-
Чест
0450,00 денДве сестри близначки се раѓаат во едно традиционално курдско село, во кое најголемиот чеиз на жената се нејзината чистота и покорност. Животот ги носи по различни патишта – Џамила останува бабица во родниот крај, а Пембе „по грешка“ се мажи за да го види светот. Нејзините деца го бараат своето место под лондонското сонце: седумгодишниот Јунус се здружува со панкерите сквотери, бунтовната Есма се бори против родовата нееднаквост, а најстариот Искендер станува глава на семејството откако татко им ги напушта. Заробено во стегите на минатото и традицијата, целото семејство е неповратно урнисано поради едно морничаво злосторство – убиство од чест.
Возбудлива драма исткаена од бремето на минатото и безвремените морални дилеми. Низ богатата палета од ликови, Шафак ги истражува судирот меѓу традицијата и современоста, другоста во западното општество, како и човековото право на слобода и љубов.„Мајсторски исткаен роман… со шекспировски заплети и пресврти, кобни знаци и енигми, пророштва и судбини“. Индипендент
„Шафак е храбра писателка… Ова е моќен роман… што провокативно ги разоткрива најмрачните аспекти на верата и љубовта“. Телеграф
Елиф Шафак- Најмоќниот женски глас на светската книжевна сцена
Нема доволно зборови и место за да се каже сè што може за оваа современа турска авторка. За нејзината големина и важност најдобро зборуваат нејзините дела. Преведени на повеќе од 40 светски јазици, македонската публика ја има честа да ја држи в рака третата нејзина книга на македонски. Силни женски ликови, црн хумор, космополитизам и мултикултурализам, преплетување на Истокот и Западот, се само некои од карактеристиките на нејзиното писмо.
-
Крцкање на скалите
0400,00 денКога телото на една жена е пронајдено покрај светилник во исландскиот град Акранес, набрзо станува јасно дека локалците ја познаваат.
Главниот полициски истражувач во случајот, Елма, која се вратила во Акранес по пропаднатата врска, со своите колеги Сејвар и Хурдур почнува истрага што открива шокантна тајна во минатото на мртвата жена, која одекнува до ден-денес…
По серијата откритија што ги прават, Елма и нејзиниот тим обелоденуваат серија долгокриени злосторства што ја потресуваат целата заедница. Чепкајќи низ урнатините на уништените спомени на граѓаните, тие мора да ги избегнуваат сè посериозните закани и да ја донесат правдата… пред да биде предоцна.
Романот ги добил наградите „Blackbird“ за криминалистичка литература и „Storytel“ за најдобра аудиокнига на Исланд во 2018 година.
-
Како да си ги откриете минатите животи
0210,00 денСте доживеале ли некогаш чувство наречено “веќе видено“ … сте сонувале ли повеќе пати некое конкретно место или време … или, сте почувствувале ли на прв поглед блискост со некого? Сите овие искуства ни нудат траги за постоењето минати животи.
Со „Како да си ги откриете минатите животи’, ќе научите на кој начин сознанијата за минатите животи можат да ви помогнат јасно да ја согледате духовната цел на животот што сега го живеете. Популарниот автор Тед Ендруз ве учи како безбедно и лесно да ги истражувате сеќавањата за минатите животи, со примена на самохипноза, медитација, био-лоцирање, пријатни миризби и на кристали. Откријте како:
*Да ја искористите свеста за минатите животи како средство за сопствен духовен раст
*Да ги препознаете вашите сродни души и нивната улога во вашиот живот
*Да го сфатите вистинското значење на поимот „душа-близначка“
*Да се ослободите од себепоразувачките однесувања и верувања од сопствените минати животи
*Да согледате која е крајната цел на вашиот живот -
Градот и градот
0400,00 денКога во несекојдневниот, остарен град Бесел, некаде на периферијата на Европа, ќе го откријат телото на убиената жена, инспекторот Борлу од Единицата за екстремни злосторства смета дека тоа ќе биде рутински случај. Но како што истрагата напредува, доказите почнуваат да укажуваат на заговори што се многу почудни и повеќе погубни отколку што претпоставуваше. Набрзо истрагата станува преопасна и за него и за оние што му се важни и Борлу мора да ја премине границата каква што не постои никаде на друго место и да отпатува во една метропола на држава која е исто толку чудна колку и неговиот град.
„Одличен роман на тема полициски процес и прекрасна урбана фантастика, ова е основно четиво за љубителите на детективски и фантастичен роман.“
Booklist„Кога духовното чедо на Филип К. Дик и Рејмонд Чандлер би го негувал Франц Кафка, делото што од тоа би настанало би потсетувало на романот Градот и градот од Миевил.“
Los Angeles TimesСпоред овој роман во Лондон е снимена популарната телевизиска серија под наслов The City and the City во продукција на BBC Two
-
И не биди млад мајмун
0180,00 денЖивотот на главниот „јунак“ на овој роман, Симон (Шими) Апостолов, е пред распаѓање. Бракот со неговата сопруга, Агна, е речиси готов, нема работа и вплеткан е во различни криминални активности. Сепак, како судбината да му овозможува шанса за подобро утре кога Богдан Еврич ќе му понуди работа во неговото кафуле и сопругата ќе му соопшти една убава вест. Но, за време на неговата смена, во кафулето се водат сомнителни разговори помеѓу една жена и тројца мажи, а еден од нив не припаѓа на тоа друштво – еден од нив е на страната на законот.
Краток, динамичен и со многу допирни точки до нашето актуелно општествено секојдневие, најновиот роман на Велко Неделковски, „И не биди млад мајмун“, буквално ќе ве остави без здив. Напишан како сценарио за криминалистички филм, со многу напнатост и постојана акција, овој роман ќе ве „зароби“ во неговата приказна и ќе ве „пушти“ дури откако ќе го прочитате.
-
Преминот не е осветлен
0250,00 денToa врнежливо саботно утро на вратата се појави едно накиснато дванаесетгодишно момче, барајќи стара хартија. Вратата ја отвори мајка му на Игче и токму од тој момент Соколе Најденовски од Домот за деца без родители стана дел од нивните животи, а врсниците Игче и Соколе стануваат и најдобри другари.
Но, набрзо откриваат дека во Домот не постои никаков Соколе Најденовски! Тогаш, кое е тоа момче и кој е всушност Соколе? Дали навистина ова дете е од Домот? Што е со необичните предмети што Соколе ги чува во домот на Игче, што е со мистериозните јавувања кај сосетката, со татко му на Соколе и со кршливиот мост до куќата на Олга Коленова?
„Преминот не е осветлен“ е трилер исполнет со мистерија и авантура, но и топла приказна за животот и за пријателството…
-
Јуда
0350,00 денУште едно маестрално дело на Амоз Оз во кое доаѓаат до израз неговата генијалност и проучување на човечкиот ум со сите негови противречности. Романтичен и трогателен, ова е роман полн со меланхолија, но и хумор и мудрост, низ кој се испреплетени историјата и религијата.
Ерусалим, 1959 година. Шмуел Аш, студент на Хебрејскиот универзитет и млад проучувач на Библијата, се чувствува изгубено. Семејството му е на раб на финансиска пропаст, неговото истражувачко дело е во криза, а девојка му решава да се омажи за претходното момче. Во моментот кога треба да го напушти Ерусалим, наидува на оглас и одлучува да ја прифати работата како негувател на генијалниот, но зајадлив старец, Гершом Валд.
Меѓутоа, во неговиот дом е присутна и една таинствена личност. Аталија Абрабанел, преубава жена во четириесеттите години и ќерка на починат водач на ционистите, го заведува Шмуел, држејќи го истовремено и на дистанца. Малку по малку, старата камена куќа и тројцата отпадници што живеат во неа почнуваат да ги откриваат своите тајни.
Љубовна приказна и роман за растењето. „Јуда“ ни дава несекојдневен поглед на состојбата во Израел и на новозаветната приказна. Низ целиот роман се провлекуваат прашањата: Кој бил Јуда, дали бил предавник, а кој е Исус, дали тој бил христијанин или Евреин? Со или без Јуда, секој Евреин во очите на верниците и понатаму останува олицетворение на предавството. Еден од највлијателните романи на Оз.
-
Одбивна среќа
0300,00 денШто би се случило ако погледнеме подалеку од видливото?
Неодолива збирка од 11 раскази со семејна, еротска, фантастична и хорор тематика. Гиљермо Мартинес балансира на работ помеѓу разумноста и лудилото, помеѓу фаталноста и случајноста, помеѓу соништата и кошмарите, нè запознава со духовната бездна на неговите ликови, кои се соочуваат со необични, дури и екстремни ситуации. Се појавуваат сладострасни професори и заводливи студентки, овенати барски дами и голобради заводници, сенилни и мрачни баби и уморни татковци, тенисери, болничари, имагинарни книжевни величини, криминалци и жртви, обичен свет.
Покажувајќи ги слепите точки во односите меѓу луѓето, Мартинес успева да нè стресе кога гледаме како она што ни е најсакано е на чекор да стане чудно, и како, во одредени околности, го допираме дното без да знаеме како сме стигнале дотаму.
Сите овие приказни се раскажани со „поглед со кој апсурдното, ужасното, фантастичното и чудното се третираат со апсолутно мајсторство“, се вели во одлуката на жирото на хиспаноамериканската награда за најдобар расказ „Габриел Гарсија Маркес“, доделена првпат токму на – Гиљермо Мартинес.
Наградениот расказ „Мајка заштитничка“ е адаптиран во филмот „Син“ во 2019 година во продукција на „Нетфликс“.
-
Хотел Тишина
0250,00 денСмешен, меланхоличен и крајно заводлив роман за еден човек чиј живот се распаѓа и процесот низ кој минува за повторно да го состави.
Јонас се чувствува како неговиот живот да завршил.
Сопругата го оставила, мајка му сè повеќе тоне во деменција, а неговата ќерка веќе не е истата. Така што, тој смислува сигурен план: да купи билет во еден правец до хаотичната земја опустошена од војна и да стави крај на сè.
Но, откако ќе пристигне во хотелот „Тишина“, тој сфаќа дека неговиот план – и неговата анонимност – започнуваат да се растопуваат под странското сонце. Сега, некои други работи го привлекуваат неговото внимание, како на пример самиот хотел што е пред распаѓање, персоналот, како и невообичаените гости. Набрзо станува јасно дека Јонас мора да одлучи дали навистина сака да остави сè зад себе; или да му даде на животот уште една шанса, иако претстои еден сосем неочекуван пат…
„Хотел Тишина“ ја доби Исландската награда за литература во 2016 година, а истата година издавачите го избраа и за најдобар исландски роман.
-
Скриени желби, немирни патувања
0350,00 ден„Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој врз основната приказна за четири ликови се вкрстуваат приказните на педесетина луѓе од различни географски меридијани.
Книгата претставува микс од приказни, преплетени и вмрежени меѓу себе, доловени со многу детали, хаику-моменти, филмски секвенции, духовни епифании. Роман за интеракцијата меѓу личното и надворешното, за начинот на кој атмосферата и ситуациите ги обликуваат нашите внатрешни пејзажи, за потребата да се раскажуваат приказни и да се пронаоѓаат сјајот и лагата во нив.
Еден од најинтересните аспекти во романот е релацијата меѓу четирите основни и преостанатите куси приказни. Од таа релација се градат визуелни и мисловни контрапункти, ситни драматуршки пресврти, нијансирани поттекстови. Комбинацијата од непристрасен поглед на камера и лично обоено раскажување создава необичен тон, кој предизвикува читателот да биде оставен пред отворената врата на толкувањето. -
Свекрва
0400,00 денФасцинантен роман полн со пресврти за сложениот однос меѓу една жена и нејзината свекрва, однос што завршува со убиство…
Од моментот кога Луси ја запознава мајката на својот сопруг, знае дека не е жена каква што Дијана посакувала за својот совршен син. Иако е извонредно учтива, пријателски настроена и секогаш великодушна, Дијана ја држи Луси на дистанца, и покрај очајничките обиди на снаата да се зближат. Дијана е столб на заедницата, поборник за права на бегалците и жена што со децении ужива во среќен брак; никој нема лош збор за неа… освен Луси.
Минуваат пет години…
Дијана е најдена мртва, а прошталното писмо вели дека веќе не сакала да живее поради ракот што ѝ го разорува телото.
Само што аутопсијата не открива рак. Но затоа открива траги од отров и докази дека починала од задушување.
Кој би можел да ја посакува смртта на Дијана? Зошто нејзиниот тестамент е променет во последен момент и ги лишува од наследство своите две деца, заедно со нивните брачни партнери?
Нарушените односи и длабоко скриените семејни тајни стануваат сè пошокантни со секоја следна страница, така што овој роман не ќе можете да го испуштите од рака.
-
Остров
0300,00 денКуќата е на крајот од ’ртот, во ретката борова шума, на островот. Сосем близу до гробиштата, далеку од малата рибарска населба. Тука, недалеку од морето, блескаво лете, смрачено и сиво зиме, живеат тие двајца, со години, отповеќе многу години, можеа и да заборават сè што било, оти било одамна, ама немаат заборавено, осудени се на сеќавање.
Негови се: мрежата, чамецот, рибите, говорите, тагата и бесот, талкањето по островот.
Нејзини се: готвењето, чистењето, цвеќињата, кокошките, клавирот за кој сонува, трпението и тивкото сеќавање.
Тој ги мрази своите риби, и вели: Утре ќе јадеме кокошка за ручек. Таа е поразумна, вели: Поарно риба.
Ова е прв превод на романот „Остров“ на македонски јазик.
-
Сфинга на гневот
0350,00 денКога уредникот на издавачката куќа „Веда“ дознава дека еден познат писател е пријавен како исчезнат, тргнува да ја открие вистината. Потрагата во која ризикува сè ќе го соочи со загатки во кои се испреплетени историјата, митологијата, психологијата и општествените случувања. Лазар смета дека ако ги дешифрира тајните пораки што ги открива, ќе ја оствари одамна посакуваната цел: да се добере до необјавениот ракопис на исчезнатиот писател.
Движејќи се меѓу границите на мистеријата и книжевниот трилер, Жарко Кујунџиски (Spectator, Америка) создава интригантен и вешто смислен роман, жанровски и стилски палимпсест, со кој пристапува во досега неистражени предели на нашата проза.
-
Жирафата Жижи
0200,00 денДругарчиња, сте чуле ли за новата жителка на волшебната шума? Не? Значи не знаете за хаосот што го направи таа… Дури и во сликовницава! Многу е мала, а многу е немирна, трча наоколу и се губи. Ќе ни помогнете ли да ја најдеме? Да? Јееј!
-
Месечина
0390,00 денЗначи, другарчиња, Боби си читал сликовница во собата, но кога снемало струја, наеднаш станал и погледнал пред себе. 👀 На подот си ја видел сенката и многу се зачудил! Па како може ноќе да има сенка?!. си рекол, нели само Сонцето и светилките прават сенки? Се свртил и ја видел Месечината на небото. Но, како може Месечината толку да свети, се запрашал.
-
Остани позитивен со Марко Аурелиј
0280,00 денМожам ли да останам позитивен и спокоен?
Овие се големи прашања што сите си ги поставуваме во одреден момент од животот. Но воопшто не е лесно да се најде соодветен и мудар одговор. Замислете си дека сите овие секојдневни прашања можете да му ги поставите на најголемиот стоички филозоф Марко Аурелиј. Оваа книга ви го овозможува тоа, зашто во неа ќе најдете:
– 79 прашања за животот
– 79 одговори од Марко Аурелиј приспособени на денешниот јазик
– поттикнувачки размисли за да го задржите позитивниот став во животот.
Кога работите течат совршено, оваа книга ќе ви помогне да го задржите духовниот мир. Но кога ќе тргнат наопаку – во семејството, љубовта, социјалните односи, работата – овие пораки ќе ви помогнат да им пристапите од поинаква перспектива и да ја издигнете својата свест. Само со таква свест ќе можете да се самосознаете и да стекнете храброст за надминување на проблемите и страдањето.