што го гледаме во одразот е застрашувачко.“ Ле соар
-
ШПИОНКА
0320,00 денВо својот нов роман, Пауло Коелјо оживува една од најмистериозните жени во историјата: Мата Хари.
Кога пристигнала во Париз, Мата Хари немала ни скршена пара. Сепак, наскоро почнале да ја величаат како најелегантната дама во градот. Танчaрка која ја шокирала и восхитувала публиката; љубовница и куртизана која ги маѓепсувала најбогатите и најмоќните мажи на тоа време.
Но како што се зголемувала паранојата во земјата заплеткана во војна, животниот стил на Мата Хари почнал да буди сомнежи. И така, во 1917 година, таа била уапсена во својата хотелска соба на Шанзелизе и била обвинета за шпионажа.
Раскажана преку последното писмо на Мата Хари, Шпионка ја разоткрива незаборавната приказна за една жена која се осмелила да ги прекрши правилата на однесување на своето време и која за тоа ја платила највисоката цена.
-
ШКОЛА НА ЖИВОТОТ
0350,00 денНашиот живот не е генерална проба!
Ова е сознанието со кое Бруно Шимлеша нè освестува за личната одговорност водејќи нè на патот кон совршенството и остварувањето на нашиот вистински потенцијал. Повеќе немаме изговори – за да постигнеме некаква животна промена, најважна е одлуката. А клучот за нашето совршенство е љубовта – кон самите себе и кон животот.
Во својата книга Школа на животот Шимлеша нè повикува на акција, апелирајќи да не се помируваме со живот што не нè исполнува и нудејќи ни проверени и докажани алатки. На овој пат ќе ги промислиме сите прашања што не се учат дома и низ образованието: Како да изградиме мудар и здрав однос кон самите себе? Зошто болката е, а страдањето не треба да биде составен дел од животот? Зошто оние што упорно се негираат себеси полесно се разболуваат? Како позитивното размислување се одразува врз нашиот живот?
Се разбира, книгата не може да живее и да носи одлуки наместо нас, но може да ни даде инспирација и одговори за живеење со полни гради. Дали ќе бидеме беспомошен лист на ветрот на животот или ние ќе го создаваме ветрот – изборот е наш!
-
ЧУДОВИШТЕТО ДОАЃА
0299,00 денЧудовиштето доаѓа во времето на необичните суштества, неколку минути по полноќ. Но Конор воопшто не се плаши од она што се појавува пред неговата куќа. Тој го очекува чудовиштето од своите кошмари преполни со темнина и ветар, она кое го измачува речиси секоја ноќ. Чудовиштето што доаѓа кај него е древно, диво, чудесно, тоа знае да раскажува приказни и од Конор го бара најопасното – ја бара вистината… Истовремено мрачен и длабоко човечки роман за загубата, семејството, тагата и созревањето, роман за реалните и имагинарните чудовишта со кои се соочуваме сите ние – и децата и возрасните. Токму поради тоа, во овој роман наменет за младите читатели еднакво ќе уживаат и сите кои некогаш биле млади.
„Моќна модерна бајка за надежта и тагата, која ќе ги трогне читателите со својата емотивност и едноставност.“ Publishers Weekly
„Чудовиштето доаѓа е ремек-дело во современата литература. Роман кој ќе ги научи младите читатели дека умешноста на книжевноста се состои во тоа да се преплетуваат солзите и насмевките.“ The Guardian
-
ЧЕТИРИЕСЕТ ПРАВИЛА НА ЉУБОВТА
0500,00 денВо својот заводлив лиричен роман Четириесет правила на љубовта, светски познатата турска авторка Елиф Шафак ни ткае две паралелни приказни – едната современа а другата историска – и преку „четириесетте правила на љубовта“ ни ја доближува древната суфистичка филозофија што се заснова на единството на сите народи и вери и присуството на љубовта во секој од нас.
Ела Рубинстајн е четириесетгодишна несреќно омажена домаќинка што добива ангажман да прочита и да напише извештај за Слатко безбожништво – историски роман за судбоносната средба на исламскиот учител Руми и неговиот духовен водач, ексцентричниот дервиш скитник познат како Шемс од Тебриз. Притисната од личните проблеми, но и заинтригирана од мистериозниот автор Азиз З. Захара – фотограф, светски патник и суфист, таа започнува да се допишува со него. Низ приказната за контроверзното духовно пријателство и улогата на дервишот во длабоката преобразба на Руми во посветен мистик, страстен поет и поборник за љубовта, и самата Ела доживува трансформација, сфаќајќи дека Азиз, исто како Шемс, дошол да ја ослободи.
Четириесет правила на љубовта е магичен преплет на Истокот и Западот, на минатото и сегашноста, во една безвремена човечна и трогателна приказна што смело ги расветлува разликите меѓу религијата и духовноста, цензурата и сомилоста, стравот и универзалната љубов.
-
ЦЕЛИ
0400,00 денБазирана на дваесетгодишното истражување и предавања на повеќе од 5 милиони бизнис-лидери ширум светот, оваа книга е синтеза на најдобрите и најпрактичните техники за поставување и постигнување на личните и финансиските цели. Трејси, со консултантско искуство во повеќе од 500 корпорации, меѓу кои IBM, Ford, Xerox, и Hewlett-Packard, ги објаснува клучните елементи за поставување на цели и неопходните чекори за нивно остварување.
Своите извонредни размислувања, Трејси ги преточува во практични чекори за иницијатива.Во оваа книга тој ве води низ целиот процес на поставување на цели – од почеток до крај – а кога ќе ја прочитате ќе имате буквално сè што ви е потребно за:
– Да направите повеќе пари
– Да ги подобрите своите врски
– Да имате подобро здравје и повеќе енергија
– Да постигнете финансиска независностЦели! ви нуди детален процес за трансформирање на вашите соништа во реалност.
Брајан Трејси е претседавач и извршен директор на Брајан Трејси интернешенал, компанија која е специјализирана за обука и развој на поединци и организации. Мисијата на Брајан Трејси е да ви помогне да ги достигнете личните и професионални цели побргу и полесно одошто некогаш сте замислувале. Неговите говори и семинари за лидерство, продажба, самопочитување, цели, стратегија и креативност ги слушале повеќе од 5 милиони луѓе во 10.000 компании ширум Америка, како и во 55 други земји ширум светот. Неговите возбудливи говори, семинари и книги носат брзи промени и долготрајни резултати. Брајан Трејси е еден од најпродаваните автори во светот. Има напишано 50 книги и реализирано повеќе од 400 аудио и видеопрограми за учење, преведени на 36 јазици ширум светот.
-
ХИПИ
0400,00 денЦрпејќи од своето богато животно искуство, во овој роман Пауло Коелјо пишува за сонот за преобразба и пацифизам на хипи генерацијата од почетокот на седумдесеттите години на минатиот век.
Пауло е млад човек со долга коса што сака да стане писател. Бегајќи од воената диктатура во Бразил, тргнува на пат по светот во потрага по слобода и спиритуалност. Во Амстердам ја запознава Карла, млада Холанѓанка што го чека токму него за да тргне за Непал, најновата хит-дестинација на хипи племето, возејќи се со фамозниот Волшебен автобус.
Ова патување низ Европа ќе биде наедно и почеток на една исклучителна љубовна приказна и потрага по внатрешните вистини што ќе ги однесат нив двајцата, а и нивните сопатници, до прифаќање на еден сосем нов светоглед.
-
УПРАВУВАЊЕ СО ВРЕМЕТО
0250,00 денВашиот успех најмногу зависи од способноста што ја имате за управување со времето. Едноставно е: колку подобро го користите времето толку повеќе ќе постигнете!Овој концизен водич открива 21 докажани техники за управување со времето, кои можете да ги употребите веднаш за да добиете барем два продуктивни часа на ден.Проучувајќи ги стратегиите што експертот Брајан Трејси ги идентификува како најефикасни и самиот ги употребува, оваа корисна книга ќе ви открие како можете:
• Да ги контролирате состаноците, имејловите, телефонските повици и безбројните прекини во работата
• Да го распределите времето на врвни приоритети
• Да работите на слични задачи за да го задржите фокусот
• Да го надминете одложувањето
• Да одредите кои работи може да ги заврши некој друг
• Да работите наназад од иднината, со цел да се осигурате дека сте ги исполниле целите
Исполнета со мудроста на Брајан Трејси и лесна за примена, оваа книга ќе ви помогне да постигнете повеќеза помалку време и со многу помал стрес.
-
УНА И СЕЛИНЏЕР
0380,00 денПотпирајќи се на вистинити приказни и на историски факти, Фредерик Бегбеде во својот најнов роман Уна и Селинџер раскажува безвременска приказна за една љубов која, како и сите вистински љубовни приказни, во себе обединува моменти на највисока среќа и најдлабока тага, најскриена надеж и најтешки разочарувања. Бегбеде го води читателот низ ноќните клубови во Њујорк во четириесеттите години, во битките од Втората светска војна во Франција, среде интригите на филмската индустрија во Холивуд… Неговите главни ликови се историски личности: славниот и мистериозен писател Џ. Д. Селинџер и Уна О’Нил, ќерката на еден од најголемите американски драматурзи. Но Бегбеде навлегува под историските факти и слика интимен портрет на своите ликови, претворајќи ги во симбол на вечната љубов.
„Возбудлива приказна во која главните ликови најпрво сè ги поврзува, а потоа сè ги раздвојува, така што на крајот ни останува прашањето дали оваа голема љубовна приказна меѓу Уна и Селинџер некогаш воопшто и се одиграла. Можеби тоа е ироничниот начин на Бегбеде да ни покаже дека љубовта е слепа, бидејќи ние како читатели не ги гледаме историските факти, туку живееме во фикцијата за една (не)остварена љубов.“
Ле Фигаро
-
Приказната за зајaчето Питер
0118,00 ден„Приказната за зајaчето Питер“ напишана и илустрирана од Беатрикс Потер, ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се случуваат секакви неволи.
„Приказната за зајaчето Питер“ е една од оние безвременски книги што повеќе од сто години ги плени срцата на децата ширум светот.
-
До сите момци што ги сакав
0390,00 денРомантичен и симпатичен роман на еден од најпродаваните автори на „Њујорк тајмс“.
Лара Џин ги чува сите нејзини љубовни писма во една шапка-цилиндар, која ѝ ја дала мајка ѝ. Тоа не се љубовни писма што некој друг ги напишал за неа; туку се оние што таа ги има напишано.
Едно за секое момче што некогаш го сакала ‒ пет за сите.
Кога пишува, таа го отвора свое то срце и душа и ги кажува сите работи што никогаш нема да им ги каже во реалниот живот бидејќи нејзините писма се само за нејзините очи. Сè додека не дојде денот кога нејзините тајни писма ќе бидат испратени, и, одеднаш, љубовниот живот на Лара Џин се менува од имагинарен до реален и излегува надвор од контрола. -
ИКИГАИ
0420,00 денНајдобро чуваната тајна на јапонската долговечност се нарекува икигаи. Значењето на тој збор може да се опише на различни начини, но сите тие водат кон едно – причина за живот! Јапонците велат дека секој има свое икигаи. Кога ќе го пронајдете, имате сè што ви е неопходно за долг и среќен животен пат.
Идејата за оваа книга се раѓа од средбата меѓу Ектор Гарсија, кој 12 години живее во Јапонија и проникнал во јапонската култура и битот, и популарниот шпански романсиер и психолог Франсеск Миралјес. Тие нè водат во „селото на стогодишниците“ во северниот дел на јапонските острови Окинава. Нè запознаваат со некои од најстарите жители на планетата, кои ни ги предаваат своите поуки за вечна младост – начинот на исхрана, физичката активност, позитивниот светоглед и заемното помагање.
Икигаи ни ги открива тајните на прочуената јапонска долговечност кои понекогаш нам, на луѓето од Запад, ни изгледаат неразбирливо и недостижно. Овој водич за една нова култура на живеење е збогатен со најпознатите јапонски вежби за долга младост и ќе ви покаже дека секој човек може да ужива во долг живот полн со оптимизам и среќа.
Зошто не и вие?
-
За кого бијат камбаните
0550,00 ден„Ако не си видел како почнува револуцијата во едно мало гратче каде што секој се познава со секого и каде што отсекогаш секој се познавал со секого, ништо не си видел.“
Високо во шпанските планини, скриени во боровите шуми, група герилци се подготвуваат да разнесат мост со важно стратешко значење. Младиот американски доброволец Роберт Џордан е бомбашот кој е испратен да ја изврши оваа задача. За само неколку дена – секој од нив, бескрајно долг – тој ќе искуси цел еден живот. Ќе открие дека дури и една мала, изолирана мисија, извршена од неколкумина, на своите плеќи ја носи судбината на целото човештво.
Романот „За кого бијат камбаните“, објавен во 1940 година, веднаш по завршувањето на Шпанската граѓанска војна, е едно од најкарактеристичните дела на Хемингвеј. Втемелен на личните искуства на авторот и неговото длабоко познавање на шпанската култура, „За кого бијат камбаните“ е можеби најпознатиот воен роман на XX век.
-
Сонцето повторно изгрева
0390,00 ден„Да уживаш во животот значи да научиш да добиваш онолку колку што си платил и да знаеш кога си го постигнал тоа… Ова ми се чинеше како добра филозофија. За пет години, си мислев, ќе ми изгледа исто толку смешна како и сите други добри филозофии што ги имав.
Џејк е силно вљубен во Брет Ешли, но во неа се вљубени и Роберт и Мајкл. Преку нивните доживувања, маки и пијанки, од кафулињата и булеварите на Париз, до борбите со бикови и фиестата во Памплона, Хемингвеј ни ја отсликува „изгубената генерација“ – генерацијата на млади и не толку млади луѓе, кои се обидувале да ја потиснат траумата од Првата светска војна преку забава, алкохол, љубов, секс и уметност.
„Сонцето повторно изгрева“ е можеби првиот вистински писателски триумф на Хемингвеј. Првпат објавен во 1926 година, овој роман останува едно од највпечатливите модерни книжевни дела, а воедно и незаборавна апологија на една генерација која била принудена да ги отфрли сите илузии на своето време и како што знае и умее да продолжи да живее.
-
Подвижна гозба
0300,00 ден„Ако сте имале среќа во младоста да живеете во Париз, подоцна каде и да ве однесе животот, тој ќе остане во вас, бидејќи Париз е подвижна гозба.“
Во овие мемоари – објавени постхумно, во 1964 година − Хемингвеј се навраќа кон своето помладо јас, во времето кога бил непознат писател кој секојдневно талкал низ париските ателјеа, музеи и кафулиња, обидувајќи се да се пронајде како писател. Главните ликови што се провлекуваат низ овие дваесет приказни се денес култните имиња на уметноста и културата на раниот XX век: Френсис Скот Фицџералд и неговата сопруга Зелда, Силвија Биџ и книжарницата „Шекспир енд компани“, незгодната Гертруда Стајн, благородниот Езра Паунд, вечно пијаниот Жил Паскин, Форд Медокс Форд, Џејмс Џојс и ред други. Книгата „Подвижна гозба“ е еден од најпознатите и најомилените прикази за Париз во дваесеттите години на минатиот век – темел за низа други дела, каков што е филмот „Полноќ во Париз“ од Вуди Ален.