-
Лебарки
0500,00 денСѐ додека има болка, ќе има и живот.
Во еден сомнителен мотел во Бангкок е најдено телото на норвешкиот амбасадор во Тајланд, прободено со ритуален нож. Дали бил жртва на грабеж или се работи за убиство од политички причини? Обидувајќи се да избегне скандал, Осло го праќа мамурниот инспектор Хари Хуле на специјална задача. Набргу тој талка по бангкокшките улички помеѓу опиумските дувла, храмовите, рекламите за туристи, малолетниците што се проституираат и го-го баровите.
Сите кријат нешто и истрагата тапка во место. Кога Хари ќе дојде до една сомнителна снимка, работите уште повеќе се комплицираат. Можните сведоци ненадејно исчезнуваат и трагите не водат никаде. Но неуспехот во расветлување на убиството не е единствената казна што може да ги најде непретпазливите. Зад мрачните ѕидови на градот владее подземен свет на високи финансии, меѓународна шпионажа и педофилија.
Има ли некој комушто Хуле може да му верува во непознатиот град?
„Несбе цврсто управува со сложеното дејство и драмскиот развој на ликовите, но особената привлечност на овој роман е што Хари Хуле совршено се вклопува во живописната реалност на Бангкок и Тајланд, иако Несбе го префрлил во крајно ненорвешко опкружување.“
– Индипендент
-
Кралството
0600,00 денКога сѐ ќе изгубиш, веќе немаш од што да се плашиш.
Во едно мало норвешко село автомеханичарот Рој Опгард води осаменички живот сè додека не се случи она што никој не го очекува – враќањето на неговиот помлад брат. Карл доаѓа богат, со диплома во џебот, со мистериозната сопруга Шенон и со голем план за осиромашеното родно место – бизнис што сите го прифаќаат како можност за спас. И токму кога се чини дека минатото е заборавено, почнуваат да испливуваат мрачните тајни од нивното детство. Сѐ уште не се заборавени мистериозните несреќи во кои загинуваат нивните родители и селскиот полицаец, а сега нивниот број се зголемува…
Додека напнатоста расте и обрачот околу нив се стега, Рој се преиспитува до каде може да оди за да го заштити својот алчен брат. Дали по секоја цена да му остане верен на семејството или да им се препушти на страсните чувства кон Шенон?
„Кралството“ е моќен роман за мрачните семејни тајни каков што може да напише само врвниот криминалистички автор на норвешката и светската литература, Ју Несбе.
„Целата книжевна моќ на најпознатиот скандинавски писател на црниот роман е концентрирана во мрачната, насилна приказна за двајца браќа. Несбе со епски замав ја разурнува илузијата за едно семејство и за една мала, среќна планинска заедница.“
Киркус ривјус
-
Брачниот портрет
0490,00 денОд авторката на бестселерот на „Њујорк тајмс“ – романот „Хамнет“ – книга за волшебната млада војвотка Лукреција де Медичи.
Зима, 1561 година. Лукреција, војвотката на Ферара, е однесена на неочекувана посета на селската вила на нејзиниот сопруг Алфонсо. Додека вечераат во леденостудената сала, таа сфаќа дека Алфонсо има злобен план: да ја убие.
Лукреција имa 16 години и водела изолиран живот затворена во големата палата во Фиренца, чувана од војниците на татко ù и дамите на мајка ù. Меѓутоа, овде, во оваа оддалечена вила, таа е на милост и немилост на нејзиниот сè понепредвидлив сопруг.
Што ќе направи Лукреција со ова ненадејно сознание? Кои се нејзините шанси против Алфонсо, владетел на провинција и обучен војник? Како да го обезбеди својот опстанок?
„Брачен портрет“ е живописно потсетување на убавината и бруталноста на ренесансна Италија и на млада жена чија близина до моќта ја става во смртна опасност.
-
Дај си петка!
0550,00 денВо својата книга Правилото „Пет секунди“, наслов што се претвори во светски феномен, Мел Робинс научи милиони луѓе низ светот на тајната кон мотивираноста наречена „пет секунди“. А сега, се враќа со уште едно, многу едноставно и проверено функционално средство што можете да го искористите за да преземете контрола врз својот живот, наречено „Дај си петка!“.
Но насловот нека не ве залажува. Во оваа книга не се зборува за тоа дека на сите личности во својот живот треба да им „Давате петка!“. Вие тоа и онака веќе го правите. Им кликате на омилените спортски тимови. Им честитате на пријателите. Ги поддржувате своите сакани додека тежнеат кон она што го посакуваат во своите животи.
Замислете со иста таква љубов и охрабрување да се опсипувате себеси. Или, уште подобро, замислете тоа да ви стане секојдневна навика.
Никој нема да може да ве сопре.
Во оваа книга, Мел ве учи како да почнете да правите „да пукне“ на најважната личност во својот живот, онаа што ви го возвраќа погледот во огледалото: САМИТЕ СЕБЕСИ.
Ако се борите со себесомневања (а, кој и не се бори?)…
Ако веќе ви се смачило од тој здодевен и упорен критичар во вашата глава (аман веќе, нека го избрка некој!)…
Ако сте крајно успешни, но единствено се концентрирате врз тоа што не чини (не сте единствените)…
Ако ви е веќе преку глава да гледате како сите други напредуваат, а вие туку си седите на каучот дома со кучето (немојте сега и кучево да го вмешувате во ова)…
…Мел книгава ви ја посветува вам.
Навиката „Дај си петка!“ е едноставна, а длабока алатка, која ќе ви ги промени ставот, начинот на размислување и однесувањето. И затоа, подгответе се да се смеете и да учите додека преземате чекори со кои веднаш ќе си ги засилите самодовербата, среќата и постигнатите резултати.
Време е за „Дај си петка!“, време е да си ги пружите уважувањето и поддршката што ги заслужувате.
-
Размислувај како гениј
0360,00 денНа половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размилсувај како гениј помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развива имагинацијата и креативноста
-
7 тајни на успехот
0480,00 денКенан Црнкиќ е автор на балкански бестселери за успехот и среќата.
Неговата прва книга „7 тајни на успехот“, како едноставен и практичен водич до успехот, предизвика своевидна сензација, ги собори сите рекорди на продажба, во рок од само 10 дена од издавањето се искачи на првото место. Во првата година го доживеа своето неверојатно десетто јубилејно издание, како и превод на повеќе странски јазици. Книгата со симболичен наслов „Внимавај кој волк го храниш“ е вториот наслов од овој популарен автор. Оваа книга, која зборува за среќата – како да се пронајде, постигне и трајно задржи во нашиот живот, ги надмина сите очекувања и ја освои титулата култна книга и ултимативен балкански бестселер. Авторот е доктор по економски науки и професор на многубројни универзитети во земјата и во странство. Во теоретска смисла, се образувал на престижни универзитети и бизнис-училишта, а специјалистичките студии успешно ги завршил на познатата школа за бизнис, на Харвард во Соединетите Американски Држави. Во практична смисла д-р Црнкиќ успешно раководел мултимилионски корпорации и фондации во приватно, но и во државно сопствеништво. Стана препознатлив по својата стручност па извршува голем број функции во управни, советодавни и стручни комисии, а моментно е и потпретседател на Европскиот комитет за претприемаштво. Неговите книги се преведени на повеќе странски јазици, како и на Брајево писмо. -
Невидливиот живот на Ади Лару
0560,00 денФранција, 1714 година. Ади Лару сака само едно: да се ослободи од оковите на животот во провинција за да може сама да господари со својата судбина. Во момент на очај таа се спогодува со ѓаволот, кој за возврат ù ветува слобода и вечна младост. Но, цената за тоа е висока; секого кого ќе го сретне, набргу ја заборава. И така младата жена почнува патување низ вековите што ја носи на различни места од европската историја, спознавајќи ја притоа тенката граница меѓу осаменоста и малодушноста. Ади Лару се обидува да остави трага во времето и просторот, во историјата на уметноста: таа е позната муза на старите мајстори, безимена убавица во песните на големите поети.
Триста години подоцна, Ади во една книжарница во Њујорк запознава момче кое ќе ја запамети…„Невидливиот живот на Ади Лару“ е историско-фантастичен роман, горко-слатка љубовна приказна, но и омаж на уметноста и уметничката инспирација. Со фаустовски заплет и промислувања за моралот и смислата на животот, овој роман ги надминува границите на жанрот фантастика и со надвременската убавина на класиците гарантира задоволство при читањето на секој што ќе посегне по него.
-
Децата и разводот
0450,00 денВо својот научен труд „Децата и разводот: Психологија на разводот од перспектива на децата“ – што е адаптирана и дополнета верзија на нејзината докторска дисертација – универзитетската професорка Драгана Батиќ пишува за влијанието на разводот на родителите и на семејната структура врз менталното здравје на децата и на адолесцентите. Таа прави детален преглед на разводот како стресоген животен настан и на карактеристиките на семејствата што настануваат по разводот. Од истражувањата што ги спроведува професорката во рамките на својата работна практика, но и од истражувањата на цитираните автори кои се занимаваат со истата тема, може да се заклучи дека менталното здравје на децата и на адолесцентите на разведени родители не е изложено на ризик, односно дека за менталното здравје на децата и на адолесцентите поважни фактори се функционалноста на новоформираните семејства и кооперативниот однос помеѓу родителите, отколку самата структура на семејствата.
-
Едно лето во Италија
0420,00 денКога ќе почине мајка ù на Кети, таа се чувствува изгубено. Керол не ù била само мајка туку и најдобра пријателка. Таа ги имала сите одговори и сега, кога ù е најпотребна на Кети, неа ја нема. Да бидат работите уште полоши, тие го планирале нивното животно патување мајка-ќерка: две недели во Позитано, магичниот град во кој Керол го поминала летото пред да го запознае татко ù на Кети. Таа со години го чекала ова патување со мајка ù, па сега е соочена со можноста да се впушти во авантурата сама.
Само што ќе стапне на брегот на Амалфи, Кети почнува да го чувствува присуството на својата мајка. Маѓепсана од прекрасните води, преубавите карпи, љубезните домаќини и, секако, превкусната храна, Кети како да се враќа во живот.
И тогаш се појавува Керол – жива, здрава, исончана и триесетгодишна. Кети не разбира што и како се случува – сè на што може да се сосредоточи е дека некако, невозможно, ја има мајка си назад. Во текот на едно лето во Италија, Кети ја запознава Керол, не како нејзина мајка, туку како млада жена пред да ја роди неа. Таа не е истата каква што ја замислувала Кети, но Кети мора да ги поврзе мајката која знаела сè со младата жена која сè уште нема поим.
Следната голема љубовна приказна на Ребека Серл е тука, а овој пат е меѓу мајка и ќерка. Со својата препознатлива срцепарателна, искупителна и автентична проза, таа создаде трансцендентен роман за тоа како по загубата продолжуваме понатаму и како луѓето кои ги сакаме никогаш вистински не нè напуштаат.
-
Левораката дама
0280,00 денСега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!
Енола Холмс е во бегство! Зад петиците ù е, ни помалку ни повеќе, туку нејзиниот постар брат, Шерлок Холмс. Сепак, додека се обидува да му измолкне на легендарниот детектив – во најголемиот, најмрачниот и највалканиот град на светот – таа ги открива неочекуваните цртежи на Леди Сесили, што ù оставаат силен впечаток. Но, Леди Сесили е исчезната без трага. Храбро трагајќи по левораката дама низ темните улици на Лондон, Енола ризикува повеќе од што треба. Ги ризикува сопствениот идентитет и сопствениот живот, во случај многу покомплексен од обично исчезнување на една леворака дама.
„Левораката дама“ е втората книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од веќе признаената авторка Ненси Спрингер – совршена приказна за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата.
-
Седумте
0450,00 денСедумте“ е дело кое нема да ве однесе само на падините и на врвовите на далечните, за повеќето од нас сосема недофатливи, па и незамисливи светови. Овој патопис на Илина Арсова е документ не само за нејзините патешествија и подвизи што оставија неизбришлива трага во историјата на македонскиот спорт, туку претставува и архив на едно време во кој преку длабоко искрен приказ на личното – од размислите до животните приказни на авторката – стигнуваме до пресек на болните проблематики на современото македонско општество.
Румена Бужаровска, писателка, професорка„Седумте“ е мистично, адреналинско, авантуристичко патување по светот, но е уште повеќе длабоко, внатрешно патување кон сопствениот гравитационен центар. Прелетувајќи преку тропските бои, џагор и мириси на Истокот, низ чудесниот остров на Екваторот проткаен со вулкански карпи, корални формации и неверојатен биодиверзитет, низ глечерите на Хималаите и бескрајната белина на Антарктикот, „Седумте“ слетува во најдлабоките прашуми на срцето и душата. Токму таму, Арсова суптилно и безрезервно ги отвора темите за љубовта, страста, тагата, дилемите и одлуките поради кои е нешто засекогаш загубено или, пак, занавек сочувано.
Маја Мухиќ, професорка и вљубеничка во адреналинските спортовиИлина е име изведено од дарежливост, среќа, насмевка, утеха, љубов. Нејзината книга е сведоштво за вистинскиот балон кој самите си го создаваме, но таа умешно е надвор од него. Кога ќе си ја спомнете, пред вас е широката насмевка која зрачи со љубов и мудрост. Има вештина! Одете и пробајте некоја ваша вештина, ќе паднете во стапица! Илина вешто ги создава стапиците и ги совладува!
Оваа книга треба да си ја имате поблиску до себе. Зборовите стануваат ваши. Илина копнеж, стремеж, врзување, допирач на ѕвезди, чувар на пеперутки и безусловно слободна!
Весна Петрушевска, актерка„Седумте“ се патописи за љубовта, за планините, за уметноста, за карпите, за езерото, за екологијата и упатства за управување со отпадот (четиво за младите генерации). За живот исполнет со спортување. Спортот за неа е лек за многу физички и психолошки состојби, а несомнено помага во градење на самодовербата и дисциплината на една личност.
„Седумте“ е книга за копнежот на Илина по нови нешта, остварување на мали и големи цели со предизвици, дестинации. Книга пишувана со искреност соголена до коска.
Илина е жител на светот, зависник од патувања, во постојана трка со времето, со планинските врвови што ја прават неизмерно среќна. Постојано се вљубува во нови работи што одбира да ги прави, што е нејзина неприкосновена пасија.
Во својот номадско-авантуристички живот е растргната меѓу различни хобија, креативна дејност, активизам, волонтерска работа, спортување, патувања… Зборот досада за неа е непознаница.
Илина Арсова е нашата национална хероина.Катица Гароска Ацевска, планинарка, книжевна преведувачка
Токму нејзиниот поглед, полн со решителност и мекост, ме плени во првата (виртуелна) средба со Илина Арсова. Од неа зрачи суптилна мешавина на сила и спокојство. Нејзиниот тон, термините што таа секогаш внимателно ги избира, ја покажуваат рамнотежата која би требало да постои меѓу луѓето и природата. Нејзините достигнувања имаат длабоко чувство на почит и поклон кон планината. За неа одењето до врвот е синоним за внатрешно патување. Тој никогаш не се освојува, можете само привремено да застанете на планинскиот врв, притоа достигнувајќи го својот.
Ванеса Буше, фотографка, новинарка и скијачка
Искрена, луцидна, интригантна, номатка, авантуристка – токму како што кажуваат почетните букви од нејзиното име – Илина ни раскажува не само за светот чие дете е, туку и за својот свет, и за нашиот свет. Свет со врвови од кои запира здивот, но и со длабоки, неистражени долини и пештери. Свет со божествена убавина, загрозен од нашата негрижа. Овие страници, проникнати со восхит и длабока почит кон природата, се освестувачка шлаканица за човештвото кое не знае да го цени тоа што го има.
Ова не е книга само за освојување на врвовите на светот. Туку и за нашите сопствени, внатрешни врвови. За негувањето на сонот и неговото остварување. За издржливоста. И најмногу за љубовта – кон ближните, кон природата, кон светот – која ни е неопходно потребна во овој отуѓен свет.
Виолета Танчева-Златева, писателка и лекторка -
Атлас – Приказната на Тате Солт
0940,00 ден1928 година, Париз
Најдоа едно момче, непосредно пред смртта. Го зеде едно учтиво семејство. Паметно и талентирано, момчето ужива во новиот дом но одбива да зборува за своето потекло. Додека детето се претвора во млад маж, вљубувајќи се и земајќи часови на престижниот Конзерваториумот во Париз речиси заборава на ужасите од своето минато…и ветувањето што го дал. Наскоро во Европа почнува да се буди зло кое не гарантира ничија безбедност. Бегството станува неизбежно.
2008 година, Егеј
Сите седум сестри за првпат се собраа на палубата на Титан, за да се збогуваат за последен пат со таинствениот татко што толку многу го сакаа. На изненадување на сите, Тате Солт избрал да ѝ ја довери тајната за нивното минато токму на загубената сестра. А сепак, по секоја откриена вистина се раќа ново прашање. Сестрите се соочуваат со идејата дека нивниот обожаван татко бил човек кој одвај го познавале. И, уште постаписувачко: дека овие долго чувани тајни можеби и понатаму носат последици за нив и денес.
-
Во еден миг
0500,00 денСтравот не е изговор.
Некогаш е доволен само еден миг за да се промени целиот живот. Или да заврши. Како што се случува со 16-годишната Фин Милер, додека нејзиното семејство се бори да преживее среде снежната виулица. Книга пишувана од перспектива на тинејџерка која е на границата помеѓу двата света, беспомошно набљудувајќи го страдањето на саканите и нивната борба за живот.
Колку мига се потребни за да се продолжи тогаш кога тоа е невозможно? Фин мора да продолжи по својот пат, но како кога нејзиното семејство е уништено? Тешко е да се биде мртов и да се гледа како светот продолжува без тебе. Уште потешко е да се биде беспомошен кога гледаш дека твоите најблиски не можат да го направат тоа.
Болна приказна за храброста да се донесат правилните одлуки во мигот кога животот ти виси на конец.
„Ликовите и нивното закрепнување се емотивно претставени, како и реалноста на надежниот крај. Читателите на семејни драми ќе бидат воодушевени.“ Буклист
-
Моќта на намерата
0450,00 денВашите мисли се реални. Тие се чиста енергија.
Речиси сите ја сфаќаме намерата како решеност што нè поттикнува да оствариме некоја замисла и да не се откажуваме од неа по никоја цена. Но оваа книга ни овозможува да погледнеме на намерата од еден поинаков и мошне корисен агол.
Со вистински случаи и примери од секојдневниот живот, д-р Вејн Дајер докажува дека сè што можеме да замислиме во нашите умови може и мора да се оствари, ако останеме во хармонија со универзалниот извор што создава сè. Ние, како и сè што постои, произлегуваме од универзалното поле на намерата. Сите сме тука благодарение на нејзината невидлива но безмерна моќ. Колку побргу ќе го согледаме тоа, толку подобро ќе живееме.
Енергетското поле на намерата постоело пред воопшто да бидеме зачнати. Има начин да ја привлечеме кон себе и да го искусиме животот на едно возбудливо и повисоко ниво. Тоа поле е насекаде околу нас и само чека да му пристапиме. Ако светот хармонично вибрира со универзалниот ум на намерата, ќе биде многу поубаво место за живеење.
-
Да се смислува и да се талка : збирка размисли од Џеф Безос
0450,00 денСо оваа фасцинантна збирка на записи од Џеф Безос – оригиналните годишни обраќања до акционерите, заедно со бројни говори и интервјуа коишто го откриваат неговиот живот, работа и развојот на неговите идеи – ќе ја разберете заднината на неговиот феноменален успех во деловниот свет.
Опфаќајќи многу теми од областа на бизнисот и политиката, од иновациите и опседнатоста со корисниците, па сè до климатските промени и освојувањето на вселената, оваа книга нуди редок увид во начинот на размислување на Безос, но и поглед во блиската иднина во чие обликување тој непосредно учествува. Книгата е напишана во директен, јасен стил и содржи неизоставни лекции за безнис-вредностите, стратегијата и извршувањето на деловните замисли.
Покрај тоа, авторот на читателот му нуди и необично јасни и разбирливи излагања на многу поими од областа на бизнисот, финансиите, јавните политики, објаснети на оригинален и лесно сфатлив начин од страна на еден од најбогатите луѓе во историјата на човештвото.
Оваа книга е неизоставно четиво за секој што сака да разбере како визионерството на само еден човек има моќ да ги унапреди животите на милиони други, и тоа на конкретен, опиплив начин. Раководители, претприемачи кои штотуку почнуваат, но и милионите потрошувачи на производите и услугите што ги нудат претпријатијата на Џеф Безос – со оваа книга сите имаат можност да ги разберат принципите на успехот на еден од најважните иноватори на денешнината.
-
Ти си мојот живот
0350,00 ден…Ја позеде со растреперени раце и треперлив глас, извика. – Кај си, сонце на мама. Кај си, среќо моја. Само да знаеш колку долго те чекав. ТИ СИ МОЈОТ ЖИВОТ! Да си ми жива и здрава сто години. Твојата љубов мене да ме грее, а мојата тебе. Никогаш ништо да не нè раздели. – Подавајќи ѝ ја на Васка спушти еден нежен бакнеж на нејзиното чело. – Ова е најсреќен ден во мојот
живот. Ти благодарам, Сергеј, што не ме остави сама… – Солзите пак потекоа низ нејзиното лице. Радост и тага во моментот беа испомешани.