Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Градот и градот

    Градот и градот

    0

    Кога во несекојдневниот, остарен град Бесел, некаде на периферијата на Европа, ќе го откријат телото на убиената жена, инспекторот Борлу од Единицата за екстремни злосторства смета дека тоа ќе биде рутински случај. Но како што истрагата напредува, доказите почнуваат да укажуваат на заговори што се многу почудни и повеќе погубни отколку што претпоставуваше. Набрзо истрагата станува преопасна и за него и за оние што му се важни и Борлу мора да ја премине границата каква што не постои никаде на друго место и да отпатува во една метропола на држава која е исто толку чудна колку и неговиот град.
    „Одличен роман на тема полициски процес и прекрасна урбана фантастика, ова е основно четиво за љубителите на детективски и фантастичен роман.“
    Booklist

    „Кога духовното чедо на Филип К. Дик и Рејмонд Чандлер би го негувал Франц Кафка, делото што од тоа би настанало би потсетувало на романот Градот и градот од Миевил.“
    Los Angeles Times

    Според овој роман во Лондон е снимена популарната телевизиска серија под наслов The City and the City во продукција на BBC Two

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • И не биди млад мајмун

    И не биди млад мајмун

    0

    Животот на главниот „јунак“ на овој роман, Симон (Шими) Апостолов, е пред распаѓање. Бракот со неговата сопруга, Агна, е речиси готов, нема работа и вплеткан е во различни криминални активности. Сепак, како судбината да му овозможува шанса за подобро утре кога Богдан Еврич ќе му понуди работа во неговото кафуле и сопругата ќе му соопшти една убава вест. Но, за време на неговата смена, во кафулето се водат сомнителни разговори помеѓу една жена и тројца мажи, а еден од нив не припаѓа на тоа друштво – еден од нив е на страната на законот.

    Краток, динамичен и со многу допирни точки до нашето актуелно општествено секојдневие, најновиот роман на Велко Неделковски, „И не биди млад мајмун“, буквално ќе ве остави без здив. Напишан како сценарио за криминалистички филм, со многу напнатост и постојана акција, овој роман ќе ве „зароби“ во неговата приказна и ќе ве „пушти“ дури откако ќе го прочитате.

    180,00 ден
    Додај во кошничка
  • Преминот не е осветлен

    Преминот не е осветлен

    0

    Toa врнежливо саботно утро на вратата се појави едно накиснато дванаесетгодишно момче, барајќи стара хартија. Вратата ја отвори мајка му на Игче и токму од тој момент Соколе Најденовски од Домот за деца без родители стана дел од нивните животи, а врсниците Игче и Соколе стануваат и најдобри другари.

    Но, набрзо откриваат дека во Домот не постои никаков Соколе Најденовски! Тогаш, кое е тоа момче и кој е всушност Соколе? Дали навистина ова дете е од Домот? Што е со необичните предмети што Соколе ги чува во домот на Игче, што е со мистериозните јавувања кај сосетката, со татко му на Соколе и со кршливиот мост до куќата на Олга Коленова?

    „Преминот не е осветлен“ е трилер исполнет со мистерија и авантура, но и топла приказна за животот и за пријателството…

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Јуда

    Јуда

    0

    Уште едно маестрално дело на Амоз Оз во кое доаѓаат до израз неговата генијалност и проучување на човечкиот ум со сите негови противречности. Романтичен и трогателен, ова е роман полн со меланхолија, но и хумор и мудрост, низ кој се испреплетени историјата и религијата.

    Ерусалим, 1959 година. Шмуел Аш, студент на Хебрејскиот универзитет и млад проучувач на Библијата, се чувствува изгубено. Семејството му е на раб на финансиска пропаст, неговото истражувачко дело е во криза, а девојка му решава да се омажи за претходното момче. Во моментот кога треба да го напушти Ерусалим, наидува на оглас и одлучува да ја прифати работата како негувател на генијалниот, но зајадлив старец, Гершом Валд.

    Меѓутоа, во неговиот дом е присутна и една таинствена личност. Аталија Абрабанел, преубава жена во четириесеттите години и ќерка на починат водач на ционистите, го заведува Шмуел, држејќи го истовремено и на дистанца. Малку по малку, старата камена куќа и тројцата отпадници што живеат во неа почнуваат да ги откриваат своите тајни.

    Љубовна приказна и роман за растењето. „Јуда“ ни дава несекојдневен поглед на состојбата во Израел и на новозаветната приказна. Низ целиот роман се провлекуваат прашањата: Кој бил Јуда, дали бил предавник, а кој е Исус, дали тој бил христијанин или Евреин? Со или без Јуда, секој Евреин во очите на верниците и понатаму останува олицетворение на предавството. Еден од највлијателните романи на Оз.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Одбивна среќа

    Одбивна среќа

    0

    Што би се случило ако погледнеме подалеку од видливото?

    Неодолива збирка од 11 раскази со семејна, еротска, фантастична и хорор тематика. Гиљермо Мартинес балансира на работ помеѓу разумноста и лудилото, помеѓу фаталноста и случајноста, помеѓу соништата и кошмарите, нè запознава со духовната бездна на неговите ликови, кои се соочуваат со необични, дури и екстремни ситуации. Се појавуваат сладострасни професори и заводливи студентки, овенати барски дами и голобради заводници, сенилни и мрачни баби и уморни татковци, тенисери, болничари, имагинарни книжевни величини, криминалци и жртви, обичен свет.

    Покажувајќи ги слепите точки во односите меѓу луѓето, Мартинес успева да нè стресе кога гледаме како она што ни е најсакано е на чекор да стане чудно, и како, во одредени околности, го допираме дното без да знаеме како сме стигнале дотаму.

    Сите овие приказни се раскажани со „поглед со кој апсурдното, ужасното, фантастичното и чудното се третираат со апсолутно мајсторство“, се вели во одлуката на жирото на хиспаноамериканската награда за најдобар расказ „Габриел Гарсија Маркес“, доделена првпат токму на – Гиљермо Мартинес.

    Наградениот расказ „Мајка заштитничка“ е адаптиран во филмот „Син“ во 2019 година во продукција на „Нетфликс“.

    300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Хотел Тишина

    Хотел Тишина

    0

    Смешен, меланхоличен и крајно заводлив роман за еден човек чиј живот се распаѓа и процесот низ кој минува за повторно да го состави.

     

    Јонас се чувствува како неговиот живот да завршил.

    Сопругата го оставила, мајка му сè повеќе тоне во деменција, а неговата ќерка веќе не е истата. Така што, тој смислува сигурен план: да купи билет во еден правец до хаотичната земја опустошена од војна и да стави крај на сè.

    Но, откако ќе пристигне во хотелот „Тишина“, тој сфаќа дека неговиот план – и неговата анонимност – започнуваат да се растопуваат под странското сонце. Сега, некои други работи го привлекуваат неговото внимание, како на пример самиот хотел што е пред распаѓање, персоналот, како и невообичаените гости. Набрзо станува јасно дека Јонас мора да одлучи дали навистина сака да остави сè зад себе; или да му даде на животот уште една шанса, иако претстои еден сосем неочекуван пат…

    „Хотел Тишина“ ја доби Исландската награда за литература во 2016 година, а истата година издавачите го избраа и за најдобар исландски роман.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Скриени желби, немирни патувања

    Скриени желби, немирни патувања

    0

    „Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој врз основната приказна за четири ликови се вкрстуваат приказните на педесетина луѓе од различни географски меридијани.
    Книгата претставува микс од приказни, преплетени и вмрежени меѓу себе, доловени со многу детали, хаику-моменти, филмски секвенции, духовни епифании. Роман за интеракцијата меѓу личното и надворешното, за начинот на кој атмосферата и ситуациите ги обликуваат нашите внатрешни пејзажи, за потребата да се раскажуваат приказни и да се пронаоѓаат сјајот и лагата во нив.
    Еден од најинтересните аспекти во романот е релацијата меѓу четирите основни и преостанатите куси приказни. Од таа релација се градат визуелни и мисловни контрапункти, ситни драматуршки пресврти, нијансирани поттекстови. Комбинацијата од непристрасен поглед на камера и лично обоено раскажување создава необичен тон, кој предизвикува читателот да биде оставен пред отворената врата на толкувањето.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Свекрва

    Свекрва

    0

    Фасцинантен роман полн со пресврти за сложениот однос меѓу една жена и нејзината свекрва, однос што завршува со убиство…

     

    Од моментот кога Луси ја запознава мајката на својот сопруг, знае дека не е жена каква што Дијана посакувала за својот совршен син. Иако е извонредно учтива, пријателски настроена и секогаш великодушна, Дијана ја држи Луси на дистанца, и покрај очајничките обиди на снаата да се зближат. Дијана е столб на заедницата, поборник за права на бегалците и жена што со децении ужива во среќен брак; никој нема лош збор за неа… освен Луси.

     

    Минуваат пет години…

     

    Дијана е најдена мртва, а прошталното писмо вели дека веќе не сакала да живее поради ракот што ѝ го разорува телото.

     

    Само што аутопсијата не открива рак. Но затоа открива траги од отров и докази дека починала од задушување.

     

    Кој би можел да ја посакува смртта на Дијана? Зошто нејзиниот тестамент е променет во последен момент и ги лишува од наследство своите две деца, заедно со нивните брачни партнери?

     

    Нарушените односи и длабоко скриените семејни тајни стануваат сè пошокантни со секоја следна страница, така што овој роман не ќе можете да го испуштите од рака.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Остров

    Остров

    0

    Куќата е на крајот од ’ртот, во ретката борова шума, на островот. Сосем близу до гробиштата, далеку од малата рибарска населба. Тука, недалеку од морето, блескаво лете, смрачено и сиво зиме, живеат тие двајца, со години, отповеќе многу години, можеа и да заборават сè што било, оти било одамна, ама немаат заборавено, осудени се на сеќавање.

    Негови се: мрежата, чамецот, рибите, говорите, тагата и бесот, талкањето по островот.

    Нејзини се: готвењето, чистењето, цвеќињата, кокошките, клавирот за кој сонува, трпението и тивкото сеќавање.

    Тој ги мрази своите риби, и вели: Утре ќе јадеме кокошка за ручек. Таа е поразумна, вели: Поарно риба.

     

    Ова е прв превод на романот „Остров“ на македонски јазик.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сфинга на гневот

    Сфинга на гневот

    0

    Кога уредникот на издавачката куќа „Веда“ дознава дека еден познат писател е пријавен како исчезнат, тргнува да ја открие вистината. Потрагата во која ризикува сè ќе го соочи со загатки во кои се испреплетени историјата, митологијата, психологијата и општествените случувања. Лазар смета дека ако ги дешифрира тајните пораки што ги открива, ќе ја оствари одамна посакуваната цел: да се добере до необјавениот ракопис на исчезнатиот писател.

    Движејќи се меѓу границите на мистеријата и книжевниот трилер, Жарко Кујунџиски (Spectator, Америка) создава интригантен и вешто смислен роман, жанровски и стилски палимпсест, со кој пристапува во досега неистражени предели на нашата проза.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Жирафата Жижи

    Жирафата Жижи

    0

    Другарчиња, сте чуле ли за новата жителка на волшебната шума? Не? Значи не знаете за хаосот што го направи таа… Дури и во сликовницава! Многу е мала, а многу е немирна, трча наоколу и се губи. Ќе ни помогнете ли да ја најдеме? Да? Јееј!

    200,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Месечина

    Месечина

    0

    Значи, другарчиња, Боби си читал сликовница во собата, но кога снемало струја, наеднаш станал и погледнал пред себе. 👀 На подот си ја видел сенката и многу се зачудил! Па како може ноќе да има сенка?!. си рекол, нели само Сонцето и светилките прават сенки? Се свртил и ја видел Месечината на небото. Но, како може Месечината толку да свети, се запрашал.

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Остани позитивен со Марко Аурелиј

    Остани позитивен со Марко Аурелиј

    0

    Можам ли да останам позитивен и спокоен?

    Овие се големи прашања што сите си ги поставуваме во одреден момент од животот. Но воопшто не е лесно да се најде соодветен и мудар одговор. Замислете си дека сите овие секојдневни прашања можете да му ги поставите на најголемиот стоички филозоф Марко Аурелиј. Оваа книга ви го овозможува тоа, зашто во неа ќе најдете:

    – 79 прашања за животот

    – 79 одговори од Марко Аурелиј приспособени на денешниот јазик

    – поттикнувачки размисли за да го задржите позитивниот став во животот.

    Кога работите течат совршено, оваа книга ќе ви помогне да го задржите духовниот мир. Но кога ќе тргнат наопаку – во семејството, љубовта, социјалните односи, работата – овие пораки ќе ви помогнат да им пристапите од поинаква перспектива и да ја издигнете својата свест. Само со таква свест ќе можете да се самосознаете и да стекнете храброст за надминување на проблемите и страдањето.

    280,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Остани спокоен со Сенека

    Остани спокоен со Сенека

    0

    Се чувствувам изгубено, како да не сум на вистинскиот пат.

    Се споредувам со другите и се чувствувам неуспешно.

    Толку сум преплавен со мисли што не можам да спијам.

    Се пронајдовте ли во некоја од овие реченици? Не грижете се, сите понекогаш се чувствуваме така, и тоа е сосем нормално. Но само малкумина успеваат мудро да се справат со овие прашања на секојдневното постоење. Нивните одговори ги знае еден од најголемите филозофи на светот, Сенека, кој ги запишал во своите писма. Што ако некој ги приспособи на сегашниот живот и ви овозможи да го намалите стресот, да го живеете животот што е можно помирно, попозитивно и поисполнето? Јана Капри и Чаран Дијаз го сторија тоа во оваа книга, во која ќе пронадете:

    – 79 прашања за животот

    – 79 одговори инспирирани од стоикот Сенека

    – психолошки промислувања што ќе ви овозможат да живеете исполнет живот.

    Ви посакуваме среќно психолошко-филозофско патување, во текот на кое ќе чувствувате помалку неспокој во друштвото на Сенека. Вклопете се во стоичкиот пристап кон животот и променете го начинот на кој мислите, за да може да го разубавите и да го збогатите својот живот.

    280,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кога никој не гледа

    Кога никој не гледа

    0

    Ако сакаш да го задржиш тоа што е твое, мора подобро да го чуваш. Некој секогаш демне да ти го грабне она што си го добила.

    Сидни Грин е родена и порасната во Бруклин, но нејзиниот крај одеднаш брзо почнува да се менува. Речиси прекуноќ никнуваат згради со луксузни станови, насекаде има огласи за продажба на куќите, а соседите што ги познава цел живот ненадејно исчезнуваат. Раскинувана од болка поради пропаднатиот брак и загубата на мајка си, таа решава да организира туристичка обиколка на Бруклин, во чија подготовка ѝ се придружува новиот сосед, белецот Тео.

    Но нивното заедничко истражување на историјата на црните населби се претвора во виор од параноја и страв. Можеби има вистина во приказните за киднапирање и насилно одземање на домовите? Можеби нивните соседи воопшто не се преселиле во предградијата? Иако сакаат да ги отфрлат теориите на заговор, наскоро откриваат дека зад плановите за ревитализација се кријат сосема поинакви мотиви.

    Можат ли Сидни и Тео доволно да си веруваат себеси, и еден на друг, за да дознаат што се случува – пред и самите да исчезнат во морничавите планови на една корпорација гладна за профит?

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Малибу во пламен

    Малибу во пламен

    0

    Четворица познати браќа и сестри организираат епска забава за да го прослават крајот на летото. Но, во период од 24 часа нивните животи ќе се сменат засекогаш.

    Малибу, август 1983 година. Тоа е денот на годишната забава на Нина Рива по повод крајот на летото. Исчекувањето е трескавично. Сите сакаат да бидат во близина на познатите Рива: Нина, талентираната сурферка и супермодел; браќата Џеј и Хад, едниот шампион во сурфање, другиот признат фотограф; и нивната обожавана помала сестра Кит. Заедно, тие се извор на фасцинација во Малибу и во светот – особено како потомци на легендарниот пејач Мик Рива.

    Единствената личност која не е баш воодушевена од забавата на годината е самата Нина, која никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието и која кусо пред тоа е јавно отфрлена од нејзиниот сопруг – професионален тенисер. Секако, можеби и Хад – поради одложувањето на еден разговор со неговиот брат со кого се неразделни од раѓање.

    Од друга страна, Џеј ги брои минутите до забавата, бидејќи девојката на која не може да престане да мисли, му вети дека ќе биде таму.

    И Кит има неколку свои тајни – вклучително и гостинот кој го поканила без да ги консултира другите.

    До полноќ забавата ќе биде надвор од контрола. До утрото, куќата на Рива ќе исчезне во пламен. Но, пред таа прва искра во раните утрински часови, на сите страни ќе тече алкохол, ќе ечи музика и љубовта и тајните што ги обликувале генерациите од ова семејство ќе испливаат на површина.

    „Малибу во пламен“ е приказна за една незаборавна ноќ во животот на едно семејство: ноќ во која секој од нив треба да реши што ќе избере од луѓето кои ги создале… и што ќе остави зад себе.

    480,00 ден
    Додај во кошничка