Ова е интерактивна книга – на крајот ве очекува изненадување! Хммм дали е можно во книгата да има и куклен театар?
-
Софија и Ѕуница
0250,00 денСофија е многу возбудена поради тоа што е во Академијата за еднорози. Сигурна е дека Ѕуница, нејзиниот прекрасен еднорог, ќе ù стане најдобра пријателка.
Кога Волшебното езеро ќе добие чудна боја и магијата на еднорозите ќе тргне на лошо, Софија и Ѕуница знаат дека можат да го поправат ова. Но, мораат да бидат храбри и да тргнат на голема авантура во шумата…
-
Ава и Ѕвезда
0250,00 денАва и Ѕвезда ја сакаат нивната прекрасна градина во Академијата за еднорози. Оваа градина е местото каде што ги одгледуваат нивните магични растенија!
Кога ќе исчезнат небесните бобинки, кои им требаат на еднорозите за да преживеат, Ава и Ѕвезда се сигурни дека можат да направат нешто. Мораат да најдат повеќе специјални бобинки пред да почне да бледнее магијата на сите еднорози!
-
Кит на плажа
0340,00 денНика е духовита и љубопитна тинејџерка, дружељубива и популарна во новото училиште. Течно зборува француски и оди на курсеви по шпански и германски јазик, па оттаму на часови по пијано, мечување, вајарство и јога… и затоа никогаш нема време да ги покани дома своите нови соученици. Но причината за тоа е сосем поинаква. Кога еден ден ќе дојдат ненајавени, нејзините пријатели ја откриваат тајната што таа долго време успевала да ја крие од нив, тајна што ќе ги промени нивните животи…
Кит на плажа е роман кој ги шири границите на нормалното и нѐ поттикнува да ги преиспитаме своите ставови за тоа што е нормален живот.
„Животот е убав“, вели Игор, братчето на Ника. Кога сме сакани и прифатени, се чувствуваме добро, како китови што слободно пловат во големиот океан. Но што ако сме поинакви?
-
Били Ајлиш
0350,00 денОТКРИЈ СÈ ШТО САКАШ ДА ЗНАЕШ ЗА ЛОШАТА ДЕВОЈКА НА ПОП-МУЗИКАТА ВО ЕДНА НЕВЕРОЈАТНА КНИГА!
Били Ајлиш го погоди светот на музиката како бура. Од нејзиниот уникатен звук до стилот на девојка со став, Били навистина е една и единствена.
Оваа книга е спакувана со фантастични факти, одлични совети и информации. Откриј сè што те интересира за оваа музичка мегаѕвезда.
-
ПЛАНУМ – РЕДИЗАЈНИРАНО ИЗДАНИЕ
0600,00 денОмилениот планер во ново, редизајнирано издание
Време е за нови креативни планови, а каде да ги впишете, ако не во вашиот омилен ПланУМ и тоа во ново издание, со нова содржина за вашите идеи, мисли, состаноци, средби, едноставно сè што ќе ви падне на УМ.
Сите вие кои водите грижа за личниот и професионалниот напредок – подгответе се вашите планови да добијат друга инспиративна димензија!
-
Пепелник во еден хотел во Скопје
0300,00 денВо „Пепелник во еден хотел во Скопје“ Жижек посегнува по утврдените мислења на современата наука, ги сопоставува со најактуелните настани и примери денес, а како резултат на тоа се кристализира едно специфично, остроумно и контроверзно множество ставови. Книгава е збирка во која тој подведува пет свои есеи под парадоксот што го доживеал при еден престој во Скопје, а како таква таа истовремено претставува и неизбежна обиколка околу прашањата за љубовта, сексот, психоанализата, идеологијата, филмот, книжевноста, како и политичкото минато, сегашност и иднина. Како сублимат на неговата мисла, „Пепелник во еден хотел во Скопје“ е неопходно четиво за критичкиот ум, крајпатен знак што води кон „пробивање“ на појавата и стигнување до срцевината на стварното.
-
Враќањето на Шерлок Холмс
0400,00 денНАЈПОЗНАТИОТ ДЕТЕКТИВ НА СИТЕ ВРЕМИЊА
Еден и единствен, Шерлок Холмс сензационално се враќа од мртвите и повторно го посветува животот на испитување на криминалните сплетки во главниот град. Со повторно насобран ентузијазам, тој се нафрла на случаите што опфаќаат мистериозни шифрирани кодови, милионери што се прогонувани, демначи, киднапирања и средба со „најлошиот човек во Лондон“. Но старите „пријатели“ на Холмс внимателно го следат секој негов чекор. Го набљудуваат, чекаат, заговараат…
Меѓу тринаесетте брилијантни приказни што вклучуваат мистерија, детекција и дедукција, Шерлок Холмс го истражува проблемот со „Градежникот од Норвуд“, ја дешифрира пораката на „Разиграните фигури“ и го решава случајот со „Шесте Наполеони“.
-
Јади, моли се, вљуби се
0500,00 денПриказна што инспирира и охрабри милиони луѓе низ светот да го пронајдат најдоброто во себе!
Ова е една од највлијателните книги на сите времиња – подеднакво прекрасна, мудра и лична, богата со духовна проникливост, вистинска потрага по смислата на животот. По болниот развод Елизабет Гилберт презема радикален чекор. Сакајќи да си даде време и простор за себепронаоѓање, го остава вообичаениот западен начин на живот и тргнува да истражи три различни аспекти на својата природа во опкружување на три различни култури.
Првата дестинација е магичната Италија – идеална за истражување на гастрономските и друг вид задоволства. Потоа Индија, каде што ја преиспитува својата духовна приврзаност. На крајот, заминува на индонезискиот остров Бали, каде што доаѓа до балансот меѓу телесното уживање и посветеноста на божественото.
Сензуална и авантуристичка духовна одисеја што колку што е интересна, толку е и просветлувачка.
-
Не правете им сенка на гробовите
0250,00 денГнев, сладострастие, алчност, гордост, мрзливост, завист и ненаситност се седумте смртни гревови – страшните искушенија на човековата душа.
Збирката „Не правете им сенка на гробовите“ од Дијана Петрова е обид да се натераат читателите да го забележат она што вообичаено им се искраднува од погледот. Преку отелотворувањето на седумте смртни гревови во тела и во дела, овие раскази длабоко допираат до нашите сетила и свест. Преку ликовите што се доведуваат на работ на лудилото се прикажува апсурдноста на постапките во животот и се поставува прашањето: дали тоа што смртта е неизбежна прави таа да биде нелогична?
-
Уципуци си го бара домот
0500,00 денОваа книга ја раскажува возбудливата и по малку опасна авантура на Уципуци, бувчето играчка што Крис го заборава на одморот во Италија. За да се врати кај својот мал сопственик, бувчето мора да помине долга и опасна патека низ целата куќа за да дојде до терасата и да се сретне со Големиот Комарец, единствениот што знае каде е Крис. На Уципуци ѝ помагаат пајакот и штурецот и двајцата стануваат нејзини незаменливи помошници и добри пријатели.
-
Проколната земја
0350,00 денМаксут и Фејзал беа млади офицери во турската војска чија храброст и пожртвуваност особено се истакна спасувајќи го синот на султанот од сигурна смрт. Како награда, султанот им вети сé што ќе посакаат. Тие ја посакаа својата слобода. Се вратија на родното огниште од кое беа оттргнати како деца.
Максут стана Константинос Хаџи-Макис, Грк, а Фејзал Јован Хаџи-Јанев, Македонец. Годините што следеа по Илинденското востание не беа ни малку лесни за Динката и неговото семејство. И тој реши. Ќе ги прати синовите во подобра иднина. Доста е од војни. Неговите деца заслужуваат да живеат. Четирите сина ги испрати во Америка.
Едно случајно познанство на бродот со кој патуваа им ги отвори вратите во ветената земја. Но во ветената земја не им течеше мед и млеко. Шест дена во неделата поминуваа работејќи во рудникот. При една тешка рударска несреќа, најмалиот брат Стефан го спаси животот на Индиецот Арсак Хифас. Арсак знаеше дека нема да преживее. Како аманет, на Стефан му го остави садот за вино со изрезбано сонце. Оваа светост еден ден да се врати таму од каде што е дојдена. Таа треба да се врати таму од каде и самиот тој ја зема-Александар од Македонија.
Приказна која ќе ве поведе низ времето. Ќе ги видите и војските на Александар, Турската Империја, двете светски војни, егзодусот на децата бегалци од Егејска Македонија, комунистичка Југославија и независна Македонија. Приказна за животот на печалба, но и за животот во родната земја. Приказна за аманетот на предците, за богатството, но и за клетвата. Приказна за семејството, за блискоста и за отуѓувањето, за политиката и за поделбите. Приказна за една проколната земја, приказна за Македонија.
-
Младиот Кастро: како се создаваше еден револуционер
0480,00 денОваа книга претставува интимен, ревизионистички портрет на раните години на Фидел Кастро и покажува како еден млад Кубанец ја водел својата земја во револуција и го преобликувал светот.
Книгата ќе ви го промени начинот на размислување за Фидел Кастро. Досега, биографите го третирале животот на Кастро како обвинители, пребарувајќи низ неговото минато во потрага по докази за осудување на оваа личност што не ја сакаат или не ја разбираат. А тоа неретко може да резултира со лошо прикажување на историјата и незадоволителна биографија.
„Младиот Кастро“ ги предизвикува читателите да го остават настрана често карикатуралниот приказ на брадосана, антиамериканска вжештена глава со пура во устата и да откријат како Кастро станува диктаторот, кој изгледа како трн в око на американските претседатели речиси половина век.
-
Мала книга за Мерилин
0500,00 денНека блесне твојата внатрешна Мерилин!
Водич за живот и оддавање почит на стилот, гламурот и моќта да забавува на најголемата холивудска икона, „Мала книга за Мерилин“ нуди инспиративни лекции од Монро за денешните жени. Внатре ќе најдете:
· Упатства за тоа како да изгледате како ѕвезда
· Совети за стил и каде да најдете парчиња облека во стилот на Мерилин
· Идеи за декорирање од нејзиниот дом
· Секојдневна инспирација од животот на Мерилин
Сеќавања на обожаватели, прекрасни фотографии и многу повеќе!
-
Без оправдувања
0400,00 денЗа да бидете успешни не е потребно да сте родени под среќна ѕвезда, да бидете богати, да имате идеални познанства и врски или специјални таленти. Единствено што ви е потребно е само- дисциплината. За жал, повеќето луѓе или се движат по линија на помал отпор и/или сакаат моментално задоволство – не земајќи ги предвид долгорочните последици од сегашните акции.
Без оправдувања! покажува како да успеете на три главни полиња во вашиот живот:
1. Вашите лични цели
2. Вашите работни и финансиски цели.
3. Вашата севкупна среќаНаместо да им завидувате на другите и да копнеете по животот што го имаат избраните „среќници“, престанете да наоѓате изговори и прочитајте ја оваа книга!Брајан Трејси е најпознатиот светски гуру за мотивација и продажба. Тој е претседател на Брајан Трејси интернешенал, компанија специјализирана за обука и развој на поединци и организации. Мисијата на Брајан Трејси е да ви помогне да ги достигнете личните и професионални цели побрзо и полесно одошто сте замислувале. Неговите говори и семинари за лидерство, продажба, мотивација, цели, стратегии и креативност ги слушале повеќе од 5 милиони луѓе и 10.000 компании во преку 50 земји ширум светот.
-
Духот од кантервил
0290,00 ден„Духот од Кантервил“ е приказна за едно семејство коешто се доселува во куќа на село, опседната од духот на еден покоен благородник. А кога во куќата ќе се всели конзервативното американско семејство што не верува во натприродни сили, следува низа од комични ситуации. Духот на сер Сајмон попусто дава сè од себе да го преплаши семејството Отис со неговите најморничави привиденија. Сепак реалното американско семејство одбива да биде исплашено, а сер Сајмон мора да се задоволи единствено со комичните неуспеси.
-
Малите жени
0290,00 ден„Малите жени“ е приказна за четири сестри: Мег, Џо, Бет и Ејми Марч. Базирана е на личните искуства на авторката и нејзините три сестри. Секое од девојчињата се бори со некоја особена, лична карактеристика: Мег е суетна, Џо е избувлива, Бет е срамежлива, а Ејми е егоцентрична. Додека девојчињата се обидуваат да ги надминат тешкотиите во животот најдобро што умеат додека татко им е далеку, во војна, низ нивната креативност и меѓусебна љубов тие успеваат да уживаат во убавите мигови и да опстојат низ тешките времиња.