-
Сидарта
0250,00 денМудроста човек може да ја најде и да ја живее, со неа можат да се прават чуда!
„Сидарта“ е еден од најдобрите алегорични романи на светот. Приказна за духовното патување на едно момче кое има сѐ, но постојано чувствува дека нешто му недостига. Затоа и заминува во потрага по вистината, по аскетски пат кој го носи до одрекување од богатството, задоволството, привилегиите, кој првин го фрла во очај, а потоа го лекува со надеж.
Барањето значи да се има цел, а наоѓањето значи да се биде слободен, отворен, без цел. Сидарта успева да се извлече од желбите и барањето, да стигне до духовно исполнување кое до ден-денес инспирира, воодушевува и влијае врз безброј генерации мислители, читатели, писатели и обични гости на овој свет.
Нобеловецот Херман Хесе е синтеза на различни филозофии – источните религии, Јунговите архетипови, западниот индивидуализам и една неповторлива творечка мисла – сите обединети во единствена визија за животот изразена преку еден лик во потрага по вистината. Со оваа книга тој во наследство не ни остава само класика туку и непресушна мудрост за смислата на постоењето.
-
Страчки
0490,00 денНеуспешна мисија
Две недели пред Денот Д, движењето на Отпорот во Франција се обидува да уништи една телефонска централа од витално значење за комуникација на нацистите. Со големи последици, оваа мисија катастрофално пропаѓа.
Храбар план
Додека се наѕира инвазијата, Флик Клере, британска тајна агентка, предлага смел, но мошне опасен нов план. Таа, заедно со целосно женскиот тим наречен Страчки, сака да се инфилтрира и да ја неутрализира телефонската централа пред да стигнат сојузничките сили во Франција.
Трка со времето
Сепак, без да знае Флик, Ромел има назначено брилијантен ловец на шпиони, Дитер Франк, со задача да го разбие движењето на Отпорот, кој истовремено опасно ù се приближува на извонредно вештата Клере…
-
Хартиената палата
0500,00 денМестото што ги знае сите тајни.
Едно совршено јулско утро, педесетгодишната Ел, среќно омажена и мајка на три деца, се буди во Хартиената палата – викендичката што ја посетуваат секое лето. Но ова утро е поинакво. Додека гледа во празните чаши од вино и го слуша ехото од смеата на пријателите, се присетува на страсната средба во мракот со стариот пријател од детството, додека нејзиниот сопруг мирно си разговара со гостите.
Сега Ел е исправена пред судбоносна одлука – дали да го продолжи мирниот живот со својот сакан сопруг Питер или да се одлучи за неизвесен живот за кој отсекогаш мечтаела, со љубовта од детството оневозможена од еден трагичен настан што им ја променил иднината?
Нежен но разурнувачки, „Хартиената палата“ е извонреден роман кој брилијантно ја отсликува растргнатоста помеѓу желбата и сигурноста, и последиците од грешките што семејството ги пренесува врз судбината на идната генерација.
„Исклучително надарена со неверојатна моќ за опишување, Хелер фантастично ни ги слика природата и човечката душа.“
Њујорк тајмс
„Книга што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.“
Паблишер викли
-
Гласот на Господарот
0400,00 ден„Гласот на Господарот“ заедно со „Соларис“ и „Киберијада“ спаѓа меѓу најпознатите дела на Станислав Лем!
Исполнет со интелектуални авантури, толку длабоки што секако ќе влијаат читателите да го сменат погледот на светот и на вредностите. Сторија што ја раскажува професорот Хогарт за истражувањата во врска со еден таинствен неутрински сигнал и отворените прашања во врска со сигналот: кои се и дали постојат испраќачите на сигналот, намерите зошто е испратен, како земјаните практично да го искористат, итн. Дали одговорот на овие прашања ќе му донесе полза и напредок на човештвото или ќе го турне во бездната на самоуништувањето? Прашањето за Контактот. Што му вели Космосот на човештвото? Што се случува со Добрите Намери, со Доброто, со Злото? Дали спознавањето на Злото води кон Добро?
Бесценет философски трактат во препознатливиот стил и израз на Станислав Лем.
-
Љубовна Хипотеза
0500,00 денХИПОТЕЗА: Еден мал експеримент може да се претвори во катастрофа, или во светско откритие.
Олив Смит, докторантка на еден од најдобрите оддели за биологија, се сомнева во длабочината на денешните романтични врски. Но на својата најдобра другарка Ан, која толку многу верува во нив, мора да ѝ докаже дека е среќно вљубена. А научниците не веруваат во зборови, туку се потпираат на докази. Како што би постапил секој биолог, и Олив мора да бакне некого за да не биде разоткриена.
Тој некој, ни помалку ни повеќе, е Адам Карлсен, професорот познат како супер ѕвезда на катедрата, кој ѝ станува лажно момче. Но оваа хипотеза се разнишува за време на една научна конференција – Адам ја воодушевува Олив со понудената поддршка, а уште поголемо изненадување приредува со својата привлечност.
Одеднаш малиот експеримент станува лесно запалива материја што ги фрла во вода сите прецизно пресметани теории за љубовта. А Олив открива дека има нешто покомплицирано од хипотезата на љубовта – да си го ставиш срцето под микроскоп.
„Забавно, секси и остроумно! Али Хејзелвуд завршила одлична работа со ‘Љубовна хипотеза’.“
Мариана Запата, најпродавана авторка на „Њујорк тајмс“ -
Клучот за Ребека
0450,00 денБезмилосен шпион
1942 година. Целта на Алекс Волф е Каиро. По едно макотрпно пешачење низ Сахара, тој стигнува во градот со себе носејќи примерок на Ребека од Дафне ди Морие, еден смртоносен бодеж и траги на убиени лица зад себе. Познат како Сфинга во неговите кругови, Волф е нацистички шпион со брутална желба за успех по секоја цена.
Неуспешна воена кампања
Британската воена кампања во северна Африка станува едвај одржлива. Под водство на Ромел, Германците сè побрзо се приближуваат, а извештаите на Алекс Волф за движењата на британските трупи и нивните стратешки планови им даваат предност. Разузнавачкиот офицер Вилијам Вандам има задача да го фати Волф пред да бидат поразени Британците.
Смртоносна потера
Вандам бара помош од куртизаната Елени Фонтана, која се согласува да се обиде да го фати нацистичкиот шпион во замена за подобар живот во Палестина. Дали можат да го фатат овој извонредно лукав шпион пред тој да ги открие тајните на Каиро и да пропадне воената кампања?
-
Жената не е маж
0500,00 денЧовек мора да ја дочита приказната докрај за да ги дознае одговорите. Така е и со животот. Никој ништо не добил уште на самиот почеток.
Палестина, 1990 година. Седумнаесетгодишната Исра повеќе сака да чита отколку со сведнат поглед да ги служи просците што татко ѝ ги пречекува сакајќи да ја омажи. Брзо како насон, но многу различно од нејзините соништа, таа за една недела од мечтателка станува жена и заминува за Бруклин. Таму започнуваат маките на Исра, која се труди да ги исполни очекувањата на свекрвата и на сопругот Адам, со надеж дека ќе ја засакаат.
Бруклин, 2008. Осумнаесетгодишната Деја, најстарата ќерка на Исра, мора да се запознава со кандидатите за сопруг кои баба ѝ ги избира, иако нејзината желба е да студира. Деја се прашува дали ќе ѝ помогнеа нејзините родители ако не загинеа во сообраќајна несреќа. Меѓутоа баба ѝ е одлучна: единствената добра иднина за Деја е бракот со вистинскиот човек.
Но судбината си има свои патишта. Наскоро Деја ќе се соочи со болни вистини за семејството што долго биле криени од неа – за смртта на нејзините родители, за бегството на тетка ѝ, за неопходноста самата да одлучува за својата иднина.
„Жената не е маж“ е приказна за традицијата, честа, тајните и предавството, љубовта и насилството. Таа е интимен поглед во строгиот и затворен свет на арапската жена, универзална вистина за семејството и начинот на кој замолчувањето и срамот може да ги уништи кревките души што треба да бидат заштитени.
-
Сонцето и Кралицата на темнината
1200,00 денСонцето е осамено и тажно. Наконтените и занесени ѕвездички му се потсмеваат бидејќи не е како нив. Но, еден убав ден ќе ја сретне својата посебна другарка – планетата Земја. Колку е убаво да се има вистинско другарче!
И можеби сѐ ќе беше добро ако не се појавеше Кралицата – љубителка на мракот.
Ох, ќе успее ли Сонцето да ја врати светлината?
Најмили деца, придружете му се и откријте ги своите супермоќи како што Сонцето ги открива своите.
И што е најважно – бидете свои и сјајни како него!
-
Детето на месечевата светлина
0500,00 денВознемирувачки и емотивен трилер што нема да ве остави мирни сè додека не откриете сè за вашите соседи.
Една студена јануарска ноќ Шерон излегува во дворот за да го гледа помрачувањето на месечината за кое сите зборуваат. Сакајќи да ја фотографира, го насочува мобилниот кон куќата на соседите. За нив знае само дека се презиваат Флеминг благодарение на поштенското сандаче.
Но таа ноќ забележува нешто чудно во нивната куќа – мало девојче кое мие садови поткачено на столче во кујната. Шерон знае дека соседите немаат дете на таа возраст. А дури и да имаат некое гостинче, зошто толку мало дете би миело чинии во единаесет часот навечер?
Кога ќерка ѝ Ејми ќе ја замоли привремено да ја вдоми Никита, осумнаесетгодишна девојка без родители, Шерон ја заборава таа случка. Но наскоро и Никита почнува да забележува сомнителни работи во соседната куќа. А кога социјалните служби не сакаат да се вмешаат во случајот, тие двете ги преземаат работите во свои раце.
-
Љубовни неврони
0500,00 денШто би направила Марија Кири ако…
Би Кенигсвасер живее според едноставен принцип: што би направила Марија Кири? Ако НАСА би ѝ понудила водечка улога во значаен невронаучен проект – што е буквално остварување на сонот – Марија би го прифатила без двоумење. Но мајката на модерната физика никогаш не морала да работи со Ливај Ворд.
Зашто Ливај, високиот и мрачен тип со продорен поглед, многу јасно ѝ дал до знаење на постдипломските студии – дека му е одбивна. Сега двајцата заколнати непријатели треба заедно да направат астронаутски шлем. Кога опремата ѝ доцни, новите колеги ја игнорираат и на секој чекор наидува на сопки, се случува невозможното – Ливај ги поддржува нејзините идеи и ѝ станува сојузник. А помислата дека навистина му се допаѓа – ги активира сите нејзини неврони.
Меѓутоа кога ќе мора да ја стави на коцка не само својата стручност туку и срцето, важно е само едно прашање: Што би направила Би Кенигсвасер?
„Али Хејзелвуд е совршена авторка која ни докажа дека науката може да биде и ептен секси, а љубовта може да се појави дури и на најнеочекувани места.“
Џоди Пико
-
На запад ништо ново
0300,00 денСекој војник останува жив благодарејќи на илјадници случајности.
И секој војник верува и му се препушта на случајот. Од школската клупа директно на бојното поле. Паул Бојмер на почетокот на Првата светска војна е регрутиран заедно со своите врсници во германската војска. Млади и полни со идеализам, тие стануваат силни војници. Но наспрема поривот што го тера да војува, Паул води уште една битка во себе – онаа против омразата што бесмислено ги тера луѓето да се борат во различни униформи, едни против други.
На запад ништо ново е најпопуларниот и најпреведуван воен роман на сите времиња. Не можеле да го замолчат ниту прогонството на Ремарк од татковината ниту горењето на неговите книги. Бил и останува сведок на разорните последици што војувањето ги носи врз личната и колективната болка и судбина.
Оваа книга е жестока осуда на ужасите на војната. Обид да престанат или барем да се ублажат нејзините трауми, повик да не се повтори никогаш. Надежна приказна што зрачи со љубов и грижа за човештвото.
-
The AI Journey
0420,00 денДолгогодишниот професионалец во ИТ индустријата, Суад Сефери, ја објавува првата книга за вештачка интелигенција на Балканот, „The AI Journey“, со цел да едуцира како луѓето ефикасно да ја користат вештачката интелигенција (ВИ). Во време на неверојатен технолошки напредок, ВИ брзо се наметнува како клучна алатка во различни области – од работните места до креативните индустрии.
-
Фатени во љубовна мрежа
0500,00 денЉубовта е секогаш повеќе од доволна
Фокс Тортон, ловецот на кралски ракови, живее во согласност со репутацијата што го следи од основно училиште – забава без обврски. Духовит, привлечен и навидум несериозен, женскиот заводник ги поминува викендите во блискиот град. Но кога во неговиот живот ќе се појави Хана Белинџер, принуден е да ги преиспита своите принципи.
Хана доаѓа на неколку дена во рибарското гратче со филмската екипа и се сместува во слободната спална соба на Фокс. Таа е имуна на неговиот шарм и се чини дека повеќе ужива во неговата личност. Бидејќи премногу му се допаѓа за да ризикува целосно да ја изгуби, тој го прифаќа понуденото пријателство. Но поминувајќи ги деновите со неодоливиот казанова од Вестпорт, Хана сфаќа дека се замаглува границата меѓу нивното другарство и флертот.
Дали ќе продолжат да се преправаат дека се само другари или ќе се осмелат да си ја признаат љубовта? Ќе успее ли Фокс да ги победи своите внатрешни демони и да ги оправда надежите на Хана? И двајцата треба да си одговорат многу прашања додека сè повеќе се заплеткуваат во љубовната мрежа.
„Теса те разоружува со смеа, искриво ја запалува атмосферата, а потоа ти влегува право во срцето. Нежност, ранливост и вжештени ситуации – ете зошто Теса Бејли ми е една од омилените автори на сите времиња.“
Сали Торн
-
Море од спомени
0490,00 денКога Кендра првпат ја посетува својата болна баба, таа ја замолува да ја запише нејзината приказна, пред да ја заборави…
Во 1937 година, животот на седумнаесетгодишната Ела се менува засекогаш кога е испратена да летува на прекрасниот Иле де Рѐ и се среќава со харизматичниот Кристоф. Тие го поминуваат летото заедно, истражувајќи ги песочните плажи на островот и кристално чистите води и, за прв пат во животот, Ела се чувствува навистина слободна.
Но, избувнувањето на војната менува сѐ. Ела е принудена да се врати во Шкотска, каде волонтира за воените сили заедно со застрашувачкиот Ангус. Во овој нов свет, Ела се чувствува како да се оддалечува сѐ повеќе од она што го доживеа на Иле де Рѐ.
Дали таа некогаш ќе успее да го најде својот пат назад? И дали тоа навистина го посакува?
-
Никому ништо не должите
0430,00 денНашите обрасци на перфекционизам и угодување на луѓето настанале врз основа на некогашните повреди на емоционално ниво.
Никому ништо не должите е книга за перфекционисти, трудохоличари, оние што им угодуваат на луѓето и оние што макотрпно се трудат и што се чувствуваат заглавено во циклусот на бескрајно вложување напори. Споделувајќи ги со читателите своите искуства како животен тренер и „излечен“ перфекционист, Керолајн Гарнет Макгро ни покажува како може да се ослободиме од тежината на очекувањето и нѐ охрабрува да одиме понатаму во животот, без да му се правдаме на некој.
Инспирирана од текстот на авторката „Никому не му должиш да влезеш во интеракција со него“, кој стана вирален, оваа книга нѐ повикува да направиме изненадувачки избор што може да ни помогне да се ослободиме. Наместо да понудат само уште повеќе начини за постигнување промени со вложување труд, овие лични приказни се како сочувствен сведок и претставуваат одраз на нашите перфекционистички навики. Тие се истовремено и повик за будење што ни помага да излеземе од менталитетот на маченик и нѐ инспирира да тргнеме во нов, позитивен правец.
Низ едноставната и достапна практика, Никому ништо не должите ни покажува како изгледа кога ќе одлучиме да престанеме да функционираме на стариот начин, со претерување во сѐ, и нѐ повикува да донесеме одлуки што ѝ помогнаа и на авторката, а и на нејзините клиенти да го надминат перфекционизмот, зајакнувајќи и овозможувајќи да се ослободиме од стравовите и да го заздравиме своето срце. -
Расеани умови
0550,00 денАко можеме активно да сакаме, нема да има ни недостиг на внимание ни растројство
Книга што го разбива митот за растројството со недостиг на внимание, задолжително четиво за родителите и за сите кои сакаат да разберат како искуствата во детството ги обликуваат биологијата и психологијата на човечкиот мозок.
Растројството со недостиг на внимание (АДД) сè повеќе го привлекува вниманието на јавноста поради неговата широка распространетост и влијанието врз децата, но и врз кариерата на возрасните и социјалниот живот. Опишувајќи ја болната реалност на многу луѓе, искрено споделувајќи го своето лично искуство како возрасен со оваа состојба и татко на три деца со истата дијагноза, д-р Мате повикува на создавање семејни односи што гарантираат простор во кој сите се чувствуваат разбрани и сакани онакви какви што се.
Длабинската анализа и терапевтските опции засновани врз емоционална блискост и емпатија ќе ги променат животите на милиони деца и возрасни. Универзални по својата суштина и вредност, советите во оваа остроумна и привлечна книга се верен водич во односите на човекот со себеси, со своите деца и со опкружувањето, и ја враќаат нашата верба во првобитното право на уникатност и независност. Книга која нуди вистинска надеж и практични совети за децата и возрасните кои живеат со оваа состојба.
Исцелител што заслужува вистинска почит, возбудлива книга што стигна во вистинско време.
Наоми Клајн