-
Агата Одли. Убиство во музеј
0350,00 денАгата Одли
Нема за мене случај чуден…
Агата Одлоу тукушто наиде на нејзиниот следен голем случај… убиство во Британскиот музеј.
Но, како што Агата почнува со копање под површината, така кај неа се јавува сомнеж дека се подготвува поширок заговор во подрачјето под Лондон – заговор во кој се вклучени една напуштена метро-станица, голем огномет и пет илјади тони златни прачки.
За среќа, Агата ги следи трагите…
ВТОРА КНИГА ВО ОВАА НОВА ВОЗБУДЛИВА СУПЕРДЕТЕКТИВСКА ЕДИЦИЈА!
-
Три мачки, едно чудовиште
0400,00 денТри мачки, едно чудовиште е забавна книга што овозможува уникатна авантура и којашто поттикнува љубов кон животните на многу едноставен и спонтан начин.
-
Тито, мојот претпоследен херој
0350,00 денПочувствував силен удар. Човек во темен костум и црни очила влета во зградата и ме залепи со влезната врата за портирницата. Викаше „Место за Другарот!“ и го расчистуваше теренот. По него втрчаа уште неколку слични типови кои беа претходница на еден круг од неколку лекари во чијашто средина се наоѓаше човек во болничка количка.
И знаев кој е, не можеш да не го препознаеш, кога си навикнат да те гледа од секоја просторија, дома, во школо, во војска, на работа, но тоа не значеше дека мозокот тукутака прифати и дека не бев како удрен од сознанието. Другарот Тито.
-
Последните селани
0290,00 денСелото во кое живеат последните селани се чини како некое митско место, каде што времето тече циклично, а животот на неколкутемина жители има повторлива, тукуречи ритуална динамика. Заборавени од светот и од потомците, тие веќе не чекаат ништо и никого, освен сопствената смрт. Единствениот настан што ќе изврши упад во тоа колективно чекање е потерата по Алексо Жешков, помладиот син на Варвара и Теофил Жешкови, обвинет за двојно убиство.
Романот „Последните селани“ во 1998 година беше номиниран за престижната книжевна награда „Балканика
-
Моќта на цврстиот карактер
0500,00 денЗошто некои луѓе успеваат, а други не?
Споделувајќи сознанија од своите истражувања, Анџела Дакворт објаснува зошто талентот е речиси неважен за постигнување успех. Наместо тоа, вели таа, вистинските достигнувања се определени од сосема поинакви лични особини како што е препознавањето на страста и истрајноста до остварување на целта.
Анџела целото детство го слушала својот татко како ѝ вели: „Не, дефинитивно не си гениј“. Сепак, мошне млада ја добила стипендијата „Мекaртур“, која се нарекува „стипендија за гении“ и е симбол на официјалното признавање на исклучителноста.
Потпирајќи се на својата лична исповед и професионално истражување, Дакворт го опишува патот на учење, дообразување и советување, со што покажува дека она што навистина води до успех не е генијалноста, туку посебен спој на карактерот во кој се вплеткани страста и долготрајната упорност.
Прониклива, остроумна, победнички настроена, ова е книга што го менува животот – задолжително четиво за секој што сака да успее!
-
Тајниот портал
0350,00 денВИЛИЈАМ ВЕНТОН, МОМЧЕТО СО ГЕНИЈАЛЕН ТАЛЕНТ ЗА ОДГАТНУВАЊЕ ШИФРИ, СЕ СООЧУВА СО НОВА ЗАКАНА! Откако почнува да трпи таинствени напади поради кои ја губи контролата над сопственото тело и способност за разбивање на кодови, Вилијам се загрижува дека неволјите му ги предизвикува интелигентниот метал луридиум. Постои само едно место каде што може да побара решение за својот проблем: Институтот за постхумно истражување. Но на Институтот веќе ништо не е како порано… Неговата стара соба сега изгледа како затворска ќелија, а движењето по Институтот строго се контролира. Менторите на Вилијам не сакаат да му кажат што се случува, иако е очигледно дека сите од некого или од нешто многу се плашат. Тогаш ја дознава грозната вест дека крадецот на луридиум, злосторникот Абрахам Тали, побегнал од својот криогенски затвор во подрумот на Институтот. Потрагата по него Вилијам го води на Хималаите, во подземен храм опкружен со планински врвови и длабоки пештери што ја чуваат тајната на настанокот на луридиумот. Вилијам повторно ќе се изложи на голема опасност во обидот, заедно со дедо му, да го запре злобниот Абрахам и неговата помошничка Корнелија, кои имаат намера да го ослободат луридиумот и да ги изложат луѓето на неговото погубно дејство… Тајниот портал е втора книга од серијата за возбудливите авантури на младиот Вилијам Вентон. Веднаш по објавувањето книгата стана книжевен феномен и досега е објавена во 37 земји, а наскоро се очекува и холивудски филм.
-
Секој има своја приказна
3320,00 денОва е книга која вреди секој да ја има во својата домашна библиотека за да може да посегне по неа секогаш кога ќе почувствува дека губи дел од човечното во себе…
Може да ја чита буквално секој читател од најрана, па до најстара возраст. Дел од приказните се посложени и потешки, приказни во кои ќе најде поука и најголемиот мислител, а дел се прилично едноставни, како да ги слушате од дете, но сепак длабоки и силни, како да ги раскажува најголемиот мудрец на светот.
Во тешкото и искушувачко време во кое живееме, навистина е лесно човек да се изгуби и да заборави на вистинските вредности во животот. Оваа книга е вистинска врска со човечното, потсетник за она што е важно во животот и дека она што го даваме – тоа и ни се враќа.
Совет: имајте шамиче во близина кога ќе ја читате оваа книга. Да, длабоко вистинити, страшно тешки и сериозно блиски до секој од нас, овие приказни имаат голема моќ да изнудат солза и од најсилните…
-
КВИЗ ПАРОВИ
0420,00 денКвизот содржи 48 илустрирани прашања, „магичен прозорец“ за отчитување на точниот одговор и ливчиња за бележење на резултатите.
Прашањата прикажани на сликите се наменети за деца на возраст од 3 до 5 години. Насловот на квизот ПАРОВИ секогаш сугерира на иста задача – пронајди го парот зададен на големата слика помеѓу трите мали сликички подолу, според некој критериум што не е однапред зададен, но е најочигледен (на пример: мажјак – женка, занимање – алат, мајка – младенче, животно – храна, еднаква бројност …). Решенијата се единствени за дадените слики.
Со поставување на „магичниот прозорец“ над црвеното поле, може да се провери точниот одговор на занимлив и нестандарден начин. Под точниот одговор се крие знакот „смајли“. Овој квиз може да се користи повеќе пати и со повеќе играчи.
Квизот може да го игра поединец или група, при што секому може да му се бележат резултатите и на крајот да се прогласи победник со најмногу точни одговори.
-
БОЕНКА ЗА СПОКОЕН УМ
0250,00 денСмирете го немирот и ослободете се од стресот со боење.
Оваа книга со прекрасни илустрации изобилува со суптилни цртежи и сложени шари кои ќе ве поттикнат да медитирате понесени од креативноста и со полна присутност да ги боите страниците.
Одвојте неколку минути од денот – каде и да сте – и бојте за мир и спокоен ум.
Ема Фарарон е француски илустратор и графички дизајнер што живее и работи во Лондон.
-
Во затворот на умот
0450,00 денСè што ви се случува во животот е поради вашето незнаење. Вашиот најголем проблем е вашиот ум. Лутина, бес, страв, стрес, анксиозност, депресија, пекол. Сите овие работи се само погрешни записи во умот што вие самите несвесно сте ги ставиле и сега тие ве вртат како хрчак во круг. И вртат, и вртат. Секој ден. Од утро до мрак. И нема излез од тој затворен круг. И нема излез од тој магичен круг. Излез има, само вие не сакате да го најдете! Излез има, само вие не сакате да го видите! Книга од која ќе дознаете од каде навистина доаѓаат сите овие работи кај вас. Книга од која ќе дознаете како да ги тргнете сите овие работи од вас. Книга од која ќе дознаете како да стигнете до онаа радост од вашето детство, која никогаш не исчезнува. Книга која ќе ви ја открие најголемата вистина за животот.
-
СЕДУМТЕ ДУХОВНИ ЗАКОНИ НА УСПЕХОТ
0280,00 денНие сме патници во универзумот. Сме застанале тука накратко за да се сретнеме, да се грижиме едни за други, да љубиме, да споделуваме. Ако споделуваме со добра мисла, лесно срце и љубов, ќе создаваме изобилство и радост еден за друг. И ќе знаеме дека вредело да го изживееме овој краток момент од вечноста.
Заснована врз природните закони што управуваат сѐ што постои, таа го разбива митот дека успехот е резултат на силна амбиција или тешка работа. Кога ќе ја разбереме својата вистинска природа и ќе научиме да живееме во хармонија со законите на природата, околу нас лесно и без никаков напор ќе се создаваат позитивна енергија, здравје, среќни врски и изобилство.
Полна со вечни мудрости и практични чекори за едноставна примена, оваа е една од оние книги на кои постојано им се навраќаме.
„Од сите книги на Чопра, Седумте духовни закони на успехот е мудар концепт за живот на највисоко и најкомплетно ниво. Фантастична е!“
Тони Робинс, автор на Разбудете го џинот во себе и Неограничена моќ -
РАЗМИСЛУВАЈ КАКО МОНАХ
0600,00 денДа размислуваш како монах значи да размислуваш како најуспешниот и највлијателниот мудрец на денешницата!
Додека растел во околина полна со сомнежи за неговиот успех, одбрал да ја следи сопствената извонредна интуиција, па наместо да присуствува на свеченоста за дипломирањето на факултетот, заминал во Индија за да стане монах. По тригодишна неуморна потрага по себеси, додека им помагал на сите околу него, го напушта монашкиот живот со цел глобално да ја рашири својата мудрост. И успева во тоа! Видеата на неговиот видеоканал, лансиран во 2016 година, имаат над 4 милијарди прегледи. Ова го прави еден од најгледаните луѓе на интернет во целиот свет.
Супермоќта на Џеј Шети не е само во тоа што успеал да го разбуди монахот во себе, туку и во тоа што својата мудрост ја прави достапна за секого. Неговата незаменлива книга-водич „Размислувај како монах“ ќе ги подготви сите храбри луѓе да ги истражат длабочините на својата душа и да му подарат на светот сè убаво што спие неоткриено во нив. Апстрактните лекции, совети и вежби собрани во оваа инспиративна, прониклива, длабока и практична книга се доказот дека секој може и секој треба да размислува како монах.
Спојувајќи ја древната мудрост со искуството што го стекнал во ашрамот, Шети ни открива како да се ослободиме од негативните мисли и да се препуштиме на смиреноста која лежи во сите нас. Тој докажува дека секој може – и треба – да размислува како монах. Разумно борете се со секојдневните предизвици! Да се размислува како монах повеќе не е избор, туку потреба!
-
Последна станица Аушвиц
0350,00 денНеверојатна приказна за страдањето и преживувањето на еден затвореник во Аушвиц, интернационален бестселер и единствената книга целосно напишана во логорот.
Еди де Винд, холандски лекар и психијатар, бил испратен во Аушвиц со својата сопруга Фридел во 1943 година. Тие го поминале бруталниот процес на селекција и биле работно ангажирани. Секој ден, секоја минута станале битка за опстанок. За Еди, ова значело преговори со непредвидливите чувари во болничкиот блок. За Фридел тоа значело избегнување на нацистичките варварски експерименти.
Како што се приближувал крајот на војната, нацистите избегале, водејќи со себе многу затвореници. Еди се скрил под куп стара облека и останал во логорот.
Наоѓајќи бележник и молив, тој во наплив на инспирација почнал да пишува за своите искуства. Резултатот е „Последна станица Аушвиц“, извонредна приказна за животот како затвореник, запис за борбата за преживување, но и за треперливите моменти на радост што Еди и Фридел ги наоѓале еден во друг. Документирајќи ги најдоброто и најлошото од човештвото, ова е уникатна и безвременска приказна што нè потсетува на она за што сме способни како луѓе, но и дека има надеж дури и во пеколот.
-
Модар накит
0250,00 денФилиз е девојче израснато во мало курдско село во Анадолија. На дванаесет години го запознава неколку години постариот Јунус и се вљубува во него. Сонува за заеднички живот во Западна Европа. Набрзо тајно и без дозвола од родителите се венчава со него, но кратко по венчавката се уриваат нејзините соништа дека ќе носи фармерки и ќе живее среќно во Германија. Наместо фармерки носи бурка, раѓа три деца и доживува физичко и психичко малтретирање од сопругот и од свекрвата. Ниту по мигрирањето во Австрија, животот не ѝ се променува. Дури откако ситуацијата ќе ескалира, на Филиз ѝ успева навидум невозможното: да се ослободи од постојаната тортура во домот.
Базиран на вистински настани, овој роман е одраз на една вистинска ситуација преземена од денешнината. Во рамките на оваа потресна приказна за семејното насилство, метафората на „модриот накит“ дејствува впечатливо и моќно.
-
Учиме броеви книга +сложувалка
0260,00 денСликовница сликовница работенка, големина на пар. сложувалка 6,5х6,5 см.
-