-
Победниците
0750,00 денМоќна, емотивна приказна која влева надеж за подобра иднина!
Поминаа две години од настаните на кои никој не сака да се сеќава. Сите се обидуваат да продолжат понатаму, но има нешто што ги спречува во тоа. Жителите и понатаму се соочуваат со големи прашања: Што е семејство? Што значи еден хокеарски тим? Што е заедницата? И што сме подготвени да жртвуваме за да ги спасиме?
Додека се борат да го надминат минатото, пред нив се исправуваат нови предизвици. Бидејќи ова е град со тежина во срцето. Сакаат приказни со среќен крај, но длабоко во себе се плашат дека овој нема да биде таков.
Некој се враќа дома по долго време. Некој ќе го погребаат. Некој ќе се заљуби, некој ќе се обиде да го сочува бракот, некој ќе мечтае за НХЛ а некој ќе стори сè за да си ги спаси децата. Некој ќе мрази, некој ќе се бори, а некој ќе ја грабне пушката и ќе замине кон хокејското лизгалиште. Сè ќе започне со бура, а ќе заврши со оган.
Конечно – што е семејство? Што значи еден хокеарски тим? Што е заедницата? И што сме подготвени да жртвуваме за да ги спасиме?
Сè. Едноставно, сè.
-
Американската авантуристка
0650,00 денПриказната за Џени Џером Черчил, мајката на Винстон Черчил, наследничка родена во Њујорк, која секогаш го живеела животот по свои услови.
Ќерка на њујоршкиот финансиер Леонард Џером, Џени е родена во богатство – и скандал. По разделбата на нејзините родители, нејзината мајка ги однела Џени и нејзините сестри во Париз, каде г-ѓа Џером била решена да ги омажи своите ќерки во најелитните семејства. Гламурозниот град станал неподносливо место за живеење откако девојките го завршиле училиштето. Бегајќи во Англија, во посета на кралицата Викторија, Џени го привлекува вниманието на аристократот Рендолф Спенсер-Черчил, син на војводата од Марлборо. Тоа беше љубов на прв поглед, а неконвенционалниот брак беше поттикнат од нивната меѓусебната амбиција и раѓањето на двата сина.
Откако рано станува вдовица, Џени продолжува дрско да го живее животот, пркосејќи им на крутите ставови на општеството со нејзиното интимно пријателство со Едвард, принцот од Велс, озлогласен боем. Подоцна и со двата брака со помлади мажи. Кога нејзиниот син Винстон ја започна својата брилијантна политичка кариера, Џени станува неговиот најгласен и највреден поддржувач.
-
-
Еден од оние денови во кои ништо не се случува
0480,00 денМачката Предалче ќе открие кутија во која има убаво здиплен волнен џемпер. Совршено место за дремка! Предалче задоволно ќе се склопчи во кутијата.
Моника не е свесна дека покрај џемперот, има и нешто друго во кутијата – нејзината мачка. Моника ќе ја затвори кутијата и ќе ја испрати во пошта, од каде што кутијата ќе појде на едно долго, долго патување…
А Предалче? Како ќе се справи Предалче со сето тоа? -
Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители
0450,00 денКнигата што посакувате да ја прочитале вашите родители од Филипа Пери
Сакајќи неговото дете да биде среќно, секој родител се труди да му го покаже вистинскиот пат. Како да го постигнете тоа?
Една од најзначајните и најубавите врски во животот е поврзаноста со нашите родители и со нашите деца. Но и покрај тоа, во многу семејства овие врски знаат да тргнат во погрешен правец и многу тешко можат да се вратат во нормалниот тек. Оваа книга зборува токму за тоа – што ни ја отежнува поврзаноста со нашите деца и како да ги зацврстиме своите односи.
Наместо да ни го даде совршениот план чекор по чекор, Пери ни овозможува да си создадеме слика за тоа кои нешта ќе нè доведат до добар и здрав однос меѓу родителот и детето. Оваа освежувачка книга, ослободена од секакви ограничувања и осудувања, ќе ви помогне:
– да разберете како воспитувањето може да влијае врз вашата родителска улога
– да го прифатите фактот дека ќе правите грешки, но и дека ќе учите од нив
– да ги прекршите правилата и да излезете од затворениот круг
– да се справите со сопствените емоции и со чувствата на вашите деца.
Полна со мудрост и совети што се добри за духовното и физичкото здравје на вашето семејство, ова е книгата што посакувате да ја прочитале вашите родители, а на вашите деца ќе им биде мило што вие сте го направиле тоа.
„Извонредна книга – многу мудра и човечка.“
Ричард Осман
-
Речно улиште
0250,00 денДебитанската книга и првата збирка раскази од Драги Михајловски.
Расказите се реминисценции од детството на авторот во кои провејува фиктивниот свет на неговите сеќавања. Спомените и детските фантазии се ројат околу Курдерес, битолската река што денес повеќе не постои, како пчелите околу водата. Оттука доаѓа и насловот на збирката. Писателската имагинација кривулка по течението на Курдерес (на турски „волчи поток“) низ мозаикот од разни детски доживувања, сеќавања, расположенија, мечти и фантазии.
Во „Сенка“, „Слика“ и „Мрежа“ се прикажани случките од детството поврзани со родителите, во „Леван“ првите љубовни мечти и така натаму. Детството на авторот не е преокупација на Михајловски само во раниот период од неговото творештво, туку и во книгите за деца, како и во неговиот роман „Бдеењето на Одисеј“.
Книгата е оригинално објавена во 1981 година. Ова е прво нејзино издание оттогаш.„Движејќи се по работ на видливото и невидливото, можното и неможното, јавето и сонот, Драган Михајловски го открива пределот на фантазијата, внесувајќи во него сопствен сензибилитет, внесувајќи во тој отворен простор своја специфичност, што ќе биде забележана и од читателите и од литературната критика.“
Анте Поповски (1981) -
Последната куќа на улицата
0500,00 денПо смртта на сопругот, кој умира во несреќа додедека ја градел нивната куќа од соништата, Кајла Картер е свесна дека мора да сотане силна за нивната четиригодишна ќерка. Но, кога една постара жена се доселува во соседството, животот на Кајла тргнува во друга насока. Постарата нова сосетка на Кајла, Ели Хокли и вели да не се вцелува во куќата и таа речиси и ќе се согласи со неа. Повеќе од јасно е дека оваа жена има некаква врска со минатото….и врска со самата Кајла. Ели Хокли со себе носи тајни што се протегаат наназад, дури до педесетите години на минатиот век.
Дали Ели сака да ги исправи грешките од минатото? И дали последната куќа од улицата го има клучот за разрешавање на мистеријата?
Раскажан во два временски периода, Последната куќа на улицата е роман на шокантни предрасуди и насилство, забранета љубов, потрага по правда и заплеткани лози на две семејства. -
Паѓање
0490,00 денШтотуку се качивте на летот за Њујорк.
Во авионот освен вас има уште сто четириесет и три патници.
Она што не го знаете е дека триесет минути пред летот, семејството на вашиот пилот беше киднапирано.
За да живее неговото семејство, сите во овој авион мора да умрат.
Единствениот начин на кој семејството ќе преживее е ако пилотот ги следи упатствата и го урне авионот.
Уживајте во летот.
„Т. Џ. Њуман го напиша совршениот трилер! Задолжително да го прочитате.” – Џилијан Флин
„Зачудувачки и немилосрдно. Ова е филмот АЈКУЛА само на 35.000 стапки“. – Дон Винслоу
„Романов е од најдобриот вид на трилер… Непрекината, целосно автентична неизвесност“. – Џејмс Патерсон
-
Бели ноќи
0250,00 денБоже мој! Цела минута блаженство! Та зар малку е тоа, макар и за цел живот?…
Уште во раната младост Фјодор М. Достоевски ја определил својата главна писателска задача: „Човекот е тајна. Таа мора да се одгатне, а ако ја отгатнуваш дури и сиот свој живот, немој да велиш дека си го изгубил времето; јас се занимавам со таа тајна затоа што сакам да бидам човек.“
Повеста „Бели ноќи“ е едно од најдобрите дела од школата на сентименталниот натурализам, во која авторот го следи своето книжевно кредо. Во нему својствен манир, низ призмата на љубовното сиже, Достоевски ни ја разоткрива психата на еден млад човек што се наоѓа на својот животен крстопат и во расчекор со светот во кој не може да се пронајде.
„Бели ноќи“ е лирска исповед на еден дваесет и шестгодишен младич, сиромашен државен службеник и вистински мечтател, кој живее во својот замислен, фантастичен свет. Сè се менува кога во неговиот живот накратко се појавува вистинска девојка, која го враќа во реалниот свет будејќи во него најубави човечки чувства и желба за посветла иднина…
-
Број 13 : раскази за духови
0300,00 денСвеќата слабо нека гори. Тишината нека избие. И закопаното минато може да добие збор…
Целта на добрите приказни за духови е да ти ја замрзнат крвта, но на некој пријатен начин. Приказните за духови на Џејмс се доведени до совршенство – дали е во англиските селски куќи и градини, или во црковните дворови, лавиринти или возови, неговите имагинарни пресврти секогаш го секнуваат здивот.
Добре дојде во зоната на самракот, во заборавените цркви и библиотеки, во старите хотели без соба бр. 13, во крајбрежните урнатини во кои и самото време се двоуми да влезе. Во овие спектакуларни приказни за духови ти треба повеќе од храброст. Потребна будност во шушкањето на пергаментот и во ехото на чекори од ходниците во кои никој не поминува, а сепак се слуша чекорење.
Секоја приказна е реликвија ископана од тивкиот страв на научниот ум на човек што знае каде лежи вистинскиот ужас. Овие загатки се сенките што ги фрла знаењето што е премногу древно за да биде безбедно.
„Ако некоја од моите приказни ги предизвика читателите да се чувствуваат непријатно и да ги полазат возбудливи морници кога одат по осамен пат во самрак или додека седат во доцните ноќни часови пред огнот што полека згаснува, мојата цел во пишувањето ќе биде постигната.“
М. Р. Џејмс
-
-
Љубов голема колку Скопје
0340,00 денЕдна кутија закопана два метри под земја.
Едно старо писмо, медалјон и клуч.
Звучи интересно, зар не?
Откријте ја мистеријата обвиткана околу најљубовната скопска приказна што некогаш сте ја прочитале.
„Љубов голема колку Скопје“ е втора книга за деца и млади од Александра Тодоровиќ. Таа го прифати предизвикот да влезе во временската капсула и оттаму да им купи билети на сите кои сакаат да бидат дел од едно неверојатно патување. А Скопје е љубов и во себе крие многу љубови. Скопје е љубов заради луѓето во него. И секогаш сè е заради љубовта. Таа врзува, ослободува и крева. Затоа Александра Тодоровиќ, која добро го познава Скопје напиша едукативна и интерактивна книга која ќе го разбуди љубопитството на децата, но и суптилно ќе им подметне не само знаење и интерес за она што било, туку и љубов која ќе ги научи како да се грижат за околината и за луѓето во неа.
-
Вечниот маж
0300,00 денВо нашиот век дури ни на пристојните луѓе не им се простуваат толку лесно прегратките и солзите на покајување…
„Вечниот маж“ во западната книжевна критика се смета за најдобро структуриран роман на Достоевски. Неговиот заплет се гради околу сложената врска меѓу двајца мажи чии животи се испреплетуваат околу една жена – на едниот му е сопруга, а на другиот љубовница.
Кога останува сам, Трусоцки е принуден да се соочи со последиците од своите постапки и нивното влијание врз другите животи, а најмногу врз несреќната судбина на неговата ќерка. Истражувајќи ја темата на вина и одговорност, како и природата на љубовните и меѓучовечките односи, „Вечниот маж“ се одликува со сложени ликови и длабоко проникнува во човековата психа, поради што е една од ненадминатите класики на руската книжевност.
Забранувани или цензурирани во минатото, денес делата на големиот Достоевски се преведени на десетици јазици, што го прави еден од најчитаните автори на сите времиња и го вбројува меѓу најзначајните филозофи и психолози во уметничката литература.
-
Шерлок Холмс: Дамата со превез
0199,00 денПред седум години во селцето Абас Парва се случил страшен инцидент. Господинот Рондер, сопственикот на ЦИРКУСОТ СО ДИВИ ЖИВОТНИ, го загубил животот откако бил НАПАДНАТ од избеган лав. Холмс се соочува со стара мистерија откако добива покана да ја посети дамата која одбива да си го прикаже ликот. Грозоморното злосторство од пред седум години остава ужасни последици, а Холмс е единствениот кој може да ја спаси дамата со превезот од сопствената совест.
-
Записи од подземјето
0250,00 денДва по два ќе биде четири и без мојата волја.Тоа ли е слободна волја?
Најреволуционерната книга на Достоевски, еден од првите егзистенцијалистички романи во историјата на светската литература. Четиво што го означува преминот на книжевноста од XIX во XX век, приказна за визиите на поединците што ги уништува општеството.
„Записи од подземјето“ ни ги нуди белешките на еден гневен, изолиран човек, поранешен чиновник кој се повлекува од светот во своето мрачно и тесно живеалиште. Во него содејствуваат два спротивставени комплекса – инфериорност и супериорност. Зашто иако е социјално отфрлен и сиромашен, во духовен и интелектуален поглед тој стои над другите. Проникнати со сурова искреност и горчлив презир, неговите записи се бунтовен напад на социјалниот утопизам и потврда на ирационалната човекова природа.
Блескаво решение на проблемот на постоењето, филозофска книга за животот каква што само Достоевски може да создаде. Едно од неговите најдлабоки дела.
-
Што ти се случило
0450,00 денОваа книга ќе го промени начинот на кој го гледаш твојот живот.
Дали некогаш си се прашал „Зошто го направив тоа?“ или „Зошто не можам да го контролирам моето однесување?“ Другите можат да ги осудат нашите реакции и да помислат „Што не е во ред со оваа личност?“ Кога ги преиспитуваме нашите емоции, лесно е да ја лоцираме вината во себе; себеси и на другите околу себе да им поставуваме невозможни стандарди. Време е да почнеме да си поставиме поинакво прашање.
Низ длабоко лични разговори, Опра Винфри и реномираниот експерт за трауми и мозок д-р Брус Пери нудат револуционерна и длабока промена прашувајќи „Што е со тебе“ или „Што ти се случило?“
Нашите најрани искуства далекосежно ги обликуваат нашите животи и „Што ти се случило?“ обезбедува моќни научни и емоционални сознанија за моделите на однесување што многумина од нас се борат да ги разберат.
Во оваа книга, Винфри споделува приказни од сопственото минато, сфаќајќи ја од искуството ранливоста што доаѓа поради соочувањето со трауми од раното детство. Здружувајќи ги силите со д-р Пери, еден од водечките експерти за деца и развој на мозокот, тие ја спојуваат моќта на раскажувањето приказни со науката за да ги разберат подобро и да ги надминат ефектите од нашето минато.
Во разговорот низ книгата, двајцата се фокусираат на разбирањето на луѓето, на однесувањето и на нас самите. Тоа е суптилна, но длабока промена во нашиот пристап кон траумата и тоа е она што ни овозможува да го разбереме нашето минато за да го расчистиме патот кон нашата иднина – отворајќи ја вратата за издржливост и заздравување на докажан, моќен начин.